Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Двајца фудбалски судии физички нападнати по завршување на фудбалски натпревар во саботата во службени простории на стадион во Кисела Вода. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје било пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“, двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје. ...
Поранешниот шеф на надворешната политика на ЕУ, Жозеф Борел, остро го критикуваше актуелното раководство на блокот, вклучувајќи ја поранешната шефица, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и неговата наследничка Каја Калас, за тоа што не го почитуваат меѓународното право во случајот со Иран. Борел е најновиот од шпанските социјалистички сојузници на фон дер Лајен кој истакнува дека ЕУ не направила доволно за да го ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес во Брисел изјави дека некои политичари во таа земја веќе го шират наративот дека Европската Унија е поголема закана за Полска од Русија на претседателот Владимир Путин. Сикорски изјава дека искуството со Брегзит потврдува дека е можно да се игра со емоциите за луѓето да на крајот да веруваат во тоа. „Британската влада беше апсолутно против напуштањето на ЕУ кога го распиша ...
Партијата Левица апелира годишнините од вакви трагедии како кочанската не смеат да бидат само момент на сеќавање. Од партијата бараат да бидат и момент на совест и потсетник дека трагедијата во Кочани не беше обичен несреќен случај, туку последица на систем во кој корупцијата, институционалната негрижа и непочитувањето на правилата станале опасна норма. „Една година подоцна, за жал, Македонија не може да каже дека извлекла вистински поуки. Не ...
Ормускиот теснец, една од најважните светски бродски артерии, низ која минуваат огромни количини нафта, игра и помалку видлива, но подеднакво важна улога во глобалното производство на храна. Овој тесен премин помеѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив е клучна точка за глобалната трговија со минерални ѓубрива. Секое сериозно нарушување на бродскиот сообраќај низ теснецот веќе почнува да ги зголемува цените на ѓубривата и да предизвикува ...
Една година подоцна, а болката сè уште е жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што однесе 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и во целата држава. Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот. Пред дискотеката „Пулс“ беа поставени срциња со испишани имиња на ...
„На Блискиот Исток, кој е разорен од војна, Европската Унија го засилува својот одговор, додека другите се повлекуваат“, изјави Хаџа Лахиб, комесар на ЕУ за хуманитарна помош. Во Сирија, 210 милиони евра хуманитарно финансирање од ЕУ ќе поддржат итни интервенции и заштита на населението низ целата земја. „Повеќе од една година по падот на режимот на Асад во декември 2024 година, дури 16,5 милиони луѓе сè уште имаат потреба од хуманитарна ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, одговарајќи на прашање за изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласи дека секој носител на функција треба да биде внимателен во давањето изјави. -Како политичар и како раководител на една битна институцијата како што е Собранието, никогаш не влегувам и се обидувам да не влегувам во конфликт со никоја институција, ниту со политичар, ниту носител на јавна функција. Секогаш ...
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека Украина, од политички причини, сè уште не е подготвена да преговара за снабдување со нафта преку нафтоводот „Дружба“ и дека во саботата украинскиот оператор објави дека веројатно ќе биде потребен еден месец за да се пушти нафтоводот во употреба. Сијарто, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ако некој мисли дека Украинците ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави во понеделникот дека земјата нема да биде вовлечена во поширока војна во Иран, но дека ќе соработува со сојузниците, вклучително и оние во Европа, за повторно отворање на Ормутскиот теснец, иако изјави дека тоа „нема да биде лесно“. Стармер изјави дека повторното отворање на водниот пат, кој е од витално значење за нафтата и течниот природен гас, е клучно за стабилизирање на енергетските пазари, објави ...
Германија изјави дека можната војна на САД против Иран „нема никаква врска со НАТО“. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пренесува Анадолија. „Ова не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин. „Германската влада мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и ...
Нова пријава за семејно насилство. 65-годишник од тетовско село ја нападнал ќерка си и малолетниот внук. – На 15.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син, соопштија од тетовската полиција. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Прочитајте ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по четврти пат ја доби акредитацијата од Joint Commission International (JCI), најпрестижната светска организација за акредитирање на здравствени установи според највисоките стандарди за квалитет и безбедност на пациентите. Со оваа четврта акредитација, болницата уште еднаш го потврдува својот континуитет во одржувањето и унапредувањето на врвните стандарди во здравствената грижа. Ревизијата на болницата ...
Четириесетидеветгодишниот Д.Г. од Република Србија синоќа околу 21 часот на охридската улица „Партизанска“ бил уапсен од полицајци од СВР Охрид, откако претходно два пати ја тепал неговата сопруга. Како што информира МВР, физички ја нападнал сопругата прво во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид во кој биле сместени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Прочитајте повеќе: ...
Голем скандал ја тресе Франција откако беше откриено дека повеќе од еден милион возила се поврзани со измама во системот за регистрација. Истражителите велат дека слабостите во дигиталниот систем им овозможиле на лажните компании нелегално да регистрираат автомобили. Проблемот датира од 2017 година, кога државата делумно го приватизираше системот за регистрација на возила. На продажните места за автомобили и овластените посредници им беше ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека со нејзините Одлуки се регулираат максималните цени на нафтените деривати и трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Денешната ...
