На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. Финалето ...

Македонската машка младинска кошаркарска репрезентација (У20) оствари убедлив триумф на Европското првенство Дивизија Б во Братислава. Нашите кошаркари ја згазија селекцијата на Грузија со конечен резултат 97:62 во првиот дуел од разигрувањето. Избраниците на селекторот Никола Велев уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и игра. По првата четвртина Македонија имаше предност од 22:16. Одличниот колективен пристап во играта донесе ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата „Семејството Видиновски“ (2020)“ е дело на “Македонска искрa“, на 440 страници на, македонски и англиски јази, во кое авторот Славе Катин ја презентира животната приказна на семејството Видиновски. Таа е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во Торонто – Канада, но и во пошироките простори на северноамериканскиот континент. Рада и Борче ...

Доналд Трамп синоќа се закани дека САД ќе ги прошират нападите врз Иран следната недела и ќе ги таргетираат електраните и мостовите доколку Техеран не се согласи на договор, пренесува „Гардијан“. „Следната недела за нив работите стануваат навистина лоши, бидејќи следната недела доаѓаат електраните. Следната недела доаѓаат мостовите. Ќе ги уништиме сите нивни електрани. Ќе ги уништиме сите нивни мостови, освен ако не седнат на маса и не ...

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен ...

Годинава конечно заврши проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој што е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Лани и годинава се работеше на конструктивното зајакнување, како и тонирањето и враќање на елементите кои беа отпаднати ...

Пет пожари на отворен простор биле регистрирани низ Македонија во текот на денот до 13 часот, а три од нив и понатаму се активни, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селото Желино, во општина Желино, каде гори ниска вегетација, како и пожарот кај патарината кон Гостивар, на територија на општина Боговиње, каде исто така е зафатена ниска вегетација. Третото активно огнено жариште е во општина Крива ...

„Клучниот момент за евроинтегративниот процес на земјава е 30 септември, кога Европската комисија првпат ќе излезе со извештај за новата стратегија за проширувањето“, изјави вчера претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за „Канал 5“ таа оцени дека постои нов политички замав во Унијата, но предупреди дека уставните измени сами по себе не се гаранција дека земјата нема повторно да се соочи со нови пречки на патот кон членството, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обиде да ги релативизира оцените на Европската комисија за владеењето на правото во Македонија објавени вчера, при што наспроти констатациите за мешањето и притисокот врз правосудството од страна на политичари и институции, тој рече дека ќе продолжи со критики и со барање да се испорачаат резултати, како и дека судството нема да добие повеќе пари, што исто така се нотира во извештајот на ЕК. Според ...

Во последните 24 часа во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се примени 260 лица, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Сашо Клековски по неговата денешна посета на оваа здравствена установа. Клековски додаде дека во моментот кога тој бил во болницата, имало седум пациенти на детскиот оддел и 20 на инфективниот. Станува збор за пациенти со стомачни проблеми, ...

Шпанската репрезентација доби добра вест пред големото финале на Светското првенство против Аргентина. Ламин Јамал и Педро Поро би требало навреме да се опорават од повредите добиени во полуфиналето со Франција. Младиот ас на Барселона ги загрижи навивачите кога по еден дуел со Килијан Мбапе беше забележан како се држи за бутниот мускул. Поради непријатностите, Јамал денеска не тренирал со остатокот од репрезентацијата. Освен него, од ...

Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига. Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија). Иако во првиот натпревар на гостувањето и тоа во Бугарија, Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена. Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „Преспанска разгледница“, (2020), „Македонска искра“. Скопје, на 340 страници на македонски јазик на Славе Катин е 60. дело, почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес. Во книгата се објавени седумдесетина репортажи од доживувањата, активностите, историските податоци, ...

Планот на претседателот Доналд Трамп да воведе такса од 20% за товар што минува низ Ормутскиот теснец го загрозува глобалното снабдување со нафта, особено ако обновените борби повторно го затворат клучниот воден пат. Најавувајќи го враќањето на поморските блокади на иранските пристаништа, Трамп изјави дека САД ќе наплаќаат 20% данок за целиот товар низ Хормуз како „Чувари на теснецот“, менувајќи го сценариото според сопствените барања за ...

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината, пишува порталот Екс-ју авиејшн. Како што посочуваат, ...

