Како што изјави Штокер на новогодишната средба на неговата партија, одлуката донесена на референдум би имала правно обврзувачки карактер. Штокер, кој е член на Австриска народна партија (ОВП), нагласи дека преку референдум директно би се одлучувало за прашањето на воената обврска во земјата. Неговиот предлог предизвика изненадување кај коалициските партнери. Од Социјалдемократска партија на Австрија (СПО) посочија дека темата треба најпрво ...

Во соопштението се наведува дека во предлогот е посочено и колку средства би биле потребни за ваквото зголемување – околу 7,5 милијарди денари, односно приближно 110 милиони евра – но, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, не е наведено од каде би се обезбедиле тие пари. Од владејачката партија оценуваат дека самиот предлог покажува дека СДСМ имала можност во минатото да ја зголеми минималната плата и до 600 евра, но, според нив, тоа не било ...

Информацијата ја потврди претседателот на Меѓународното транспортно деловно здружение, Неѓо Мандиќ, во изјава за агенцијата Танјуг. Тој изјави дека по состанокот е започнато повлекување на камионите кои учествуваа во блокадите, со цел да се овозможи непречено движење на сообраќајот, со што протестните активности официјално се ставаат во мирување. Одлуката на српските превозници доаѓа откако Европската комисија најави нова визна стратегија ...

Неговото појавување во Москва, каде што даде изјави за руските државни медиуми, се толкува и како обид да ги отфрли гласините за нарушената здравствена состојба, пишува Киев пост. Говорејќи од салите на Кремљ на 29 јануари, Кадиров зазеде цврст став против какво било дипломатско решение за сеопфатната инвазија. „Верувам дека оваа војна мора да се доведе до крај. Преговори, по сè што е направено… јас сум против преговори“, изјави Кадиров. ...

Во интервју емитувано оваа недела на Федералната телевизија, Вучиќ ги отфрли наводите дека учествувал во т.н. „човечки сафари“, пукање со снајпери врз цивили во Сараево, за што во исто време се води истрага и во Италија и во Босна и Херцеговина. Притоа, новинарот Маргетиќ, кој го обвинува за овие дејствија, го нарече „измамник“ и „патолошки лажго“. Маргетиќ, од своја страна, изјави дека ваквите настапи на Вучиќ претставуваат обид за негова ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оцени дека ваквото ниво на јавниот долг претставува јасен показател за спроведувањето на фискалната консолидација и одговорното управување со јавните финансии. Според неа, со ова се исполнуваат и Мастришките критериуми, кои предвидуваат јавниот долг да не надминува 60 проценти од БДП. Таа посочи дека иако првичните проекции во Стратегијата за управување со јавниот долг укажувале дека долгот ...

Литванскиот министер за надворешни работи, Кестутис Будрис се обрати до обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради масовните напади на Русија врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, барајќи издавање нови налози за апсење на одговорни руски функционери, како и проширување на веќе издадените налози за нови меѓународни злосторства, вклучително и геноцид. „Овие систематски напади, кои јасно имаат за цел да го остават ...

Апелациониот суд во рамките на Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија (GJKKO) ја продолжи мерката „притвор“ на поранешниот албански претседател Илир Мета, објави Euronews Albania. Мета, кој е лидер на социјалдемократската Партија на слободата (PS/PL), беше приведен во октомври 2024 година по наредба на Албанската специјализирана структура против корупција и организиран криминал (SPAK/SPAK) и формално обвинет во ...

Вредноста на Биткоинот (BTC) падна за 6,09 проценти на 69.278,22 евра денес во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance. Вкупниот обем на тргување со Биткоин во последните 24 часа е 69,99 милијарди евра, речиси двојно повеќе од вчера. „Индексот на страв и алчност“ за Биткоин моментално е на 16 во категоријата „екстремен страв“, што е значително влошување во споредба со вчерашните 26 во истата категорија. Прочитајте ...

Во пресрет на Саемот за рурален туризам, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Центарот „Јавна соба“ во Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на денешната прес-конференција што се одржа по тој повод. Во своето обраќање, министерот истакна дека руралниот туризам ќе биде еден од стратегиските приоритети на Министерството, при што вакви настани ќе бидат сè почести во текот на 2026 година, а уште поинтензивни во ...

По спроведена обемна истражна постапка во која беа опфатени 27 полициски службеници, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, поврзано со пожарот што на 16 март 2025 година настана во ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешниот брифинг најави дека борбата против загадувањето на воздухот ќе се води преку сеопфатен пристап кој ќе опфати контрола на загадувањето од индустријата, институциите и домаќинствата, како и преку меѓуинституционална соработка во врска со сообраќајот, со нулта толеранција кон загадувачите. Тој информира дека Министерството има краткорочен план за акција и долгорочна ...

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата. Согласно потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари односно 600 евра. Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи ...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја одржа втората седница на Управниот одбор во новиот состав. На состанокот била испратена силна порака за единство и деполитизација на локалната самоуправа со цел поефикасно решавање на проблемите на граѓаните. Додава дека особена чест им било присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентирал надградениот софтвер за управување со ...

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“. Според него, компанијата „Golden Eagle“ во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица. Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција. „Добрата ...

