Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Власта и опозицијата со две резолуции на иста тема, потврда дека мигранти нема да влезат во државава. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ и ВРЕДИ веќе ја поднесоа во Собранието. Со неа велат, еднаш засекогаш треба да се стави точка на измислената тема со мигранти од страна на СДСМ. Социјалдемократите, пак, чекаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат резолуцијата што тие ја понудија. Тие тврдат дека има договор со Британија што предвидува пари ...
Промените што ги најавува и ги практикува новото раководство на СДСМ под водство на Венко Филипче се обид за јасен политички пресврт по серијата изборни порази и долгата ерозија на довербата. Формално гледано, структурата е редуцирана, пораката е поедноставена, а слоганот „Нова сила“ има задача да сугерира нов почеток. Но суштинското прашање не е колку функции се укинати или преименувани, туку дали оваа „метла“ навистина чисти или само го ...
„Без разлика дали преговорите за членство се започнати или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот е таму и сите би сакале да видиме поголем напредок во овој поглед“. Ова го најави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, зборувајќи за европските интеграции на Македонија, во гостување во емисијата „Тема на денот“. Според Агелер, и покрај преговорите за членство во ЕУ, напорите што се суштински дел ...
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со, како што вели, ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН. „На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денес (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. ...
Инвеститор и градежен инспектор во Гостивар се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за бесправно градење и за несовесно работење во службата, информира МВР. Според информациите, 65-годишниот З.М. од Гостивар, во март 2025 година, како инвеститор изградил станбен објект на два ката во една населба во градот, без потребната документација издадена од надлежен орган. Вториот осомничен, 42-годишниот В.Р., кој работел како овластен ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во своето излагање на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, го критикуваше надворешно-политичкиот курс што го води Владата. Како пример го наведе гласањето во Генералното собрание на ОН против резолуцијата за прекин на огнот во Газа, спротивно на очекувањата на јавноста и политиката на Македонија, но и на тенденцијата на европските земји. Пратеникот од Левица дополна дека ова е ...
Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод настаните што се случија по дерби дуелот од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер. Официјални суспензии добија ракометарот Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте Андоновски (помошник тренер на Охрид) ќе го нема на три натпревари. На двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 ...
Пратеникот од ДУИ и поранешен собраниски спикер, Талат Џафери предложи да се тргне од дневен ред точката Резолуција за осудување на опозицијата дека зборувала за прифаќањето на мигранти од Британија и изградба на мигрантски населби во Македонија за нивно прифаќање. Тој своето обраќање од собраниската говорница го почна со зборовите „Среќна Нова 1949 година“. Притоа го нарекуваше претседателот на Собранието, Африм Гаши со зборот „вожд“. Колку ...
Навистина бизарна слика: на Германско-украинскиот економски форум се германскиот канцелар и украинскиот претседател – Фридрих Мерц, канцеларот на сè уште богата земја во мир, на работ на солзи – а не Володимир Зеленски, чија земја се брани од инвазија од рускиот сосед од февруари 2022 година, пишува Дојче Веле. Државници во обратни улоги Двајцата штотуку се вратија од разговорите со американската делегација за евентуално прекин на огнот во ...
Според новиот извештај од добро познатиот кинески протекувач Digital Chat Station, Apple развива она што е опишано како „широк уред на преклопување“ или уред што може да се склопи во хоризонтална ориентација со голем внатрешен екран. Информациите доаѓаат преку машински превод, но се вклопуваат во долгогодишните гласини за влегувањето на Apple на пазарот на уреди на преклопување. Наводно, еден од главните приоритети во развојот на овој уред е ...
Денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар. И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде ...
63% од БДП аларм за дисциплина пакет од фискални, економски и институционални чекори 1️⃣ Строга фискална дисциплина (краткорочно) Без ова – ништо друго не функционира 👉 Долг се намалува само ако државата троши помалку отколку што создава. 2️⃣ Подобра структура на долгот (управување со ризик) Не е исто КОЛКУ и КАКОВ долг 👉 Цел: пониски камати и помал шок при кризи. 3️⃣ Раст на БДП (среднорочно – најважно) Најбрзиот начин да падне долгот е ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на ...
Би-Би-Си соопшти дека ќе се брани во тужбата од 5 милијарди долари што ја поднесе американскиот претседател Доналд Трамп против корпорацијата поради неправилно уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. Доналд Трамп го обвинува емитувачот за клевета и кршење на законот за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но ги отфрли ...
