Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска порача дека „вистинските членови и поддржувачи на партијата“ реагираат лошо на критиките кои се упатуваат од незадоволните членови на СДСМ, бидејќи како што вели, не се издржани и затоа што не се реални. Не ги спомна директно со имиња, но, Филипче го впери прстот во Петре Шилегов и Јован Деспотовски. -Станува збор за уценети или купени луѓе. Се повеќе ќе се засилува опозициската борба за да не ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција најави дека според договорот со синдикатите, во март, годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство. -Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ одлучи да се проба во улогата на „лајфстајл“ инфлуенсер за време на престојот во Швајцарија, каде што присуствува на Светскиот економски форум во Давос, а на своите следбеници им даде детална „тура низ собата“ на сместувањето во Клостерс на Инстаграм. Вучиќ објасни дека неговото сместување е оддалечено околу 20 километри од аеродромот и дека ова му е „единаесетти или дванаесетти пат“ на Светскиот ...
„Реплек“ по петти пат ја потврдува својата усогласеност со највисоките европски стандарди за квалитет, безбедност и добра производна пракса. Најновото сертифицирање со EU GMP сертификатот е доказ за континуираната посветеност на компанијата кон унапредување на производствените процеси, што ја потенцира нејзината доверливост и професионалност во секоја фаза од производството. Новиот, петти по ред, EU GMP сертификат вклучува проширување на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на ...
Вчера (21.01.2026) во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, тој физички го нападнал и ...
Украина не треба да стави „ни капка мастило“ на документ со кој законски се предаваат нејзините територии на Русија, изјави денес во Давос хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, цитиран од хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Пленковиќ учествуваше на панел-дискусија за Украина со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, финскиот претседател Александар Стаб, холандскиот премиер Дик Шоф и латвискиот претседател Едгарс Ринкевичс на Светскиот економски ...
Откако францускиот претседател Емануел Макрон се појави на Светскиот економски форум во Давос во средата носејќи пар авијатичарски очила за сонце Henry Jullien Pacific S 01, имаше огромен јавен протест. Побарувачката за информации за неговите очила привремено ја прекина веб-страницата на францускиот луксузен бренд, а таа сè уште се бори да се појави онлајн. Фото: Maison Henry Jullien Иако очилата, кои чинат 659 евра, привлекоа внимание како ...
Новиот шеф на ОЈО Скопје, Анел Фидоски вели дека се уште не седнал на функцијата, за да знае што ќе се соочи во наредниот период. Најавува дека ќе види што има заостанато од работа и на што треба да се даде приоритет од предметите. Сепак, потенцира дека пред се, ќе има соочување со предметите за финансиски криминал и злоупотребите. -Јас веќе 12 години сум јавен обвинител. Сум одолеал досега, се надевам дека ќе одолеам и понатаму, рече ...
На 21.01.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Т.С.(57) од с.Идризово, скопско. Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешно партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми. Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. -Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја ...
Обвинителката Ленче Ристоска денеска потврди дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ по неодамнешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски за „медиокритети“ во судството, кои смета дека се однесуваат на неа. Во изјава за медиумите, Ристоска истакна дека ги презема сите институционални механизми кои што ѝ се на располагање. -Недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок на јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Да, поднесов и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу Скопје и Обединетото Кралство. „Денес, остварив работна средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер ...
Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во четврток дека неговата влада работи на тоа Германија повторно да стане конкурентна. Во својот говор на Светскиот економски форум, тој рече дека Германија им дава поголема поддршка на иноваторите, отстранувајќи ги пречките и олеснувајќи им пристап до пазарите на капитал. Мерц, исто така, рече дека цените на енергијата паѓаат и дека владата ќе започне „големи“ инвестиции во електрани, далноводи и ...
