Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за предметот „Талир 2“ дури откако ќе ја добие и детално ќе ја анализира писмената верзија на судската одлука, рече државниот јавен обвинител Ненад Савески. Во одговор на новинарско прашање зошто Обвинителство не најави жалба, како што е практика при сите ослободителни пресуди, рече оти тој не бил лично присутен на усното образложение во судницата. „Не можам да ви ...
Центарот за светско наследство на УНЕСКО предлага Охрид и неговото културно наследство да биде ставен на листата на светско наследство во опасност. Тие сметаат дека заканите за исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион сè уште не се отстранети. Конечната одлука за овој предлог ќе биде донесена на сесијата на Комитетот за светско наследство која ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан, Јужна Кореја. Комитетот може да ја усвои ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека правосилно е завршен предметот „Тотал“, во кој обвинет беше новинарот Драган Павловиќ – Латас, откако надлежниот јавен обвинител во целост се откажал од обвинителниот акт. Како што информира Судот, на 27 мај 2026 година е донесена пресуда со која се одбива обвинението, бидејќи обвинителството се откажало од понатамошното гонење. Драган Павловиќ – Латас и уште три фирми од Скопје се гонеаа ...
Недонесувањето на новиот Изборен законик е јасен доказ дека СДСМ, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, исклучиво заради сопствени политички калкулации, велат от ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое воедно ја обвинија опозицијата за директна опструкција на државните интереси. Оттаму велат дека Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку клучен реформски процес неопходен за усогласување ...
Професорот Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија. Наумовски оставката ја доставил до Собранието. Од законодавниот дом потврдија дека оставката е депонирана и архивирана од собраниските служби. Неофицијално, според информации од Собранието, оставката на уставниот судија Гоце Наумовски е неотповиклива, а во образложението тој навел дека ја поднесува од професионални и лични причини. Од ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ослободителната пресуда за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никол Груевски е поради измените на Кривичниот законик направени од СДСМ и ДУИ. Измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за службените лица, што отвори пат за побрзо застарување на кривичните дела на функционерите, беа донесени на 6 септември 2023, за само два дена расправа во Собранието. Измените беа донесени во ...
Конкурентноста, вредностите и безбедноста ќе бидат трите столба на ирското претседателство со Советот на Европската Унија во втората половина на 2026 година, при што проширувањето останува меѓу приоритетите на Даблин, а Македонија може да смета на ирска поддршка на патот кон членството во ЕУ. Ова беа дел од заклучоците на aмбасадорот на Ирска за Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард, кој во Собранието денеска ја претстави ...
Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик, за што рокот истекува денеска, но, сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. „Нека се договорат за неговата содржина, во која ќе е вклучено и гласањето на дијаспората, и тој веднаш ќе биде усвоен“, порача Мицкоски. Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од активните доброволни противпожарни друштва во Македонија ќе можат организирано да се вклучуваат во гаснењето пожари на отворен простор во текот на летната сезона, како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Доброволците беа построени во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што ДЗС ја утврдуваше реалната бројка на обучени лица што можат да бидат мобилизирани при поголеми ...
Како што соопшти Царинската управа, против возачот е поднесена кривична пријава за кривично дело криумчарење, а вијалите се запленети. Станува збор за косовски државјанин, вработен како возач во транспортна компанија од Косово, кој превезувал алуминиумски профили на релација Турција – Косово. Возилото било запрено за контрола од мобилен тим на граничниот премин Деве Баир. Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување освен ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Делото „Македонците во светот“ (2020), е издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, издадена во 2020 на 520 страници (на македонски јазик), чиј автор е публицистот Славе Катин, а рецензенти се Д-р. Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европа и м-р Душан Ристевски од Австралија. Делото претставува значајна и своe-видна ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија, в недела, ќе се бори за титулата на 23-то Светско првенство. Шпанците вечерва, во Далас, им одржаа час по фудбал на најголемите фаворити на првенството, Французите, славеа со 2:0 (1:0). Стрелци на головите беа Микел Ојерзабал од пенал и Педро Поро. Шпанија е светска сила, тоа го знаеја сите, а вечерва на своја кожа го почувствуваа Французите. Тактички, момците на Луис де ла Фуенте, одиграа перфектен ...
