Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за нови преговори за ставање крај на конфликтот. Американските сили пресретнале повеќе ирански балистички ракети и беспилотни летала лансирани кон Ормутскиот теснец. Техеран истрела балистички ракети кон Кувајт и Бахреин, додека американската армија последователно погодила крајбрежни локации во Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сè уште поседува воени ...

Владата ќе ја следи состојбата во текот на овој месец, а потоа ако има потреба ќе носи економски таргет мерки за намалување на инфлацијата. Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекуваат економски мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација која на годишно ниво е 4,8 отсто. Според Мицкоски, состојбата будно се следи и се разгледуваат мерки. Тој вели дека просечната инфлација е ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти. „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа. „Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува неформалниот документ што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури откако ќе има официјален документ. „Мојата оценка е дека кога ќе видиме ‘пејпер’, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во 1998 година, во коавторство со Фиданка Танаскова ја објавивме Монографијата за „Македонскиот клуб „Илинден 1903″ од Хамбург“, (1997), на 86 страници, на македонски, по повод дваесетгодишнината од неговото формирање, во издание на „Македонска искра” од Скопје. По тој повод, претседателот на Клубот Никола Грујовски, во воведот истакнува: „Германија како наша втора татковина ни овозможи нам на ...

Најголемата, најтешката и најдолго чеканата спортска агонија во модерниот тенис конечно заврши попладнево на култниот терен „Филип Шатрие“. Германецот Александар Зверев успеа да ги скрши синџирите на минатото, ги победи сопствените демони од претходните три неуспешни обиди и по епска битка во пет сета ја сопре италијанската сензација Флавио Коболи за да го подигне својот прв, историски грен слем трофеј во кариерата. Во дуел кој траеше нешто ...

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе продолжува да бележи одлични резултати на меѓународната сцена. На трката во Штернберк, Чешка, која е дел од Европскиот шампионат на ридски патеки, тој успеа да се искачи на победничкиот подиум и да го освои третото место. Стефановски уште еднаш покажа врвна подготвеност и голема борбеност на патеката, натпреварувајќи се со некои од најдобрите европски возачи. Во силна конкуренција, македонскиот ...

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО, објави „Еуроњуз“. „Според мене, тоа не е само бесмислица, туку намерна провокација осмислена да создаде закана која всушност не постои и да ги натера граѓаните на нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Путин на состанок со претставници на меѓународни новински агенции во Санкт Петербург. Рускиот ...

На годишното собрание на Eвропската слободна алијанса (European Free Alliance) едногласно беше усвоена Декларација со која се бара Бугарија да се извини за сите злосторства нанесени на македонското малцинство за време на комунистичкото владеење. Во Декларацијата се бара и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со почитување на правото за регистрација на македонски организации во Бугарија. Европската ...

Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво, соопшти партијата. „Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и ...

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот, се вели во ...

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. „За ...

Реализацијата на „Чебрен“ и на „Галиште“ претставува стратешки приоритет не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за неговата вчерашна изјава дека се размислува државата самостојно да го реализира овој хидроенергетски проект, чија инвестиција би изнесувала до 1,5 милијарда евра. Оцени дека покрај енергетскиот аспект во проектот, особено ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ За егзодусот на Македонците, раселени на сите континенти и нивната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален идентитет, се зборува во публикацијата „Македонски иселенички панопти–кум” (1996), чиј издавач е„Друштво за наука и уметност, Битола“, на 296 страници на македонски јазик. Рецензенти на делото се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Петре Георгиевска, а во ...

Како резултат на разговорите предводени од Соединетите Американски Држави, Израел и Либан се согласија да спроведат прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент. Израел и Либан, исто така, се согласија да работат на создавање пилот-зони во кои либанските вооружени сили би преземале ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери, се вели во соопштението. Овие чекори ќе го олеснат напредокот кон сеопфатен ...

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без ...

Граѓани повторно реагираат дека на локалитетот „Камени кукли“ во Куклица, Кратовско, се наплаќа влез без јасен правен основ и без институционална контрола. Според сведоштвата објавени на социјалните мрежи и пренесени од Плусинфо, посетители тврдат дека биле спречувани да влезат во локалитетот или им биле барани пари за пристап до еден од најпознатите природни феномени во Македонија. Во објавите што ја отворија реакцијата, граѓани тврдат дека ...

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата, балансирајќи меѓу краткорочен ангажман во Кувајт Клуб и сериозни понуди од европски гиганти како Фуксе Берлин, ПИК Сегед и домашниот Охрид, што ќе ја дефинира неговата натамошна професионална патека. Филип Кузмановски моментално настапува за Кувајт Клуб на Азиското клупско првенство, каде што веќе ја потврди својата индивидуална класа. Со постигнати пет гола ...

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва Гренд-слем титула на Ролан Гарос. Андреева во големото финале во Париз ја совлада полската сензација Маја Хвалинска со убедливи 6:3 и 6:2. Руската тинејџерка прикажа моќна игра на теренот „Филип Шатрие“ и го заврши мечот за само еден час и 22 минути. Натпреварот започна нервозно со четири последователни брејкови на двете страни, по што Полјачката поведе со 3:2 во првиот ...

Германскиот тенисер Александар Зверев уште еднаш покажа дека црвената земја во Париз е негов природен терен. Во првото машко полуфинале на теренот „Филип Шатрие“, третиот светски рекет успеа да го сопре налетот на младата чешка сензација Јакуб Меншик и по голема борба триумфираше со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Со оваа голема победа, Зверев во недела повторно ќе го нападне престижниот трофеј и ќе се обиде конечно да го скрши своето Грен слем ...

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship), откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите. View this post on Instagram A post shared by BKFC (@bareknucklefc) Македонскиот борец доминираше во текот на целиот меч и во неколку наврати го испрати противникот во нокдаун, но Тељо успеа да издржи до крајот на борбата. За Славески ова беше деветти настап во кариерата и осма ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Третото мое лексикографско дело во коавторство со Илинка Дракулевска-Грубовиќ и Никола Јордановски е „English-Macedonian veterinarian dictionary” „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“ (1996), издание на „Матица македонска“, Скопје, кое е објавено на 296 страници. Рецензенти на ова лексикографско дело се: д-р Цветан Мицевски, д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски. Овој речник е прва ...

САД и Иран разменија нови ракети и напади со беспилотни летала, дополнително загрозувајќи ги напорите на Вашингтон да обезбеди нов договор за прекин на огнот со Техеран, пренесува Гардијан. Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец во вторник, а подоцна изјавиле дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на ...

Лиценците издадени од државните институции наскоро ќе можат да се проверуваат за само неколку секунди преку QR код, без хартиени документи, фотокопии и дополнителна административна постапка. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го промовираше системот SMART лиценци – целосно електронско решение за издавање, проверка и јавно следење на лиценци. Според Андоновски, со едно скенирање граѓаните, компаниите и ...

И овој состанок помина на вообичаен начин – без резултати. Вака бугарски членови на Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, го искоментираа последниот состанок во Скопје, пренесува БТА. Спотед БТА, членовите од македонскиот дел од комисијата одбиле да го усвојат текстот на препораката за претставување на Охридската архиепископија во учебниците за 7 одделение во Македонија, ...

Денес започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година. Вкупно 14.587 матуранти се пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот. Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Калај

56.77

Родиум

278103.96