Кина остро ја критикуваше одлуката на Европската Унија да етикетира одредени кинески компании како „добавувачи со висок ризик“ и да го ограничи нивното учество во развојот на 5G мрежата на блокот, изјави портпаролот на Министерството за трговија Хе Јонгкианг на прес-конференција во четврток. „Цврсто се спротивставуваме на дискриминаторските практики на ЕУ против кинеските претпријатија и нејзиниот погрешен пристап кон политизирање на ...
Делегацијата од пратеничката група на Собранието оствари повеќе средби во Кнесетот на Израел. На средбата со Претседателот на Групата за пријателство со Собранието на РС Македонија, Хамад Амар и членовите на Групата Тсега Мелаку и Владимир Белијак, било истакнато дека соработката меѓу двата парламента претставува важен и вокален дел на целокупната билатерална соработка. Пратеничката група за соработка со Кнесетот, која се формира во ...
Велика Британија нема да го потпише договорот за создавање Мировен совет предложен од американскиот претседател Доналд Трамп денес, изјави министерката за надворешни работи Ивет Купер, наведувајќи загриженост за евентуалното вклучување на Русија во иницијативата насочена кон решавање на глобалните конфликти. „Денес нема да бидеме меѓу потписниците бидејќи станува збор за правен договор што покренува многу пошироки прашања, а исто така имаме ...
Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите хидроелектрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен вчера и цитиран од агенцијата Франс Прес. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото ...
Повеќе од 10.500 барања за дозволи за престој во рамките на грчката програма „Златна виза“ остануваат во исчекување, бидејќи заостанатите барања од претходните години сè уште не се разрешени од надлежните органи, објавува онлајн изданието на весникот „Катимерини“. Грција ја започна програмата „Златна виза“ во 2013 година за време на децениската финансиска криза во земјата, а визите имаа за цел да внесат пари во земјата за време на падот на ...
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој го исмеа францускиот лидер за носење очила за сонце во средата и тврдеше дека ги зголемил цените на лековите во Франција под закана од американски царини. Трамп во последните месеци објавуваше договори за цени со фармацевтските компании, убедувајќи ги да се обврзат на систем на „најповластена нација“, што е начин да се усогласат ...
Светската здравствена организација жали за повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Организацијата, изјави денес генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според договорот меѓу Соединетите Американски Држави и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Тедрос напиша на платформата X дека СЗО игра клучна улога во заштитата на здравјето и безбедноста на луѓето ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека мал број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации. Станува збор за автобусите со број 11 (од село Рашче до Транспортен центар), 64 (од Никиштани до Транспортен центар), 74 (од Долно Количани до Транспортен центар), 80 (од Маркова Сушица до Транспортен центар) и 81 (од Блаце до Транспортен центар). Во информацијата на ...
Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост. Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број ...
Граддоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на Општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни. Герасимовски ...
Ако се тргнат настрана партиските соопштенија, тешките зборови и обвинувањата за „внатрешни непријатели“, изјавите на Петре Шилегов отвораат многу посериозно прашање од тоа кој за кого работи и кој за кого одработува. Прашањето е дали СДСМ влегува во фаза во која внатрешните пукнатини можат да ја чинат не само уште еден лош циклус, туку и долгорочна маргинализација на политичката сцена. Поранешниот градоначалник на Скопје не зборува за ...
„Демантот на Државната комисија за спречување на корупцијата не само што не ги побива наводите на Левица, туку индиректно и ги потврдува. Со самото признание дека во архивата било ангажирано лице со договор за дело, поврзано со партиски блиски медиумски и универзитетски кругови, и дека институцијата функционирала со сериозни внатрешни слабости, ДКСК всушност го признава она што ние го разобличуваме“, велат од партијата на Димитар Апасиев во ...
На 20.01.2026 во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле ...
По вчерашното изразено незадоволство на Петре Шилегов, уште еден член на СДСМ се обрати до јавноста барајќи смени во раководството на партијата. На екс-директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели дека му е доста од „лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ“. Според него, единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. -Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична ...