Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Одборот за мир под водство на американскиот претседател Доналд Трамп првично беше замислен како мала група светски лидери кои ќе го надгледуваат планот за прекин на огнот во Газа. Оттогаш, амбициите на администрацијата на Трамп значително се проширија во многу посложен концепт, при што Трамп упати покани до десетици земји и наговести дека одборот наскоро би можел да посредува во глобалните конфликти. Пред Давос, израелскиот премиер Бенјамин ...
Се што барам е Гренланд да биде наш. Бидејќи за да го одбраниме, мора да биде во наше сопствеништво. Тоа е големо парче мраз во средината на океанот, и ако има војна, голем дел од акцијата ќе се одвива на тоа парче мраз. Многу ракети ќе летаат над него. Ова го изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, во својот говор на Светскиот економски говор во Давос. Тој вели дека САД никогаш не бараат ништо и никогаш не добиваат ништо освен ако не ...
Одборот за мир под водство на американскиот претседател Доналд Трамп првично беше замислен како мала група светски лидери кои ќе го надгледуваат планот за прекин на огнот во Газа. Оттогаш, амбициите на администрацијата на Трамп значително се проширија во многу посложен концепт, при што Трамп упати покани до десетици земји и наговести дека одборот наскоро би можел да посредува во глобалните конфликти. Пред Давос, израелскиот премиер Бенјамин ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК ...
Некои денови започнуваат гласно. Нотификациите се “трупаат” уште пред да заѕвони алармот, пораките пристигнуваат побрзо од мислите и добивате чувството дека денот веќе е чекор пред вас. Други денови пак, започнуваат тивко, со прв поглед на екранот и бавно прелистување низ утринските вести. Во секој случај, телефонот е секогаш тука. Така е и мојот Samsung Galaxy S25 Edge. Она што прво го забележав кога почнав да го користам не беше некоја ...
На денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, Јована Мојсоска од Левица упати прашање и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога ќе бидат доставени измените на законот за угостителска дејност кои беа најавени минатата година, по трагедијата во Кочани. „После незамисливата трагедија во Кочани еден од клучните системски пропусти за работата на дискотеката на смртта беше лоциран во недореченостите во законот ...
Претставниците на босанската Наша партија поднесоа законски иницијативи за укинување на даночните привилегии за коцкање и насочување на дополнителните приходи од оваа активност кон здравствената заштита и други јавни приоритети, објави босанското издание на регионалниот телевизиски канал N1. Иницијативите ги презентираа членката на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, Миа Карамехиќ Абазовиќ, и членката на Федералниот ...
„Хипотетички доколку не беше фазата на тестирање, колку пари ќе собереше МВР од казните што ќе треба да ги исплатат граѓаните. Колку минимални плати ќе беа потребни или колку потрошувачки кошнички ќе требаше да исполниме со собирањето на казните. Сметам дека ги имате овие статистички податоци“ – ова пратеникот од едното крило на АА, Халил Снопче го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната собраниска седница за ...
Европскиот парламент со тесно мнозинство гласаше да побара мислење од Судот на правдата на Европската Унија за трговскиот договор на ЕУ со Меркосур. Ова значи дека договорот нема да стапи во сила сè додека Судот на правдата на Европската Унија не донесе одлука за него, што може да потрае и до две години. Со 334 гласа „за“ и 324 „против“, европратениците одлучија да го упатат договорот до судот на разгледување. Договорот беше потпишан во име ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова приреди традиционален годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, во Охрид. Поздравувајќи ги дипломатите, претседателката ним лично, на нивните семејства, како и на државите и народите кои ги претставуваат, им посака сè најдобро. Во обраќањето, таа ја истакна важноста на културната, економската, спортската и научната, покрај традиционалната дипломатија. Според претседателката, дипломатијата ...
На денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, Јована Мојсоска од Левица упати прашање и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога ќе бидат доставени измените на законот за угостителска дејност кои беа најавени минатата година, по трагедијата во Кочани. „После незамисливата трагедија во Кочани еден од клучните системски пропусти за работата на дискотеката на смртта беше лоциран во недореченостите во законот ...
Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари. Порача дека е време работниците да се изборат за достоинствени плати. -Го повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, директори, менаџери, премиери, министри, дека ќе им ги зголемат платите, а не го сториле тоа, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31.12 не се договорија за тоа и со ...
На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се ...
