Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
За незадоволството на Петре Шилегов од раководството на СДСМ, лидерот на партијата Венко Филипче го лоцира во ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека владеачката партија пронашла „еден од нив кој е послаб“ и „ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови“. Сепак, тврди Филипче, дека нема да се „пресметуваат“ со Шилегов. „Удривме во ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче од Брисел, каде што присуствува на средба на сестринските социјалистички и социјалдемократски партии, порача дека донесената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ против нелегална миграција е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Според Филипче, кога парламент носи неуставна резолуција, како што вели, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и Б.Ш.(64), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената И.Г., во својство на раководител на ...
Поранешниот директор на Управата за водење на матични книги и висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта, бил лишен од слобода во голема полициска акција што се одржала во текот на ноќта. Според првичните информации, тој е осомничен за вмешаност во шема за перење пари и економски криминал, објавија дел од медиумите во земјава на албански јазик. Во акцијата, спроведена во текот на ноќта и рано утрово, полицијата уапсила повеќе од десет лица. ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за економија и труд за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет 637 ...
Уште од рани зори, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се пофали дека се руши дивоградба на територија на неговата општина. Како што стои во објавата на Стефковски, рушењето почнало во 5 часот утринава. Градоначалникот е дециден дека, како што вели, нема место за урбаната мафија во Гази Баба. „Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект! Во моментот на акцијата, објектот беше во ...
Златото го забележа својот најголем скок од нафтената криза во 1979 година во 2025 година. Цените се дуплираа во последните две години, перформанси што претходно можеше да сигнализира голема корекција. Со растечкиот број инвеститори и фактори што влијаат на цената на скапоцениот метал, аналитичарите во JP Morgan, Bank of America и консултантската компанија Metals Focus сега прогнозираат дека цените на златото би можеле да достигнат 5.000 ...
Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде што беше присутен на состанокот ЕУ-Западен Балкан, говореше за случувањата во СДСМ и изборот на новото раководство на партијата. Мицкоски притоа ја спомена и новата дигитална платформа на СДСМ за борба против корупција и криминал, наречена МИЦКО – Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал. -Гледам почнале некоја кампања која ја брендирале со името МИЦКО. Направиле и ...
Еден ден. Толку траеше тишината по изборот на новото раководство на СДСМ пред да пукне нешто однатре. Не експлозија, не гром, туку она тивко, гадно крцкање што го слушаш кога нешто одамна иструлено конечно попушта. И не пукна однадвор, од политички противник или од некој дежурен аналитичар. Пукна од свој човек. Од Петре Шилегов. Фејсбук-статус. Краток, остар, без ракавици. Таков каков што се пишува кога веќе не ти е гајле дали ќе те сакаат ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во ...
Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, синоќа на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел изјави дека проширената ЕУ значи и побезбедна, посилна и помирна Европа, објави Танјуг. Според него, самитот испрати јасна порака – „цврсто ја поддржуваме иднината на Западен Балкан во Европската Унија“. „Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Ова е вистинскиот избор од три причини. Прво, од геополитичка гледна точка. ...
Германската влада ќе отвори „Германски фонд“ (Deutschlandsfonds) за да привлече приближно 130 милијарди евра приватни инвестиции за проекти со висок ризик, во обид да ја оживее националната економија, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање. Фондот ќе го управува државната банка за развој KfW, а ќе го води нејзиниот извршен директор, Стефан Винтелс. Германскиот фонд ќе има почетен капитал од ...
„Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!? Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски“, објави пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик. Зајкова критукува дека една и пол година има замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“. -Кому му одговараше статус ...
Идејата Европската Унија да користи замрзнати руски средства, кои претежно се наоѓаат во Брисел, за финансирање на Украина, е мртва бидејќи постои малцинство кое е против тоа, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан, исто така, им повтори на новинарите по пристигнувањето на самитот на ЕУ дека финансирањето на Украина од заеднички заем од ЕУ не е прифатливо за Унгарија, објави Ројтерс. ЕУ има намера да користи 210 милијарди евра ...
Бидејќи директорот на СОЗР Ивица Томовски одбива да одговори дали управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг” е негов личен пријател, партијата Левица соопшти дека ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија, која отвори предмет за овој случај. Според партијата, во оваа компанија која добила 5 милиони евра државни пари во тендери, како управител е заведено лице кое има бројни заеднички фотографии токму со Томовски, што ја потврдува ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо синоќа во Брисел изјави дека Европската Унија е неправедна кон Србија и дека го спречува нејзиното пристапување затоа што е „премногу горда, самоуверена и независна“ земја, објави белградската новинска агенција Бета. По самитот меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој Србија не учествуваше за прв пат по 14 години, Фицо напиша на Инстаграм дека српскиот претседател Александар Вучиќ е „независен политичар, ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека по делумното укинување на мерките на Европската унија против Косово, се очекува на земјата да ѝ бидат доделени 205 милиони евра на почетокот на следната година, објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Вчера, косовскиот вицепремиер Бесник Бислими објави дека Европската комисија одлучила да укине дел од казнените мерки што ЕУ ги воведе врз Косово во 2023 година поради ...
„Со два збора: целосна катастрофа. Наместо да ги слушаа моите бесплатни и добронамерни совети, кога велев дека и покрај епскиот и ужасен пораз на локалните избори, тие треба да најдат и да ги пресликаат кадрите како градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, на Македонска Каменица и Крива Паланка, Соња Стаменковска и Сашо Митовски – кои во своите локални самоуправи, направија разлика, добивајќи ја довербата и легитимитетот директно ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок во процесот на европска интеграција, што треба да послужи како инспирација за останатите партнери од Западен Балкан, објави црногорската национална телевизија РТЦГ. По самитот ЕУ-Западен Балкан синоќа во Брисел, Фон дер Лајен во писмена изјава изјави дека „проширувањето на ЕУ, за прв пат по десет ...
Белгискиот премиер Барт де Вевер денес пред белгискиот парламент изјави дека предлозите на ЕУ за тоа како да се финансира Украина во 2026 и 2027 година за да ѝ се помогне во борбата против руската агресија сè уште се менуваат. Тој повтори дека Белгија соработува во рамките на НАТО, Европската Унија и таканаречената „Коалиција на волните“ со цел да се зголеми поддршката за Украина, објави Ројтерс. Со одобрувањето на помошта за Украина, ...
Осум месеци по најавата дека ќе прерасне во единствен политички субјект, коалицијата Вреди сè уште останува недовршен проект. Иако коалицијата веќе функционира со заедничко претседателство и координирани политички настапи, формалното конституирање на партија со јасна структура, органи и лидерство, останува на чекање. Тоа отвора дилеми дали Вреди навистина се движи кон институционално заокружување или, пак, влегува во фаза на внатрешно ...
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на нејзиниот мандат. Арсовска вели дека не била известена за таквата обврска откако таа се најде на листата на Државната комисија за спречување на коруппцијата со имиња на поранешни и нови градоначалници кои не поднеле изјава за имотна состојба. Во дописот до ДКСК кој го испрати и до медиумите, Арсовска тврди ...
Поранешниот градоначалник и поранешен функционер од редовите на СДСМ, Петре Шилегов побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, само еден ден по изборот на новото раководство на партијата. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после ...
Во Предлог-законот за измени и допoлнувања на Кривичниот законик предложени се и нови санкции поврзани со проектот „Сејф сити“ кој сеуште е во пробен период. „Предлогот на законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети со пакетот предлог закони поврзани со проектот „Safe city“ – се наведува во предложениот текст. Освен затворски се предлага и парични казни за оние кои ...
Преспанскиот договор, со кој се реши спорот со Грција околу името на земјава, „е дел од уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете земји, како на меѓународно, така и на внатрешно ниво“, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи како одговор на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Министерството ја потсети македонската Влада дека уставното име на државата е „Република Северна Македонија“, како што е наведено во ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, гостуваше вечерва во централниот дневник на телевизија Сител, каде што се осврна на актуелните политички состојби, состојбата во СДСМ, прашањето за мигрантите и законот за правична застапеност. Говорејќи за „новото раководство“ на СДСМ, Димитриевски истакна дека таму нема суштински промени и дека партијата продолжува да ...
Наместо собраниска расправа за негово разрешување, оставка. Државниот обвинител Љупчо Коцевски ги претрка пратениците и во пресрет на седницата за негова смена пресече – неотповикливо си заминува од функцијата. Тврди, иницијативата за разрешување била политички мотивирана и не сторил крупна професионална грешка како што рекоа од Владата. Во кусото експозе за сработеното, Коцевски истакна дека во неговиот мандат ефикасноста на обвинителството ...
Со потпис на 9 пратеници од владеачкото мнозинство, до Собранието доставен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот Законик. Според предлагачите – со предложените измени се заострува казнената политика преку „ревидирање и дополнување“ на член 353 кој се однесува на „високо профилни“ случаи, односно злоупотреби на службената положба од страна на насители на функции на различни нивоа на власт. Во предложениот текст , член 353 ...
Партнерите на мигрантите, кои доаѓаат во Велика Британија за семејно обединување, ја чинат економијата на Велика Британија вкупно 5,6 милијарди фунти (речиси 6,5 милијарди евра) во текот на нивниот живот, според анализата на Советодавниот комитет за миграција (MAC) на британската влада. Според наодите на MAC, повеќе од половина од мигрантите кои доаѓаат во Велика Британија како партнери завршуваат невработени. Имало околу 51.000 такви ...
Министерот за човекови и малцински права и социјален дијалог Демо Бериша денес во Скопје се сретна со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Како што соопшти Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог, цитирани до „Танјуг“, за време на состанокот министрите размениле мислења за подобрување на билатералната соработка во области од заеднички интерес, како што се заштитата и остварувањето на ...