Годинешната награда„Актерот на Европа“, му припадна на познатиот словеначки филмски и театарски актер и режисер, Нико Горшиќ, додека, пак, наградата„Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на Славе Катин за неговите постигнувања во публицистиката, науката, новинарството за неговиот повеќедецениски придонес во афирмацијата на Македонија во светот и неговата трајна поврзаност со Преспа, како и за афирмацијата на македонското иселеништво ширум ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе влезе во двата завршни меча во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска во Даблин. Македонскиот селектор, Жозеп Марија Берокал, е принуден да направи сериозни корекции во играчкиот тим за последните два меча во јулскиот последен циклус против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот во Даблин, каде што Македонија убедливо ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Mоногграфијата „Петар Стаматов“ (2010), чии автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов професор Методија Трајковски е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методој“ (УКИМ), Скопје, отпечатено на 192 страници, на македонски и на англиски јазик. Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, кои оставиле длабоки траги за ...

Измените на Изборниот законик повторно се претворија во една од најконтроверзните политички теми во земјата. Наместо да претставуваат резултат на широк политички и општествен консензус, реформите се најдоа во центарот на остар судир меѓу власта и опозицијата, со електронското гласање на дијаспората како клучна точка на несогласување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека воведувањето можност за електронско гласање за македонските ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Книгата “Macedonia in Anciant Times”„(Македонија во античко време“) (2010), од Антоније Шкокљев-Дончо од Белград и Славе Николовски-Катин од Скопје, во превод на Ристо Стефов од Торонто е 40 публикација, која е дело на „Македонска искра“, Скопје, на 346 страници на англиски јазик. Рецензенти се: Александар Донски и Одисеј Белчевски. Целта на пишувањето на оваа книга беше да ги оспори ...

билните врнежи од дожд и невремето во текот на денот зафатија повеќе делови од државата предизвикувајќи штети врз инфраструктурата, но и на приватни и јавни објекти. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале пријави од граѓани за поплави, паднати дрвја и блокирани патишта, по што сите надлежни институции излегле на терен за санирање на состојбата. Оттаму велат дека ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, вели дека нуклеарните инспекции на иранските постројки за збогатување ќе се случат и покрај притисокот од Техеран. Гроси се повикува на потпишаниот меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, спротивставувајќи се на тврдењето на Техеран дека бомбардираните постројки за збогатување се забранети за инспекторите. Тој вели дека меморандумот не остава простор за ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да замине на издржување на затворската казна, иако според упатниот акт требаше на 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Причината за одложувањето е барањето што Јакимовски го поднел на 12 јуни, во кое побарал одложување на извршувањето на казната поради здравствената состојба. Судијата за извршување санкции побарал дополнителни информации од две приватни ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис откако за првпат во кариерата обезбеди пласман во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која преку квалификациите успеала да се избори за место во главниот жреб на Вимблдон, остварувајќи еден од најголемите резултати во својата кариера. Патот до главниот турнир ...

Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон. Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар во нејзината кариера – прв настап на еден Гренд слем, и тоа на терените на Вимблдон, а и покрај поразот доби огромна поддршка од цела земја. Со овој настап таа испиша историја во домашниот тенис, како прва Македонка што играла на еден Гренд слем (иако низ годините многупати ...

Во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото. Ова е предвидено доколку биде затекнато малолетно лице како управува електричен тротинет, потоа ако е пречекорена дозволената брзина, ако на тротинетот се превезува и друго лице, како и возење под дејство на алкохол. Измените на Законот беа донесени со двојно мнозинство, односно од пратениците во Собранието „за“ гласаа 64 пратеници, додека според Бадентер, ...

Иван Трпоски Голем успех на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј КЛЕОПАТРА ОД КРАВАРИ-ПРЕСТАВА ЗА САМОИСПИТУВАЊЕ НА СЛАБОСТИ Австралиско македонскиот театар од Сиднеј на сцена го постави најновото драмско дело од Душан Ристевски, комедијата „Клеопатра од Кравари“. Македонците имаа можност оваа фантастична изведба да ја видат во населбата Рогдаел на 8 и 9 мај во Културниот центар „Илинден“, во населбата Бенкстеон во Полскиот клуб на 10 ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да блеска во квалификациите за Вимблдон и се наоѓа на само еден чекор од пласман во главната жрепка на најпрестижниот турнир на тревната подлога. Тетовчанката успешно ја мина и втората квалификациска рунда, откако по голема борба ја совлада Франсиска Жорже со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1). Ѓорческа го загуби првиот сет, но потоа одигра извонредно во продолжението на мечот. Во вториот и ...

Фудбалската репрезентација на Швајцарија го освои првото место во групата Б и обезбеди пласман во нокау-фазата на Светското првенство, откако во Ванкувер ја совлада домашната селекција на Канада со 2-1. Канаѓаните исто така патуваат во следната фаза како второпласирани, а голема радост и за навивачите за БиХ, со оглед дека Един Џеко и соиграчите славеа против Катар со 3-1 и од третата позиција треба да патуваат понатаму. Швајцарците уште од ...

Голем дел од Западна Европа е погоден од силен топлотен бран со невообичаено високи температури за овој период од годината. Од Обединетото Кралство и Ирска, преку Франција и Германија, па сè до Шпанија и Италија, милиони луѓе се соочуваат со екстремна жештина пред официјалниот почеток на летото. Според експертите, причината за ваквата состојба е таканаречената „топлотна купола“ – моќен систем на висок воздушен притисок што носи топол воздух ...

