Европа треба јасно да покаже какви инструменти има на располагање, да демонстрира колективна решителност и да зборува со еден глас, бидејќи тоа е единствениот начин да ги заштити своите интереси во новиот меѓународен поредок, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Во интервју за француското радио RTL, таа оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп „често применува трансакциски пристап“ и дека ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека имал многу добар разговор со европската комесарка за проширување Марта Кос за актуелни теми во односите Србија-ЕУ, вклучувајќи ги реформските обврски и енергетската безбедност. „Фокусот беше ставен на реформските обврски, зајакнување на владеењето на правото и институциите, подобрување на инвестициската средина, подобра поврзаност преку инфраструктура, како и енергетската безбедност и ...

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да ...

Здружението на судии на Република Северна Македонија внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје и изразува јасна поддршка на надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво. Очекуваат надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, во која ќе се утврдат сите ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, одржа прес-конференција во Давос, во Американската куќа, сместена во црква недалеку од конгресниот центар на Светскиот економски форум. Тој остро ги отфрли загриженостите дека европските институционални инвеститори би можеле да почнат да повлекуваат пари од американските државни обврзници, на пример пензиските фондови од Данска. Кога новинарите го прашаа дали Вашингтон се плаши од такво сценарио, ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сакаше да соопшти многу детали околу истрагата за случајот со судијата Ѓоко Ристов. Тој истакна дека најдените соѕидани 350 илјади евра во дом на судија е значителна сума на финансиски средства, која што ретко кој граѓанин или бизнисмен може да си ја дозволи, а камоли носител на јавна функција. Тошковски не сакаше да открие дали пронајдените пари се од поткуп поврзан со конкретни случаи на ...

И покрај реакциите на скопјани дека снегот ги изненади надлежните, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. „Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на ...

Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој е бранител на судијата Ѓоко Ристов, синоќа во изјава од пред Кривичниот суд соопшти дека пронајдените 350.000 илјади евра всушност не биле на судијата туку на неговите родители. Тој најави дека ќе се жалат на одлуката за куќен притвор за судијата. -Ние им предочивме и на Обвинителството и на Судот. Него го обвинуваат за противправно стекнување и прикривање на имот, но, ако го погледнете членот, ќе видите дека ...

Неизвесноста поврзана со геополитиката но и со трендовите во економиите кои се наши партнери се прелеа и годинава. Економските аналитичари ги зголемија прогнозите за инфлацијата во 2026-та, од 3,1% на 3,2%, ниво што е значајно повисоко во однос на прогнозата на Владата дека во оваа 2026-та инфалцијата ќе се намали на 2,5%. „За 2025 и 2026 година очекуваат минимално повисока стапка на инфлација во однос на претходната анкета, односно просечна ...

СДСМ упати критики кон скопската градска администрација и хаосот во сообраќајот по утринскиот снег. Оттаму порачуваат дека градот е парализиран и службите не функционираат. -Не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално. Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО. Дали ова е „Safe city“? Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и ...

Забрана за тешки товарни возила има на планинските превои: Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...

Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор, велат од коалицијата ВЛЕН во своето партиско соопштение, но, додаваат дека овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари. ...

Министерството за внатрешни работи и Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. По преземените дејствија, лицето ...

Преку законски измени Владата најави „чистење“ на списоците на невработени. Според првичните анализи, оваа мерка треба да биде дел од фронтот за борба против сивата економија и треба да ја намали стапката на невработеност, однос да придонесе кон создавање на реални слика за бројот на невработени. Според дел од експертите што ги консултираше „Локално“, ваквата најава практично значи почеток на „лов“ на работници на црно кои сега се дел од ...

Иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ за денеска најави протест со блокирање на крстосницата кај цементарницата, барајќи итен независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето. Граѓаните изразуваат длабока недоверба кон сопствените мерења на фабриката и пасивноста на државата, додека Скопје континуирано се соочува со критични нивоа на аерозагадување, велат организаторите. Дел од нивните барања се континуирани мерења на квалитетот на ...

Од март, нивните права постепено ќе се префрлаат во редовната правна рамка за странски државјани, соопштија денес полските власти. Одлуката, според владата, ја одразува стабилизацијата на состојбата речиси четири години по воведувањето на посебните мерки, веднаш по почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. Портпаролот на владата Адам Шлапка изјави дека најголем дел од Украинците кои престојуваат во Полска веќе се интегрирани. ...

Изјавата ја даде на маратонска прес-конференција во Белата куќа, одговарајќи на прашања поврзани со неговите планови и односите со европските сојузници. Трамп рече дека се закажани бројни состаноци посветени на Гренланд и дека очекува ситуацијата „да заврши прилично добро“. Притоа посочи дека постои решение со кое ќе бидат задоволни и тој и НАТО, повторувајќи ја оценката дека островот е неопходен од безбедносни причини. Во контекст на ...

„Горд сум на граѓаните затоа што имаме драстично намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Скопје откако почна пробниот период на ‘Безбеден град’“, рече Тошковски во телевизиско гостување. Тој нагласи дека резултатите се постигнати без изрекување казни и претставуваат показател за подигната сообраќајна култура. „Сакам да им се заблагодарам на граѓаните затоа што докажаа дека без казни успеаја бројот на загинати да го намалат од ...

