Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
„Руското агресивно дејствување мора да има последици. Германија не толерира шпионажа на своја територија, особено кога во тоа е вклучен дипломатски персонал“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Според германските власти, уапсената Илона В. е осомничена дека шпионирала за руската воена разузнавачка служба ГРУ. Како нејзина контакт-точка се посочува токму заменикот на рускиот воен аташе, на кого му доставувала ...
Според соопштението на државното обвинителство, во ноќта меѓу среда и четврток полицијата спречила три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, кои неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, со намера да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада. Авионот се наоѓал во еден од хангарите, а штета не била причинета. По инцидентот, со соопштение се огласи групата Отпор колектив, која ја презеде ...
Иницијативата за отворање расправа била поднесена од засегнатите граѓани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но била одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова прашање и дека станува збор за ингеренција на Управа за јавни приходи. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, предложи градоначалникот Максим Димитриевски да даде информација за проблемот, имајќи предвид дека претходно остварил средба со ...
Станува збор за петгодишниот Лиам Рамос, кој заедно со својот татко бил приведен на приодот до нивниот дом во Коламбија Хајтс, предградие на Минеаполис. Информацијата на прес-конференција ја соопшти надзорничката на училишниот округ Зена Стенвик. Според училишниот округ, Лиам е едно од четирите деца кои во последните две недели биле приведени од федерални имиграциски агенти, во рамки на засилените акции на администрацијата на претседателот ...
Вредноста на овие резерви се проценува на околу 47 милијарди евра, а златото е складирано во трезори во Карегаду, северно од Лисабон, како и во Лондон, објави Euronews. Иако денес доминираат дигиталните плаќања и брзите трансфери, златото и понатаму се смета за најсигурна форма на имот во услови на глобална неизвесност. Станува збор за актива без кредитен ризик, независна од монетарните политики на други земји и отпорна на финансиски шокови. ...
Од СКРМ информираат дека добиле изјава од нивната членка Татијана Петрушевска, уметник со повеќе од 30 години работен стаж во МОБ, која, според синдикатот, е суспендирана спротивно на законските процедури, без правна основа и со плата намалена на 50 проценти. Синдикатот наведува дека суспензијата претставува грубо кршење на работничките и човековите права. Според изјавата на Петрушевска, инцидентот се случил на проба за балетската претстава ...
Според полицијата, утрово околу 8 часот е пријавено дека на неутврдено време во текот на ноќта, едно или повеќе лица со црна боја испишале графити на информативната табла и оградата на амбасадата, а била истакната и знаме во жолто-сина боја. По пријавата, полициски службеници веднаш излегле на терен, извршиле увид и ја обработиле локацијата, а истрагата продолжува со цел идентификација на одговорните. Од Министерство за надворешни и европски ...
Состанокот е свикан само неколку часа откако Трамп објави дека со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, постигнал „рамка на идниот договор“ за Гренланд, што внесе дополнителна неизвесност во Европски совет. Иако изјавата на Трамп дека нема да воведе царини за земјите од ЕУ привремено ги тргна од дневен ред планираните трговски контрамерки, работната вечера се смета за клучна за поширока дебата, од американскиот притисок за преговори меѓу ...
Во соопштението се наведува дека СЈО било компромитирано со правосилната пресуда против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, а Ристоска, како дел од тој обвинителски тим, ја сносела одговорноста за неговото работење. „Таа се дискредитираше самата себе со учеството во обвинителство кое, наместо правда, служеше за политички прогон и изнуда, под директно влијание на СДСМ и Зоран Заев“, се наведува во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ ...
Филипче нагласи дека СДСМ поддржала и предложила низа реформски закони, меѓу кои и законски решенија за зголемување на минималната плата, повисоки примања во приватниот сектор, како и мерки за намалување на цените на храната и електричната енергија, но, како што рече, сите тие иницијативи биле одбиени од Владата. Тој додаде дека СДСМ била конструктивна и во Собранието, особено во однос на прашања од јавен интерес, вклучително и анкетната ...
Зголемувањето на платите и милијардите евра владини инвестиции оваа година треба да ја поттикнат германската економија. Сепак, Бундесбанкa предупредува дека закрепнувањето зависи од тоа како се инвестираат парите. Во нов извештај, централната банка проценува дека домашната економија полека ќе добива на интензитет од почетокот на годината, по две последователни години рецесија и кревок раст во 2025 година. Неодамнешните песимистички проценки ...
„Нова Газа, тоа може да биде надеж, може да биде дестинација“, изјави Кушнер, кој презеде водечка улога во воспоставувањето преговори за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас. Тој нагласи дека веќе биле направени „неколку невозможни работи“ во Газа и дека нема причина да не се направат уште повеќе. На почетокот призна дека „мирот е поинаков договор од деловниот договор“, но преку презентација на слајдови во Давос го изложи ...
Пријавената инциденца изнесува 112,3 случаи на 100.000 жители и е над неделната граница за средна активност, покажуваат најновите податоци од Институт за јавно здравје. Најголем број заболени се регистрирани кај лицата на возраст од 15 до 64 години (1.274 случаи), но највисока инциденца е забележана кај децата од 0 до 4 години 289,1 на 100.000 жители. Случаи се пријавени од 29 центри за јавно здравје, при што најмногу има во Скопје (556), ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француската морнарица пресретнала руски танкер за нафта за кој се сомнева дека пловел под лажно знаме. Во објава на социјалните мрежи, Макрон рече дека бродот е пренасочен. „Нема да толерираме никакво прекршување. Утрово, француската морнарица се качи на танкер за нафта што доаѓаше од Русија, која е под меѓународни санкции и се сомнева дека пловел под лажно знаме. Операцијата беше спроведена ...