Платежната компанија PayPal во понеделникот соопшти дека поднела барање за основање банка во Соединетите Американски Држави. Финансиските компании брзаат да ја искористат поволната регулаторна средина под администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави Ројтерс. Компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, поднесе барање до Одделот за финансиски институции во Јута и Федералната корпорација за осигурување на депозити за создавање ...
„Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ“, соопштија од партијата на Венко Филипче. СДСМ ја обвинува власта дека „не сакаат во ЕУ заради пари“ и дека „тргуваат и со здравјето на луѓето“. -Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска порача дека државата доцни речиси 10 години со имплементирање на системот „Безбеден град“. На седницата за пратенички прашања во Собранието, Тошковски посочи дека во последните две недели, драстично е намален бројот на тешки телесни повреди и бројот на повредени во сообраќајки со непочитување на правилата, дури и откога почна првичното тестирање на системот. Министерот потсети дека ...
Пет поглавја од преговорите за пристапување на Црна Гора во ЕУ беа затворени денес на меѓувладината конференција Црна Гора-ЕУ во Брисел, објави порталот „European Western Balkans“. По конференцијата, комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека Црна Гора навистина го предводи процесот на европска интеграција и дека, земајќи предвид дека Црна Гора има 12 затворени поглавја од преговорите (од вкупно 33 – н.з.), таа е и ...
Почна последната седница на Градскиот совет на Загреб за оваа година. Ќе се дискутира за 31 точка, а најважната и прва точка на дневен ред е усвојувањето на општинскиот буџет за 2026 година. Опозицијата поднесе 45 амандмани и дополнувања, а се очекува дебатите за буџетот да продолжат до доцна попладне. Предложениот буџет за 2026 година е најголемиот во историјата на Загреб откако стана главен град на Хрватска. Тој е 3,15 милијарди евра и за ...
Платформата „Македонска архитектура“, која е посветена на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, забележува и критикува дека се прави надградба на зградата на Министерството за надворешни работи. Институцијата е сместена на кејот на Вардар и во еден од објектите од проектот „Скопје 2014“. Од „Марх“ објавија статија насловена: „Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме“. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е горд на сите оние кои учествувале во обидот да се донесе инвеститор како Џаред Кушнер. Зборувајќи за Генералштабот, тој рече дека „тие успеале да уништат се со кампања против инвеститорите“, пренесе Blic.rs. – Кампањата против Генералштабот започнува како кампања за поддршка на „блокадерите“ против луѓето кои си ја вршеа својата работа одговорно и сериозно, бидејќи сè треба да се оцрни, сè ...
„Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството. Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ. „Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, поставија ...
„Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден Систем за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари кој ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија. Системот овозможува унапредување на контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит, како клучно во сузбивање на сивата економија, разобличување на криминалот, заштита на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп е оптимист дека војната меѓу Русија и Украина се ближи кон крајот. По разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со лидерите на неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Италија, Франција и Обединетото кралство, како и со НАТО, Трамп рече дека сите сакаат да видат крај на војната. „Мислам дека сме поблиску до крајот на војната од кога било досега. Имавме добар разговор со европските ...
На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип е пријавено дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор Штип е пронајден починат осуденикот В.М. (40) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. -Извршен е увид на местото на настанот, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта, соопшти ...
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше – дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда. Ова го истакна денеска на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во врска со оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. -Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден ...
Полските безбедносни служби приведоа 19-годишен студент под сомнение дека барал контакти со терористичката група Исламска држава и под обвинение за подготовка на напад на божиќен пазар со повеќе жртви, објави Ројтерс. Матеуш В., студент на Католичкиот универзитет во Лублин, сакал да изврши напад со експлозиви и планирал да се приклучи на терористичка организација, изјави Јацек Добжински, портпарол на полските безбедносни служби. „Човекот бил ...
Русија нема да се согласи со распоредување трупи на западните земји во Украина во каква било форма, вклучително и во рамките на НАТО, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во интервју за ABC News, објави ТАСС. „Отворени сме за дискусија за можни опции за решение. Но, под никакви околности не сме подготвени да поддржиме, одобриме, па дури ни да толерираме какво било присуство на трупи на НАТО на територијата ...
Цената на главната руска нафтена класа, Урал, веќе достигна околу 40 долари за барел, според податоците на Аргус Медиа, цитирани од Блумберг. Ова е најниското ниво од почетокот на војната во Украина. Причината за падот се западните санкции против рускиот нафтен сектор, вклучувајќи ги танкерите од таканаречената „флота во сенка“ и ограничувањата што ги воведоа САД врз работата на Роснефт и Лукоил. Денес (16 декември), цената на нафтата на ...