СДСМ преку соопштение порача дека трагедијата во скопската населба Тафталиџе, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство. Потсетуваат дека две години било пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога. -Институциите биле алармирани, било пријавувано, ...

„Епл“ го претстави најновиот iPad Air, и без некои поголеми изненадувања, тоа е повеќе или помалку истиот модел на таблет што беше објавен пред една година, со додавање на помоќен M4 чип, наместо минатогодишниот M3. Таблетот, исто така, ги доби Епловите мрежните чипови N1 и C1X, кои покриваат „Wi-Fi“, „Bluetooth“, „Thread“ и мрежна поврзаност. Ова значи дека iPad Air за прв пат го поддржува Wi-Fi 7 стандардот. Новиот таблет Air сега има и ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерство за односи меѓу заедниците на сметката на основниот буџет (637) заедно со ревизија на усогласеност за 2024 година. Изразено е неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија утврдивме состојби кои укажуваат на слабости при ...

Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува сериозна загриженост за институционалната неодговорност и непреземањето на мерки за превенција и спречување на фемицидот и семејното насилство. „Немаме повеќе време за префрлање одговорност, ниту за административни изговори. Секое непостапување има последици и секое доцнење може да значи живот. Последниoт случај со смртта на мајката и ќерката во Тафталиџе, како и сите ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, вчера биле на увид во комуналните активности кои се одвиваа во непосредна близина на спортскиот објект во населбата Карпош 3. -Инаку, овој простор е постојана мета на несовесните граѓани, кои го одложуваат крупниот и кабастиот отпад на оваа локација. За таа намена Општина Карпош постојано го чисти овој простор, но за поголема ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче, во вчерашната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички. „Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во контекст на членството во НАТО ги нарече предавнички. Не знам за какво ...

Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници синоќа слетал во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. Покрај државјани на Србија, во авионот имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле евакуирани од Израел, пренесуваат српските медиуми. Летот бил организиран од страна на српската Влада. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на ...

„Како може да се постави нашата држава? Ние сме држава која што немаме некоја суптилна стратегија во таков вид на настани, така што главната ориентација е лојалноста кон САД и затоа тоа беше поддржано од наша страна, иако никој не нѐ тераше да истрчаме меѓу првите“, вели поранешниот амбасадор во НАТО и дипломат, Нано Ружин за поддршката од државниот врв на Македонија за сојузниците САД и Израел во нивната воена агресија кон Иран. Како што ...

Основниот суд, по предлог на Јавното обвинителство, му одреди краткотраен притвор од 48 часа на Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена која заедно со нивното шестгодишно дете падна од балкон во скопската населба Карпош, информираа синоќа од Основното јавно обвинителство Скопје. Јовановски е осомничен за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста. Во наредните два дена треба изјави да ...

Грција ќе премести ракетна батерија „Патриот“ на југоисточниот егејски остров Карпатос како дел од напорите на земјата да ја зајакне одбраната од можни воздушни напади, еден ден откако беспилотно летало удри во британска воздухопловна база на Кипар, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“, повикувајќи се на државниот радиодифузер ЕРТ. Одлуката доаѓа откако министерот за одбрана Никос Дендиас објави дека Грција испраќа две фрегати и ...

Неодамнешните достигнувања во градежната роботика овозможија изградба на куќа со три спални соби за само 24 часа, за многу помала цена од традиционалната градба. Поточно, во Австралија, инженерите од „Crest Robotics“ и „Earthbuilt Technology“ го развија „Шарлот“, пајаковиден автономен робот, способен за 3D принтање на цела куќа од 200 квадратни метри за само 24 часа. Работејќи со прецизноста и брзината на 100 човечки ѕидари, системот ...

Европските фјучерси за природен гас накратко скокнаа за повеќе од 40% на 65 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од јануари 2023 година и по зголемувањето од речиси 35% вчера, бидејќи ескалацијата на воениот конфликт на Блискиот Исток ги зголеми грижите за потенцијални прекини во снабдувањето со течен природен гас (LNG) во Европа. Во понеделник, „Катар енерџи“ го запре производството на LNG откако иранските беспилотни летала ги погодија ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета. Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Според претседателката, посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во време на растечки непредвидливи ...

Засега нема промени во миграциските текови, но продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави денес портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на прашања поврзани со настаните на Блискиот Исток. Тој прецизираше дека во моментов нема разговори за активирање на тој дел од европското законодавство поврзано со заедничката одбрана, по воздушните напади врз британската воена база на Кипар. Според него, доколку е ...

На Санторини, еден од најпосетуваните грчки острови, донесено е одлука која јасно покажува дека правилата се менуваат. Туристите кои ќе сакаат да јаваат магариња од старото пристаниште до Фира повеќе нема да можат да го прават тоа ако тежат повеќе од 100 килограми. Со години, јавањето магариња по стрмни камени скали беше речиси симбол на Санторини. Патеката од пристаништето до врвот на карпата, долга околу 400 метри со повеќе од 500 скали, ...

