Швајцарската економија се опорави кон крајот на минатата година, делумно надминувајќи го влијанието на невообичаено високите тарифи што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг. Бруто домашниот производ (БДП), прилагоден за влијанието на големите спортски настани, порасна за 0,2% во четвртиот квартал, во споредба со контракција од 0,5% во претходните три месеци. Резултатот беше малку под средната прогноза за раст од ...

Групацијата „Фолксваген“ планира да ги намали трошоците за 20% кај сите брендови до крајот на 2028 година, објави германското списание „Менаџер магазин“. Извршниот директор на германскиот производител на автомобили, Оливер Блуме, и финансискиот директор Арно Антиц, презентираа „масивен“ план за заштеда за време на состанокот зад затворени врати со менаџментот на „Фолксваген“ во Берлин, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на германското списание. ...

Според западните разузнавачки службеници, регрутерите и пропагандите кои претходно работеле за руската „Вагнер“ група се појавуваат како главен канал за саботажа организирана од Кремљ во Европа, објави „Фајненшл тајмс“ во уреднички текст. Статусот на „Вагнер“ групата е нејасен откако неуспешниот бунт против врвните функционери на руската војска во јуни 2023 година доведе до репресија и смрт на нејзиниот основач, Евгениј Пригожин. Но, ...

„Алкалоид“ продолжува со зајакнување на меѓународното присуство на eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега „Бекутан“, овојпат преку влез на пазарите во балтичкиот регион, проширувајќи ја успешната глобална приказна преку малопродажната мрежа на „Лидл“. Со внимателно планиран пласман, производите на „Бекутан“ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ново поглавје во ...

Министерството соопштува дека Законот за заштита од пушење ќе се имплементира без одложување, по усвојувањето во Собранието. Во моментот се финализираат коментарите од јавната расправа, а финалната верзија ќе биде доставена до Владата следната недела. „Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на ...

По објавата дека дански инвестициски фонд веќе купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а до крајот на годинава планираат да купат уште најмалку толку, дел од опозицијата со став околу ова прашање. Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ стравува дека може да станеме, како што вели, мафијашки град и држава. „Кој стигне ќе прави пари од народот во Македонија – државата толку не интервенира што ќе ни прават ...

На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, ...

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК”, како да ја открила „Америка”. Но, прашањето, според коалицијата, што веднаш се поставува е: „дали овој СПАК ќе го изтражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните“. „Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени ...

Сојузот на синдикати на Македонија излезе со најновите статистики за продуктивноста на работниците, со која, според ССМ, манипулираат работодавачите и Владата кога велат дека од продуктивноста зависи и висината на минималната плата. Според податоците од Меѓународната организиација на трудот (ILO), што ги објави ССМ, индикаторот Бруто домашен производ по одработен час во долари, односно продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 долари по ...

Новиот сигнал што доаѓа од Брисел ја менува логиката на проширувањето на Европската Унија на начин што пред неколку години ќе звучеше незамисливо. Додека шесте земји од Западен Балкан со години чекорат низ формалниот, бавен и често политички блокиран процес на отворање и затворање поглавја, во европските институции се разгледува модел според кој Украина би можела да биде интегрирана, барем делумно, пред да ги исполни сите класични критериуми. ...

Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот. Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 во Скопје, а почина вчера на 77 годишна возраст. Во 1970 ...

Бизнисот со производство на марихуана за медицински цели се смета за еден од „најревносните“ но лиценцираните компании, според податоците за финансиското работење – тешко профитираат. Дел од компаниите кои се водат како активни веќе се со блокирани жиро сметки. „Локално“ објавува податоци за добивките, загубите, приходите и расходите на уште неколку активни фирми, но и компании со блокирани сметки од овој сектор кој опфаќа 43 правни субјекти. ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со ...

Европската комисија ги одби сите предлози на превозниците од земјите од Западен Балкан за компромис околу ограничувањето на престојот во шенген-зоната. Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилата, без посебни исклучоци за професионални возачи. Против новите правила за 90 дена престој во шенген зоната, превозниците од регионов спроведоа координирани протести и блокади на товарните гранични ...