Министерот за надворешни работи на Бугарија во оставка, Георгиев, изјави дека постигнувањето мир во Газа е исклучително важно за Бугарија. Георгиев е дел од бугарската делегација во Давос, каде што премиерот во заминување, Росен Жељазков, во име на Бугарија го потпиша пристапувањето кон Мировниот совет – иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп. Владата ја дистрибуираше изјавата на бугарскиот прв дипломат: „Мирот и безбедноста ...
Групацијата Volkswagen продаде 8,98 милиони возила на глобално ниво во 2025 година, што е намалување од 0,5 проценти во однос на претходната година. Падот на продажбата во Северна Америка и Кина делумно беше компензиран од растот во Европа и Јужна Америка. Во Европа, производителите на групата продадоа 3,94 милиони единици, што е зголемување од 4,5 проценти во однос на 2024 година. Продажбата на чисто електрични возила (BEVs) порасна особено ...
Goldman Sachs ја зголеми својата прогноза за цената на златото за крајот на 2026 година на 5.400 долари за унца (31,1 грама), од претходната проценка од 4.900 долари, наведувајќи ја зголемената диверзификација од страна на приватниот сектор и централните банки на земјите во развој кон инвестирање во злато како клучна причина. Цената на златото на спот пазарот достигна рекордни цени од речиси 4.900 долари за унца деновиве. Овој „безбеден“ ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше европските лидери за, како што рече, одложување на конкретната акција и повика на формирање на „обединети европски вооружени сили“ кои „вистински ќе ја бранат Европа“. „Акцијата дефинира каква иднина ќе имаме“, рече Зеленски денес во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос. Зеленски конкретно праша зошто американскиот претседател Доналд Трамп може да запре и заплени ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преживеа уште едно гласање за недоверба во Европскиот парламент, поднесено од страна на крајно десничарските пратеници во врска со неодамнешниот трговски договор на ЕУ со јужноамериканските земји. За време на гласањето во Стразбур, 165 од 720 европратеници гласаа против Фон дер Лајен, објави Блумберг. Таа не присуствуваше на седницата бидејќи се подготвуваше да присуствува на ...
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Давос заврши по околу еден час разговори зад затворени врати. Двете страни го оценија состанокот како позитивен, но нагласија дека сè уште има многу работа што треба да се направи за да се стави крај на војната во Украина. Портпаролот на Володимир Зеленски изјави дека украинскиот претседател имал „добар состанок“ со Трамп, додека американскиот ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари работна средба со директорот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во Скопје, Фатих Туркменоглу, на која беа разгледани тековните и идните проекти во областа на управувањето со отпадот и водната инфраструктура. На средбата беше ставен акцент на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со финансиска поддршка од ЕБРД, како ...
Грција ќе ја следи линијата на Европската Унија во врска со тоа дали да се придружи на иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за Мировен совет, насочена кон решавање на глобалните конфликти, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Јоргос Герапетритис, во интервју за телевизискиот канал „Action 24“. Герапетритис рече дека во моментов ЕУ се чини дека „скоро едногласно“ зазема став да не се придружи на иницијативата ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...
Германија и четири други земји-членки на ЕУ ќе го зголемат притисокот врз еврозоната да воспостави таканаречени „центри за враќање“ надвор од Европската Унија за справување со мигрантите чии барања за азил се одбиени, објави ДПА. Денес беа постигнати договори за ова прашање во работна група во која учествуваа Грција, Австрија, Данска и Холандија, објави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт на состанокот на министрите ...
Албанскиот парламент одобри забрзана постапка за разгледување и ратификација на пристапувањето на земјата кон Повелбата на Мировниот совет, меѓународна иницијатива насочена кон спречување и решавање на конфликти, како и постконфликтна обнова и градење одржливи институции, објави АТА. Барањето за забрзано разгледување беше одобрено со 80 гласа „за“ и 22 „против“, што овозможи предлог-законот да се дискутира и гласа на истата пленарна седница. ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија, порачуваат од Министерството за здравство. Се додава дека овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци. -Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и ...
Реал Мадрид го задржа статусот клуб со најголем приход во светскиот фудбал во сезоната 2024/25, додека Ливерпул за прв пат стана најпрофитабилен клуб од Премиер лигата, според годишниот финансиски извештај на ревизорската фирма „Делоит“. Кралскиот клуб ја предводи глобалната листа со вкупен приход од 1,16 милијарди евра, иако не ги освои титулите во Ла Лига или Лигата на шампионите во текот на сезоната. Според податоците на „Делоит“, Реал е ...
Америка останува клучна сила во светот, а за Европа и Балканот незаменлив безбедносен фактор. Можат да се менуваат администрации и стилови, но интересите (тука мислам на безбедност, стабилност, трговија, технологија, енергетика) остануваат. Нашата работа е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува, и држава што е дел од решението, не дел од проблемот. Затоа мојата порака е: Македонија не се движи по инерција, ниту ...
По денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче и обвинувањата за координирана и организирана кампања на медиумски линч, зад која, како што рече, стои власта на ВМРО-ДПМНЕ, се огласија од партијата на Христијан Мицкоски. Му порачаа дека „треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДСМ е криминалот, корупцијата и ...
Пратеникот од коалицијата „Европски фронт“ и претседател на партијата Народно движење, Зејд Реџепи, се изјасни дека е против системот „Безбеден град“. Тој вели дека е несоодветен за реалноста на нашата земја, казнен, дискриминаторски и неуставен. „Ние сме за безбедноста на граѓаните, но проектот „Безбеден град“ е несоодветен за реалноста на нашата земја, казнен, дискриминаторски и неуставен. Несоодветен е затоа што патиштата и ...