Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Граѓаните во Македонија се соочуваат со поскапување на горивата, особено дизелот кој порасна за 15 денари по литар, а Владата засега не најавува мерки за ублажување на ударот врз буџетот. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека горивата во земјата се сè уште најевтини во регионот и дека нема потреба од интервенции. Експертите, пак, предупредуваат дека ваквиот пристап може дополнително да го зголеми притисокот врз домашните буџети. Според нив, ...
Футуристичната Аптера со три тркала и две седишта е во развој веќе седум години во својата сегашна верзија и сега е подготвена да се појави на патиштата, но сè уште не за купувачите. Автомобилот има соларни панели на покривот, задните врати и хаубата, а е дизајниран потенцијално да ја елиминира потребата возачите во сончеви клими да го вклучуваат возилото да ја полнат батеријата. Се вели дека Аптера нуди опсег до 640 км со едно полнење на ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно го коментираше ставот на земјата во врска со војната на Блискиот Исток, велејќи дека бран на гордост ја зафатил како Шпанија така и целиот свет поради ставот на Мадрид. Во интервју за шпанскиот весник „Ел Диарио“, Санчез изјави дека ставот на Шпанија е обврска на владата која тој ја предводи. „Кога рековме „не на војната“, се појави бран на гордост што сме Шпанци, не само во нашата земја, туку и меѓу ...
Биткоинот достигна 71.612 долари доцна во вторникот, пред да падне на 70.036 долари за време на азиската сесија во среда, бидејќи падот на цените на нафтата го поттикна апетитот на инвеститорите за поризични средства. Клучен катализатор беше извештајот во „Волстрит џурнал“ дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предложила најголемо ослободување на резерви на сирова нафта во својата историја, надминувајќи ги 182 милиони барели ...
Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва, соопшти дека констатирала одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. -При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да испорача енергенси на Европа доколку има интерес за тоа, но истакна дека Москва истовремено ги зголемува испораките на нафта и гас на оние што ги смета за „сигурни партнери“. Меѓу нив, ги спомена Унгарија и Словачка, пишува Daily News Hungary. Зборувајќи на состанок за состојбата на глобалните пазари на нафта и гас, Путин изјави дека Русија ќе продолжи да ги снабдува своите ...
Левица објавува нов скандал. Како што велат од партијата, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците(во вредност од еден милион евра) го доделил на фирмата ,,Нексос Инженеринг”, каде сопственик е добро познатиот Јонче Спиркоски. Според партијата, Спиркоски во минатото станал познат во јавноста со неговата фирма ,,Аполо Инженеринг”, за која токму ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции обвинувал за сериозен криминал со ...
Претставниците на Синдикатот на културата, на денешната прес-конференција пред зградата на Основното јавно обвинителство, порачаа дека поднеле кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за “злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик и „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Секако оваа кривична пријава ја поднесуваме со ...
Според најновите информации објавени од Ројтерс, креаторите на најпознатиот чет-бот во светот сега се во преговори за имплементација на нивната технологија во НАТО системите. Иако првичните извештаи сугерираа дека вештачката интелигенција ќе управува со најстрого чуваните тајни, компанијата разјасни: фокусот во моментов е на некласифицирани мрежи. Целта на оваа соработка е дигитална трансформација на застарените коалициски мрежи. Алатките за ...
ДУИ бара да се воведат максимални цени на основните прехранбени производи или да се ограничат трговските маржи и да се намали ДДВ за основните производи за период од три месеци. Ова се дел од мерките кои партијата ги предлага на власта за спречување на злоупотреби и намалување на цените во услови на криза, особено поради претстојните празници Бајрам и Велигден. Како што вели Синан Вејсели, ДУИ предложи јасна мерка – зголемување на минималната ...
Судијата Ненад Савески е владиниот предлог за нов државен јавен обвинител. Пред официјалното преземање на функцијата, изборот на Савески треба да биде потврден и со мнозинство од 61 глас во Собранието. Владата ја донесе оваа одлука по, како што рекоа од таму, сеопфатната, конструктивна и аргументирана дискусија, а водејќи се од принципите на професионалност, интегритет и стручност. Иако на огласот распишан од Собранието во јануари годинава, ...
Најмалку шест лица загинаа во пожар во автобус во центарот на швајцарскиот град Сет во вторник, а се сомнева дека пожарот го започнал еден од патниците кој се полеал со гориво и се самозапалил, соопшти денес локалната полиција. Полицијата соопшти дека автобусот се запалил на пат во Керцерс, на околу 20 километри од швајцарскиот главен град Берн, објави денес Ројтерс. Портпаролката на локалната полиција, Криста Билман, изјави дека се ...
Доколку конфликтот на Блискиот Исток не се запре наскоро, тој би можел да ескалира во светска војна, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ако некој наскоро не ја запре војната на Блискиот Исток, таа би можела да трае многу долго и да се претвори во светска војна“, изјави Зеленски, пренесува Укринформ. Тој оцени дека светот е многу блиску до нова светска војна. „Многу сме блиску. Не гледам како операцијата во Иран може да ...
Илон Маск, мнозинскиот акционер на производителот на автомобили „Тесла“, вселенската компанија „SpaceX“, социјалната мрежа „X“ и компанијата за вештачка интелигенција „xAI“, останува убедливо најбогатиот човек во светот, дури и кога бројот на милијардери продолжува да расте, објави американското списание Форбс. Неговото богатство се проценува на 839 милијарди долари, во споредба со 342 милијарди долари на листата објавена пред една година. ...