Од Судот соопштија дека одлуката е донесена по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител. Со решението целосно е прифатен предлогот на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост. Со оглед дека осомничениот е апелациски судија и се сомничи за кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво ...

Според Азески, државата наместо да креира долгорочни политики за задржување на работната сила – преку повисоки примања, подобри услови за работа и поголема сигурност во вработувањето се определува за краткорочен пристап кој само привремено го ублажува недостигот од кадар. Таквата пракса, како што предупреди, може да изврши дополнителен притисок врз платите и да ја намали подготвеноста на компаниите да инвестираат во развој и обука на ...

Новинар на Ројтерс забележал дека во Американската куќа влегле Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а извор запознаен со средбата потврдил дека по нив во објектот влегол и рускиот изасланик Кирил Дмитриев. Според претходни информации, Дмитриев оваа недела допатувал во Давос со цел да оствари средби со членови на американската делегација на маргините на форумот, што го потврдиле и повеќе извори. По завршувањето на разговорите, кратка ...

Станува збор за 24-годишна кумановка и 41-годишен жител на селото Љубодраг, кои биле лишени од слобода по контрола во угостителски објект во селото Доброшане. Акцијата ја спроведоа полициски службеници од СВР Куманово во соработка со инспектори од Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи. При проверката биле затекнати вкупно 15 малолетни лица, а кај 11 од нив било утврдено присуство на алкохол. ...

Податоците и пораките беа соопштени при денешната посета на откупните центри во прилепско, пренесе Сител. Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари, со вкупна вредност од околу 170 милиони евра. Исплатата кон тутунопроизводителите е реализирана во 95 проценти, а количината е за речиси 1,5 милиони килограми поголема во споредба со минатата година. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ги повика ...

Системот е инсталиран на тестниот воен брод JS Asuka, со тежина од околу 6.200 тони, со што земјата влегува во тесниот круг држави кои развиваат оружја со насочена енергија. Станува збор за ласерски систем кој комбинира десет поединечни ласери со моќност од по 10 киловати во една концентрирана зрака од 100 киловати. Таа е доволно силна да продре низ метални површини, што го прави оружјето ефикасно против дронови, минобацачки гранати и слични ...

Обдукцијата покажала дека жртвата се обидела да се брани, што го потврдуваат неколку одбранбени повреди, јавуваат италијанските медиуми. Телото било пронајдено на земјиште во близина на фирма во сопственост на нејзиниот сопруг, Клаудио Карломањо. Според наодите на судската медицина, по убиството телото било прикриено, а дел од повредите укажуваат на употреба на тешка механизација при обидот за сокривање на трагите. Надлежните најавија ...

Според Кличко, околу 600.000 жители заминале од 9 јануари наваму, откако напади со дронови и ракети предизвикаа масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и греење. Сето тоа се случува во услови кога температурите се спуштаат и до минус 20 степени Целзиусови. Во интервју дадено за АФП, додека во позадина се огласувале сирени за воздушна опасност, Кличко изјави дека значителен дел од населението веќе го напуштил градот, кој ...

Од основното училиште „Кирил и Методиј“ информираат дека наставата се одвива со речиси целосно присуство на учениците. Министерката за образование Јагода Јаневска изјави дека актуелната епидемиолошка состојба не беше причина за одложување на наставата, посочувајќи дека учениците до 15-годишна возраст и онака имаат околу 900 часа помалку настава во споредба со нивните врсници во Европската Унија. Здравствениот систем, во меѓувреме, се ...

Тој оцени дека денот бил исполнет со значајни и продуктивни средби со мултинационални компании од секторите енергетика, здравство и висока технологија. „Претставивме можности за инвестиции во македонската економија, нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, изјави Мицкоски во видео-обраќање по настаните. Како клучен дел од агендата го издвојува панелот со претставници на водечки светски енергетски компании, на кој, како што посочи, се ...

Информацијата за неговата смрт ја потврди Организација на старешини на Војската на Република Српска, од каде соопштија дека погребот ќе се одржи на 21 јануари на гробиштата Орловача во Белград. Лугоња беше прогласен за виновен со пресуда на Апелационен суд во Белград, кој утврди дека му помагал на Младиќ додека овој се криел од правдата. Според судската одлука, тој му обезбедувал храна и други неопходни средства за живот, иако бил свесен дека ...

Според најавите, Трамп утре треба да се појави на Светскиот економски форум во Давос, каде што се очекува ова прашање да го отвори во разговори со европските лидери. Паралелно со тоа, BBC објави дека Европската унија утре ќе преземе прв конкретен чекор против САД, со суспендирање на трговскиот договор меѓу двете страни. Овој потег доаѓа како одговор на сè поострата реторика од Вашингтон и најавите за нови царински мерки. На својата социјална ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
62%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.83
95%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Алуминиум

3.18

Паладиум

45911.27

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Иридиум

258288.78

Цинк

3.07

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Калај

43.90

Платина

60154.05