Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Претседателот на БЕСА и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами вели дека е свесен како премиерот Христијан Мицкоски е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но, додава, се додека е политичка влада во која учествува БЕСА како дел од коалицијата ВЛЕН, неговата партија одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна. Запрашан за министерот Фатмир Лимани дали останува на функцијата, Касами истакна дека како партија донеле одлука ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации. Тој вели дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје. Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на ...
Објективни и оправдани се барањата на синдикатите за 600 евра минимална плата, а пари во буџетот има ако се скратат луксузите на владата, порача синоќа претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Само интервју“. Филипче посочи дека зголемувањето на минималната плата е тема која што засега многу семејства кои во услови на растечки цени, не можат да врзат крај со крај во месецот. „Објективни се барањата, реална е потребата на луѓето, не ...
Работава е политичко-етичкa. ние не можеме да потврдиме дали државата го следела или можеби од партијата ВМРО-ДПМНЕ го следеле со намера да го дискредитираат, но јасна е намерата за негова јавна дискредитација на позицијата на која е, вели за „Локално“, Оливер Андонов, универзитетски професор на Воената академија и екс-министер за внатрешни работи за видеото со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и неговите деца. Според него, тоа е таа ...
„Важен и значаен исчекор во економската соработка со Соединетите Американски Држави, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании“ – вака се обрати министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски доцна синоќа во видеото по повод постигнатиот рамковен Договор меѓу САД и Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија. Како што додаде, усогласена е заедничка изјава и рамка за ...
Една жена загина, а двајца други се повредени откако градски трамвај излета од шините денес во центарот на Сараево, објави регионалниот телевизиски канал N1. Службите за итни случаи, пожарникарите и полицијата пристигнаа на местото на настанот. Телото на жената, кое беше под трамвајот, веќе е извадено. Според новинската агенција ХИНА, инцидентот се случил околу пладне, кога жената била удрена кога трамвајот излетал од шините. Дел од ...
Европската унија нема да поддржи никакви потенцијални инвестиции во Босна и Херцеговина поврзани со проекти за фосилни горива, вклучително и планираниот Јужен интерконектор, објави ХИНА. Ова го објави денес делегацијата на ЕУ во Сараево, цитирана од дневниот весник „Независне новине“. Во своето соопштение, Брисел нагласува дека поддршката треба да биде насочена кон проекти базирани на обновливи извори на енергија, додека изградбата на нови ...
Технолошкиот гигант Samsung започна масовно производство на мемориски чип од следната генерација дизајниран за вештачка интелигенција (AI). Јужнокорејската компанија го опиша пробивот како „водечки во индустријата“, објави агенцијата Франс Прес. Чиповите HBM4 со висок пропусен опсег се клучна компонента за центрите за податоци со вештачка интелигенција. Се очекува американскиот технолошки гигант Nvidia – моментално највредната компанија во ...
„Протестите пред институциите имаат политичка позадина“- вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов е инструиран од политичките партии во опозицијата. Стратегијата, преку него да се испорачуваат партиски барања со цел да се добие симпатии кај граѓаните е неуспешна, а целата јавност наскоро ќе знае дека на барикадите стојат партиски истакнати луѓе, посочи Мицкоски. Премиерот останува на ставот ...
Европската комисија соопшти дека ги смета кинеските царини наметнати на млечни производи од Европската Унија за „неоправдани и неосновани“ и ќе разгледа преземање на сите соодветни мерки, вклучително и упатување на прашањето до Светската трговска организација, објави Ројтерс. Порано денес, се дозна дека Кина одлучила да воведе царини во опсег од 7,4% до 11,7% за увоз на млечни производи од ЕУ за период од пет години, откако беше донесена ...
Италијанската даночна полиција изврши рација во седиштето на „Амазон“ во Милано денеска, во нова истрага за затајување данок на американскиот технолошки гигант, изјавија за Ројтерс два извори директно запознаени со ова прашање. Изворите велат дека даночната полиција на Гвардија ди Финанца, исто така, ги претресла домовите на седум раководители на „Амазон“ и канцелариите на ревизорската фирма „КПМГ“. Ова е нова нишка во истрагата, која ...
Откако премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „туристички бум“ во државата и дека целта е 5 милиони ноќевања од странски туристи, со реакција се огласија од СДСМ. Според партијата, „светска атракција“ од Скопје направија, како што велат, ВМРО и Груевски со криминалниот проект Скопје 2014. Од СДСМ истакнуваат дека „над 700 милиони евра украдени од граѓаните завршија во џебовите на Груевски и кликата во Белата палата“. „Сега туристите не ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов сподели телевизиски прилог од пред неколку години на кои може да се види како пратеничката Дафина Стојаноска дава поддршка на тогашното раководство на синдикатите кои бараа зголемени плати во јавниот сектор. Во видеото може да се слушне дел од обраќањето на Стојаноска, која и пред четири години беше пратеничка, само во опозиција, во кое ги поддржува барањата на ССМ. На протестот, покрај Стојаноска, ...
На 12 февруари 2026 година во 03:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ и „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки. Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето со повреда се здобил 48-годишен маж од ...
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијалната противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. За разлика ...
„Денес ги одбележуваме првите 100 дена од петтиот мандат на 20-годишното владеење на една клика во Чаир. За жал, овие 100 дена не донесоа никаква реална промена за граѓаните.Во овие 100 дена ги видовме истите појави што ја следат општината повеќе од 20 години: бесправни градби кои продолжуваат без никаква контрола, па дури и нови градби врз веќе нелегални градби; тежок корупциски систем; партиско заробување на институциите; невиден непотизам; ...
