Здружената иницијатива на 23 организации, „Зелен Хуман Град“ информира дека благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нивниот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нивните авни реакции и секако, најважното, ангажираноста на граѓаните со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нивната иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. „Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено МИЦКО (https://micko.mk/) Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија. Ние ги собираме, анализираме, организираме сите информации од различни извори како би ...

Tesla поднесе патент за радиопропустлив покрив направен од полимерни материјали што би можел да ја поедностави интеграцијата на сателитските комуникации на Starlink во електричните возила на компанијата и да обезбеди поврзување во области без мобилни мрежи. Американскиот патент бр. 2025/0368267 опишува панели направени од поликарбонат и други полимери, кои се подобри во пренесувањето на радиофреквентните сигнали од металот и стаклото. Бидејќи ...

Се очекува Xiaomi да претстави голем број уреди до крајот на декември, вклучувајќи го и Redmi Turbo 5 Pro, за кој се вели дека има батерија од 9.000 mAh, но компанијата не запира тука кога станува збор за капацитетот на батеријата. Според новите гласини, Xiaomi следната година ќе лансира телефон со батерија од 10.000 mAh, која ќе поддржува жично полнење од 100 W и многу брзо безжично полнење. Сепак, и покрај огромната батерија, дебелината на ...

Во Берлин се одржува самит на лидери со цел да се постигне договор за прекин на војната во Украина, а еден од учесниците, полскиот премиер Доналд Туск, откри некои интересни детали од преговорите. Туск, како што објави полскиот „Онет“, рече дека за прв пат слушнал од американската делегација дека САД ќе одговорат воено на секој иден руски напад врз Украина, како дел од безбедносните гаранции што му се нудат на Киев. „За прв пат слушнав од ...

Соединетите Американски Држави го суспендираа „Договорот за технолошки просперитет“ што го склучија со Велика Британија претходно оваа година, а кој имаше за цел да ги зајакне врските меѓу двете земји во области како што се вештачката интелигенција, квантното пресметување и цивилната нуклеарна енергија, објави „Фајненшл тајмс“. Британските претставници потврдија дека САД го суспендирале договорот минатата недела, објави финансиското издание, ...

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски информира дека поднел неотповиклива оставка во пресрет на денешната расправа во Собранието за негово разрешување. Потенцира дека постапката за негово разрешување е политичка одлука. На прес-конференција, Коцевски рече дека функцијата ја извршувал чесно и достоинствено, но, дека си заминува со гордо крената глава и разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за ...

На 27 март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе бидат доделени престижните признанија PRO PR Globe People Achievement Awards. Добитниците на ова признание ги номинираат поранешни лауреати, меѓу кои и пет светски комуникациски здруженија: Public Relations and Communications Association (PRCA) – Здружение за односи со јавност и комуникации, International Public Relations Association ...

На 15.12.2025 во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.Р. (53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул.„Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е ...

На 15.12.2025 полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода И.А.(61) и С.А. (63), двајцата од с.Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на с.Калиманци сопреле ...

Renault одлучи да го укине својот проект за електрична микромобилност и да го повлече подбрендот Mobilize од сцената, предвремено повлекувајќи ги моделите Duo и Bento. Овие мали урбани електрични квадрицикли, замислени како наследници на познатиот модел Twizy (2012), никогаш не успеаја сериозно да се етаблираат на пазарот. Mobilize беше лансиран во 2021 година со цел развој на решенија „надвор од класичната автомобилска индустрија“. ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година. Со извршената ревизија, се воздржуваме од изразување на мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и изразивме неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и ...

Тежок и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетен ученик со нож нападнал луѓе во образовната институција. Нападот се случил во селото Горки-2, во Одинцовскиот округ на градот. Според соопштението на Рускиот истражен комитет, тинејџерот прво избодел чувар на училиштето, а потоа нападнал ученик. Десетгодишното дете, и покрај обидите да му се помогне, им подлегнало на повредите и починало. Прочитајте ...

Цените на нафтата продолжија да паѓаат откако достигнаа најниско ниво од 2021 година, додека трговците со нафта ги разгледуваа изгледите за прекин на огнот во Украина, што би можело да го отвори патот за помалку ограничувања на протокот на руска сурова нафта на презаситениот пазар, објави Блумберг. Фјучерсите за сурова нафта Брент паднаа за 0,59% на 60,20 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (WTI) во САД паднаа за ...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи повторно реагираше на новиот Закон за фер и правична застапеност, опишувајќи го како класичен пример за политичка измама, со убави формулации, но без никаква вистинска гаранција за еднаквост и вклученост. Според Османи, законите не се градат врз основа на претпоставката за добра волја на владата, туку постојат токму за да го ограничат самоволието и да ги заштитат граѓаните од неправда. „Многу убави ...

Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, се повлече од планираниот хотелски проект во Белград, објави „Волстрит журнал“. Инвестициската компанија на Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, планирала да изгради луксузен комплекс на местото на комплексот на Генералштабот, кој бил уништен за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Веста доаѓа на денот кога Обвинителството за борба против организираниот криминал поднесе ...

Во врска со текстот објавен на порталот „Инфомакс“ под наслов „Општина Кочани набавува бадеми, лешници, виски, вино и останати производи за пола милион денари“, Општина Кочани ги информира граѓаните дека насловот на текстот и објавената фотографија се тенденциозни и извадени од контекст. Тврдат дека јавната набавка за прехранбени производи и пијалаци претставува редовна и законска постапка, предвидена во Годишниот план за јавни набавки на ...

Безбедносната служба на Украина (ССУ) објави дека за прв пат во својата историја разнесе руска подморница користејќи беспилотни летала Sub Sea Baby. Нападот беше насочен кон подморницата додека таа се наоѓаше во пристаништето Новоросијск во Русија. Дроновите Sub Sea Baby ја погодија руската подморница од класата Проект 636.3 Варшавјанка (име според НАТО: Кило). Операцијата ја извршија борци на 13-та Главна дирекција за воена ...

Русија ќе ги префрли своите сили на источното крило на НАТО доколку се постигне мировен договор во Украина, предупреди финскиот премиер во интервју за „Фајненшл тајмс“, повикувајќи ја Европа да троши повеќе за одбрана во државите на фронтот. Петери Орпо го повика остатокот од ЕУ да покаже солидарност со земјите од источното крило, кои драматично ги зголемуваат своите трошоци за одбрана. Тие се водечки финансиски поддржувачи на Украина во ...

Денес ќе се одржи нов национален состанок на лидерите на блокадите на земјоделците во соседна Грција. Се очекува тие да одлучат дали да ги прекинат протестите и да започнат преговори со владата. Земјоделците ќе го чекаат говорот на премиерот Киријакос Мицотакис во парламентот пред гласањето за буџетот. Тие рекоа дека доколку проектот не вклучува средства за исполнување на нивните барања, протестите ќе продолжат и блокадите ќе останат на сила. ...

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, надмина 600 милијарди долари нето вредност, станувајќи првиот човек во историјата што ја достигна таа граница, објави Форбс. Зголемувањето на богатството на Маск е поврзано со проценката на неговата компанија SpaceX, која неодамна беше проценета на 800 милијарди долари, во споредба со 400 милијарди долари во август. Маск поседува околу 42 проценти од компанијата, што му дава дополнителни 168 милијарди ...

ВЛЕН затвора еднаш засекогаш едно од најголемите поглавја на политичката измама против Албанците: прашањето за правична и соодветна застапеност – велат од заедничката коалиција. Според партијата, новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, денес станува законски, мерлив и применлив стандард. -За прв пат, правичната застапеност не ...

„Велат дека на Мицкоски не може да му се верува и дека ќе го поништи Договорот (Преспанскиот), па еве го вративме. Дури и Венко, на кого му беше полна устата со Северна, сега користи Македонија. Дури и СДСМ, кои потпишаа такви капитулантски договори како Преспанскиот и прифати капитулација пред Бугарија, денеска се најголемите патриоти, мислиш дека ќе тргнат да освојуваат територии, до таму устата им е полна со Македонија, ниту еднаш не ...

Квотата за издавање работни дозволи за Германија за работниците од Западен Балкан за 2025 година е исполнета. Тоа значи дека до крајот на годината македонските работници нема да можат да одат на работа во Германија. Сите 50.000 работни дозволи, чиј број беше зголемен во јуни 2024, веќе се доделени на работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Германската агенција за вработување упати јасно ...

Власта брза со избори напролет за да го реализира проектот мигранти за пари, рече синоќа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Така ги толкуваме еден дел од неговите изјави (на премиерот Мицкоски): Немало да има мигранти до март, па после до април, еве сега до јуни. Јас сметам дека гледаат како им се топи кредибилитетот кај граѓаните, како ги губат гласачите – веќе 140.000 гласови изгубија за две неполни години. Пола од мандатот помина лани, ...

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето ...

Според премиерот Христијан Мицкоски, „не е фер“ некој да очекува неговата Влада ќе влезе во процес на преговори со ЕУ во кој „нема индикации за успешен исход“. Во интервју за ТВ Сител, пред да замине на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, Мицкоски постави два услови за започнување на постапката за измени во Уставот, услов земјата всушност да ги започне преговорите со ЕУ. „Прво, треба да има јасни гаранции во форма на ...

Хрватскиот парламент одобри нов закон за наплата на патарина со кој ќе се воведе единствен систем за електронска наплата на патарина низ целата автопатска мрежа на Хрватска од 1 март 2027 година, со цел намалување на застојот и забрзување на сообраќајот, објави хрватската новинска агенција ХИНА. Системот ќе им овозможи на возилата да поминуваат без запирање, вклучително и со брзина на автопат до 130 км/ч, и се базира на електронски ознаки за ...

Русија сигнализирала дека е подготвена да го прифати влезот на Украина во Европската Унија како дел од евентуален мировен договор за прекин на војната во Украина, велат американски претставници, истакнувајќи дека веќе е постигнат консензус за околу 90 проценти од мировниот план што го составија САД, објави АП. Напредокот е постигнат за време на интензивните разговори во Берлин меѓу претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека шансите за вистински мир во Украина сега се поблиску од кога било од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Тој на 8-миот германско-украински бизнис форум што се одржа денес во Берлин рече дека САД ѝ понудиле на Украина „значајни“ безбедносни гаранции. „Она што САД го ставија на маса во Берлин во однос на правните и материјалните гаранции е навистина значајно“, рече Мерц на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
996
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.23
98%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
73%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

48.47