Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Откако поради оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик, ДУИ побара кривична одговорност за министерот за правда, самиот Филков денеска се огласи и порача дека „национал-романтичарските теми се битни за политичари од минатиот век“. -Ние работиме цврсто и решително на стабилност и просперитет и владеење на право – теми што ги засегаат сите граѓани. Се останато ќе биде оставено на тажната страна на историјата, рече ...
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи реагираше на критиките упатени кон албанскиот амбасадор во земјава, опишувајќи ги како координирани и поттикнати од страна на албански претставници во Владата, кои, според него, се блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Според Османи, реакциите кон амбасадорот започнале веднаш откако тој почнал отворено да зборува за, како што ги нарекува, антиалбанските политики на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ја слушнал изјавата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и неговото барање да се разреши пратеничката Дафина Стојаноска. Мицкоски вели дека ги видел „премногу нервозен човек и истурал салва навреди, но, ние сме јавни личности и сме навикнати на тоа“. -Жално е што и други што сакаат да бидат јавни личности, не се навикнати на јавна критика. Секој оној кој што претендира да биде јавна личност, ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да биде кандидат за сојузен претседател во 2027 година, објавуваат германските портали. „Раководството на ЦДУ трепери: жешка гласина за нова висока позиција за Меркел“, „Дали ќе стане претседател на државата? ЦДУ трепери поради гласините за Меркел од Зелениот камп“. Ова се насловите на утринските германски портали Bild.de и Focus.de кои одекнаа во германската јавност како бомба. ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски му честиташе на Косово за формирањето на новата влада и назначувањето на Глаук Коњуфца за прв вицепремиер и министер за надворешни работи. Муцунски во објава на „Х“ соопшти дека работат на тесна соработка во интерес на регионалната стабилност. „Им упатувам искрени честитки на Република Косово за формирањето на новата влада и на Глаук Коњуфца за неговото назначување за прв вицепремиер и министер ...
На вонредна седница доцна синоќа, косовскиот парламент ја избра новата влада на земјата предводена од лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, откако претходно го конституираше десеттото законодавно тело и ја избра Албулена Хаџиу за претседател на парламентот, објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Кабинетот на Курти доби поддршка од 66 пратеници, со 49 гласови против и без воздржани. Владејачкото мнозинство го обезбеди движењето ...
Кина очекува повеќе од кинеските производители на електрични автомобили за да постигнат договори за минимална цена со Европската Унија, изјави портпарол на кинеското Министерство за трговија, омекнувајќи ги претходните критики кон фирмите кои преговараат поединечно со блокот. Кина е подготвена да одржува комуникација со ЕУ, при што „двете страни ги поддржуваат кинеските производители на електрични автомобили да имаат корист од ценовните ...
Фатен е 18-годишниот Саит Саитов кој возејќи без возачка дозвола на 9-ти јануари удри и усмрти жена во скопски Капиштец. Според адвокатот Звонко Давидовиќ, кој ја објави информацијата, Саитов бил фатен во соседна Србија, во градот Врање. „Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко”, изјавил Давидовиќ во поткастот „Претрес со Ландов“ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот ...
Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Според партијата, ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање. -Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно најави дека „ќе се ...
Сојузот на синдикати ќе ја блокира Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, в четврток точно напладне. Како што најави претседателот на ССМ, ќе се испрати апел до газдите кои ги блокираат работниците сите изминати години. Трендафилов рече дека блокадите ќе траат сè додека не се донесе одлука за зголемување на минималецот на 600 евра и за зголемување на сите преостанати плати за 100 евра. Од ...
Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска остро реагираше на изјавите и обвинувањата упатени од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нарекувајќи го „волкот во јагнешка кожа“. За видеото со синдикалниот лидер и неговите деца, кое самата го објави, вели „јавните личности треба да се подготвени на секакви видеа и фотографии“. „Сосема е препознатлив речникот на Трендафилов и не би сакала воопшто да наседнувам на неговото ...
На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени. Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред ...
ДУИ го обвинува Министерството за правда за кривична одговорност за злоупотреба на положбата и службеното овластување, во врска со одбивањето да се спроведе правосудниот испит на албански јазик. Канита Рамадани од оваа партија рече дека законот е јасен и неговото попречување има правни последици. Според неа, попречувањето на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Министерството за правда и одговорните лица претставува ...
