Македонскиот културен центар во Софија ја најавува изложбата „Ехо во мразот“ од еминентниот македонски ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ. Отворањето на изложбата ќе биде на 29 април (среда) 2026 година во 18:30 часот. „Концептот на изложбата ја артикулира и рефлектира современата глобална воено-политичка реалност. Во ова актуелно време кога се одвиваат сè поголеми отворени и прикриени конфликти, оружјето повторно се легитимира како единствен ...

Иако кариерите на повеќето музичари се градат врз продажба на албуми и турнеи, најбогатите меѓу нив одамна разбираат дека клучот за финансиски успех лежи надвор од сцената – во паметни инвестиции, сопствени брендови и стратешки деловни потези. Најновата проценка на богатството за март 2026 година откри кои се најбогатите музичари во светот, а листата содржи мешавина од очекувани имиња и неколку изненадувања. На листата доминираат американски ...

Професорката по македонски јазик, Татјана Алексиќ, со јавен статус реагира по случајот со малтретирањето на шестоодделенка во скопско Ѓорче Петров од страна на нејзини врснички, предупредувајќи дека општеството „систематски моделира генерации на психопати“. Во објавата на социјалните мрежи, Алексиќ порача дека на училиштата им е потребна итна и масовна поддршка од стручни кадри – образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура. Во своето обраќање, министерот истакна дека сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска обвини дека во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието. Од ЗНАМ оценуваат дека јавноста наместо јасен став добила контрадикторни изјави од врвот на СДСМ, што според нив покажува дека во партијата нема усогласеност околу ...

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија. „На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и ...

Џастин Бибер го привлече вниманието на целиот свет со својот настап на Коачела, па сега сакаше да помине малку слободно време подалеку од камерите и опкружен со своето семејство. Откако заработи десет милиони долари од Коачела, Бибер сакаше да го помине слободното време подалеку од црвениот тепих, рефлекторите и гламурот. Заедно со својот син Џек, кого го има со Хејли Бибер, пејачот отиде на риболов. Со оглед на тоа што Џастин и Хејли многу ...

Водителот Џими Кимел ја бранеше својата шега во која ја нарече Меланија Трамп „идна вдовица“, направена само неколку дена пред пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа во хотелот „Хилтон“. Првата дама го опиша скечот на Кимел како „полн со омраза и насилство“, а Белата куќа ја повика неговата телевизиска мрежа Еј-би-си да го отпушти. „Нашата прва дама Меланија е тука. Погледнете ја, толку е убава. Госпоѓо Трамп, блескате како идна ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во Љубљана, Словенија, каде учествува на меѓународната конференција „Западен Балкан во вртлогот на новата геополитика на безбедноста“, во рамки на „III меѓународен состанок на пријателите на Западен Балкан“, организиран од Nizami Ganjavi International Center. Во своето обраќање на конференцијата, Гаши ја нагласи стратешката важност на проширувањето на Европската унија и посветеноста на ...

Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид успешно реализираше теренска активност во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“, насочена кон превенција од пожари и заштита на природните вредности во периферните зони на Белчишкото Блато. Во активноста учествуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници од локалната самоуправа на Општина ...

Културните работници денеска во 13 часот ќе протестираат пред Уставниот суд, во организација на Синдикатот на културата, поради стравувањата дека постапката поврзана со Колективниот договор во културата може да доведе до уривање на веќе стекнатите работнички права. Протестот е најавен под пораките „Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“, а синдикатот предупредува дека евентуално слабеење на Колективниот договор би ...

Британскиот рок бенд „The Rolling Stones“ наговести за името на новиот студиски албум со глобална кампања со билборди, а албумот ќе се вика „Foreign Tongues“. На официјалните профили на бендот на социјалните мрежи беа објавени фотографии од билборди поставени во неколку светски градови, како што се Сиднеј и Париз, на кои се појавува истата фраза на различни јазици, заедно со препознатливото лого на групата. View this post on Instagram A ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец под строги услови на Техеран е неприфатлива за Соединетите Американски Држави и за другите земји. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е подготвена да посредува во завршување на конфликтот со Иран доколку бидат договорени прифатливи опции. На југот на Либан и во пограничната област со Израел е регистрирана ...

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, на интересен начин го најави првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Белгискиот стручњак, поради суспензија, нема да го води натпреварот од клупата, туку ќе биде на трибините, на „Паркот на Принцовите“. „Ќе седам некаде на стадионот, можеби близу вас новинарите. Процедурите се јасни, знам што можам, а што не можам да правам. Најважно е да го решиме ова како ...

Џенифер Рош, сопругата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, стана главна тема на разговор на социјалните мрежи, сето тоа поради фустан за кој многумина тврдат дека го нарачала преку апликацијата „Тему“. Џенифер Рош и Пит Хегсет во саботата присуствуваа на годишната вечера на дописниците од Белата куќа, каде што беше извршен обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. За среќа, американскиот претседател и високите ...

Авион од типот „Цесна 208 Караван“ се урна југозападно од главниот град на Јужен Судан, Џуба, при што загинаа сите 14 лица што се наоѓале во леталото, соопшти Цивилната воздухопловна власт на Јужен Судан, пренесе Ројтерс. Авионот на компанијата „Ситилинк Авијејшн“ полетал од Јеји вчера во 9:15 часот по локално време, а контактот со контролата на летање бил изгубен во 9:43 часот додека бил на пат кон меѓународниот аеродром во Џуба. Во ...

