Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија е посветена на безбедноста на арктичкиот регион, дека е целосно посветена на тоа и дека ги споделува целите на Соединетите Американски Држави во овој поглед. Во специјалното обраќање на Светскиот економски форум во Давос таа како пример го наведе фактот дека Финска, членка и на ЕУ и на НАТО, им ги продава своите први бродови за кршење мраз на ...
На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. ...
Анел Фидоски е нов шеф на Скопското Обвинителство. Тој добил седум гласови од Советот на јавни обвинители. На прашањето што значи гласот „воздржан“, претседателот на СЈО, Башким Селими рече дека често се гласа „воздржан“ во Советот, бидејќи во законот не е прецизирано. Самиот Селими гласал за Фидоски. Тој инсистира да се смени праксата во новиот закон и да се знае „да“ или „не“. „Воздржан“ е како непишано правило. -Секој член е независен во ...
Косовското Министерство за одбрана соопшти дека нема информации за производството, лиценцирањето и тестирањето на косовскиот борбен дрон „Skifteri K1“ (од skifter, на албански збор за „сокол“), објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Успешното тестирање на борбениот дрон произведен во Косово беше објавено во недела, 18 јануари, од Ридван Алиу од образовната институција „Академија за идни умови“, за кого „Коха Диторе“ наведува дека е добро ...
Партијата Левица денеска обвини дека зетот на Изет Меџити, Бесим Кока бил именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви. Од партијата потсетуваат дека претходно, прв братучед на поранешниот прв вицепремиер, а актуелен градоначалник на Чаир, бил поставен за директор на МЕПСО. Според Левица, друг негов братучед за директор на НОМАГАС, а сега и зетот добива раководна позиција во стратешка државна институција. „Институциите се претвораат ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски денеска преку прес-конференција објави дека граѓаните ќе видат, како што вели, зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки, јавниот линч врз неговата партија и лидерот на партијата, Венко Филипче. Фрчкоски обвинува дека „Алфа“ делува како политичка алатка на ВМРО-ДПМНЕ и дека докторот Жан Митрев беше искористен. Според него, зад телевизијата стои Петер Шац, унгарски ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече прелиминарниот договор за продажба на блок акции во српската компанија НИС, која му припаѓа на Гаспромнефт, на унгарската компанија МОЛ за заемно корисен. „Доколку договорот во врска со НИС, кој беше објавен вчера, беше неповолен за Руската Федерација, тој немаше да биде склучен. Тоа е сосема очигледно за сите. Ние сме отворени за соработка со сите“, рече Сергеј Лавров на ...
„Казните што ќе доаѓаат од системот „Безбеден град“ ќе бидат и на албански јазик, а, покрај нив, ќе има и фотографии од прекршокот“. Ова го обелоденил синоќа заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени. Исени во дебатната емисија „Клик плус“ посочил дека со системот, ќе се гледа и дали возачот носи сигурносен појас и зборува на мобилен телефон. Заменик-министерот, меѓу другото, нагласил дека целта не е да се казнуваат граѓаните, ...
Најавата дека бугарскиот претседател Румен Радев е подготвен да ја напушти претседателската функција пред истекот на мандатот и да влезе директно во партиската арена, ја отвори една од најчувствителните дилеми во регионот: дали со негово евентуално доаѓање на премиерската позиција ќе се смени нешто суштински во македонско-бугарскиот спор и, уште поважно, во блокадата на европскиот пат на Македонија?! Формално, Радев до јануари 2027 година ...
Норвешката војска почна да испраќа писма до сопствениците на недвижнини, возила, бродови, машини и друг имот, предупредувајќи ги дека нивниот имот може привремено да биде запленет во случај на војна или сериозна безбедносна криза. Писмата се дел од рутинската практика на „подготвителни реквизиции“. „Целта на реквизициите е да се обезбеди вооружените сили во воено време да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, се вели во ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да ...
Потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска гледа со задршка на Законот за прекршоци кој што е важен за да профункционира проектот „Безбеден град“. -Надзорот над целиот систем го нема во законот и тоа е едно прашање за кое мора да се разговара. Се плашиме од злоупотреба. Затоа мора да има механизам за надзор и контрола. Вака како што е поставен системот, не знаеме кој го контролира и не знаеме дали ќе има злоупотреби, а поучени од ...
На 19.01.2026 во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје. Полициските службеници на бул. „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми. По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки“ на Брисел, велејќи дека Европа е „водена од германска воена тројка“ и ги нападна германскиот канцелар, претседателот на Европската комисија и лидерот на Европската народна партија (ЕПП), јавува агенцијата Анадолу. Зборувајќи на настан во главниот град Будимпешта, Орбан ги обвини германските политичари дека се „најголеми поттикнувачи на војна“ и тврдеше дека Брисел спроведува ...
„Бугарија мора да има конзистентна политика кон Република Северна Македонија. Во земјата постои јасно изразен антибугаризам, генериран од властите таму кои се обидуваат да одржуваат екстремно хистерична тензија против сите манифестации на бугарската национална самосвест. Во Северна Македонија има најмалку 230.000 луѓе кои го обновиле своето бугарско државјанство“, вели поранешниот европратеник и еден од копретседателите на бугарската партија, ...
Европа размислува за создавање нов воен сојуз со Украина, но без учество на САД, објави „Политико“. Форматот „Коалиција на волните“ потенцијално би можел да стане основа за нов безбедносен сојуз во ерата кога САД повеќе не го поддржуваат НАТО и европската безбедност“, пишува изданието. Европските лидери се во постојана преписка со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што додава уште една интригантна идеја. Украина е сигурно ...