Според најновите информации, Велика Британија размислува да испрати голем воен брод на Кипар за да ја брани базата на британските кралски воздухопловни сили (RAF) „Акротири“ од ирански напади со беспилотни летала и ракети, дознава Скај њуз. Наведуваат дека се водат разговори за испраќање на воен брод „Тип 45“, кој е единствениот во британскиот поморски арсенал способен да испалува балистички ракети. „Сериозно го разгледуваме тоа. Сè уште ...

Глобалната инфлација веројатно ќе се забрза поради војната со Иран, додека изгледите за економски раст остануваат во голема мера непроменети, според глобалната анкета на економисти спроведена од „Блумберг њуз“. Половина од испитаниците очекуваат инфлацијата малку да се забрза во еврозоната, додека сличен дел го гледа истото и во Соединетите Американски Држави, според анкетата спроведена вчера. Речиси 40% предвидуваат таков исход за Кина, при ...

Физичкото и сексуалното насилство влијаат врз околу една третина од жените во Европската Унија во текот на нивниот живот, но повеќето инциденти остануваат непријавени, според истражување објавено денес од Агенцијата на Европската Унија за фундаментални права (FRA) и Европскиот институт за родова еднаквост. Резултатите од истражувањето покажаа дека само 11,3% од жените пријавиле физичко или сексуално злоставување од некој друг, а не од нивниот ...

Пратениците од Левица денеска со „топол пречек“ во Собранието за генералниот секретар на НАТО, Марк Руте кој е во еднодневна посета на Македонија. Во моментите кога Руте почна да говори пред пратениците, пратениците Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев станаа од своите места и истакнаа транспарент пред собраниската говорница со зборовите „НАТО убива за профит“. Видеото е објавено на официјалните ...

Eдно лице е задржано во полициската станица по трагичниот настан во Карпош кога мајката Ивана и осумгодишната Катја починаа при пад од зграда. Се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопштија од Обвинителството. Се врши детален претрес на станот и распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија. Вчера беше наредена и обдукција на починатите. Настанот предизвика големии реакции во јавноста. Се огласија ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е подготвена да учествува во евакуацијата на своите граѓани од Дубаи и дека понудила да ѝ помогне на Босна и Херцеговина со своите авиони. Обраќајќи се на новинарите од Националниот диспечерски центар на Српската електроенергетска компанија, Вучиќ рече дека оваа активност ќе зависи од текот на конфликтот на Блискиот Исток. „Многу луѓе сакаат да се вратат од Дубаи, ние ќе го ...

МВР информира дека денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница-Тетово било донесено починато 10 годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. ...

Во текот на вчерашниот ден Македонија повторно доживеа голема трагедија, овојпат во населбата Тафталиџе во која жена, жртва на семејно насилство, и нејзиното дете го загубија животот по пад од балкон. Ова е последниот во долгата низа трагични настани во Македонија коишто доаѓаат како последица на родово базирано семејно насилство и повторно отвори голем број на прашања во однос на тоа каде се наоѓа одговорноста за овој случај, за работата на ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека во текот на вчерашниот ден кога загинаа мајката и ќерката при пад од балкон во скопско Тафталиџе, во 12 часот и 5 минути била примена пријава во полиција поврзана со расправија меѓу сопружниците. Во 12:19 часот, полицајци биле упатени на лице место, при што бил извршен разговор со сега починатата Ивана која изјавила дека немало физички контакт помеѓу неа и нејзиниот сопруг и дека ...

Шефот на НАТО, Марк Руте денеска од Скопје порача дека самото НАТО не е вклучено во конфликтот на Блискиот Исток, но, како што вели, Иран добива способности за користење на проектили, што не е опасност само за регионот туку и за нас во Европа. Вели дека знаеме како Иран е експортер на хаос со децении и тоа го прави преку терористички напади и обиди за атентат. -Според моето лично искуство, многу лица се под опасност од иранскиот режим. НАТО ...

„Росица, Кате, Марија. Жени кои претходно барале помош. Жени чии пријави останале без соодветна реакција. Жени кои денес ги нема. Прашањето е едноставно и болно: Колку жени уби молкот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. Ова не се изолирани случаи, вели Зајкова и дополнува дека ова е образец на институционално непостапување и систем што реагира по трагедија, ...

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев во објава на Фејсбук порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност. „Како што дрска кражба се казнува повеќе од обична, а убиство со умисла повеќе од убиство на миг, така и семејното насилство треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – затоа што една од ...

Граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ ја повикува македонската јавност на мирен протест пред зградата на Министерството за надворешни работи. Како што велат од иницијативата, протестот е во солидарност со палестинскиот народ и со сите луѓе директно нападнати од Израел и САД во изминатите денови. Исто така упатија критики кон шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски. „Во вторник во 12:00 ве повикуваме на мирен протест пред ...

Кризата на Блискиот Исток направи потрес на берзите. Скокнаа цените на нафтата, гасот и на златото. Нафта има, но прашање е по која цена ќе се продава, се заканува да достигне и 100 долари за барел, а тоа ќе предизвика сериозен удар врз светската економија. Кризата на Блискиот Исток се заканува да предизвика глобален економски шок, па оттаму и во Македонија. Се стравува дека повисоката цена на нафтата може дополнително да ја засили ...

На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.96
81%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Бакар

12.46