Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Партијата Вреди ги охрабрува државните институции да ја продолжат борбата против финансиските злоупотреби и појавите што штетат на граѓаните. Ова денес го соопшти коалицискиот партнер во Владата, откако Министерството за финансии одлучи да му ја одземе лиценцата за работа на финансиско друштво за брзи кредити. „Kреди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работата му ја одзеде ...
Премиерот Христијан Мицкоски постајано му дели задачи на државниот обвинител Ненад Савески, а денес на празник, реагираше денес опозициската СДСМ. -Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, соопшти СДСМ. Оваа реакција доаѓа по ...
Пожарникари упаднале во стан на ќлен на семејството на полскиот претседател Карол Навроцки, по лажа дојава за пожар, објави Ројтерс. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека земјата се соочува со серија лажни дојави за пожари или други закани, и дека една таква вчера имало за стан во Гдањск што му припаѓа на член на семејството на претседателот Навроцки. Туск по инцидентот утрово одржа седница на Центарот за владина безбедност, и рече дека ...
Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка. Ова е содржано во извештајот на американската администрација кој е пратен до Конгресот за односот со Западен Балкан. -Ерата на американската политика за градење на нации е завршена, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот на САД, објави Индекс.хр. Ова го потврдува свртувањето на ...
Канадската полиција потврди дека е пронајдено телото на актерот Стјуарт Меклин (45), кој последен пат беше виден на 15 мај во неговиот дом во Лајонс Беј, град оддалечен околу 40 километри од Ванкувер. Телото на Стјуарт Меклин е идентификувано еден ден откако беше објавено дека исчезнатиот актер е веројатнo жртва на убиство. Интегрираниот канадски тим за истрага на убиства (ИХИТ) објави во соопштение за медиумите во петокот, дека останките на ...
Латино ѕвездата Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот што се случи во текот на неговиот настап во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, кога среде концертот беше фрлен солзавец во публиката. Иако настапот беше накратко прекинат поради паниката меѓу граѓаните, пејачот, сепак, го продолжи концертот, а сега преку Инстаграм испрати емотивна порака до публиката и им се заблагодари за поддршката. Прочитајте повеќе: – Црна ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера е успешно е евакуиран повреден планинар на планината Кораб. Во објавата од ЦУК се вели дека преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи. -По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк ...
Сo свечена академија во Охрид насловена како „Од слово до вечност“, беше одбележан денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ . На свечената академија присуствува премиерот Христијан Мицкоски и министрите за образование, за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски и други владини службеници. -Постојат народи кои својата историја ја паметат преку војни, постојат цивилизации кои својата големина ја мерат преку освоени ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Пекинг изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и дека може да поднесе оставка. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, објави Нова.рс Тој додаде дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш правеше претседателот Борис Тадиќ. Прочитајте повеќе: -Со сурова формулација, бидејќи или поднесувате ...
Русија употреби нова хиперсонична балистичка ракета во едно од најголемите бомбардирања на регионот Киев од почетокот на војната. Во напад загинаа најмалку четири лица, а тој следеше по смртоносниот напад претходните денови од Украина, објави Си-ен-ен. Хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ , која може да носи повеќе конвенционални или нуклеарни боеви глави, Соединетите Американски Држави ја класифицираат како ракета со среден дострел. ...
Филмот „Фјорд“ (Fjord) на романскиот режисер Кристијан Мунџиу синоќа ја освои „Златната палма“ на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. „Фјорд“ е европска драма што ги следи Михаи и Лизбет, конзервативен романско-норвешки пар кој се преселува од Романија во зафрлено норвешко село, каде што се соочуваат со истрагата од локалните власти и културните судири. Прочитајте повеќе: View this post on Instagram A ...
Доцна синоќа му е одредена мерка притвор на косовскиот државјанин кој предизвика тешка сообрачајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четри лица. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека одлучиле да почнат истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот ...
Франција му забрани на израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, да влезе на нејзина територија откако на неговиот профил X беше споделено широко осудено видео на кое се гледа како се исмева со пропалестински активисти на флотила за помош што се упатува кон Газа, објави АФП. Тој објави видео во кое ги исмева притворените активисти на флотилата за помош за Газа, предизвикувајќи широки критики дома и ...
Според бројот на учесници на денешниот студентски собир на плоштадот Славија во Белград тоа ќе биде еден од најголемите собири досега, објави организацијата „Архива на јавни собири“ на социјалната мрежа X. -Проценката за повеќе од сто илјади луѓе е пребирлива и нема да ги објавиме податоците вечерва, соопшти Архивата на јавни собири. Оваа организација, исто така, ја предупреди јавноста за очекуваните дезинформации и намалување на бројките од ...
Илјадници луѓе маршираа низ улиците на Мадрид денес, барајќи оставка од социјалистичкиот премиер Педро Санчез поради обвинувања за корупција во неговата Влада. Демонстрантите мавтајќи со црвено-жолти шпански знамиња и мавтајќи со знаци на кои пишуваше „Доста!“, се пробија низ улиците на Мадрид зад голем транспарент на кој пишуваше: Корупцијата има цена. Крај на неказнивоста. Оставка и избори сега. Протестот го свика група од над 150 ...
Министерството за транспорт и врски бара извинување од СДСМ по денешната прес конференција на која обвинија дека тендерот за набавка на автобусите за Скопје пропаднал, бидејќи власта местела фирма која требало да наплати 12 милиони денари повеќе. Од Министерството велат дека обвинувањата се паушални и најавија дека ако опозициската партија не се извини ќе ја тужат за клевета. Од Министерството велат дека постапката за набавка на 150 ...