„Фич рејтингс“ предупреди дека потенцијалните американски царини од 10% за водечките европски земји за Гренланд би можеле да го намалат БДП-то на еврозоната за околу 0,5% до крајот на 2027 година, додека понатамошното зголемување на 25% „би имало приближно двојно поголемо влијание врз БДП“. „Заканата од американски царини поврзани со Гренланд за европските сојузници и европските контрамерки ќе бидат предмет на интензивна дебата, а нивното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон, кој одби да се приклучи на Комитетот за мир во Газа. Францускиот претседател не чекаше долго на одговорот на Трамп на неговата одлука да биде меѓу првите што ќе одбијат да се приклучат на Комитетот за мир во Газа „Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака затоа што многу брзо ќе ја изгуби власта, така што тоа е во ред“, рече Трамп како одговор на ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис коментираше за зголемувањето на тензиите меѓу земјите од ЕУ и САД, поради коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со анексијата на полуавтономниот дански остров Гренланд од страна на САД, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“. За време на панел-дискусијата во Атина вчера, Мицотакис рече дека секој обид за промена на статус кво во Гренланд би бил „катастрофален“ и би се ...
Левица критикува дека „злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под капата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски“. Од партија потсетуваат дека, како што вели, претходно како приватна фирма на Груби кој го пуштија во бегство, а сега како партиска каса за финансирање на апологети на власта и јавни личности чија примарна улога е да ја шминкаат реалноста и да го бранат неуспехот на власта. -Месечни хонорари од по 35.000 до 60.000 ...
Лидерот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села бара и дијаспората да може да го оствари своето право на глас по пошта, како моделот што се спроведува во соседно Косово. „Мислам дека главната работа секогаш кога се поставува темата за изборните единици, покрај изборните единици, треба да биде и дијаспората. Дијаспората треба да гласа тука и тоа со правото на глас по пошта. Повеќе или помалку примерот на Косово е ...
Најаватa за увоз на 10 илјади странски работници предизвика бројните реакции во јавноста особено поради фактот што во државата има 100 илјади невработени. Поголем дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека апсурдно е да се носи ваква одлука кога во државата има голем број невработени. И покрај тоа што квотата за увоз на странски работници е далеку пониска од онаа во земјите од регионот и не отстапува многу од минатогодишната, ...
Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Фетаи остро реагираше по веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се пронајдени 350 илјади евра, за кои се сомнева дека се поврзани со корупција, оценувајќи дека овој развој на настаните ја уништува и последната трага од доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем. Во објава на Фејсбук, Фетаи нагласи дека ова не треба да се гледа како изолиран случај, туку како „врв на ледениот брег на ...
„Каде се случило владејачката партија да бара оставка од претседателот на опозиционата партија? Тоа е апсолутен апсурд, достоен за сценарио од Монти Пајтон“, велат од СДСМ по повиците од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ дава секојдневни совети и сугестии за подобрување на СДСМ, па дури сака да го бира и претседателот на партијата. -ВМРО, наместо да се фокусира на огромните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се ...
Несреќата се случила околу 19:40 часот, кога брз воз на компанијата Iryo, кој сообраќал на релација Малага – Мадрид и превезувал 317 патници, излетал од шините на влезните скретници во Адамус. Последните три вагони преминале на соседниот колосек, по кој во тој момент, со брзина од околу 200 километри на час, наидувал воз на Renfe, што сообраќал од Мадрид кон Хуелва. Судирот предизвикал искочување од шините и на вториот воз, по што следела ...
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со сериозни обвинувања против поранешното раководство на државата, тврдејќи дека за време на владеењето на СДСМ институциите биле злоупотребувани за приватни и бизнис интереси. „Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат директен притисок ...
Согласно Уставот, по поднесувањето на оставката, претседателската функција ја презема потпретседателката Илијана Јотова. „Пред девет години ми ја дадовте довербата да работам за Бугарија како претседател. Тоа го направивте повторно во 2021 година. Заедно поминавме низ бројни кризи, нападите на олигархијата врз демократијата и големите протести во 2020 и 2025 година. Околностите ме принудија седум пати да именувам службени влади за да го ...
„Се создаде атмосфера на јавна осветољубивост насочена директно кон нив“, изјави адвокатката Јаел Аја, додавајќи дека по пожарот во локалните медиуми се појавиле бројни приказни за минатото и работењето на брачниот пар, што дополнително го зголемило притисокот врз институциите што ја водат истрагата. Во интервју за Tribune de Genève, адвокатите нагласиле дека нивните клиенти сакаат единствено да се утврди вистината. Тие остро ги демантираа ...
Инвеститорите масовно ги пренасочуваат своите средства кон таканаречените сигурни засолништа, стравувајќи од нови потреси на светските пазари. Цената на златото за испорака во февруари денеска порасна за 1,71 отсто и достигна 4.674,20 долари по унца, додека спот-цената се искачи на 4.668,14 долари. И среброто го следи истиот тренд, неговата цена скокна за повеќе од пет отсто, достигнувајќи рекордни 93 долари по унца. Овој ненадеен раст доаѓа ...
Заменик-министерот за образование Лулзим Алиу денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е резултат на внимателна лична и професионална проценка. Оставката е доставена до премиерот Христијан Мицкоски, а јавноста за неа Алиу ја информираше преку објава на својот фејсбук-профил. Во соопштението, Алиу посочува дека во овој период оценил оти е најсоодветно да го насочи својот ангажман кон ...