Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Април 2026 година носи финансиско олеснување за четири хороскопски знаци, кои конечно ќе ги почувствуваат резултатите од својот труд. Овен добива нови извори на приходи и можност за покачување или дополнителна работа, со што ќе ги надмине старите долгови. Близнаци ќе најдат решение за финансиски или правен проблем преку важни контакти, особено во втората половина од месецот. Вага може да очекува разрешување на прашања како судски одлуки, ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.С. од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило ...
Русија соопшти дека пристапот „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ против Иран претрпе „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе Анадолија. „Сите изјави за тоа дека треба да се биде поагресивен, поофанзивен, повеќе да се пишува на социјалните медиуми и дека ‘победата’ наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпеа тежок пораз. Истото важи и за пристапот, ...
„Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ. „Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на ...
Инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија ја нуди најголемата парична добивка од инстант лотаријата – 10.000.000 денари. Со оваа рекордна премија, „Мега милионер“ се издвојува како најатрактивниот инстант лоз во историјата на Државна лотарија. Првиот среќен добитник на оваа премија доаѓа од Битола. Добитниот лоз е купен во продажното место „Димпо“ – локација препознатлива по многу среќни добивки од игрите на среќа на Државна ...
Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 23-годишниот М.С. од Република Турција со привремен престој во Штип. Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил затекнат М.С.. Притоа, во домот биле пронајдени и одземени марихуана ...
Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката денеска, соопшти владата. Овој потег се приклучува на растечкиот број европски земји кои сакаат да го ограничат пристапот до онлајн платформи за малолетници, објави Ројтерс. Словенија, Обединетото Кралство, Австрија и Шпанија исто така работат на слични забрани. Тие го следат примерот на ...
Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, ќе го пречекс Ливерпул, во првиот четвртфинален натпревар. Овие тимови се сретнаа во осминафиналето минатата сезона, а Париз победи на крајот по изведувањето на пенали во исклучително напнат двомеч. Тој триумф се покажа како пресвртница за брилијантна серија резултати што кулминираше со трофејот за тимот на Луис Енрике на крајот од сезоната. Тој натпревар, исто така, ја започна ...
Татко и неговите двајца синови се приведени откако вчера нападнале и повредиле двајца вработени во АД „Бутел“ кај градските гробишта. Како што соопшти МВР, станува збор за А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје, кои биле проведени во текот на вчерашниот ден. Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 12:40 часот, кога тројцата ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“. Напаѓачите ...
Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“, известуваат од ДЗС. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во ...
Барселона вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде вториот чин од 10-дневната трилогија меѓу овие тимови. Во саботата, играа во Мадрид, во домашното првенство, а реваншот ќе се одигра наредниот вторник. Победата на Барселона, во саботата (2:1), беше драматична и котроверзна. Атлетико играше без неколку ваѓни играчи: Облак, Љоренте, Кардосо, Бариос, Алварез, Лукман…и ...
Откриен е древен тектонски фрагмент наречен „Пионер“ длабоко под северниот брег на Калифорнија, кој би можел да предизвика земјотреси со јачина до 9 степени според Рихтер, пренесува „Еуроњуз “, повикувајќи се на списанието Science. Според најновата студија на тим геолози, овој фрагмент некогаш бил дел од огромната тектонска плоча Фаралон. До неодамна се сметало дека остатоците од оваа плоча целосно биле апсорбирани од Земјиниот омотач, но ...
Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас. Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ...
Во текот на месецот март, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината ...
Викторија Бекам е дама која се грижи за својот имиџ. Ретко прави драстични промени во својот стил, особено кога станува збор за нејзиниот физички изглед. Со години важеше за „слаба“ жена украсена со кафеава коса, но сега одлучи да „сврти нов лист“. Неодамна се појави во Мајами на отворањето на стадионот „Ну“ на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, каде што претстави драстична трансформација. Дизајнерката за овој настан избра бело одело од својата ...