Пратеничката Лидија Петкоска на денешната прес-конференција во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, собраниската Комисија за еднакви можности и Унијата на жени на партијата изрази силна поддршка за пратеничката Дафина Стојаноска, оценувајќи дека таа е мета на „директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жена во политиката“. Петкоска го обвини претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за мизогинија и обид за ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите за можно разрешување на министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, потврдувајќи ја својата целосна поддршка за работата на министерот. За време на денешната посета на општина Карпош, Мицкоски беше прашан за гласините дека коалицискиот партнер, Движењето БЕСА, може да побара разрешување на Лимани. Премиерот беше цврст во својот став, нагласувајќи го својот авторитет како шеф на ...
По вчерашната реакција на обвинителот Гаврил Бубевски за изречените клевети од адвокатката Лејла Кадриу, со реакција денеска се јави и обвинителката Елизабета Јосифоска, која исто така беше дел од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО). И Јосифовска, како и Бубевски, ги отфрли наводите на Кадриу изнесени во јавноста, велејќи дека тоа се клевети и лаги и побара од неа да се извини или ќе тужи. „Адвокатката Лејла Кадриу во емисијата ...
Европа станува сè пополаризирана демографски. Додека земјите од Западна и Северна Европа доживуваат раст на бројката на население, повеќето источни и јужни земји се соочуваат со зголемена стапка на морталитет. Ова го покажува најновата мапа на промените на населението за периодот од јули 2022 до јули 2023 година, врз основа на податоците на Обединетите нации од Извештајот за светската популација 2024, кој неодамна беше ажуриран и анализиран ...
Македонија ќе добие повластени тарифи од САД за над 60 стратешки производи, важни за нас – најави премиерот Мицкоски. Тој рече дека тарифата ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти. „Очекувам некаде околу 63, 64 производи, кои за нас се стратешки, да бидат со повластена тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти“ – изјави денеска премиерот Мицкоски. Ова следува по преговорите меѓу властите во Скопје и ...
Околу 40-тина тони медицинска марихуана заплени македонското Министерство за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал. Марихуаната е запленета на повеќе локации во Скопје и струмичко. Станува збор за лиценцирани производители на медицински канабис, кои опојната дрога незаконски ја складирале и пуштале во промет. Во Скопје, запленети се 10 тони марихуана од компанијата „Алфалаб“. На ваквиот ...
Синдикалците денеска излегоа на протест пред Стопанската комора и Организацијата на работодавачи на две места по 21 човек, поради, како што велат, дека ги следат, ги заокружуваат и им се закануваат да не дојдат на протест. Според Слободан Трендафилов од ССМ, газдите со незголемувањето на платите избркаа цели семејства во странство. Обвини дека газдите се слепи послушници на Владата и потенцира дека Владата не им е пријател. -Истите газди кои ...
Платите значително варираат низ европските земји, а контрастот е особено изразен помеѓу Источна и Западна Европа. Додека некои работници во Европа заработуваат плати споредливи со оние во Соединетите Американски Држави, други заработуваат помалку од 20.000 евра (околу 23.700 долари) годишно, што укажува на голем јаз во приходите во рамките на европската економија. Податоците ја прикажуваат просечната годишна плата со полно работно време во ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднел оставка. Со писмо до претседателот на Собранието информирал дека се повлекува од функцијата, на која првпат беше избран во јуни 2018 година. Оставката доаѓа две недели по кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба. Според пријавата, тој наводно не ја одзел навреме ...
Русија се обиде „целосно да го блокира“ WhatsApp на Meta Platforms во земјата, изјави портпарол на компанијата за Ројтерс во средата. Москва сè повеќе го охрабрува користењето на локалните платформи и бара поголема контрола врз својот интернет. Спорот со странските технолошки добавувачи се интензивираше по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Руските власти се обидуваат да наметнат конкурентска апликација поддржана од ...
Претседателот Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се сретнаа вчера во Анкара, каде што на заедничка прес-конференција изјавија дека споровите се сложени, но дека остануваат посветени на дијалогот. За време на заедничката прес-конференција во Анкара, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нагласи дека Турција и Грција се посветени на зајакнување на дијалогот и соработката, бидејќи двете земји се стремат да влезат во ...
Профитот на германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz речиси преполовен во 2025 година, бидејќи царините, валутните проблеми и интензивната конкуренција во Кина влијаеја врз резултатите, соопшти компанијата во четврток. Нето добивката се намали за околу 49% на 5,3 милијарди евра (6,3 милијарди долари) од 10,4 милијарди евра една година претходно. Приходите се намалија за 9% на 132,2 милијарди евра, додека заработката пред камати и ...
Именувањето на „Диела“ за прв министер создаден од вештачка интелигенција минатата есен привлече меѓународно внимание како иновација и обид за борба против корупцијата, но шест месеци подоцна, актерката Анила Биша, чиј лик и глас беа искористени за „оживување на Диела“, поднесе тужба, барајќи суспензија на министерката. Биша тврди дека нејзиното право да го користи нејзиниот лик и глас е прекршено, бидејќи нејзиниот договор дозволувал ...
Новата верзија на автомобилот Xiaomi SU7 беше фотографирана во салон, што го означува неговото прво јавно појавување на интернет. Официјално се отворени и преднарачките за овој модел, кој доаѓа во три верзии, по проценета цена од 229.900 јуани (околу 27.600 евра) до 309.900 јуани (околу 37.300 евра). Се очекува да пристигне на кинескиот пазар во март. Предниот дел на SU7 е редизајниран – решетката на ладилникот доби освежен изглед, а во ...