Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Според неа, неодамнешната лидерска средба оставила впечаток на „релаксирана атмосфера“, но оцени дека на состанокот требало да присуствува и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Во гостување на ТВ Сител, Сиљановска Давкова се осврна на повеќе теми што беа отворени на лидерската средба, меѓу кои и техничката влада, измените на Изборниот законик и евентуалните предвремени парламентарни избори. „Како професорка како и многу други мои ...
Државниот врв, од Раул Кастро до претседателот Мигел Дијаз-Канел, бил присутен на аеродромот за да ги пречека ковчезите со кремираните посмртни останки на „32-та паднати херои“. Во фоајето на зградата на министерството, секој ковчег бил покриен со кубанското знаме и поставен до фотографија од соодветниот војник или разузнавач, под натписот „чест и слава“. И покрај целата помпезност и полните воени почести, настанот претставува трезнечко ...
Изјавите на првиот човек на авиокомпанијата претставуваат редок напад врз Трамп од корпоративниот свет и се насочени кон неговиот став кон Украина, како и кон воведувањето царини што ја нарушија глобалната трговија, пишува Politico. „Историски е во заблуда“ „Мислам дека Трамп е историски во заблуда во однос на Украина и Русија, историски е во заблуда и кога станува збор за царините“, рече О’Лири, притоа признавајќи дека американскиот ...
Информацијата ја објави ТВ24, повикувајќи се на висок партиски извор. Според истите наводи, одлуката за ваквото кадровско решение ја донел лидерот на СДСМ, Венко Филипче, а предлогот веќе е доставен до Собранието на разгледување. Овој развој следува по седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, одржана на 12 јануари, на која беше утврдена листата на кандидати за новиот состав на ДИК. Според официјалните ...
Исклучок од овој режим ќе бидат автобусите на линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат според саботен возен ред. Од ЈСП најавуваат дека на самиот празник, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните. Воедно, жичницата на Водно нема да работи на Водици. Од претпријатието потсетуваат дека жичницата традиционално не сообраќа секој ...
Премиерот посочува дека на последната лидерска средба веќе бил постигнат договор ДУИ да даде поддршка за проектот „Сејф сити“, кој, според најавите, треба да се најде на дневен ред на наредната собраниска седница. Според него, нема простор за дополнителни калкулации, бидејќи дилемите поврзани со ова законско решение биле расчистени уште на самата лидерска средба, пренесе 24.мк. Мицкоски не ја исклучува можноста за поединечни тет-а-тет или ...
Според Telefriuli, за време на полициска операција дошло до замена на идентитет. Маж за кого се верувало дека е опасен бегалец бил запрен за проверка, но подоцна се испоставило дека станува збор за српскиот конзул во Трст. Инцидентот се случил на 6 јануари, во пресрет на православниот Божиќ, пред Црква Света Троица во Трст, на неколку чекори од каналот Понтерозо, каде што се одржувале богослужбени прослави по повод празникот. Пред црквата, ...
Иницијативата е поднесена од пратеничката група „Патриоти за Европа“, а повод е трговскиот договор со земјите од Латинска Америка. Како што пренесува порталот Politico, Фон дер Лајен одлучила да не присуствува на дебатата за недоверба. Наместо неа, Европската комисија ќе ја претставува еврокомесарот за трговија Марош Шефчович. Гласањето, за кое се смета дека нема да помине, е закажано за четврток. Прочитајте повеќе: Во претходните постапки ...
Четиринаесетгодишен малолетник, познат на полицијата по претходни прекршоци, завчера предизвикал силна експлозија во станбена зграда во Берлин, откако фрлил запалива направа на балкон. Нападот, според првичните информации, бил насочен кон врсник кој живее таму со мајката и сестрата, пренесуваат германските медиуми. Берлинската полиција соопшти дека инцидентот се случил околу 7:35 часот на улицата Фојхтвангервег, во населбата Нојкeлн. Сведок ...
Како што соопштуваат од Агенцијата, со законските измени за првпат официјално е препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите и другите физички лица кои обезбедуваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање преку дигитални платформи. Од АВМУ нагласуваат дека сите инфлуенсери, влогери, креатори на содржини и јутјубери кои ги исполнуваат пропишаните услови подлежат на регулација и имаат законска обврска да се регистрираат во Регистарот ...
Најмногу внимание беше посветено на членот 353, кој се однесува на злоупотребата на службената положба, особено по измените од 2023 година со кои беа амнестирани функционери, како и на одредбите поврзани со кривичните дела регистрирани преку системот „Сејф сити“, пренесе ТВ21. Професорката Ана Чупеска оцени дека предложените измени не носат суштински реформи, туку претставуваат форма на правна козметика. „Не мора да бидете кривичар за да ...
Трамп, кој го засилува притисокот во својата намера за припојување на Гренланд, се соочи со прашања за следните чекори за време на разговор со новинарите во Овалната соба, пренесува TIME. Не го исклучи напуштањето на НАТО На прашање дали би бил подготвен да го напушти НАТО, Трамп одговори: „Па, не би ви кажал што сум подготвен да направам. Но, Гренланд е исклучително важен за националната безбедност, вклучително и за безбедноста на Данска. ...