Грција ќе ослободи 2 милиони барели гориво од стратешките резерви, како дел од координирана акција на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која предвидува ослободување на вкупно 400 милиони барели, објави „Катимерини“. Станува збор за прв ваков потег на Грција, оценет како историски. Ослободувањето ќе опфати бензин, дизел и мазут и ќе се спроведува постепено во текот на три месеци. Властите нагласуваат дека мерката не е поради домашен ...
Демократски сојуз ги осудува „политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница“. „Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, модната икона Меланија Трамп, организираа прослава во Белата куќа по повод велигденските празници. Вниманието на јавноста го привлече прекрасната Меланија, која реши повторно да го покаже својот беспрекорен моден израз. За таа пригода, таа донесе облека од модната куќа Ралф Лорен, која е омилен бренд на првата дама од самиот почеток. View this post on Instagram A post shared by ...
„СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по ...
Актерката Ева Лонгорија ужива во Марбеља со својот сопруг Хозе Бастон, а таму решија да ги поминат и велигденските празници. Пријатели, море, сонце и нејзиниот совршен изглед – добитна комбинација ако сакате што побрзо да станете главна тема. Популарната „џебна Венера“ која е секогаш тема кога станува збор за изгледот, неодамна го прослави својот 51-ви роденден и ги остави сите без здив, а сега буквално повторно излуди кога се прошета во ...
Јапонија го поздрави привременото примирје меѓу САД и Иран, велејќи дека очекува дека тоа би можело да доведе до конечен мировен договор по разговорите најавени за петок. Генералниот секретар на јапонската влада Минору Кихара го опиша прекинот на огнот како „позитивен чекор“ и рече дека Токио сака деескалација на конфликтот на терен. Тој додаде дека премиерката Санае Такаичи планира да разговара со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. ...
Врховниот совет за национална безбедност на Иран рано утрово објави дека разговорите со претставниците на САД ќе започнат во петок во Исламабад, ќе траат до 15 дена и ќе бидат посредувани од Пакистан, потврдувајќи ограничена пауза во непријателствата меѓу двете страни, пренесе Анадолија. Во соопштението, советот извести дека Иран се согласил да започне разговори во рок од две недели откако ќе ги постигне она што го опиша како свои цели на ...
Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави „Си-Ен-Би-Си“. Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад. Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните „short squeeze“ моменти во ...
Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година, соопштија од „Влен“. Оттаму посочуваат дека законот за ова прашање требало да биде донесен уште во 2003 година, но, како што велат, со години бил оставен настрана и користен за пропаганда, без да се реши суштински. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, од „Влен“ оценуваат дека станало ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. „Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, верува дека неговиот тим може да го надмине минусот против Баерн и да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Реал, синоќа во Мадрид загуби од Баерн со 1:2. Реваншот во Минхен се игра наредната среда. – Мислам дека ова е пораз што можевме да го избегнеме со малку повеќе среќа. Направивме две грешки во додавањето на топката што требаше да ги избегнеме, а против тимови каков што е Баерн, ...
И додека успешно го балансира својот живот како претприемач и млада актерка во подем, Сидни Свини секогаш наоѓа време да ги почасти своите бројни обожаватели со жешки фотографии на интернет. Зачудувачката убавица неодамна објави компилација од фотографии на Инстаграм, а оние на кои се гледа нејзиното тело во секси долна облека го привлекоа вниманието. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) На една од ...
Актерката Зендаја синоќа присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „Еуфорија“ и се појави во уникатен моден аутфит. За оваа пригода, таа избра долг сатенски црн фустан, кој ги истакнуваше нејзините рамена и витката фигура. Фустанот има и дел што се влече зад неа, а од друга страна, фустанот е целосно отворен на задниот дел. View this post on Instagram A post shared by Deadline (@deadline) Зендаја го комплетираше својот ...
Северна Кореја денеска испали повеќе балистички ракети кон морето покрај нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, еден ден откако беше забележано уште едно лансирање, што дополнително ги намали надежите на Сеул за намалување на тензиите. Заедничкиот штаб на Јужна Кореја (JCS) соопшти дека неидентификуваните проектили биле лансирани околу 8:50 часот наутро од област во близина на Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. ...
Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“. Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот. Пазарите реагираа позитивно – берзите во Азија забележаа ...