Електродистрибуција ДООЕЛ денеска соопшти дека по претходни контроли во станбено-деловен објект на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврдил тешка кражба на електрична енергија. Според информациите, објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина. Оттаму соопштија дека констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално ...
„Изгледа дека овие денови ДКСК се занимавала со ДНК анализи. Дошле до невидено откритие. Томовски од ДКСК дознал дека нема врска со фирмата во која што бил неговиот татко. Затоа нема врска со фирмата. Така дознал и дека татко му не му е татко“, велат од СДСМ откако Антикорупциската комисија на својата последна седница донесе одлука за запирање на постапката против Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Затоа ...
Украина ќе добие пари од земјите од Европската Унија за финансирање на своите воени напори дури и ако Унгарија и Словачка продолжат да го блокираат ветениот заем од 90 милијарди евра, изјавија денес два дипломатски извори од ЕУ. Доколку Унгарија и Словачка одбијат да го одобрат заемот за Украина на самитот во Брисел следната недела, балтичките и нордиските земји имаат план да ѝ дадат на Украина доволно пари за да ги покрие своите потреби во ...
Четири бугарски европратеници ги изразиле своите ставови во дебатата за извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ за време на вчерашната пленарна седница. Во извештајот се предлага одлуките на Советот за отворање и затворање на поединечните фази на преговори и поглавја да се донесуваат со квалификувано мнозинство, наместо едногласно, и конечните одлуки за пристапување на нови земји-членки да продолжат да се носат едногласно. Извештајот ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозициската СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции. Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена. Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото ...
На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за ...
На 10.03.2026 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е поднесено барање до Основниот граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б. (68) од Скопје поради извршено семејно насилство. На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б. постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет кон ...
Поранешниот пратеник, Илија Димовски вели дека не може да оцени дали Владата не се снајде околу целата ситуација со Блискиот Исток и цената на нафтата. Вели дека принципиелно имаме системски проблеми во државата кои се постари од сегашната, но и претходната Влада, а тоа според него е слабото ниво на конкуретност во општеството. -Ние имаме затворен пазар и немаме многу играчи на пазарот и во другите полиња, но и во полето на малопродажба на ...
Откако Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за набавка на нови 150 еко-автобуси, дел од советниците во Советот на Град Скопје тврдат дека „не треба да се радуваме пред време“. Советничката Катерина Јовановски појаснува дека според јавниот повик, новите автобуси ќе пристигнуваат на рати. „30 автобуси во рок од 6 месеци од потпишувањето на договорот со добавувачот, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок ...
Последните случувања со растот на цените на нафтените деривати повторно ја откри слабоста на економскиот модел во Македониja, обвинуваат од Левица. Наместо државата да реагира со мерки кои ќе го ублажат ударот врз стандардот на граѓаните, Владата предводена од Христијан Мицкоски одлучи да остане пасивен набљудувач и да ги отфрли предлозите за намалување на акцизите и на данокот на додадена вредност, квалификувајќи ги како „соцболшевизам“. ...
Владата донела одлука за одземање на уште шест лиценци за одгледување на канабис. Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите. Претходно, беа одземени уште шест лиценци. Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми ...
Постојат луѓе кои долго размислуваат пред да кажат нешто, ги одмеруваат своите зборови и се прилагодуваат на другите. Сепак, постојат и такви кои не можат, а често и не сакаат, да го задржат она што им е на ум. Нивната искреност понекогаш може да биде корисна, а понекогаш да предизвика незгодни ситуации, но едно е сигурно – со нив секогаш знаете каде се наоѓате. Еве ги знаците во кои се раѓаат таквите луѓе: Прочитајте повеќе: Овен Овните се ...
Јогуртот е основна состојка во исхраната на многу луѓе со добра причина. Тој е полн со клучни хранливи материи како протеини и калциум, а истражувањата потврдуваат дека редовната консумација носи бројни здравствени придобивки, од зајакнување на коските до промовирање чувство на ситост и помагање при губење на тежината, пишува Health.com. Зголемен внес на протеини Јогуртот е одличен извор на протеини, но некои видови се издвојуваат. На ...
Бред Пит неодамна купи вила во Лос Анџелес од водечкиот гитарист на „Килерс“, Дејв Кјунинг, и неговата сопруга, Емили Кјунинг, за 12 милиони долари. Дејв и Емили првично ја објавија вилата во шпански стил на продажба за 13,9 милиони долари во јуни, откако првично платија 9,6 милиони долари во 2021 година. Првично изградена околу 1989 година, куќата од 8.385 квадратни метри се наоѓа во престижната населба Аутпост Естејтс, која била дом и на ...
Актерката Зои Кравиц повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше фотографирана како шета со пејачот Хари Стајлс низ улиците на Рим. Двајцата беа видени како шетаат рака под рака и изгледаа многу блиски, само неколку дена откако Кравиц беше видена со нејзиниот колега Остин Батлер во Париз. Harry Styles and Zoë Kravitz spotted together in Rome. pic.twitter.com/BBOCk0RfMi — Buzzing Pop (@BuzzingPop) August 25, 2025 Прочитајте ...
Ковид пандемијата била „штетна“ за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, открива нова студија. Научници открија дека притисоците под кои биле луѓето, од продолжената изолација до неизвесноста што ја придружувала кризата, можеби ги остареле нивните мозоци. Тие откриле дека стареењето на мозокот за време на пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица и оние од посиромашните социјални класи. Моделите ...