Херојски 120 минути на актуелниот шампион на Македонија, Вардар кој што на реванш дуелот во Финска, против тимот на КуПС во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, успеа да победи со 2:3, но не и да обезбеди пласман понатаму поради поразот од Скопје со 0:2. Одличното издание на „црвено – црните“ во Куопио вечерва е „поништено“ со оној ужасен пораз во Скопје кој што го чини нашиот шампион второ коло во квалификациите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД и Иран вчера постигнале договор, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна со напад со дрон врз брод. Во интервју за емисијата „Запознајте го печатот“ на американската телевизија Ен-би-си, Трамп изјави дека Иран се согласил на договор со кој, според него, се откажал од сите спорни прашања. „Имавме состаноци со нив… тие вчера се согласија на договор – совршен договор за нас, без ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути. Мечот беше изедначен, а двете тенисерки кои добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ ...
Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло Малдини и Леонардо веќе некое време активно работи на разгледување опции за селекторската позиција, а Пирло се спомнува како главен кандидат за истата. Освен Андреа Пирло, како кандидати се спомнуваат и Пеп Гвардиола, Антонио Конте и ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Историскиот роман „Александар III Македонски (Велики)“ (2019) од Улрих Вилкен, чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски, е луксузно издание на Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Тоа е отпечатено на македонски јазик, на 540 страници и претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за ...
Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој случај МЕНЕ!, објави Трамп на сопствената социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). 1.000 ракети се подготвени за лансирање и вперени кон Исламската ...
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. „Иако беа направени измени на обвинението ...
Од денеска тргнаа и патничките возови од и за Битола. Ќе сообраќаат два од трите предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници. „По завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од станицата Бакарно Гумно до товариште Никола Карев, од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје-Битола и Битола-Скопје“, соопштија од МЖ Инфраструктура. Во пракса ќе возат патничките возови кои од Скопје тргнуваат ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески кој се гони за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, во периодот од јули 2021 до март 2024 година, обвинетиот без законски основ за себе и за повеќе вработени потпишувал решенија и патни налози ...
Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ. Вредност на реализирани онлајн трансакции Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355 милиони денари, односно ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева дека денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. „Јас навистина се надевам дека денеска, затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии, компромисот ќе биде постигнат имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Собранието со 69 гласа „за“ ги избра осумтемина нови министри во реконструираната Влада на премиерот Христијан Мицкоски. Нов министер за здравство е Сашо Клековски, ресорот социјална политика, демографија и млади го презеде Ѓоко Велковски, за правда е избран Јетон Шасивари, за култура и туризам Седат Сулејмани, за земјоделство Борче Серафимовски, за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, за односи меѓу заедниците Агон Ферати, додека Ерџан Демир ...
Ако Европската Унија не може да гарантира дека во текот на преговорите нема да се појават нови спорови и условувања, Македонија треба сама да си постави заштитни механизми. Ова е предлогот на Александар Кржаловски, директор на невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој оценува дека е повеќе од јасно оти Брисел нема да попушти, па решението треба да се бара дома, преку таканаречени „внатрешни гаранции“. Ваквиот предлог ...
Жената против која се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“ и на која Основниот суд во Кратово ѝ изрекол мерка на претпазливост со забрана за посетување на заштитениот локалитет, повторно била затекната таму на 11 јули. Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициската интервенција следувала по пријава од посетителка која навела дека на домашни и ...
Осумнаесет возила, од кои две специјално опремени за следење, доби Инспекторатот за транспорт од Европската Унија. Донацијата, што денеска лично евроамбсадорот Михалис Рокас му ја предаде на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е вредна 700 илјади евра. За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка што ќе овозможи инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) (2018), е 58 дело на авторот чиј рецензенти се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо од Белград и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски од САД, е публикацијата на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски’ од Прилеп. Таа е отпечатена на англиски јазик, на 432 страници, во која е запишано ...
Македонските атлетичари забележаа одлични настапи на Балканското првенство за младинци под 20 години, кое викендов се одржа во Крајова, Романија. Нашите атлетичари се враќаат со освоен сребрен медал, како и два нови младински национални рекорди и голем број лични рекорди. Женската штафета на 4х100 метри го освои сребрениот медал и постави нов младински национален рекорд со време од 48.95 секунди. Штафетата настапи во состав: Ева Митевска, ...
Јаник Синер ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Во финалето, по речиси четири часа игра, Синер го победи Алкесандар Зверев со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:4). Јаник Синер втор пат по ред го освои Вимблдон, вкупно ја освои петата Гренд слем титула. Зверев остана една, онаа што ја освои пред еден месец на Ролан Гарос. Финалниот меч донесе брилијантен тенис, особено во првите два сета, кога тенисерите го чуваа својот сервис. ...