Веб-страницата и апликацијата воопшто не се вчитуваа, а на корисниците им се појавуваше празен екран. Дел од корисниците пријавиле и страници со Cloudflare-грешки, иако проблемот бил во самиот X, а не во технички проблеми со Cloudflare какви што неодамна ја оневозможија платформата, пренесува The Independent. За време на претходни прекини во работата на X, страницата најчесто се вчитувала, но без да прикажува објави. Глобален прекин ...
„Премиерот не планира разговори со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнување праведен и траен мир и да ја постави земјата во најсилна можна позиција за продолжување на борбата и за чекори кон мировни преговори“, им изјави портпаролот на новинарите, пренесува Index.hr. Тој додаде дека рускиот претседател „досега не покажал никакви знаци“ дека сака да ја заврши војната во Украина. Воедно нагласи дека ...
Како што посочи, кредитната линија се реализира преку Развојната банка, со поволни услови за стопанството. „Досега се пренесени преку Развојната банка околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95 проценти, со грејс-период до три години и до 15 години рок на отплата“, рече Мицкоски. Според најавите, целосното искористување на средствата се очекува во ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат ...
Здруженијата на превозници од Западен Балкан денес објавија дека ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната од 26 јануари поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Претставници на здруженијата на превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а поддржани од колегите од Македонија во писмо, на прес-конференција во Белград нагласија дека причината ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено ...
Чешката Република наскоро ќе ѝ обезбеди на Украина борбени авиони способни да соборуваат непријателски дронови, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Павел не го прецизираше типот на авионот, но, како што потсетува Ројтерс, пред две години ја објави можноста за трансфер на чешки ловци Л-159. „Чешката Република може да обезбеди неколку борбени авиони за ...
Руското Министерство за надворешни работи денес им советуваше на руските граѓани да се воздржат од патување во Молдавија, поради, како што е наведено, „бројни случаи на дискриминација“. „Москва продолжува да бележи бројни случаи на дискриминација, неоправдано вознемирување и несоодветен третман на руските граѓани кои влегуваат во Република Молдавија од страна на молдавските власти“, соопшти денес руското министерство. Во овој поглед, како ...
Европската комисија (ЕК) разгледува модели што би ѝ овозможиле на Украина брзо да се приклучи на Европската Унија (ЕУ) како дел од мировниот договор со Русија, но без сите права што ги подразбира членството, а кои Киев постепено би ги стекнал за време на транзициските периоди, изјавиле за „Ројтерс“ претставници на ЕУ. Според нив, идејата е сè уште во рана фаза и замислена е како можен гест кон Украинците, кои го гледаат членството во ЕУ како ...
САД привремено ги стопираше иселеничките визи за 75 земји од светот, меѓу кои и Македонија. За Миниестерството за надворешни работи, тие не се приоритет оти се работи за мал број повозрасни македонски државјани, а нема застој за издавање визи за патување во САД за туризам, бизнис, наука, студии. Се работи на решение со стратешкиот партнер САД, којшто од 33 проценти данок лани го намаливме на 15 посто. Во наредните 6 месеци, македонската ...
Делумното автономно возење би можело да дебитира во Европа уште оваа година, а понапредните системи би можеле да бидат на патиштата на континентот уште следната година, изјави за Euronews Next потпретседателот за автомобилска индустрија на Nvidia, Али Кани. Производителот на чипови минатата недела изјави дека наместо да гради сопствен автомобил, развил софтвер кој обезбедува автономија што компаниите за роботско такси можат да ја купат и ...
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова. Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата Визер, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција ...
Огранокот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Чаир изрази длабока загриженост за, како што е наведено во реакцијата упатена до медиумите, продолжувањето на неовластените градби на територијата на Општина Чаир, вклучувајќи ги и областите од особено историско и урбано значење, како што е Скопската чаршија. Според реакцијата на овој огранок, бројни граѓани секојдневно контактираат со структурите на ДУИ во Чаир, пријавувајќи конкретни ...
Ограбено финансиско друштво на подрачјето на општина Карпош, инфомираат од МВР. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (16.01.2026) во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на финансиско друштво во трговски центар на подрачјето на Карпош било влезено со употреба на сила и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитајте повеќе: Ограбено финансиско друштво на подрачјето на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција ...
СДСМ соопштува дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година. Според партијата, oдлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица. Од „Бихаќка“ истакнуваат дека доаѓаат таканаречените „економски работници“. Од СДСМ потсетуваат дека ваквата одлука доаѓа во моменти кога во ...
Извидувачка мисија во Гренланд, предводена од Данска, треба да утврди дали е можно распоредување на борбени авиони „Еурофајтер“, како и дали е можно поморско набљудување со вклучување на фрегати, изјави денес портпаролот на германското Министерство за одбрана. „Станува збор за проценка на безбедноста на Арктикот и до кој степен можеме да придонесеме за ова заедно со нашите партнери од НАТО“, рече портпаролот, според Ројтерс. Тој, исто така, ...
Русија претпоставува дека Гренланд е данска територија, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Претпоставуваме дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека Гренланд нема намера да биде продаден на никого. Исто така, слушнавме изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда за стекнување на Гренланд во ...