Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Според извори запознаени со агендата, Трамп во среда ќе пристигне во Давос, каде што ќе одржи говор пред учесниците на форумот. По неговото обраќање, планиран е и затворен прием на кој се поканети водечки светски бизнис-лидери, вклучително и извршни директори од секторите на финансиските услуги, криптовалутите и консултантската индустрија. Еден од извршните директори, цитиран од Ројтерс, потврдил дека во неговиот распоред стои „прием во чест ...
Пожарот бил целосно изгаснат доцна во неделата, речиси 24 часа откако започнал. Огнот избувнал во саботата во повеќекатен трговски центар со околу 1.200 продавници, кој зафаќа површина поголема од фудбалско игралиште. Пламените јазици беснееле повеќе од 24 часа пред да бидат ставени под контрола, а според официјалните лица, и натаму има помали жаришта меѓу урнатините, пренесува Ројтерс. Денеска спасувачките екипи започнаа со ладење на ...
Акцијата за одржување и чистење на зелените површини, започната минатата недела во соработка со ЈП „Паркови и зеленило”, ќе продолжи и во текот на оваа недела. Одлуката за продолжување на активностите е донесена врз основа на реалните потреби утврдени на терен, со цел секој јавен простор да добие соодветна и квалитетна грижа, соопштија од Општина Чаир. Екипите се ангажирани без прекин и моментално продолжуваат со активности во реонот на ...
Во духот на традицијата во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици, денеска градоначалникот Сотир Лукровски присуствуваше на Свечената богослужба во храмот Св. Пантелејмон, заедно со голем број верници. По утринската литургија, првиот човек на Општината се упати кон „Железниот мост“ во Влае, од каде што го следеше осветувањето на водите во реката Вардар. -Бог се јави, навистина се јави, е денешниот поздрав на овој голем ден. Во ...
Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците. По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на ...
Според синдикатот, доколку не се исполнат барањата, протестите може да ескалираат и во генерален штрајк. Потпретседателот на Советот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски, изјави дека незадоволството кај работниците е големо и дека синдикатот е подготвен на порадикални чекори доколку Владата и работодавачите не покажат слух за нивните барања. Во изјава за ТВ Телма, претседателот на ССМ, Слободан Трајковски, посочи дека точниот датум за ...
Како што објавува TV 2, со групата војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. На Гренланд веќе се распоредени стотици дански војници, а новопристигнатите ќе учествуваат во дополнително зајакнување на контингентот на Данските вооружени сили, кој во моментов се распоредува на островот. Претходно, командантот на Арктичкото заповедништво, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нуук веќе ...
Украинската безбедносна служба (СБУ) на 19 јануари соопшти дека нејзините напади со долг дострел во текот на изминатата година „уништиле или онеспособиле“ руски системи за воздушна одбрана во вредност од околу 4 милијарди долари. Меѓу руските системи за воздушна одбрана на листата се системите С-300, С-350 и С-400, како и руските противвоздушни ракетни системи БУК-М1 и БУК-М2, како и Панцир-С1 и Панцир-С2, соопшти СБУ. Додаде дека руските ...
Цивилната гарда продолжува да го проверува подрачјето каде што се случи сериозната железничка несреќа и ги користи сите расположиви ресурси, вклучително и хеликоптери. За време на инспекцијата, снимено е и воздушно видео, кое ја прикажува состојбата на пругата. За време на инспекцијата на подрачјето каде што се случи несреќата, снимено е и видео кое ја прикажува моменталната состојба во Адамуз по трагичниот судир и излетувањето на возот од ...
Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба – изјави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по учеството на ...
Британскиот премиер Кир Стармер нагласи дека сака да ги одржи односите меѓу Велика Британија и САД „силни, конструктивни и ориентирани кон резултати“, и покрај заканите на Доналд Трамп за воведување царини. На прес-конференција, Стармер нагласи дека британската влада цврсто стои во одбраната на вредностите кога е важно и дека Велика Британија и САД се блиски сојузници чиј однос значи многу. – Под претседателот Трамп, како и под претходните ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавено од сите водечки норвешки медиуми, во кое го информира дека „не се чувствува должен да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“. „Драг Јонас, со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако јас запрев најмалку осум ...
„СДСМ со жалење констатира дека пропагандата на ВМРО и нивните агенти на социјалните мрежи и телевизии продолжува со истата доза на омраза, навреди и дезинформации. Не постои ниту еден пост од агентите на ВМРO без погрдни зборови. Па така, во својот нов пост, Богдан Илиевски (познат како Бетмен велит) го нарекува претседателот на СДСМ “туп, глуп и неупотреблив идиот”, “Зоки Покито (мали Зоки, Зоќенце, Зоче)”, “Фенко Вилипче” и слични ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба, соопшти денеска Јавното ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници. „Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат ...
Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, лично го поканил да ја претставува Албанија во Мировниот совет за Газа, објави албанската новинска агенција АТА. Рама нагласи дека Мировниот совет е нова меѓународна организација замислена од претседателот Трамп, при што Албанија е поканета да биде една од земјите основачи, што е уште едно извонредно меѓународно достигнување кое би било ...
Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој присуствувале повеќе министри заедно со премиерот Христијан Мицкоски. -Денеска одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се разговараше за тековните приоритети, предизвици и следните чекори за унапредување на реформските процеси, стои во објавата на премиерот на Фејсбук страницата. Мицкоски наведе дека биле разменети мислења и предлози со цел ...
„Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните „резултати“ од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на „експертот за енергетика“ претходно не му ги објасниле неговите „големи правници“, стои во реакцијата на поранешниот претседател на Македонија, Стево ...
Осумте земји, на кои американскиот претседател, Доналд Трамп им се закани со царини поради ситуацијата со Гренланд, штотуку објавија заедничка изјава. Таа е потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. „Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и ризикуваат опасна спирала надолу“, велат тие. Групата вели дека ќе „продолжи да биде обединета и координирана во нашиот ...
OpenAI го објави ChatGPT Health во средата, нова функција за која компанијата вели дека ќе понуди наменски простор за корисниците да разговараат со ChatGPT за нивното здравје. Луѓето веќе го користат ChatGPT за да поставуваат прашања за медицински проблеми; OpenAI вели дека повеќе од 230 милиони луѓе поставуваат прашања за здравјето и благосостојбата на платформата секоја недела. Но, ChatGPT Health ги изолира овие разговори од другите ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека утре или најдоцна до 20 јануари, главните точки од идниот договор за купопродажба на НИС треба да бидат доставени до американскиот OFAC за да можат да донесат одлука пред 23 јануари за продолжување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија. „Сега, главните точки од идниот договор – јасни сопственички односи, како ќе биде формирана идната компанија, колкав процент, колкав ...
Ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен Лидер на СДСМ, Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница. Ова го изјави денеска премиерот на земјава, Христијан Мицкоски на новинарско прашање по отворање на проширениот дел на ОУ ...
„Одлуката на Владата на ДПМНЕ и МИЦКОСКИ за издавање нови 10.000 дозволи за престој и работа на странски државјани е уште еден доказ дека оваа власт свесно ја жртвува иднината на сопствениот народ во корист на профитот на крупниот капитал“, соопштија од Левица. „Наместо политики што ќе го задржат и вратат младото и работоспособно население, ДПМНЕ гради модел на држава со празни домови и полни бизниси со евтина, увезена работна сила. Владата ...
Иако Италија можеби не е меѓу земјите што се загрозени од новите американски царини, премиерката Џорџија Мелони рече дека ја смета одлуката на Доналд Трамп за „грешка“. Зборувајќи со новинарите за време на посетата на Јужна Кореја, Мелони потврди дека неколку часа претходно му го пренела својот став на самиот Трамп. „Разговарав со Трамп и му кажав што мислам. Зголемувањето на царините против земјите што одлучиле да придонесат за безбедноста ...
Продажбата на нови автомобили во САД се зголеми за околу 2 проценти во 2025 година и покрај големите нарушувања во индустријата, велат аналитичарите. Производителите на автомобили се бореа со проблеми со синџирот на снабдување, непредвидливи тарифи и елиминација на федералната субвенција од 7.500 долари за електрични возила, фактори што натераа некои купувачи да се упатат кон салоните за да ги добијат возилата пред новите мерки да ги зголемат ...
Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови царини на осум сојузници кои се спротивставуваат на неговата предложена анексија на Гренланд предизвика осуда од европските лидери. „Царините што ги воведуваат Соединетите Американски Држави на европските сојузници штетат на просперитетот од двете страни на Атлантикот, а им користат на Кина и Русија“, изјави високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и ...
Одлуката на Доналд Трамп да воведе тарифи за земјите што го поддржаа Гренланд ги турка трансатлантските односи до точка на прекин, а лидерите на ЕУ разгледуваат незамисливи начини за одмазда против Вашингтон, пишува Политико. Односите се затегнати со месеци поради двоумењето на САД околу поддршката за Украина, притисокот врз земјите од ЕУ да прифатат неповолен трговски договор и барањата од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат ...
Сојузниците на НАТО мора да се почитуваат меѓусебно, Гренланд е дел од Данска, соопшти хрватската влада во соопштение за медиумите, цитирано од хрватскиот весник „Јутарни лист“. Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на земјите што испраќаат трупи во Гренланд со нови царини ако „не се постигне договор за целосна продажба на Гренланд“. Тој им се закани на Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, ...