Белград
7ᴼ /
6ᴼ
„Најдоброто што може да се случи е воопшто да нема таков Извештај за напредокот на Република Северна Македонија. Процесот на неговото создавање е погрешен бидејќи има редовно протекување на информации“. Ова за бугарските медиуми го изјавил европратеникот Станислав Стојанов од групата „Европа на суверени нации/Преродба“ на маргините на Европскиот парламент во Стразбур. Комитетот за надворешни работи на ЕП на 4 јуни се согласи да го одложи ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја искажа својата подготвеност за разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но одбива да го признае сегашниот украински претседател како легитимен за потпишување на какви било договори. Тој рече дека Русија не ја исклучува можноста за мировни преговори и дека тој лично е „подготвен да се сретне со сите“, вклучително и со Зеленски. Сепак, Путин изјави дека, според него, Зеленски нема законско ...
Фудбалерите на Јувентус ја прифатија поканата да ја посетат „Белата куќа“ и Доналд Трамп, а кога стигнаа таму претседателот на САД им создаде помалку непријатна ситуација. Седејќи на своето биро, со грб кон „бјанконерите“, Трамп го искористи вниманието на медиумите за да освои политички поен во битката со промоторите на идејата дека трансродовите лица можат да се натпреваруваат на професионално ниво во натпреварување на кое не припаѓаат по ...
Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок и во Македонија. Експертите предвидуваат дека тоа ќе се случи, бизнисот прави калкулации кои би биле евентуалните последици од конфликтот врз економијата, а првиот удар го почувствуваа граѓаните со растот на цените на бензините. И покрај тоа што зголемувањето на нафтените деривати беше мало, сепак ова е првиот знак дека новиот бран на инфлација ни тропа на врата. По нападите на Израел врз ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата. ...
Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани неименувани извори. Изворите велат дека дипломатските разговори се во тек, вклучително и планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева во петок. Некои извори посочија дека е можно американскиот напад врз Иран да биде извршен ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради постоење основи на сомнение дека со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин. „СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче синоќа се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта. Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во последните 24 часа, Израел извршил три големи бранови напади врз Иран. Според нивните изјави, првиот бран се случил во текот на ноќта, а израелските воени авиони погодиле околу 40 цели во областа на Техеран, вклучувајќи објект за производство на центрифуги за збогатување на ураниум. Вториот бран напади започнал попладнево, а целите биле воени и безбедносни локации, вкупно 20 од нив, исто така ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али и раководителот на Секторот за операции и координација, Горан Стојановски беа во континуирана координација и комуникација со надлежните служби и институции, со цел навремено следење и реагирање на состојбата. „Според информациите и фотографиите кои ги добивме од терен од Секторот за операции и координација во ЦУК, поројни дождови ја зафатија територијата на Град Скопје, особено општините ...
„Не е проблем тоа што ВМРО-ДПМНЕ не разбира политика. Проблемот е што не разбираат ни историја, ни идеологија, ни нација“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. – Ова го пишувам не како противник, туку како социјалдемократ. Како човек што со љубов и длабоко разбирање ја познава историјата на македонската борба. Како некој што ја почитува вистината и Преспанскиот договор како нужност и државнички чин. Не сум ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на како што рече „драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда“. „Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил”, изјави Филипче. Тој предупреди ...
31-годишен државјанин на Македонија бил приклештен меѓу бетонски ѕид и тешка градежна машина (радладер) и се здобил со тешки повреди, поради што со итна медицинска хеликоптерска служба бил пренесен во болница. Според полицијата, во понеделникот навечер, на 17 јуни, околу 19 часот, полициска патрола била повикана во едно претпријатие на територија на општината Едт. По пристигнувањето, полициските службеници затекнале тешко повреден 31-годишен ...
Грузиската полиција откри и заплени приближно 300 килограми хероин. Дрогата е откриена во камион што превезувал огноотпорни тули, што пристигнал од Ерменија. Тоа е најголемо запленето количество наркотици во Грузија во изминатата деценија. Во операцијата уапсен е еден Грузиец. Камионот преку црноморското пристаниште Батуми требал да продолжи за Европа. Вредноста на запленетиот хероин се проценува на 85 милиони лари (околу 27 милиони евра). Во ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. Ова, како што наведува Клековски, е голем чекор напред затоа што ПРП терапијата ќе може да ја примаат пациентите без да патуваат до Скопје. – Во Општата болница во Кочани, 10 лица повредени во трагедијата беа ...
