Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Битолски Еурофарм Пелистер е првиот тим кој обезбеди виза за „Фајнал-фор“ турнирот во Купот на Македонија. Избраниците на битолскиот состав славеа во финалната пресметка од четвртфиналната група против Прилеп со 30-28, во натпревар кој до последната минута ги држеше во неизвесност домашните навивачи. Прилепчани го мачеа фаворитот цел меч Иако Пелистер влезе како апсолутен фаворит, ракометарите на Прилеп одиграа храбро и тактички ...
Екипата на Барселона ја врати предноста од четири бода на врвот на табелата во Ла Лига, откако со минимални 1-0 славеше на жешкото гостување кај Атлетик Билбао. Херој на вечерта повторно беше тинејџерската сензација Ламин Јамал, кој со својот 19-ти гол во сезоната ги донесе трите бода во натпревар во кој избраниците на Ханси Флик мораа сериозно да се помачат за победата. „Лавовите“ доминираа, среќата ја чуваше Барселона Атлетик Билбао одигра ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет потврди дека САД потопиле ирански воен брод во Индискиот Океан. Хегсет не го кажа името на бродот, но морнарицата на Шри Ланка објави дека иранскиот брод „ИРИС Дена“ потонал во Индискиот Океан и дека притоа загинале најмалку 80 луѓе. „Бродот мислеше дека е безбеден во меѓународните води. Место тоа, беше потопен со торпедо од подморница“, кажа Хегсет. На бродот, кој бил еден од најновите во ...
Министерство за внатрешни работи во последните две недели поднело 21 кривична пријава за сторени вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, од кои шест се поднесени по брза постапка. Во истиот период, на подрачјето на СВР Скопје се поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три за кривичното дело „загрозување на сигурноста“, а две за „демнење“. Како што информираат од МВР, во овие случаи се изречени пет ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја. Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого ...
Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постои или дека постоел договор меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакна дека британската влада ниту водела преговори со македонските власти на оваа тема, ниту пак има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за Владата во Скопје. „Таков договор не постои и никогаш не постоел“, нагласи ...
Адвокатот Тони Менкиноски денеска ја информираше јавноста дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од 10 години. Одлуката му била врачена на 6 март 2026 година, при обид да влезе во земјата преку граничниот премин Златарево. Во образложението е наведено дека тој наводно претставува закана за националната безбедност на Бугарија. Според адвокатот, решението е донесено без конкретно образложение и без ...
В понеделник, на 9 март, претставниците на македонската заедница во Мелбурн (Австралија) на парадата на фестивалот „Мумба“ ќе настапат со државното знаме на Македонија, но и со знамето со сонцето од Кутлеш, кое го сметаат за етнички симбол на Македонците. Имено, годинава, организаторот на парадата Мумба, Градот Мелбурн им наложил со директива на македонските учесници да го користат исклучиво државното знаме на Македонија. Сепак, како што ...
Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар, вчера успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина. По добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, информираат од МВР. Во тешки услови и на непристапен терен тие успеале ...
Фудбалерите на Наполи го совладаа Торино со 2:1, во првиот натпревар од 28-то коло во Серија А. Вториот гол за Наполитанците го постигна македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Наполи успеа да врзе две победи во Серија А и да се зацврсти на третото место на табелата. Победата над Торино, екипа која е во ужасна форма, ја најави позајмениот играч на Спортинг Лисабон, Алисон Сантос во седмата минута. За Сантос ова е втор гол во дресот на ...
Словенечката натпреварувачка во ски скокови Ника Превц го освои својот трет последователен Кристален глобус наменет за најдобрата во Светскиот куп, откако славеше во Лахти, Финска. Превц, која го слави својот 21 роденден за 10 дена, го забележа својот 15 триумф оваа сезона и својот 37 победа вкупно во кариерата. Таа славеше во Лахти со скокови од 128,5 и 124,5 метри, соодветно, со 296,7 поени, со што ја обезбеди вкупната победа на Светскиот ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона и новата ера на Формула 1. Австралиецот го забележа најбрзиот круг на патеката „Алберт Парк“ со време од 1:29.729 минути, со предност од 214 илјадити делови од секундата пред Андреа Кими Антонели во Мерцедес. Најблиску до нив двајца беше тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, кој беше 32 стотинки ...
Иранската новинска агенција Тасним објави дека повеќе од 40 американски војници се убиени во комбиниран напад со беспилотни летала и ракети извршен од морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) врз локација каде што се собирала американската војска во Дубаи. „Нападот е извршен кога на локацијата биле присутни повеќе од 160 вооружени терористи“, тврди Тасним, повикувајќи се на Сепах њуз. Според извештаите од терен, повеќе од 40 лица ...
Австралија денес објави дека нема да учествува во воени операции во Иран и ја исклучи можноста за распоредување трупи на Блискиот Исток во случај на ескалација на кризата, бидејќи Израел изврши нови напади врз Техеран, а Иран одговори со повеќе ракетни напади, пренесува Ројтерс. Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг јасно стави до знаење дека Канбера нема да се вмеша. „Австралија нема централна позиција за прашањата на ...