На само 11 години, Македон Димитровски оствари резултат за кој сонуваат многу матуранти ширум светот. Младиот талент освои 1.440 поени на SAT тестот – приемен испит што го користат голем број престижни светски универзитети. Младиот талент освоил 1.440 поени, резултат што е подобар од оној на 95 проценти од тестираните ученици на возраст од 18 години. Со ова достигнување, Македон уште еднаш го потврдил својот исклучителен потенцијал и љубов ...

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат измените на законите за основно и средно образование, со кои се предвидува глоба од 250 евра за родители на ученици сторители на насилство. Казната ќе се изрекува за секое сторено насилство, како и во случаи кога родителот или старателот не соработува со училиштето во постапките за спречување и надминување на насилството. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, изјави ...

Поддршката за членство во Европската Унија (ЕУ) е над 60 проценти во сите земји од Западен Балкан, освен во Србија. Исто така, довербата во Кина е релативно висока во делови од регионот. Овие податоци ги објави проектот „WeBalkans“, кој спроведе анкета за перцепцијата на ЕУ во Западен Балкан. Резултатите покажуваат генерално позитивна слика за ЕУ и висока поддршка за членство во целиот регион во речиси сите земји. Според истражувањето, ЕУ има ...

Западот предводен од НАТО активно се подготвува за војна против Русија, им рече претседателот Владимир Путин на стотиците најнови офицери на руската војска. „Членовите на западната алијанса досега се ограничија на поддршка на Украина. Сега на западот отворено се зборува дека се подготвуваат за војна против нас и ги зголемуваат своите воени и офанзивни буџети“, им рече Путин на дипломираните студенти на руските воени академии собрани во Кремљ. ...

Американскиот Сенат усвои резолуција со која од претседателот Доналд Трамп се бара да ги запре воените операции против Иран и за секоја идна воена акција да побара одобрение од Конгресот. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 48 „против“. За неа гласаа и четворица републикански сенатори – Сузан Колинс, Лиса Мурковски, Ренд Пол и Бил Касиди. Демократскиот сенатор Џон Фетерман гласаше против, додека двајца републиканци не присуствуваа на ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Книгата „Иселеничка вртелешка“( 2008), „Македонска искра“, Скопје е отпечатена на 254 на македонски јазик. Таа е 37 дело и едно од моите различни публикации. Станува збор за моето патување и претставување на приказните за Македонецот во иселеништвото и во Македонија. Рецензенти на ова дело се Даринка Јанушева и Ката Мисиркова-Руменова. Во рамките на моите патувања ширум светот, имам објавено ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Биографското дело „Бошко Рајчовски-Пелис–терски“2008, чиј автор сум, е 38 издание на „Македонска искра“ од Скопје и Македонското друштво „Љубојно“ од Детроит, отпечатено, на 254 страници на македонски и на англиски јазик, а како дел од печатарската дејност на „Киро Дандаро“ од Битола. Рецензенти на делото се: амбасадорот на УНЕСКО Јордан Плевнеш од Скопје, д-р Иван Апостолов од Флорида и ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, 2008, „Македонска искра“, Скопје, на 228 страници, на македонски јазик. Автори на ова 39 делото се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент, а рецензенти се архиепископот г.г. Стефан и м-р Ѓоко Ѓоргевски. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) почнува повеќегодишен проект со поддршка од НАТО, преку кој треба да се модернизира начинот на кој државните институции разменуваат информации, ги координираат спасувачките екипи и донесуваат одлуки при пожари, поплави, земјотреси и други кризни состојби. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување ...

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривични пријави против двајца надзорни инженери, и против тројца сопственици на фирми за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување на деловни книги, измама на штета на средствата на Европската Унија – во ...

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето (ДЗР) на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата. Важно е да се нагласи дека предмет на ...

ОСУМДНЕВЕН ДЕТСКИ ПРАВОСЛАВЕН КАМП ВО БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ Восхит, возбуда, верба, почит… се гледаа на лицата на десетиците деца додека ги обиколуваа и влегуваа во православните верски храмови на охридското подрачје. Уредно и во ред, тие чекореа кон олтарите откако претходно се прекрстуваа, им припаѓаа на иконите кои ги бацуваа, ги разгледуваа фреските, палеа свеќи, изговараа молитвени зборови… Тие 65 дечиња, кои престојуваат во Охрид, ...

Надворешниот долг на Република Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година. Главна причина на растот е јавниот долг, кој е зголемен за 463 милиони евра и достигна 5,9 милијарди евра. Во Народната банка посочуваат ...

Хрватската фудбалска репрезентација забележа важна победа над Панама со 1:0 во второто коло од групата Л на Светското првенство и ги задржа шансите за пласман во нокаут-фазата. Единствениот погодок на натпреварот, одигран во Торонто, го постигна Анте Будимир во 54. минута, носејќи ѝ ги првите три бода на Хрватска по поразот од Англија во воведното коло. Селекторот Златко Далиќ направи неколку промени во стартниот состав, а натпреварот беше ...

Британскиот премиер и лидер на Лабуристичката партија, Кир Стармер, поднесе оставка, а во попладневните часови Енди Барнам треба да положи заклетва како нов шеф на владата. Стармер изјави дека ќе направи сѐ за да се обезбеди уредно и стабилно примопредавање на власта, нагласувајќи дека неговиот наследник ќе ја има неговата целосна поддршка. Обраќајќи ѝ се на јавноста, Стармер порача дека следниот премиер ќе ја преземе земјата која, како што ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
62%
1028
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.43
70%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
61%
1029
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.13
65%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
92%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76