Два дена пред стапувањето на сила на законот, Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, ги оспори законските акти вклучени во системот „Безбеден град“ пред Уставниот суд. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што предупредија нашите пратеници од собраниската сала, законите од системот „Безбеден град“ ќе бидат обжалени до Уставниот суд на денот кога ќе стапат на сила. Ги поднесовме овие ...

Метрото во Солун ќе биде суспендирано 15 дена во март поради технички работи за поврзување на линијата со нејзиното ново продолжение до областа Каламарија во источниот дел од градот, објави Никос Такијаос, заменик-министер за инфраструктура и транспорт на Грција, цитиран од онлајн изданието на весникот Вима. Движењето ќе биде суспендирано кон средината на март и ќе заврши пред Страдалната седмица, со дополнителен дводневен одмор планиран по ...

Осуммина од листата на можни кандидати за привремен премиер на Бугарија изразија подготвеност да предводат влада која ќе организира предвремени парламентарни избори за време на консултациите со претседателот Илијана Јотова, пренесе БНР. По заменик-гувернерот на БНБ Андреј Ѓуров и заменик-омбудсманката Марија Филипова, претседателот денес доби уште три позитивни одговори – од раководството на Судот за сметки. Средбите со претседателот Димитар ...

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ потсетува дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети – нема да важат за користење во ноќните линии. Од ЈСП информираат и дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), ...

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, изјави дека ЕУ ќе продолжи да ја разгледува идејата за забрана за влез за сите оние кои учествувале во војната на Русија против Украина додека служеле во руските вооружени сили, а многу земји го поддржуваат предлогот. По состанокот на Советот на ЕУ, Калас изјави дека многу земји-членки изразиле поддршка за естонскиот предлог, без да прецизира кои. „Ова претставува јасен ...

По поплавите во Струмичко кои однесоа добиток во водите, Министерството за земјоделство најави поддршка за фармерот кој претрпе големи загуби. „Денеска го посетив фармерот Никола Колев од Костурино, Општина Струмица, кој за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња. Во разговорот, го информирав дека Општината веќе има формирано комисија за процена на штетите од невремето. Согласно законот и процедурите, Никола ќе ...

Левица вчера објави дека членката на ДКСК, Цвета Ристовска, свесно и намерно, иако законски била должна, од анкетниот лист ги изоставила фирмите на своите синови. Станува збор за две активни компании, БУСТ МЕДИА ДООЕЛ и БУСТ ДООЕЛ увоз-извоз, формално регистрирани за „маркетинг“. Од партијата велат дека тие во ниту еден момент не се пријавени во анкетниот лист на антикорупционерката Ристовска, документ кој треба да гарантира целосна ...

Откако ССМ денеска испрати барање до Владата во понеделник да го потпишат Колективниот договор, за кој од најголемата владеачка партија рекоа дека Синдикатите одбиле да го потпишат за покачување на платите во јавниот сектор за 40%, премиерот Христијан Мицкоски денеска даде свое објаснување за пресметката и нивната понуда како најголем работодавец во државата. -На социјалните медиуми постои спин кој што се обидува да ги предизвика моите ...

Во трговијата на мало во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11.5 %, а реално за 4.6 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.0 %, а реално опаѓа за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6.3 %, а реално за 0.8 ...

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи опаѓање од 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.9 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: – Производство на ...

Вчерашниот избор на новите членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија под капата на Град Скопје, го коментираше и поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска. Според неа, повторно се случува „избор од тефтерчето“. Ивановска посочува дека, и покрај јасните законски одредби кои треба да обезбедат транспарентност и стручност, праксата останува иста – политичката волја е единствениот и одлучувачки фактор. „Бидејќи ...

Советот на Европа одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата со образложение дека е направен напредок во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните држави. Резолуцијата е донесена со 57 гласови „за“ и еден воздржан на зимското заседание на Парламентарното собрание на советот на која присуствуваа и македонски ...

Здружението на јавните обвинители најостро реагира на објавите на социјалните мрежи од лицето Зоран Божиновски, кое се декларира како фриленс новинар, а, како што велат, своите профили и страници континуирано ги користи за клевети, навреди и притисоци врз повеќе јавни обвинители. Иако јавните обвинители извршуваат јавна функција и во таа смисла нивната работа може да биде предмет на јавна критика, сепак, потенцираат оттаму, последните ...

Планираното спојување на две од компаниите на Илон Маск, SpaceX и xAI, би можело да даде поттик на идејата за распоредување центри за вештачка интелигенција (AI) во вселената, објави Ројтерс. Плановите предвидуваат меѓусебно поврзани центри лоцирани на сателити на сончева енергија за да се задоволат потребите на ChatGPT или Grok. Очекуваните 25 милијарди долари приходи од првичната јавна понуда на SpaceX ќе бидат искористени за спроведување ...

Apple објави рекордна квартална продажба и подобра од очекуваната перспектива за тековниот период, дури и кога компанијата предупреди за зголемување на трошоците за компоненти што се закануваат да ги намалат маржите, објави Bloomberg. Приходите ќе се зголемат за 13% до 16% во вториот фискален квартал, кој завршува во март, соопшти компанијата на конференциски повик со аналитичарите во четвртокот. Тоа ги надмина очекувањата на Волстрит за раст ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
54%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
57%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.42
85%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
0.0
63%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
67%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
34%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
67%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
43%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Иридиум

258288.78