„Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати на тој бран и ќе учествува во истото. И тоа е толку ветво и застарено што просто делува и несериозно“, констатира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Благодарение на напорите на Англосаксонците, украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност и претседател на партијата Обединета Русија. „Што добија луѓето од модерна Украина на крајот од Англосаксонците? Тие станаа „топовско месо“ за европската цивилизација, заложници на култот на смртта во форма на лажниот „Голодомор“, средство за величење на ...

„АКТ и платформата МИЦКО.мк не се кампањи за дневна политика, туку алатки за разобличување на криминалниот начин на кој функционира власта, спротивно на јавниот интерес. Граѓаните силно не поддржаа, ни се приклучија во оваа заедничка борба против криминалот и корупцијата за што сме им благодарни. Досега има над 200 пријави, темелно ги разгледуваме, анализираме, и се ќе објавиме“, вели во интервју за „Локално“, новиот претседавач на ...

Американската економија забрза во трите месеци до септември, поттикната од силната лична потрошувачка и закрепнувањето на извозот. Најголемата светска економија порасна со годишна стапка од 4,3%, во споредба со 3,8% во претходниот квартал. Тоа беше над очекувањата на аналитичарите и најбрзо темпо во последниве две години. Извештајот, одложен поради затворањето на американската влада, дава увид во економијата која се справува со големи промени ...

Во 2025 година, Русија претрпе огромни загуби во Украина, со околу 400.000 убиени или ранети војници. Ова го доведува вкупниот број на руски жртви од почетокот на инвазијата на огромни 1.118.000, повеќе од целата армија на Москва пред војната, според најновите бројки од Британската агенција за одбранбено разузнавање, пишува Телеграф. Руските сили истрајуваат со тактиките на „топовско месо“, жртвувајќи огромен број војници во масовни напади за ...

Левица забележува дека „наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер „енергетичар“. Според партијата, Македонија е држава каде енергетскиот сектор е во колапс, откако вчера владата прогласи кризна состојба, а РКЕ донеси одлука за покачување на цената на струјата под, како што велат, диктат на приватниот монопол ...

Експлозија на автомобил во руската престолнина Москва уби три лица, објави Скај њуз. Истражната агенција потврди дека двајца полицајци и уште едно лице биле во автомобилот. Како што дознава Гардијан, властите претходно изјавија дека експлозијата се случила во близина на местото каде што претходно оваа недела беше убиен генерал-потполковник Фанил Сарваров. Снимките емитувани на руската телевизија покажаа дека областа е опколена со полициска ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес одржа состанок на Централното претседателство, на кој беа донесени неколку важни организациски и кадровски одлуки. Поранешната пратеничка и нова потпретседателка на ДУИ, Арта Биљали Зендели, по состанокот, објави дека, со одлука на Претседателството и во согласност со статутот одобрен на последниот партиски конгрес, лидерот на партијата, Али Ахмети одлучил да направи нови назначувања. Според ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ВМРО-ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во ...

Членот на новиот Централен одбор на СДСМ, Андреј Жерновски упати критики кон Владата откако беше донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата. „Неспособни сте! Лутете се колку сакате, но освен за криминал, за ништо друго не ве бива! Па замислете што ќе се случуваше во државава да бевте вие на власт кога беше светската енергетска криза“, истакна Жерновски и упати прашање ...

Еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња, легендарниот Васил Рингов, почина на 70-годишна возраст по кратко боледување. Роден во Струмица во 1955 година, Рингов ја започна својата кариера во Беласица, по што играше и за Партизан, Тетекс и Вардар, каде што остави најдлабок белег. Одигра над 200 лигашки натпревари за Вардар и постигна 93 гола, станувајќи еден од симболите на клубот во 1980-тите. Беше дел од генерацијата на ...

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес во Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на кого му ја изрази благодарноста на народот на Косово за американската поддршка за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, објави Косовската радиотелевизија. Во изјава за медиумите објавена на Фејсбук профилот на Османи по средбата со Ландау, косовската претседателка рече дека двајцата ...

Од денес, Црна Гора официјално го враќа безвизниот режим за турските граѓани, кој беше привремено суспендиран во октомври поради загриженост за зголемување на бројот на странски државјани кои нелегално престојуваат во земјата, објави веб-страницата „Туркие тудеј“, повикувајќи се на соопштение за медиумите од црногорската влада. Во соопштението за медиумите на владата се наведува дека заедно со одлуката за враќање на безвизниот режим, периодот ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Ѓорѓиевски во информацијата што ја сподели во објава на својот Фејсбук профил ги повикува скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: [email protected]. -Нема толеранција за никого – ...

