Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Дневниот ред беше усвоен со 10 гласа „за“, по што со исто мнозинство беше донесена одлука седницата да се одржува без присуство на јавноста. Јавноста ќе има можност да присуствува само при гласањето за одлуките. Постапката следува откако Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција достави предлог до судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, со кој се бара на осомничениот судија да му биде ...
Според анализа објавена од Радио Слободна Европа, Радев најавува влез во изборната трка по речиси една деценија на функцијата шеф на државата, во период на длабока политичка криза и предвремени парламентарни избори. Со зборовите дека „политичката класа ги предаде надежите на граѓаните“, Радев во понеделникот вечерта објави оставка од претседателската функција, што треба формално да биде потврдена од Уставниот суд. До истекот на мандатот во ...
Информацијата ја објави весникот The Globe and Mail, повикувајќи се на двајца неименувани високи владини извори. Според наводите, канадскиот модел е насочен кон тактики на герилско војување, слични на оние што ги користеле борците во Авганистан против советските, а подоцна и американските сили. Истите извори оценуваат дека е малку веројатно Трамп навистина да нареди воена акција против Канада. По изборите во 2024 година и во првите месеци од ...
Европската унија донесе одлука да ја забрани употребата на вакви еднократни пакувања во угостителските објекти, со цел да се намали отпадот и негативното влијание врз животната средина. Забраната ќе стапи на сила во август 2026 година и е дел од пошироката реформа на правилата за амбалажа, која значително ќе го засегне угостителскиот сектор и туризмот. Новите мерки се содржани во Уредбата за амбалажа и амбалажен отпад (PPWR), една од ...
Како што информираат од Министерството, целта на законските измени е да се уреди употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол кој содржи штетни материи, а најновите истражувања укажуваат дека често доведуваат до побрзо развивање зависност. Предлог-законот предвидува и забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се ...
Владата на Велика Британија одобри изградба на најголемата амбасада во Европа од страна на Кина во комплексот „Ројал Минт Корт“ во Лондон, и покрај предупредувањата од многу британски и американски политичари дека зградата би можела да се користи како база за шпионажа. Одобрувањето доаѓа по тригодишен застој околу плановите за изградба на нова кинеска амбасада на местото на комплексот „Ројал Минт Корт“, во близина на Лондонската кула. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Давос изјави дека од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум слушнал дека „политичкиот развод“ меѓу Америка и ЕУ е траен и дека Србија мора да донесува одлуки, бидејќи треба да го реши прашањето за царините со американската страна, a да ја развива енергетиката со Европејците. Тој рече дека Србија мора да го зачува мирот и ...
Независниот синдикат на полицијата информира дека денес до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вложиле писмена реакција околу распределбата на новите службени возила кои за жал, како што велат, повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно. -Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е пракса во МВР и да се набават уште 500 нови возила повторно ...
На 19.01.2026 во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“. ...
Резервната банка на Индија (RBI) им предложи на земјите од БРИКС да ги поврзат своите дигитални валути за да го олеснат прекуграничното тргување и плаќањата во туризмот, што би можело да ја намали зависноста од американскиот долар. RBI ѝ препорача на индиската влада предлогот да биде вклучен во агендата на самитот на БРИКС во 2026 година, чиј домаќин ќе биде Индија, изјавија за Ројтерс два анонимни извори запознаени со ова прашање. Доколку ...
Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд, ажурирани заедно со штотуку објавениот извештај за проекциите за глобалната економија, се очекува бруто домашниот производ (БДП) на Македонија да порасне за 3,2%. Проектираната стапка на раст од 3,6% го позиционира северниот сосед далеку над просекот на групата земји кои ММФ ги класифицира. Имено, за регионот на европски економии во развој и во развој, Фондот предвидува просечен раст ...
Францускиот претседател Емануел Макрон им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата. Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет. „Конфликтот стана нормализиран“, заклучи ...
Резервната банка на Индија (RBI) им предложи на земјите од БРИКС да ги поврзат своите дигитални валути за да го олеснат прекуграничното тргување и плаќањата во туризмот, што би можело да ја намали зависноста од американскиот долар. RBI ѝ препорача на индиската влада предлогот да биде вклучен во агендата на самитот на БРИКС во 2026 година, чиј домаќин ќе биде Индија, изјавија за Ројтерс два анонимни извори запознаени со ова прашање. Доколку ...