Новиот извештај за владеење на правото на ЕК нотира – мешање и притисок врз судството од претставници на власта, измените на Кривичниот законик, постапката за разрешување на поранешниот јавен обвинител, висока корупција во јавните набавки и здравството. Во документот од Брисел стои дека независноста на судството и автономијата на јавносто обвинителство се поткопани поради недоволните буџетски средства, а функционери на владата ја заслиле ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека воведувањето една изборна единица е добро решение за државата, бидејќи на тој начин секој глас би имал еднаква тежина. Таа во интервју за телевизија „Канал 5“ посочи дека иако ваквиот модел е редок во Европа, сепак може да придонесе за пофер изборен процес. „Иако е ретко решение и го има во две или три држави, сепак добро е да го има и кај нас затоа што во различни изборни единици со ...

Заматена и кафена вода што деновиве тече од чешмите во Гостивар го вклучи алармот кај институциите, особено откако болницата во градот беше преплавена со граѓани кои се пожалиле на дијареја, повраќање, болки во стомакот и покачена температура. Во само неколку дена, повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за користење на водата од градскиот водовод сè до добивањето на резултатите ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на ...

Реставрирани се уште две скапоцени дела од Бигорската ризница, со што заокружена е реставрацијата и конзервацијата на четирите литијни крстови од богатата манастирска ризница. По тој повод во посета на Бигорската свештена обител беа директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски со своите соработници Јехона Спахиу – Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор и Невенка Величковска, сликар – советник ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Делото „Праисторија на Централниот Балкан“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана“. Потоа истото дело под наслов “The Balkans and Macedonia” од Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто, е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2014, ...

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години ја оствари и втората победа на Европското првенство од Б дивизијата, кое се одржува во Словачка. Со голем пресврт во второто полувреме, вечерва нашите млади кошаркари дојдоа до победа од 67:57. Во првиот дел видовме многу подобра партија на Азербејџасн, кој во првиот период направи разлика од 25:16, ние се вративме за момент во вториот период, но главната ...

Аргентина ќе ја брани титулата светски шампион! „Гаучосите“ со голем пресврт ја совладаа Англија со 2-1 во полуфиналето на Светското првенство и обезбедија место во големото финале. Дуелот на „Мерцедес-Бенц стадион“ во Атланта не понуди речиси ништо во првото полувреме, но затоа возбудувањата пристигнаа по паузата. Англија прва дојде до водство, но одлуката на Томас Тухел да го повлече својот тим во дефанзива на крајот скапо го чинеше. Во ...

Американските и иранските сили разменија напади со ракети и беспилотни летала, при што Иран ги таргетираше американските воени објекти во државите во Заливот и објави дека повторно го затворил Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги цените на нафтата. Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американски воени бази во Бахреин и Кувајт, уништила радарски системи во Оман и нападнала резервоари за гориво и складишта за муниција во ...

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопшти, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде ...

Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за предметот „Талир 2“ дури откако ќе ја добие и детално ќе ја анализира писмената верзија на судската одлука, рече државниот јавен обвинител Ненад Савески. Во одговор на новинарско прашање зошто Обвинителство не најави жалба, како што е практика при сите ослободителни пресуди, рече оти тој не бил лично присутен на усното образложение во судницата. „Не можам да ви ...

Центарот за светско наследство на УНЕСКО предлага Охрид и неговото културно наследство да биде ставен на листата на светско наследство во опасност. Тие сметаат дека заканите за исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион сè уште не се отстранети. Конечната одлука за овој предлог ќе биде донесена на сесијата на Комитетот за светско наследство која ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан, Јужна Кореја. Комитетот може да ја усвои ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека правосилно е завршен предметот „Тотал“, во кој обвинет беше новинарот Драган Павловиќ – Латас, откако надлежниот јавен обвинител во целост се откажал од обвинителниот акт. Како што информира Судот, на 27 мај 2026 година е донесена пресуда со која се одбива обвинението, бидејќи обвинителството се откажало од понатамошното гонење. Драган Павловиќ – Латас и уште три фирми од Скопје се гонеаа ...

Недонесувањето на новиот Изборен законик е јасен доказ дека СДСМ, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, исклучиво заради сопствени политички калкулации, велат от ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое воедно ја обвинија опозицијата за директна опструкција на државните интереси. Оттаму велат дека Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку клучен реформски процес неопходен за усогласување ...

Професорот Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија. Наумовски оставката ја доставил до Собранието. Од законодавниот дом потврдија дека оставката е депонирана и архивирана од собраниските служби. Неофицијално, според информации од Собранието, оставката на уставниот судија Гоце Наумовски е неотповиклива, а во образложението тој навел дека ја поднесува од професионални и лични причини. Од ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
62%
1028
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.43
70%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
61%
1029
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.13
65%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
92%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Калај

46.54

Сребро

1666.05

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25