Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
„Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија се во најтешката фаза од потпишувањето на Договорот за пријателство во 2017 година“, смета бугарскиот професор и историчар, Спас Ташев . Според него, изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, вклучувајќи ги и, како што вели, ултиматумите до Бугарија и Европската Унија за признавање на македонскиот идентитет и јазик, претставуваат, според него, ескалација и инструментализација на темата за ...
Земјоделците се разочарани од моменталната состојба во македонскиот аграр, но сметаат дека протестите не се решение на нивните проблеми. Според нив, праксата покажале дека и покрај многубројните штрајкови, протести и блокади кој ги организирале откупните цени се ниски, има нелојална конкуренција, а трговците држат монополот на пазарите… . Причината за ваквата состојба во македонскиот аграр е политиката која е длабоко навлезена во ...
Со новите правила на Европската унија, во Македонија нема да може веќе да се увезуваат половни автомобили кои се на крајот на нивниот животен век. Увозниците на стари автомобили велат дека оваа одлука е меч со две острици, од една страна е добро бидејќи граѓаните ќе мораат да купуваат понови автомобили кои помалку загадуваат, а од друга страна ова ќе биде дополнителен удар по џебот на оние кои немаат да си дозволат повеќе од 2.000 евра за ...
Полицијата пред два дена во Скопје уапси Нигериец кој нападнал полицаец и носел пиштол без дозвола. -На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени ...
„Откако вистината ја објавија британските медиумите целата кампања на ДПМНЕ, секоја нивна изјава е за дефокусирање на јавноста од главната тема – „мигранти за пари“. Во толку голема паника е ДПМНЕ што дури донесе неуставна Резолуција во обид да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, никој да не зборува за темата мигранти“, реагираат од СДСМ. „Да ги прогласи сите критичари за дезинформатори, што многу потсетува на нацистичкиот ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поразот на Украина би претставувал сериозен проблем и за Унгарија, нагласувајќи дека е во интерес на Будимпешта да го спречи колапсот на земјата. „Доколку Украина ја изгуби војната и доживее колапс, тоа би бил сериозен проблем за Унгарија. Затоа, во наш интерес е не само да го спречиме распадот на Украина, туку и да направиме многу за да го спречиме тоа да се случи. Војната не ја зајакнува Украина, ...
Евразиската економска унија (ЕАЕУ) го потврди својот статус како еден од независните центри на мултиполарниот свет во развој, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет во тесен состав. „Соработката во рамките на Евроазиската економска унија, која цврсто се етаблираше како еден од независните центри на мултиполарниот свет во развој, продолжува стабилно да се развива, меѓусебната ...
Обидот на германскиот канцелар Фридрих Мерц да ги убеди лидерите на ЕУ на самитот на Европската унија во Брисел да користат 210 милијарди евра замрзнати руски средства за да ѝ помогнат на Украина не успеа бидејќи неговиот сојузник, францускиот претседател Емануел Макрон, не ја поддржа идејата, а Макрон „ќе мора да плати цена“, изјави денес висок функционер на ЕУ. „Макрон го предаде Мерц и знае дека ќе мора да плати цена за тоа. Но, тој е ...
На фронтовските линии на украинскиот фронт продолжува интензивната работа за воспоставување одбранбени утврдувања. Досега се изградени 2.130 упоришта за водови украински бранители, а ископани се повеќе од 3.000 километри противтенковски ровови. Ова го објави министерот за одбрана Денис Шмихал за време на посетата на Запорошката област, каде што слушна извештај од началникот на Државната специјална служба за транспорт, генерал-мајор Олександр ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека владата на земјата е „отворена за дијалог, но не и за апсурд“ со земјоделците кои со денови протестираат поради економските услови и мерки. Мицотакис рече дека 27 од 16-те барања на земјоделците веќе се исполнети или се позитивно адресирани, објавува „Катимерини“. Додаде дека четири барања се „во фаза на разгледување или дискусија“ за да се најде решение, истакнувајќи дека седум од нив не ...
Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, рече дека прашањето дали сте за членство на Србија во Европската унија (ЕУ) е едно од основните вредносно-базирани, а не политички прашања. „Оние кои велат дека сме неутрални, кои велат дека не сме ниту за Русија ниту за ЕУ, имаат грешка во размислувањето“, рече Ѓилас во својот поткаст „Виновниот“ и додаде дека Србија не избира помеѓу Русија и ЕУ, туку „ние избираме помеѓу ЕУ ...
„Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот“, соопшти Катарина Цаневска Арсовска, дел од советничката група на СДСМ во Скопје. „Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград – Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека трет патник е итно префрлен во болница со тешки повреди. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автомобил „Сеат“ со германски регистарски таблички, под сè уште неразјаснети околности, излетал од патот. Се претпоставува дека возачот ја изгубил контролата врз возилото, удрил во ...