На рускиот претседател Владимир Путин му истекува времето да ја добие војната против Украина, во услови на ќор-сокак на бојното поле и растечки проблеми дома, изјави за Си-ен-ен шеф на европската разузнавачка служба. Каупо Росин, шеф на Службата за надворешно разузнавање на Естонија, во интервју за Си-ен-ен во седиштето на разузнавачката агенција во Талин изјави дека во следните четири или пет месеци, Путин можеби повеќе нема да може да ...
Илјадници луѓе маршираа низ улиците на Мадрид денес, барајќи оставка од социјалистичкиот премиер Педро Санчез поради обвинувања за корупција во неговата Влада. Демонстрантите мавтајќи со црвено-жолти шпански знамиња и мавтајќи со знаци на кои пишуваше „Доста!“, се пробија низ улиците на Мадрид зад голем транспарент на кој пишуваше: Корупцијата има цена. Крај на неказнивоста. Оставка и избори сега. Протестот го свика група од над 150 ...
Фалбите на Владата дека сме први во регионот според претседателот на СДСМ Венко Филипче се само силна пропаганда, а суштината е дека од планот за раст Македонија требаше да добие повеќе средства доколку навреме се спроведеа сите задачи од реформската агенда. Тој на денешната прес конференција рече дека неспроведување на реформите и нефункционалноста на Владата, државата изгуби најмалку 200 милиони евра европски средства. -Доколку Владата ...
Полицијата вчера привела двајцакрадци кои украле сеф од правно лице кое се занимава со брз трансфер на пари. Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, соопшти МИнистерството за внатрешни работи. -Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.Козара ...
Пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрирала во Скопје, Велес, Пробиштип, Свети Николе и во Валандовско. УХМР информираат дека распространета нестабилна облачна маса од североисток со правец на движење кон југозапад ја зафати Скопската Котлина. -Има поинтензивни процеси со пороен дожд, појава на ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на суградица. Според радарска ...
Набваката на 150 автобуси за Скопје, според опозициската СДСМ е поништен, бидејќи власта била фатена на дело дека набавката сака да ја додели на однапред договорена фирма, која требало да наплати 12 милиони денари повеќе. Преземањето на надлежноста за набавка на автобусите од град Скопје во Министерството за транспорт и врски не беше за да му се помогне на градот, туку за да се избере однапред договорена фирма. Ова на денешната прес ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со претставници на влашката заедница по повод националниот ден на Власите рече дека Власите, како автохтона заедница, се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава. Таа нагласи дека нивниот влог низ различните историски периоди, од Илинденското востание и Крушевската Република, до антифашистичката борба, има посебно место во ...
Швајцарската полиција истражува наводен грабеж во домот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост. Тој е повреден за време на провала во домот, објави Гардијан. Швајцарскиот таблоид Блик објави доцнa вчера дека 71-годишниот Французин се здобил со повреда на главата од натрапници кои го принудиле неговиот син да отвори сеф за време на инцидентот кој се случил во вторникот наутро. -Сторителите влегле во домот додека биле ...
Мексико и Европската Унија вчера потпишаа долгогодишен договор за слободна трговија , во обид да ја намалат зависноста од САД и делумно да се изолираат од царините на американскиот претседател Доналд Трамп. Спогодбата, за која постигнаа широк договор лани, но потпишувањето беше одложено, го проширува трговскиот договор меѓу Мексико и ЕУ од 2000 година, кој опфаќаше само индустриски стоки. Новиот договор додава услуги, владини набавки, ...
Високиот крвен притисок може да го зголеми ризикот од срцеви болести и мозочен удар, а притоа исхраната игра голема улога. Додека некои намирници можат да помогнат во здравјето на вашето срце, лекарите и диететичарите предупредуваат дека одредени преработени намирници можат тајно да го зголемат крвниот притисок. Тие особено ги издвојуваат производите богати со натриум, шеќер и нездрави масти. Според советниците за исхрана, ова се намирниците ...
Во тек се подготовки за студентскиот протест на плоштадот Славија во Белград, кој ќе започне во 18 часот. Протестот ќе се оддржи под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат. Граѓани и активисти од цела Србија организирано маршираат кон Белград. Компанијата Србијавоз објави дека железничкиот сообраќај во целата земја е во прекин поради анонимна дојава за поставени бомби. Митингот во Славија започнува во 18 часот и се ...
Реновирањето на титовиот брод Галеб, кое досега чинеше 22 милиони евра, повторно е под знак прашалник. Како што објави Дневник.хр бродот на претседателот на СФРЈ Тито, беше оштетен за време на голема бура а санацијата сè уште не е започната, бидејќи никој не се јави на тендерот за поправки. Првичниот план беше Галеб да стане првиот хрватски брод-музеј веќе во 2020 година, но следеа зголемени трошоци за одложување. Ситуацијата беше ...
Стотина граѓани од Куманово денес излегоа на собир зада изразат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.Спобирот почна на пладне во организација на здружението „Мир, слога и стабилност“. Со српски и македонски знамиња и со транспаренти на кои пишуваше дека Куманово и Скопје се со Вучиќ, како и со српска народна музика тие ја изразија поддршката за претседатлот на Србија. Главната порака која беше испратена е оти не треба да се ...
Министерството за финансии да објасни зошто поради неповолна камата за последното задолжување, само по основ на камати државата ќе плати дополнителни 20 милиони евра, побара на денешната прес коференција претседателот на Социјал демократскиот сојуз СДСМ Венко Филипче. -Иако е најавено дека побарале 300 милиони евра, од конзорциум на банки, Министерство за финансии, Владата добила 260 милиони евра. Ова укажува дека паѓа довербата на банките во ...