Уставните измени се клучен предуслов за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската Унија, изјави европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц, во интервју за БГНЕС. Тој нагласи дека барањето не подлежи на преговори и дека исполнувањето на критериумите е неопходно за продолжување на пристапниот процес. Вајц посочи дека првиот нацрт на Извештајот е подготвен и сега започнува процесот на поднесување амандмани, кој се ...
Дали и колку пари Филипче и Заев земале за продажбата на името, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. – Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај. И тоа е сосем легитимно ...
Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ја прифатил апликацијата на нејзиниот лидер Димитар Апасиев поднесена против државата, а која се однесува на одлука донесена од Собранието додека негов претседател беше Талат Џафери. Како што потсетуваат и од партијата, станува збор за правниот спор што претседателот на Левица го водеше и пред домашните судови против поранешниот претседател на ...
Во страв и паника дека ќе останат без нафта за своите дизел возила или дека таа вртоглаво ќе поскапи, возачите во последните неколку дена ги полнат резерворите на автомобилите. Во синоќешната обиколка што МКД.мк ја направи низ бензинските пумпи во Скопје забележавме гужви, но и многу граѓани кои носеа канти за гориво и бараа да им се точи дополнителна количина на нафта. Дел од граѓаните ни одговорија дека на одредени бензински пумпи не им ...
Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие ...
Американската војска потврди дека три американски борбени авиони биле соборени во Кувајт за време на операцијата „Епски бес“, но дека инцидентите се резултат на „пријателски оган“. Централната команда соопшти дека трите авиони „Ф-15Е“ биле погодени по грешка од кувајтската противвоздушна одбрана. „Сите шестмина членови на екипажите навреме се катапултирале, тие се на безбедно и во стабилна состојба. Причината за инцидентот се истражува“, ...
Киро Глигоров, широко познат како „Старата лисица на Балканот“, останува една од најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција. Документи што неодамна се декласифицирани од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА – го потврдуваат овој епитет, откривајќи ја неговата внимателна дипломатска игра во раните 1990-ти години, пренесува албанската новинска агенција ИНА. Според документ на ЦИА од ноември 1992 ...
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека здравствениот систем во Македонија ќе премине на целосно електронско водење на медицинската документација. Според предложените измени на Законот за евиденциите од областа на здравството, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се чуваат дигитално, додека, пак, хартиената документација ќе се користи само исклучително, на пример при евентуален прекин на системот. Се воведува е-здравствено ...
Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас и ќе проверува дали има елементи на кривично дело во неправилностите што биле констатирани во Центарот за социјални работи во врска со жената која со своето дете падна од балкон во скопската населба Карпош. Како што соопштија денеска оттаму, предметот е отворен по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи. ...
Фудбалерите на Арсенал успеаја да дојдат до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Брајтон и на тој начин да го искористат неверојатниот кикс на Манчестер сити, па сега имаат +7 на врвот од Премиер лигата, но и натпревар повеќе од „граѓаните“. Херој на „топчиите“ беше Бакајо Сака, кој го постигна единствениот гол на мечот уште во деветтата минута. Манчестер сити двапати имаше водство пред својата публика против Нотингем Форест, но на ...
Уште едно одлично издание на македонскиот првак во Лигата на шампиони, овој пат против ѕвездениот тим на ПСЖ. Пелистер на последниот меч на домашен терен во групната фаза во ова натпреварување запиша реми против францискиот тим од 34-34. Дејан Манасков во финишот релизираше од контра-напад за голем бод и го фрли во очај противникот за кого бодовите се многу важни за следнат рунда. Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола беше лидер во редовите ...
Македонскиот ПМФЛ шампионат доби сосема нова димензија денеска затоа што во големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија денеска кое се одигра на комплексот Петар Милошевски во Скопје, актуелниот бранител на титулата победи со 0:1, и ги освин трите бода. Тоа значи дека сега разликата на табелата со сеуште лидерот Вардар е само еден боод и допрва ситуацијата ќе се комплицира до самиот крај , Шкендија денеска беше подобра за тој еден постигнат гол ...
PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the publication “The Macedonians in USA and Canada”, “Makedonska iskra”, Skopje, 2002, 1-380 (in Macedonian and English) by the author of this text, it is said that the Macedonian migration basically coincided with developments in the Balkans and it depended, even more, on the developments in Macedonia. As a result, the rate of moving away and going abroad to earn a living was ...
Граѓаните плаќаат, а квалитетот изостанува: здравството, транспортот и патиштата меѓу најголемите проблеми во земјата, покажува новото истражување од публикацијата „Квалитет на живот 9“ на Институтот за економски политики и истражувања Фајнанс тинк. Истражувањето открива силно незадоволство од јавните услуги, граѓаните се жалат дека плаќаат дополнително за здравство и образование, а како најважни за подобар живот ги издвојуваат работните ...
Судечкиот совет донесе решение дека не се прифаќа предлогот на бранителот на првообвинетиот и на сите останати бранители, за спојување на повеќето предмети поврзани со дискотеката „Пулс“, во која животот трагично го загубиија над 60 луѓе, во еден предмет. Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од ОЈО ГОКК, каде што ...
По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената. Долго се думав, дали има смисла да зборувам, по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траурна атмосфера по смртта на Ивана и Катја, Сизифовски напори да потсетувам на женската ...