„Се чини дека големите домашни проблеми и претстојните избори нема да доведат до ново ажурирање на нашите меѓусоседски проблеми. Ми се чини дека ова не е нужно лошо – Радев е познат по својата тврдокорна националистичка позиција и нејзините постојани ревизии со цел опстанок на наративот за бугарскиот политички статус кво. Македонија не е актуелен проблем на бугарската политика. Во други ситуации, би го сметал ова за одреден негативен знак. ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска изјави дека Гренланд им припаѓа на Гренландците и дека суверенитетот не е на продажба, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за европските земји кои ги испратија своите сили на стратешки важниот арктички остров. Обраќајќи се пред членовите на Европскиот парламент во Стразбур, Калас рече дека „не е тајна дека Гренланд е ...
Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, навести дека би можел да го купи Рајанер по јавната расправија со извршниот директор Мајкл О’Лири. На својата платформа X, која ја купи во 2022 година и ја преименуваше од нејзиното долгогодишно име Твитер, тој навести дека би можел да го купи и Рајанер, со прашање во кое им даде можност на корисниците да гласаат. „Да го купиме Рајанер и да го вратиме Рајан на чело на компанијата?“, праша тој, ...
На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27) од Германија. При извршена гранична контрола и по извршен преглед на возило-комбе „фолксваген“ со германски национални ознаки, во кое се превезувала, во задниот дел од возилото се пронајдени и одземени две тегли со печурки со психотропни супстанци, за кои М.С. се изјаснила дека се нејзини. Таа била предадена на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави „скриншот“ (снимка од екранот) од порака на платформата Truth Social, наводно од Марк Руте, во која шефот на НАТО го фали Трамп и вели дека е „посветен на наоѓање решение за Гренланд“. Часови претходно, Трамп во посебна објава рече дека имал „многу добар телефонски разговор“ со Руте за Гренланд и дека се согласил да се сретне со „различни страни“ на форумот во Давос во Швајцарија. „Господине ...
ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија, стои во соопштението на компанијата. „Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, ...
Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните ...
Координаторката на пратеничката група на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Рина Ајдари денеска соопшти дека нејзината партија ќе го поддржи Законот за прекршоци кој што е важен за отпочнување на проектот „Безбеден град“. Според Ајдари, граѓаните имаат свои загрижености кои треба да бидат разгледани од МВР. Пратеничката истакна дека граѓаните реагираат дека албанскиот јазик не се користел во електронските известувања од „Безбеден град“. ...
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ја исклучи можноста Европската Унија да го користи својот инструмент против принуда поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините. Бесент во интервју за CNBC изјави дека очекува следниот потег на Европската Унија да биде формирање работна група. Инструментот против принуда на ЕУ никогаш не е користен во историјата и се користи за ограничување на пристапот до ...
Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослушал осомничениот судија Ѓоко Ристов и му ги предочил прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. -Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот ...
Украина и Европа треба да создадат заедничка одбранбена сила составена од не повеќе од три милиони војници, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека првпат јавно зборувал за потребата од заедничка сила минатата година, поради заканите од Русија, која планира да ги зголеми своите вооружени сили на два и пол милиони војници до 2030 година. Зеленски додаде и дека нема застој во разговорите меѓу Киев и Вашингтон. ...
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.01.2026 година. Малопродажните цени на бензините ...
„Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување“, обвини денеска ...
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава. Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во ...
Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи. „13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле ...
Екс-министерот и актуелен член на ДУИ, Бујар Османи ја поздрави, како што вели, двојазичната богослужба во село Ростуше и фрлањето на осветениот крст во водите на реката Радика. Османи во својата објава ја напиша поговорката „Тивка вода брег рони“. -Понекогаш, токму тивките и искрени гестови ги зближуваат луѓето и градат мостови меѓу заедниците. Во овој дух, посебни честитки до албанскиот амбасадор Мејдани и до претставникот на Македонската ...