Што може да очекуваме од новите законски измени на Кривичниот законик (КЗ), дали тие ќе донесат поголема правда и казнивост за функционерите што ја злоупотребиле својата позиција или пак ќе бидат уште поблаги во однос на претходните регулативи, и дали премногу се чекаше и тактизираше со исправање на катастрофалната грешка од 2023 кога се донесоа скандалозните измени на КЗ за време на владата на Димитар Ковачевски – ова беа клучните прашања и ...

„Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба“, стои во реакцијата на СДСМ на одлуката на Владата да воведе кризна состојба поради недостаток на мазут. „За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. ...

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека Србија постигнала договор за продолжување на испораките на природен гас од Русија до 31 март 2026 година, објавија српските медиуми. „Имаме договор за продолжување на испораките на гас за уште три месеци, до 31 март, за луѓето да не можат да се грижат и да спијат мирно“, рече Вучиќ. Тој рече дека има информации дека претставниците на Газпром разговараат за продажба на удел во националната ...

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека владата „нема да попушти на уцените“ од земјоделците кои протестираат поради доцнењето на исплатата на европските субвенции и зголемувањето на трошоците за производство и го обнови својот повик за разговори, објави онлајн изданието на „Катимерини“. Грчките земјоделци продолжуваат да ги блокираат главните автопати низ Грција пред претстојните празници, а властите воведуваат пренасочувања на ...

Филмската компанија Paramount-Skydance додаде „неотповиклива лична гаранција“ во својата понуда за купување на Warner Bros. Discovery, објави Associated Press. Синоќа, Лари Елисон, основачот на Oracle и татко на Дејвид Елисон, извршен директор на Paramount, објави дека гарантира исплата од 40,4 милијарди долари, како и покривање на сите потенцијални побарувања за отштета. Ова се случува иако одборот на директори на Warner ја претпочита ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека Македонија има најниско покачување на струјата во Европа. Ја обвинуваат СДСМ дека тврделе како струјата ќе поскапела за 5%. „СДС тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%. Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на континуирана поддршка за Украина, предупредувајќи дека Европа „ќе се соочи со зголемени безбедносни ризици ако нејзината решителност се разниша“, објави ДПА. За да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да нападне членка на НАТО, Украина мора да остане силна, рече Руте во интервју за агенцијата. Тој, исто така, ја нагласи потребата членките на НАТО да ги зголемат своите ...

Откако Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ја повлече својата компанија од проектот за изградба на луксузен хотел и станбен комплекс на местото на зградата на Генералштабот, од почит кон српскиот народ, како што изјави, првиот господин на Косово, Приндон Садриу, го поканил овој бизнисмен да го реализира истиот проект во Приштина, на местото на поранешниот луксузен хотел „Гранд“, пишува КоСсев. Како што наведува ...

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денес изјави дека единственото решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС) е државата Србија да ја преземе компанијата, која е во мнозинска сопственост на Русија. Драган Ѓилас на прес-конференција во српскиот парламент изјави дека ССП и Центарот на Србија (Срце) поднеле до парламентот Предлог-закон за утврдување на јавниот и општиот интерес за воведување на надзорен орган ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници се повлекле од проектот за Генералштабот во Белград поради опозициските партии и народот на Србија, кои се противат на изградбата на хотел на таа локација. Вучиќ, исто така, го наведе прогонот на соработниците на Трамп како причина. „Трамп, или поточно неговите соработници, не одлучија за Генералштабот поради нас, туку поради ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја прокоментира вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека „ја уништил Југославија“ и „дека ако излезе на улица, нема да се врати дома“. -Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има и луѓе од другите етнички заедници, нашиот мултиетнички, ...

Климатската активистка Грета Тунберг е уапсена во центарот на Лондон на демонстрации во поддршка на активистите на Палестинската акција кои штрајкуваат со глад. Лондонската полиција соопшти дека 22-годишната девојка е уапсена поради држење транспарент во поддршка на организацијата, која е прогласена за терористичка организација. Тунберг држеше транспарент на кој пишуваше: „Ги поддржувам затворениците од Акција за Палестина. Се ...

Сојузниот вицепремиер и министер за финансии на Федерацијата Босна и Херцеговина, Тони Краљевиќ денеска потврди дека пензиите во земјата треба да се зголемат за околу 17 проценти вкупно следната година. Имено, на дневен ред на денешната седница на Владата на Федерацијата БиХ е Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во своите измени, законот воведува полугодишно прилагодување на пензиите, кое ќе се ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на Одбор на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски Клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривчно дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 став 4 и 5 в.в со ст.1 од КЗ на Република Северна Македонија. Пријавениот В.Б., во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Калај

48.47

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33