Доведени во практична изолација, Владата на Мицкоски (сосе Филипче) се принудени да го предизвикуваат Преспанскиот договор и Преговарачката рамка. ВЛЕН и ДУИ веќе не се во состојба да наметнуваат партиски, туку да мора да го следат интраетничкиот наратив на Албанците во Северна Македонија, сподели на својот Фејсбук профил Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република. „Тоа се виде со прославата на „Денот на знамето“ и ...
На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес ...
Не сум сигурен дека ги имаме сите аргументи, зборувам како СДСМ, да тврдиме дека постојната структура на Буџетот е кроена наменски за избори отколку дека е реален одраз на состојбите во економијата и реалните потреби на граѓаните, посебно во сегментот на трансферите. И тука не се потпирам на изјавите на премиерот дека избори ќе нема туку на политичката логика која вели дека ако веќе се подготвува „изненадување“ тогаш зошто би се најавувало ...
„Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех“, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. „На македонската држава, јазичниот императив ѝ беше јасен уште пред 81 година, кога ја воспостави наставата на турски јазик во тукушто ослободеното Скопје. Од тогаш до ...
„Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери, Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух“, се вели во денешното соопштение од СДСМ „Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта тоа не е приоритет. Скопје е втор ...
На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера доцна попладне се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во несреќата, која се случила во 16:20 часот, учествувале две патнички моторни возила. Повредените со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи во Скопје за укажување помош. Извршен е увид од увидна ...
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска – 20 декември 2025, од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден. Согласно временската прогноза која ни ...
Актерот Лазе Манасков почина денеска на 67-годишна возраст, соопштија од Драмски театар. „Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, соопштија од Драмски. Лазе Манасков остави значаен печат на македонската сцена преку бројни улоги, посветена работа и исклучителна љубов ...
Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител – да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од денот на трагедијата, како што рекоа, за да се утврди кој знаел, кој дозволил, кој ...
Пратеникот на Левица, Саше Јанчев денеска обзнани дека добил закана од прсатеници на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе „удрат по него“ поради учеството сообаќајната несреќа пред неколку месеци, во која имаше повредено двајца малолетници. „Пред Анкетната комисија за Кочани од пратениците на власта во собраниските ходници добивме и закана дека поради Анкетната ќе удрат по мене. Демек ако Левица ја отвора темата за Кочани они ќе удираат по мене заради ...
Со новите закони, Законот за вработените во јавен сектор и Законот за административните службеници, во делот плати е ограничено и суспендирано правото на уредување и доуредување на правата поврзани со платата со колективен договор и на тој начин е суспендирано колективно договарање за вработените во јавниот сектор, а сето тоа спротивно на Уставот, Законот за работните односи и меѓународните трудови стандарди и конвенции, Општата декларација ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид, заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на примопредавањето на донацијата на Хидробиолошкиот завод – Охрид од страна на Турската агенција за развој и соработка, ТИКА. Покрај теренско возило, ТИКА овозможи темелно реновирање и опремување на лабораториските и помошните простории во одделенијата за фитопланктон и за зоопланктон. Со тоа, како што истакна ...
Британската влада се откажа од сопствената иницијатива за користење на околу 8 милијарди фунти замрзнати руски средства што ги чуваат британските банки за да ѝ помогнат на Украина, откако сличен предлог на ЕУ пропадна во раните утрински часови во петокот, објави „Фајненшл тајмс“. Весникот претходно објави дека британските банки се загрижени за овој потег. Премиерот Кир Стармер беше поддржувач на идејата за користење на замрзнати руски ...
Катастрофалното менаџирање со најважното енергетско претпријатие, за што Левица претходно предупредуваше, го потврди самиот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Во текот на вчерашниот ден е објавена скандалозна информација дека директорот Узунчев упатил барање до Владата за прогласување кризна состојба, наводно поради недостиг на мазут поради протестите на грчките земјоделци. За Левица ова е ФИНГИРАН ОБИД на Узунчев, со цел владата да го спаси ЕСМ ...
Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината. Нашата цел е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче ...
Петтиот конгрес на најголемата албанска партија во Македонија, Демократската унија за интеграција (ДУИ), е закажан за денес. На состанокот на Генералниот совет на ДУИ одржан пред една недела, беа анализирани стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика на партијата, со што се потврди „улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како клучен партнер во евроатлантските процеси“ во земјата. Според соопштението на ДУИ, состанокот бил ...
Директорот на нуклеарната централа Запорожје, Јуриј Черничук, денес предупреди на опасноста од сценарио слично на Чернобил во случај на напад врз централата. „Во историјата на нуклеарната енергија имало две сериозни несреќи – во 1986 година во нуклеарната централа Чернобил и во 2011 година во Фукушима. Доколку се продолжи, во најлош случај, би можело да се доведеме до слични последици“, рече Черничук, пренесува РИА Новости. Како што изјави, ...