Најмалку 14 лица загинаа, а 84 се повредени во судир на два воза во близина на индонезиската престолнина Џакарта, соопшти државната железничка компанија „ПТ Керета Апи Индонезија“. Според информациите, несреќата се случила во понеделникот вечерта на станицата Бекаси Тимур, кога меѓуградскиот воз „Арго Бромо Ангрек“ удрил во задниот дел на запрен приградски воз „КРЛ Комјутер Лајн“. Сите 14 жртви биле патнички во приградскиот воз, од кои ...

Редовната утринска прошетка е поврзана со подобра регулација на спиењето, поголема дневна будност и намален ризик од хронични заболувања. Брзото одење е една од наједноставните и најефикасните форми на физичка активност, достапна за секого и не бара посебна опрема, и има моќно влијание врз здравјето на срцето, нивото на енергија и целокупната благосостојба. Додека одењето е корисно во секое време од денот, утринската прошетка има ...

Полицијата изврши претрес во тетовска Голема Речица и уапси две лица-администратори на нелегален онлајн пазар. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет ...

Поради амандманите, власта го проби рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии, велат од Левица. „Деловнички, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика требаше да заземе став во рок од два дена од одржувањето на првата седница по однос на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Рокот од два дена поради поднесените амандмани истече изминатиот петокот и Комисијата го ...

Кралот Чарлс III и кралицата Камила вчера пристигнаа во Белата куќа, и додека нивните првични поздрави со Доналд и Меланија Трамп беа тивки, експертот за читање усни Никола Хиклинг го дешифрираше овој необичен дијалог за „Дејли Меил“. По овој донекаде надреален разговор, кралскиот пар се упати на чај во Зелената соба на Белата куќа, а потоа ја разгледа новата кошница за пчели во градината, која изгледа како минијатурна верзија на ...

Галатасарај, во неделата го победи Фенербахче (3:0), стекна предност од седум бода и на три кола до крајот се наоѓа на чекор до шампионската титула. Фенербахече, нема титула во шампионатот 12 години, а „жолто-сините“, 18 години не играле во Лигата на шампионите. Поразот од најголемиот ривал, го налути првиот човек на Фенер, Садетин Саран, кој почна да дели откази за неуспешната сезона. Kamuoyuna Duyuru Yönetim kurulumuzun yapmış olduğu ...

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат најновата поетска книга „Танцот на времето“ од поетесата Ели Маказлиева. Објавувањето на делото е поддржано од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во литературата. Рецензентката Елизабета Бандиловска, за „Танцот на времето“, меѓу другото, пишува: „Станува збор за современо поетско остварување кое носи лирска, емоционална и филозофска рефлексија за човековото ...

Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, на 29 април (среда) пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо со почеток во 19 часот на скверот „За убави маалски дружби“, пред платото на Општина Центар. Концертот носи внимателно селектирана програма составена од дела на минималистички и современи, исклучително значајни автори меѓу кои Лудовико Еинауди, Рјуичи Сакамото, Давид Федел, Ханиа Рани… Преку суптилна ...

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди на „опасен преседан“ што може да се постави со блокадата на Ормутскиот теснец, клучен воден пат кој е затворен два месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. „Повисоките цени на енергијата поради блокадата ќе им наштетат и на Европа и на Азија“, рече Калас. „Слободата на пловидба мора да се гарантира, во спротивно ќе се создаде опасен преседан во ...

Судија на УЕФА е уапсен под сомнение за сексуален напад врз тинејџер. Службеното лице е обвинето за несакано допирање и обид да го намами момчето во неговата хотелска соба пред европскиот натпревар во Обединетото Кралство, за кој отпатувал да суди, пишува „Дејли Мејл“. Судијата го судел натпреварот во средината на неделата по наводниот инцидент и бил уапсен по враќањето, пред други службени лица на УЕФА. Инцидентот бил пријавен во полиција ...

Американски функционер вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за завршување на војната бидејќи тој не го опфаќа прашањето за нуклеарната програма на Иран. „Не му се допаѓа предлогот“, рече американскиот функционер, осврнувајќи се на Трамп. Порано во текот на денот, Трамп разговараше за иранскиот предлог со своите врвни помошници за национална безбедност. Конфликтот меѓу САД и Иран останува во ...

Иранските власти вчера објавија детали за повеќестепениот предлог што Техеран наводно го доставил до Вашингтон. Според планот, првиот чекор би бил преговори за отворање на Ормутскиот теснец, додека се остава настрана чувствителното прашање за збогатувањето на ураниум на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите околу превозот во Заливот, објави „Ројтерс“. Првиот чекор би ги сопрел нападите од страна на САД и Израел и би ...

На состанок на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (JESCO), кој се одржа во Сојузното министерство за економски работи и енергетика на Сојузна Република Германија, Македонија испрати јасна порака: енергетската трансформација не е план за иднината, туку процес што веќе дава резултати. Во рамки на официјалната делегација, од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше државниот секретар Горан ...

Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка состојба на Буџетот. Дефицитот на Буџетот веќе достигна 408 милиони евра. За само три месеци се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година, тврдат од СДСМ. Според партијата, ова е директен демант на бајките на Мицкоски дека сме трета еконмија во Европа. „Дополнително алармантно е што кај приходната страна реализацијата е едвај околу 20%. Овие бројки ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
55%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
69%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
90%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
50%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Калај

50.03

Иридиум

253540.09