Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Монделез“ (Mondelez) дека ја намалил тежината на одредени чоколади „Милка“ без соодветно известување на потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли од брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата ...
Не можам и не сакам да ја скријам радоста! Вчерашниот ден беше еден од најдобрите денови во историјата на македонскиот народ! Тоа беше еден од оние ретки денови кога македонскиот народ имаше среќа, среде милениумскиот траор на секојдневната реалност низ која живеел и живее, денес најмногу токму заради двегодишното владеење со државата а веќе речиси десетгодишно со партијата ВМРО-ДПМНЕ на оној што вчера кажал, замислете ја таа радост додека се ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја преземат контролата над клучните енергетски рути кон Европа, како и повторно да го изградат гасоводот „Северен тек“, кој беше тешко оштетен по експлозиите во 2022 година, со што би стекнале можност да ѝ ја диктираат цената на гасот на Европа. Лавров во интервју за „РТ Индија“ порача дека американските компании имаат намера да ...
По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што се ...
Вирална снимка од илегална трка со коњски запреги, поврзана со мафијашкото милје, на која животните ги следат возачи на скутери кои пукаат од калашникови, доведе до апсење на двајца мажи на Сицилија. Снимката на интернет ја објави активистот за права на животните Енрико Рици, по што полицијата претресе приватни простории, ги спаси коњите и ги уапси сопственикот на една штала и џокејот. „Трката беше илегална, но не беше тајна“, рече Рици. „Се ...
Грчката влада претстави програма за зауздавање на масовниот туризам во популарните туристички места, откако централната банка ја објави бројката од речиси 38 милиони посетители во 2025 година. Целта е поодржлив модел на туризам со помало влијание врз животната средина, плажите и инфраструктурата, изјави министерката за туризам Олга Кефалојани на конференција за новинарите. Министерот за заштита на животната средина Ставрос Папаставру ја опиша ...
„Максим Димитриевски, колаборационистот, нашол да зборува за СДСМ? Човекот кој за пари ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги“, велат од СДСМ за лидерот на ЗНАМ кој вчера ги обвини неговите довчерашни партиски колеги дека во своето раководство имаат бугарофили. Според СДСМ, и семејството на Мицкоски има бугарски пасоши. -Семејството на нивниот ...
Светската здравствена организација (СЗО) засега проценува дека ризикот по јавното здравје е низок, но станува збор за опасниот андски сој – единствениот вид хантавирус кој може да се пренесува од човек на човек. Еве во кои земји се наоѓаат заразените, починатите, но и оние кои се под строг надзор по бегството од „крузерот на смртта“. Фото: Принтскрин/Х Холандија: Епицентар на трагедијата и „нултиот пациент“ Прочитајте повеќе: Двајца холандски ...
„Сите ние мислевме дека Скопје ќе ни мириса на шампон, меѓутоа за многу кратко време, ни замириса на тендер од 500 илјади евра за одржување на фонтаните“, рече советникот во Советот на Град Скопје, Горан Симоновски, обраќајки се до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Симоновски го праша градоначалникот: „Кога ја гласавме донацијата за шампон со која што низ вашите видео-клипови се фалите дека го чистите Скопје за 72 часа? Во нив убаво ...
Станува збор за зделка која на Кремљ му донела милијарди долари приход, додека истовремено Берлин јавно тврдеше дека целосно се одвоил од рускиот гас. Во центарот на приказната се наоѓа Егберт Леге, директор на компанијата СЕФЕ, некогашна „Гаспром Германија“, која германската влада ја национализираше по почетокот на војната во Украина. Леге во април 2023 година отпатувал во Дубаи за да се сретне со рускиот милијардер Леонид Михелсон, шеф на ...
„Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството. Се случува ова во момент кога незадоволството кај земјоделците е на невидени размери: доцнат субвенциите, ниски се откупните цени, поништени се повиците за рурален развој. Кога владата не може да се справат со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната ...
Левица информира дека до пристигнале вознемирувачки сведоштва од пациенти кои со години се лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на целосен колапс на основното функционирање на оваа јавна здравствена установа. Информациите до нив, како што велат, откриваат дека пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од најосновни медицински материјали – шприцеви, стерилни ракавици, средства за ...
За четврток во Женева е закажано сослушување врз основа на пријавата од БиХ дека Хрватска ја прекршила Меѓународната конвенција за прекугранично загадување. Во Експертскиот тим на БиХ, со внимателен оптимизам, се задоволни што случајот конечно дојде пред меѓународните тела. Само неколку стотини метри од границата со БиХ, во непосредна близина на Нови Град, Хрватска планира да складира ниско и средно радиоактивен отпад. Станува збор за отпад ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на претходната ...
„Кога лажните медиуми тврдат дека иранскиот непријател воено стои добро против нас, тоа е виртуелно ПРЕДАВСТВО бидејќи станува збор за целосно лажно, дури и апсурдно тврдење“, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа „Truth Social“. Објавата на Трамп следеше по натписите на „Њујорк тајмс“, според кои Иран повторно воспоставил оперативна контрола над 30 од вкупно 33 ракетни позиции покрај Ормускиот теснец, пишува „Индипендент“. ...
Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде што му бил упатен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на новата министерка за надворешни работи на Бугарија. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна ...
Мотивацијата за посета на Охрид значително се разликува кај домашните и странските туристи. Странските гости најчесто доаѓаат за да го доживеат Охрид од аспект на културата, традицијата и историските знаменитости. Домашните пак, често го избираат градот за „фотогенски“ одмор – да се сликаат во ресторани со скапа охридска пастрмка покрај езерото, со автомобилот паркиран веднаш до објектот. – Не станува збор само за цените, туку за менталитетот ...
Волк кој бил чуван како домашен миленик синоќа бил забележан во скопската населба Козле. По пријава од граѓани, интервенирале полицијата, екипи од Зоолошката градина Скопје и претставници на Град Скопје, по што животното било безбедно заловено и пренесено во ЗОО Скопје. Од Зоолошката градина информираат дека волкот е сместен во карантин и е под постојан здравствен надзор. Посочуваат дека станува збор за питомо и мирно животно, но потсетуваат ...
Ребалансот не е замислен за некого да спаси. За екс-министерот за финансии и познавач на состојбите, Џевдет Хајредини, тој да бил спасот, ниту една држава нема да има проблеми со Буџетот. -Сите држави имаат Буџет, а кај нас годинава рано се прави ребалансот. Ова доаѓа откако тргнаа погрешни предвидувања од погрешни претспоставки со оптимистични стапки на раст, со фалење дека сме лидер во Европа, со стапката за раст, со задолжувањето итн. Сега ...
„Неделчо е ставен во кризен менаџмент. Според моите информации, Лукровски веќе еднаш поднел оставка кај претседателот, ова е вторпат. Практично, водата што тече од бурето, се обидуваат да ја запрат преку поставување на Неделчо, со цел да купат време“, вели екс-градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски за ситуацијата во неговата општина што ја предводеше порано откако актуелниот градоначалник, Сотир Лукровски ги префрли ингеренциите на ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
„Мислам дека работата се приведува кон крај“, им изјави Путин на новинарите во саботата во врска со војната која трае веќе петта година. Замолен да ги коментира изјавите на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е завршен дел од трилатералната работа со Украина и САД за постигнување договор. „Тие подготвени темели во смисла на мировниот процес ни овозможуваат да кажеме дека крајот навистина се приближува“, изјави Песков пред ...
Со предлог Законот за пробација се прошируваат надлежностите на пробациските служби, како и надлежностите во делот на условниот отпуст, рече претседателката на Здружението за кривично право и криминологија Александра Груевска Дракулевски на јавната расправа за новиот предлог закон кој се оддржа во МАНУ. Таа објасни дека клучно е тоа што законот за пробција е усогласен со меѓународните стандарди во областа на извршувањето, и дека пробацијата ...
Клиниката за инфективни болести е подготвена да одговори на потребите при зголемен број случаи на заболени со заразни болести, иако според Светската здравствена организација нема опасност од ширење на хантавирусот, изјави за „Локално“ директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје Фадил Цана. -Клиниката за инфективни болести е целосно стручно и организациски подготвена да одговори на евентуална закана од заразна болест. Располагаме ...
„Таа е во хотелски карантин. Тестирана е на хантавирус и се чекаат резултатите. Според информациите со кои моментално располагаме, таа не е заболена“, додаваат од Институтот во писмениот одговор за „Би-би-си“. Холандскиот крузер, на кој тројца луѓе починаа од хантавирус по едномесечно крстарење по Атлантскиот Океан, се закотви на 10 мај во пристаништето на Тенерифе, и покрај противењето на тамошните власти. На бродот имало вкупно 150 луѓе, ...
„Знаеме дека постојат актери кои се обидуваат да го повлечат Западен Балкан наназад, да го нарушат напредокот и да го дестабилизираат регионот. НАТО е посветен на тоа проблемите од минатото да останат во минатото. Ќе укажеме на секоја злонамерна активност на територијата на НАТО и ќе ѝ се спротивставиме“, соопшти Руте на прес-конференција во Подгорица по средбата со црногорскиот премиер Милојко Спаиќ и членовите на Владата на Црна Гора. ...
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на Буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. Со оглед на веќе почнатите преговори со ресорните министри, овој ...
Министерката за заштита од насилство врз жените во владата на британскиот премиер Кир Стармер, Џес Филипс, денеска поднесе оставка, наведувајќи дека актуелното раководство на Лабуристичката партија не покажува доволно одлучност за спроведување на промените што ги очекуваат граѓаните. Во писмото упатено до Стармер, Филипс наведе дека премиерот го смета за „добар човек кој се грижи за вистинските работи“, но оцени дека тоа „не е доволно“, ...
Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, рече денес на прес конференција пратеникот Антонио Милошоски. Изјавата е реакција на одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата опротив 13 лица за ...
ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата. Со ...