Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање е во тек. – Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех, информира Центарот за управување со кризи. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Националниот парк Пелистер – Битола, по што екипи ...
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци. Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“. – Соединетите Американски Држави успешно ...
Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во зимскиот центар Кран Монтана, во кој загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени. Телата на две Швајцарки на возраст од 21 и 16 години и на двајца Швајцарци од 18 и 16 години им се предадени на нивните семејства, кажа полицијата. Досега е потврден идентитетот на 113 од повредените и меѓу нив се 71 Швајцарец, ...
Премиерот и претседсател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека од новиот државен јавен обвинител очекува да застане на страната на правдата. -Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот ...
Под магичната купола на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи, на 20 декември 2025 година, се одржа спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, еден од најочекуваните празнични културни настани во официјалната програма на Експо Сити. Концертите започнуваа во 18:30 часот, а во рамки на проектот беа реализирани десет изведби, кои на посетителите од сите возрасти им донесоа радост, топлина и празнична магија. Настанот се ...
Жител на кавадаречкото село Марена се здобил со тешка телесна повреда во фабрика во Кавадарци. Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес, вчера во 11 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен З.А., на возраст од 59 години. – Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот известен ...
Властите во Каракас денеска соопштија дека не знаат каде се наоѓаат претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Венецуелската потпретседателка Делси Родригез, зборувајќи на државната телевизија, кажа дека не знае каде е Мадуро. Таа рече дека владата бара „итен доказ дека се живи“ и за Мадуро и за неговата сопруга. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД извршиле ...
Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат. Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа. Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако они го ...
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. -Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни, информира УХМР. Под влијание на ...
Откупот на тутунот заврши иако законски има уште еден месец. До Новата година се откупени вкупно 23.144 тони по речиси 420 денари за килограм. Според Сојузот на земјоделските здруженија, остануваат уште околу 1500 тони тутун што треба да ги преземат откупувачите кои ќе работат по празниците. – За мене е изнанадувачки брзо што заврши откупот на тутунот од ланската реколта. Но, помогнаа и временските услови да се забрза откупот. Во декември ...
Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што ја пружиле уште пред пристигнувањето на службите. Тие велат дека траумата ќе ја носат цел живот. Размерите на страдањето кои ги видел за време на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана длабоко го потресле 22-годишниот француски турист Жереми Ална кој се нашол на местото на несреќата. Тој и неговите пријатели ...
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извршиле „масовни воени напади врз Венецуела“ и дека „ги заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга“. Трамп го објави ова во соопштение на неговата социјална мрежа Truth Social, чиј целосен текст е даден подолу. „Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем државен удар против Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информира дека се реализира проектот за изградба на училишна фискултурна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населено место Црешево во Општина Гази Баба. Како што посочува премиерот, проектот опфаќа реализација на современ спортски објект без гледалиште, наменет за изведување на наставата по физичко образование и рекреативни активности. Со изградбата на овој објект, како што стои во објавата на ...
Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелејшн“ во скијачкиот центар Кран-Монтана се проширил со толкава брзина и сила, при што загинаа најмалку 40 лица, а над сто беа повредени, многумина со тешки изгореници и интоксикација од чад. Иако првичните информации укажуваат дека огнот бил предизвикан од прскалки прикачени на шишиња шампањ, клучното прашање ...
Патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица, информираат надлежните служби. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и да не се упатуваат кон овој правец сè додека не се подобрат условите за возење. Во меѓувреме, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран и се одвива без поголеми проблеми. На останатите државни патишта, сообраќајот тече непречено, по наместа влажни коловози. ...
Манчестер Јунајтед наводно планира да го потпише играчот од средниот ред на Брајтон, Карлос Балеба, во јануарскиот преоден рок за 115 милиони фунти (околу 132 милиони евра). 21-годишникот, беше цел на клубот од „Олд Трафорд“, пред шест месеци. Тогаш клубовите не постигнаа договор, но Јунајтед не се откажа од Балеба. Јунајтед сега ги разгледа условите за можен трансфер во јануари, пишува „Скај Спортс“, истакнувајќи дека позицијата на Брајтон ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс не успеаја да слават на предизвикувачкото гостување во Кливленд, загубија со 113:108. Втор натпревар франшизата од Колорадо е без повредениот Никола Јокиќ, а покрај него поради повреди отсуствуваат уште четворица играчи. На гостински терен во Охајо, против еден од тимовите со најдобрите тимови на Истокот, тимот на Дејвид Аделман се држеше добро до последната четвртина, но падна во финишот. Денвер падна поради ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, стави вето на сите заминувања на играчи за време на јануарскиот преоден рок. Одлуката најмногу ги разочара Коби Маину и Џошуа Зиркзе, кои не криеја дека цел им е да го напуштат клубот. Со оглед на тоа што клубот се бори за место во Лигата на шампионите, но во исто време има големи проблеми со повреди, Аморим не сака дополнително да го ослаби тимот, а се чини дека нема да има пристигнувања на „Олд ...
Потрагата на Челзи по нов менаџер се чини дека завршува. Откако Енцо Мареска беше отпуштен во четвртокот, преговорите меѓу лондонскиот клуб и Стразбур во врска со трансферот на Лиам Розениор значително се интензивираа, а англискиот стручњак стана главен кандидат за клупата на „сините“, пишува „Л’еип“. Според овој извор новиот тренер на „Стенфорд Бриџ“ б требало да пристигне во понеделник. Се очекува Розениор да го предводи Стразбур за ...
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара. Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“. – Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и ...
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри ...
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ би можел наскоро да се врати во Евролигата. Руските медиуми пишуваат дека, кошаркарот на Зенит има понуда повторно да игра во елитното европско натпреварување по добрите игри во дресот на клубот од Санкт Петербург. Оваа сезона, тој бележи 12 поени, 5,7 асистенции и 3 скока по натпревар во ВТБ лигата. Минатата сезона настапуваше во Олимпија од Милано каде што не доби вистинска можност. Интерес ...
Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас, околу 2:00 часот по локално време, јавуваат повеќе меѓународни медиуми, вклучувајќи АП, Ројтерс, и Ци-Би-Ес Њуз. Очевидци забележале и столбови на чад на неколку локации, а делови од јужниот дел од градот, вклучувајќи област близу голема воена база, останале без струја.Сè уште не е јасно што точно ги предизвикало ...
Студеното време што ја зафати Германија предизвика поледици на патиштата и сообраќаен хаос, пренесува ДПА. Леденото време предизвика неколку несреќи на главните германски патишта во петокот и ноќта. Камион што превезувал лосос се излизгал и се превртел на автопатот A93 во северниот дел на Баварија, во близина на градот Вернберг-Кеблиц. Несреќата предизвикала приколката на камионот да се отвори и рибите да се истурат по коловозот, соопшти ...
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби. Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната ...
Крадците кои ја ограбија банката Шпаркасе во Гелзенкирхен, на западот од Германија, за време на грабежот испразниле 3.000 сефови, од кои биле украдени злато, пари и накит во вредност од 90 милиони евра, објави полицијата. Портпаролот на полицијата во Гелзенкирхен изјави за Шпигел дека кражбата била „долгорочно планирана операција“ и дека полицијата сè уште нема цврсти траги и дека сторителите се во бегство. Германската полиција објави дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен ...
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“. „Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка. „Им ...
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски. „Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми. Како што ...