Седумгодишно девојче од Украина, кое било во Израел на лекување од леукемија, беше убиено во неделата во ирански ракетен напад врз градот Бат Јам, јужно од Тел Авив, објави израелскиот претседател Исак Херцог на платформата „X“. Херцог рече дека Настја Борик починала со уште четири членови на семејството: мајката Марија (30), бабата Лена (60) и братучедите Илја (13) и Константин (9). Украинските власти во неделата објавија дека пет украински ...
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува над подрачјето на Стајковци, Арачиново и Скопска Црна Гора, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето кое го зафати овој регион е проследено со поројни врнежи, силен ветер и појава на град, што го зголемува ризикот од локализирани поплави, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во моментот невремето е проследено со поголема количина на врнежи град и силен ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени ...
Иран објави дека истрелал балистички ракети со среден дострел Сеџил-2 кон Израел, објави во соопштението Иранската револуционерна гарда (ИРГК). „Дванаесеттиот бран на операцијата „Вистинско ветување“ започна со лансирање на супертешки ракети Сеџил-2“, се вели во соопштението за медиумите. Иранската државна телевизија објави дека Иран испалил ракети кон Израел во најновиот бран напади, тврдејќи дека тие успешно го пробиле одбранбениот систем на ...
Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Нестабилното ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ присуствуваше на презентацијата на проектот „Урбоглифи – Урботека: 1000 минути Лумиер за Орсон Велс“ и по тој повод даде изјава за медиумите за сите актуелни теми. Остри критики кон Израел Тој не пропушти да коментира за конфликтот меѓу Израел и Иран, а неговиот став е малку поинаков од оној на сегашната влада предводена од премиерот Андреј Пленковиќ. „Израел во моментов е предводен од криминална клика и ...
Сирени за тревога се огласија во неколку градови во централен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Холон и Петах Тиква, откако израелската војска (ИДФ) соопшти дека ракети биле испукани од Иран кон израелска територија. „Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области низ Израел откако беа идентификувани ракети испукани од Иран“, соопшти ИДФ. „Граѓаните се повикуваат да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита. Во овој момент, ...
Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се ...
Град Скопје објави Јавен повик за доделување на финансиски средства на граѓаните што живеат на подрачјето на Град Скопје, наменети за субвенционирање дел од трошоците за нов велосипед во текот на 2025 година. Условите за начинот на пријавување на јавниот повик и негово спроведување се достапни на веб-страната на Град Скопје. ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2025 година Предмет ...
Мисијата на Исламската Република Иран во Обединетите нации ги негираше тврдењата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Техеран се обратил до Вашингтон со цел да започне преговори. „Ниеден ирански функционер никогаш не побарал да клекне пред портите на Белата куќа“, се вели во писменото соопштение. Тие додадоа дека „единственото нешто што е поодвратно од неговите лаги е кукавичката закана за „соборување“ на ...
Познатата американска готвачка и телевизиска ѕвезда Ен Барел почина на 55-годишна возраст откако беше пронајдена во несвест во нејзиниот стан во Бруклин во вторник, 17 јуни. Барел е пронајдена во нејзиниот дом наутро, а Итната медицинска помош утврдила дека е почината веднаш по пристигнувањето. Причината за смртта сè уште не е официјално објавена. Семејството се збогува со емотивни зборови „Ен беше сакана сопруга, сестра, ќерка, маќеа и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот пред Белата куќа. Беше прашан дали САД се приближуваат кон напад врз нуклеарните постројки на Иран. „Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? „Дали ќе го нападнете иранскиот нуклеарен постројка и точно кога, господине, ќе го нападнете?“ Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема.“ Тој вели дека „никој ...
Русија ќе ги смета САД за одговорни за нападот врз Иран бидејќи тоа радикално би го дестабилизирало Блискиот Исток, изјави во среда рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а Москва проценува дека Израел ризикува да предизвика нуклеарна катастрофа со своите напади. Во јануари, Русија потпиша стратешко партнерство со Иран, а има и односи со Израел, иако војната на Москва во Украина ги загрижува израелските власти. Руската ...
Партијата Левица реагираше на одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја дека без јавна постапка доделила седум хектари државно земјоделско земјиште на фирмата „Хем-Алијанс“, која е осомничена во случајот „Адитив“, што веќе е во фаза на судски процес. Според Левица, фирмата „Хем-Алијанс“ од село Пепелиште, Неготино, е во сопственост на семејство чии членови претходно раководеле со енергетски капацитети – ТЕЦ Неготино и ...
И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица. Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата листа на прекршувања на Законот за градење, Законот за општа управна ...