Покрај премиерот Христијан Мицкоски и речиси целиот државен врв, во Кочани на едногодишната од трагедијата во „Пулс“, присуствуваше и лидерот на опозицијата, Венко Филипче. Тој оддаде почит кон прерано згаснатите млади животи, изразувајќи сочувство до нивните семејства. Филипче посочи дека не постојат зборови со кои може да се опише болката и тагата што ја чувствуваат родителите и најблиските на загинатите. „Денеска во Кочани оддаваме ...
Додека украинските војници се борат на фронтот, владата во Киев води подеднакво клучна, но невидлива битка за економскиот опстанок на земјата. Одржувањето на економската стабилност по четири години војна не е само прашање на сегашноста, туку и клучен залог за иднината за која се бори Украина, пишува Би-Би-Си. Украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко нагласува дека целта не е само опстанок. „Не сакаме да бидеме само сиромашен сосед на ...
Хотелиските компании веќе објавија стотици работни места, но интересот од црногорските работници се намалува, па затоа работодавците сè повеќе вработуваат сезонски работници од странство. Со серија огласи објавени минатата недела, најголемата хотелска компанија во Црна Гора, во мнозинска сопственост на државата – Хотелската група „Будванска Ривиера“, официјално го отвори „ловот“ на сезонски работници, од кои околу 600 ќе бидат потребни ова ...
Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој е еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, се заблагодари на медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот. Тонев објави фотографии на „Фејсбук“ и упати голема благодарност до лекарите. „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес ...
На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. Откако бил ослободен, ...
Вечерта на годишнината од големиот студентски и граѓански протест одржан на 15 март минатата година во Белград, во Берлин се одржа дискусија на тема која ретко се покренуваше откако протестите што го променија секојдневниот живот во Србија започнаа кон крајот на 2024 година: како овој период влијаеше врз менталното здравје на учесниците во движењето? Имено, како што можеше да се слушне на форумот, во последните месеци многу се говореше за ...
MacBook Neo на Apple – лаптопот што компанијата го најави пред само две недели и со цена од 499 долари за студенти – е најлесниот лаптоп што компанијата го издаде од 2012 година, според анализата на iFixit. iFixit објавува водичи за поправка и продава делови и алатки за потрошувачка електроника, но исто така дава оценки за тоа колку е лесно да се поправат и одржуваат производите, објави Ројтерс. Производителите на лаптопи како што се Dell ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се наоѓа во Кочани на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, поради што се запиша во книгата на жалоста. Притоа Мицкоски се поздрави со родителите и семејствата на загинатите. Мајката на загинатата Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“. Утрово со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени ...
Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе разговараат за зајакнување на мала поморска мисија на Блискиот Исток, но не се очекува да одлучат за проширување на нејзината улога во Ормутскиот теснец, изјавија дипломати и официјални лица. Мисијата на ЕУ „Аспидес“ е основана во 2024 година за да ги заштити бродовите од нападите на бунтовничката група Хути од Јемен во Црвеното Море. Моментално има италијански и грчки брод под своја директна ...
Британската влада размислува за испраќање беспилотни летала во Ормутскиот теснец за чистење на мините на оваа важна рута за превоз на нафта блокирана од Иран, објави британскиот весник „Гардијан“. Техеран го блокираше теснецот како одговор на нападите на САД и Израел, што предизвика зголемување на цените на нафтата. Велика Британија се одлучи за беспилотни летала поради загриженоста дека испраќањето бродови во Ормутскиот теснец, во ...
Многу е можно Русите да извршат напад врз нас, Русија е подготвена да употреби помеѓу 7 и 9 милиони дронови оваа година, предупреди комесарот за одбрана на ЕУ, Ендрус Кубилиус, во говорот пред учесниците на настан во Брисел организиран од Форум Европа. Војната во Иран може да нè погоди не само со повисоки цени на енергијата, туку и со ракетни напади, додаде тој, цитиран од БТА. Кубилиус истакна дека минатата недела генералниот секретар на ...
Комесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави пред состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки дека Европа мора да се подготви за ситуација на продолжување на конфликтот во Иран, како и со краткорочни мерки за помош на земјите-членки поради наглото зголемување на цените на горивата. Сепак, тој категорично ја отфрли идејата за враќање на увозот на руски горива. „Ние во Европа не можеме индиректно да помогнеме во финансирањето на ...
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека албанската влада се подготвува да воведе нов државен механизам за регулирање на домашниот пазар на горива поради кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, објави АТА. Во поткаст вчера, Рама коментираше за ефектот од воените акции на Израел и САД против Иран, за кои рече дека „Албанија целосно ги поддржува“, врз цените на горивата на светските пазари, наведувајќи: „Нема да стоиме ...
Новото германско законодавство наметнува строги ограничувања на трговците со нафта и го префрла товарот на докажување при зголемување на цените, но конзервативните германски експерти предупредуваат на потенцијални стапици. Во обид да ги заштити потрошувачите од ненадејни флуктуации на цените на горивата, германската влада подготви нацрт-закон со кој драстично се ограничува слободата на бензинските пумпи да ги одредуваат цените, објавуваат ...