Со поројните дождови во Кичево, на површина исплива несовесното работење на властите, реагира партијата Левица укажувајќи дека не е првпат на граѓаните во овој да им се случува ваква катастрофа. „Кичево и кичевчани деновиве повторно имаат проблем со поплави. Пред не толку долго, Кичево, поради обилни дождови имаше проблем со поплави, во реонот околу Зајашка река, на улица Прилепска и населбата Подварош. Денес повторно ова подрачје беше ...

Според Црвениот крст на Македонија, досега се евакуирани околу 230 лица од кичевскиот регион кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Оттаму информираат дека се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена. Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за ...

Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Беким Ќоку, ги осуди навредливите зборови што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО. Според Ќоку, личните напади, омаловажувачката реторика и инсинуациите со шовинистичка нота „немаат место во политичката комуникација на еден државен претседател“. „Зборовите на Вучиќ имаат за цел човечка и полова деградација, откривајќи тенденција за регресија ...

СДСМ го осуди навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Од партијата велат дека „познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО“. -Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија“ (нагласувајќи го ...

53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. 53 дена, сите молчат. Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиска полиција молчи. Власта си ...

Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова, соопштија од Драмски театар. „Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството и најблиските“, додадоа оттаму. Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и ...

„Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара. Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски… Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко“, велат денска од ...

Фирми од Кавадарци, Велес, Струмица, Куманово, Скопје, Врапчиште, Кочани, Струга имаат лиценци за производство на марихуана за медицински цели. Според потврдени информации на „Локално“ во моментов се регистрирани 43 активни фирми од овој бизнис додека 18 правни лица се водат како „неактивни“. „Локално“ во две тематски анализи ќе објави податоци за финансиската кондиција на дел од компаниите од овој бизнис. Синцеритас Скопје, фирма ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан за, како што изјави, „поттикнувањето на Европа да биде подобра, мотивирањето на сите во Европа да станат подобри“. Зеленски го изјави ова на Минхенската безбедносна конференција откако му беше доделена наградата „Евалд фон Клајст“, објави „Европска правда“. За време на церемонијата на доделување на наградите, Зеленски им се заблагодари на лидерите ...

Америка е просто предалеку и транспортните трошоци се превиски. Бидејќи транспортот е прескап, теоретски можеме да извезуваме или скапи производи, или производи во огромни количини. За второво немаме капацитет, едноставно сме премала земја. За првото, немаме такво производство. Ете извезуваме автобуси, ама и тоа е ограничено, не можеме да го зголемиме тој извоз пет пати, не произведуваме толку автобуси. Македонија и САД усогласија рамка за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците на обединување. Тој одржа говор на Минхенската безбедносна конференција. „Мора да има вистински безбедносни гаранции за Украина и за Европа“, инсистира Зеленски и додава: „Украина е подготвена за договор што ќе донесе вистински мир во Украина и за Европа. И јас сум убеден дека оваа војна може да се заврши со достоинство. Ова е најважното нешто за нас – со достоинство. Ние сме ...

Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Западен Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата. На прашањето што мисли за безбедносната средина во регионот, Шекеринска одговори дека безбедносната средина на глобално ниво станала попредизвикувачка, опасна и непредвидлива. „Гледаме глобален тренд на зголемени инвестиции во одбраната и безбедноста и гледаме дека нашиот регион го следи тој тренд. Кога ќе ...

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од ...

„Земјоделците, веднаш по работниците, се новите жртви на криминалните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Владата на Мицкоски ги намали субвенциите за земјоделците за од 140 милиони на 100 милиони евра“, соопштија од СДСМ. „Тоа се 40 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на луѓето кои произведуваат храна. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивните семејства и врз домашното производство. Пред изборите ...

„52 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери. Нема одговор за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, нема одговор за 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, соопштија денеска од СДСМ. „Едни исти фирми добиваат милионски тендери а обвинителството молчи и не презема ништо. Зошто? ...

14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како почеток на новата лозарска година. Од друга страна е Св. Валентин, ден кој многумина го поврзуваат со љубовта и малите вниманија. Токму таа можност двојно да се прослави еден ден, ја претворија во своја лична приказна пријателките и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
66%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.54
62%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
48%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.58
62%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.45
70%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
53%
1019
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
57%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
67%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.50

Злато

151875.00

Сребро

2583.47

Кобалт

45.39

Бакар

12.64

Рутениум

51376.89

Паладиум

48065.37

Калај

54.78

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Платина

66101.93

Иридиум

253540.09