За време на неодамнешната жестока дебата во Европскиот парламент за иднината на Гренланд, данскиот европратеник Андерс Вистисен директно се обрати на претседателот Доналд Трамп, велејќи: – Ќе користам зборови што ги разбирате. Господине претседателе, е*ете се! Инцидентот се случи додека се дискутираше за американските интереси во Гренланд, а Вистисен ја критикуваше идејата на Трамп за ставање на данската територија под американска контрола, ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Долниот дом дека нема да потклекне под притисокот од Вашингтон и дека Обединетото Кралство нема да се откаже од своите принципи и вредности кога станува збор за иднината на Гренланд, дури и под закана од царини. Обраќајќи се пред пратениците, Стармер повтори дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини на земјите што му се спротивставуваат се целосно погрешни. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го формираше „Одборот на мирот“ за Газа, официјално започнувајќи ја втората фаза од мировниот план за демилитаризација и обнова со меѓународни и арапски претставници. Формирањето на одборот се совпадна со започнувањето на втората фаза од договорот за прекин на огнот со кој се запре војната на Израел во Газа, во која се убиени повеќе од 71.000 Палестинци, а над 171.000 се повредени од октомври 2023 ...
Во говорот пред Европскиот парламент во средата, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласи дека само Данска и Гренланд можат да одлучат за судбината на Гренланд и дека земјите-членки на ЕУ се обединети во поддршката на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет. – Не можеме да прифатиме дека законот на најсилниот преовладува над правата на најслабиот, бидејќи меѓународните правила ...
Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите – реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и ...
Во швајцарскиот град Давос во тек e 56-от годишен Светски економски форум (СЕФ), кој повторно ја собра глобалната политичка и бизнис елита. Меѓу учесниците е и косовскиот премиер Албин Курти, кој го искористи форумот за да испрати силни пораки за односите со Србија, ситуацијата во северно Косово и руското влијание во регионот. Под слоганот „Духот на дијалогот“, форумот собра околу 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади, со ...
Државниот завод за статистика објави дека трендот на раст на платите во Македонија продолжува и во ноември 2025 година. Според ДЗС, просечната нето-плата достигна 45.961 денар, што претставува годишен пораст од 9,4%. Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.4 %. Како што информираат, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче посочува дека пратеничката група од неговата партија нема да го поддржи Законот за прекршоци кој што е важен за спроведување на системот „Безбеден град“. Повтори дека не се против безбедноста во сообраќајот, но, вели, не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. -Ние сме и за безбедност на личните податоци кој што повторно власта не го коментира ниту се обидува да го регулира. Видовме ...
Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Според полицијата, ...
Опозициската СДСМ вели дека според информациите кои се им се нив доставени в четврток на 22 јануари во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции. Средбата е планирана со почеток во 18,30 часот во Global Citizens House, во Давос. Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за ...
Tранспортен хаос во Барселона по уште една железничка несреќа во Шпанија. Каталонската влада целосно го запре движењето на приградските возови, кои превезуваат просечно 400.000 луѓе дневно. Невидената мерка беше воведена откако машиновозач загина во челен судир меѓу воз и паднат потпорен ѕид на пругата доцна синоќа. 37 лица беа повредени во инцидентот. Движењето на приградските возови ќе остане суспендирано додека не се потврди безбедноста на ...
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денес објави пакет од 100 милијарди форинти (304,42 милиони долари) за поддршка на угостителската индустрија, додека ветеранот политичар Виктор Орбан се соочува со тешка битка за оживување на економијата пред парламентарните избори во април, објави Ројтерс. Орбан, чија десничарска партија Фидес заостанува зад опозициската Тиса во најновите анкети, исто така навести за можно продолжување на ...
Трите синдикални организации при Управата за јавни приходи: Солидарност, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ и УПОЗ, внимателно ги следат сите актуелни случаи на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во изминатите месеци, вклучувајќи го и последниот, а во кои случаи се опфатени поголем број на вработени од УЈП. Истакнуваат дека синдикатите се против било какво ...
Висок советник за политика во американскиот Стејт департмент минатата година лобирал кај судијката Магали Лафуркад да интервенира во случајот против Марин Ле Пен, барајќи од неа да интервенира во одлуката за забрана на лидерката на Националното собирање да извршува јавна функција. Лафуркад изјави за „Политико“ дека таа и нејзиниот колега се сретнале со советникот на Стејт департментот, Самуел Самсон, во мај минатата година, на иницијатива на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја покани косовската претседателка Вјоса Османи да се приклучи на неговиот новоформиран Совет за мир како член-основач на телото. Османи потврди дека ја прифатила поканата и рече дека е „длабоко почестена од личната покана на претседателот Доналд Трамп да ја претставува Република Косово како член-основач на Советот за мир, стоејќи рамо до рамо со Соединетите Американски Држави во напорите за изградба на ...
До Левица пристигнуваат сериозни пријави за незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на функцијата во Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што велат од партијата, во центарот на овие сомнежи е членката на Комисијата – Цвета Ристовска. -Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК – мрежа која ...
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, изјави дека смета дека нова организација за обезбедување светски мир, како онаа што ја предложи американскиот претседател Доналд Трамп преку формирањето на Комитетот за мир, е непотребна. „Веќе постои меѓународна организација чија централна задача и цел е одржување на светскиот мир и меѓународната безбедност. Тоа се Обединетите нации, во кои, со многу добра причина, ...