„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз“, велат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ...
На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од ...
Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота, информираше денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со ...
„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова го номинираше заменик-гувернерот на Бугарската национална банка (БНБ) Андреј Ѓуров за кандидат за привремен премиер на земјата, објави прес-службата на шефот на државата. На 12 февруари во 10 часот наутро по локално време, шефот на државата ќе го прими Ѓуров во „Дондуков“ 2, каде што ќе му наложи да формира привремен кабинет. На крајот на јануари, Илијана Јотова се сретна со сите потенцијални ...
Heineken NV ќе отпушти помеѓу 5.000 и 6.000 работни места, бидејќи перспективите на пиварницата со седиште во Холандија се замаглени од падот на побарувачката за алкохол, објави „Блумберг“. Компанијата соопшти дека ќе ја намали својата работна сила во следните две години во обид да ги намали трошоците. Вработува околу 87.000 луѓе низ целиот свет, вклучувајќи 3.700 во Холандија. Поголемиот дел од отпуштањата ќе бидат надвор од земјата каде ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури. Предлогот доаѓа во момент кога важноста на актуелниот рок истекува следниот месец на 3-ти март, што, според предлагачите, би значело автоматско прекинување на ...
Украинската армија може да издржи најмалку уште 18 месеци во деловите од Донбас што ги контролира, изјавија високи извори од НАТО. Според податоците што ги имаат, на Русија ќе ѝ треба најмалку година и пол за да го преземе целиот регион ако напредува со сегашното темпо. Тие исто така не веруваат во тврдењата, главно од Москва, дека украинската одбрана е на работ на колапс. Сепак, пактот призна дека руските сили напредуваат побрзо во ...
„Додека фрижидерите се празни а неплатените сметки се редат една врз друга, и додека минималната плата не стигнува ни за основна храна, власта има јасен приоритет – не достоинствен живот за народот, туку комфорен лет за премиерот“, објави членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски по барањата на синдикалците и работниците за зголемување на платите и најавите од СОЗР дека Владата треба да набави нов службен авион и службено возило за специјални ...
ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по денешните пораки од првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов. Од партијата не се огласуваат за објавеното видео од нивната пратеничка на кои може да се видат децата на Трендафилов, туку доколку „смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции“. Сепак, тврдат дека претседателот на ССМ „сака да се претстави како жртва на прогон“. „Фијаското на протестите на ССМ и ...
Европскиот парламент со големо мнозинство одобри заем од 90 милијарди евра за Украина за оваа и следната година. 60 милијарди евра од ова се наменети за воена помош, додека остатокот е за поддршка на буџетот на земјата. Европратеничката од „Обнова Европа“ Карин Карлсбро, која е и известувач за ова прашање, нагласи дека ова е и инвестиција во заедничката европска иднина: „Денес, Украина е нашата прва линија. Украинците ја бранат нашата ...
Американската компанија „Форд Моторс“ објави пад на основната квартална добивка од околу 50 проценти, на 1 милијарда долари. Производителот на автомобили објави нето загуба во четвртиот квартал од 2025 година од 11,1 милијарди долари по значителните, претходно најавени отписи во своите програми за електрични возила, објави Ројтерс. Прилагодената заработка по акција на компанијата од 13 центи за кварталот беше пониска од прогнозите на ...
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека денеска поминал првиот закон предложен од неговата партија, со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување. Според Апасиев, нема да има веќе, како што вели, молење по штабови. „Ова воопшто не е мала промена. Може да ги задржи најдобрите медицинари во државава, наместо масовно да се селат во Германија, Бугарија и по белиот свет на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот М.С. во ...
Полска нема да се приклучи на Мировниот совет предводен од САД под сегашните околности, но ќе продолжи да ја анализира можноста, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск. „Земајќи во предвид одредени национални сомнежи во врска со формата на советот, под овие околности Полска нема да се приклучи на работата на Мировниот совет, но ние ќе го анализираме“, рече Туск на состанокот на кабинетот. Како што претходно беше најавено, американскиот ...
„Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по последните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ кон згаснатото СЈО и наводите дека се вршеле притисоци врз луѓе за гонење. Според Кузеска, „преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за „политички прогон“ и „монтирани ...