Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска од Прилеп истакна дека според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година се произведени 290 илјади литри кравјо млеко, што е за 2,7% повеќе од 2024 година. „Во делот на овчото млеко, произведени се околу 27.000 литри што е за 4% повеќе во однос на 2024 година. Согласно податоците на ДЗС кај козјото млеко има мал пад. Во делот на производството ...

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на кој на дневен ред е Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, посочи дека со овој предлог се предлага намалување на цените на патарините за околу 50 проценти. Трајчулески потенцираше дека цените на патарините се дополнителен удар врз граѓаните и компаниите во оваа криза, бидејќи ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. „Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани и на кои што предупредуваа експерти, аналитичари. Односно тоа е дека цената, растот на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан одбиле пратка од над 10 тони јагнешка кожа со потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ државата. Пратката е вратена согласно превентивните мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во Албанија. Од АХВ наведуваат дека со оваа одлука е спречен потенцијален здравствен ризик и е ...

Кремљ денес го поздрави двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран и изјави дека Русија се надева дека САД сега ќе имаат време и простор да продолжат со трилатералните мировни разговори за Украина. Во разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека со задоволство ја примиле веста за прекинот на огнот. „Ја поздравуваме одлуката да не се оди понатаму по патот на вооружена ескалација“, рече Песков. На прашањето ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето. „Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од ...

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка за 2025 година според кои може да се забележи дека вредноста и бројот на вкупните онлајн трансакции направени од Македонци кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци има забележителен раст. Вредност на реализирани трансакции Остварена е вкупна ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши се обрати по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, нагласувајќи дека ромската заедница е неразделен дел од општеството и има исти права и достоинство како и сите граѓани. Тој посочи дека и покрај напредокот во законодавството, многу Роми сè уште се соочуваат со препреки и дискриминација во пристапот до образование, вработување и основни услуги. Гаши истакна дека темата „Од невидливост кон ...

СДСМ по итна постапка поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на инфлаторните притисоци, рече пратеничката Сања Лукаревска. „Поднесуваме предлог на закон за дополнување на Законот за додадена вредност по скратена постапка. Бидејќи не е предвидена можност за повластена даночна стапка од 5% на бензинот и на дизелот во горивата, сакаме да предложиме ...

Листата на патници во државниот авион од последните пет години покажува дека функционерите не го избегнувале туку во него се качувале и со децата и со сопругите, оделе на подолги патувања со преседнувања, а се случувало да одат и на мини турнеи. По жестоките обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа кој се луксузирал, а кој го избегнувал државниот авион пред месец и пол, „Макфакс“ побара детална листа на патници од Службата за општи и ...

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина оваа среда во Белград. Веста за смртта на поранешниот тренер на Партизан, Црвена звезда, ЦСКА, ОКК Белград, Бреша, Пистоја, Лимож, и поранешниот селектор на Србија и Црна Гора, првиот селектор на Црна Гора, како и на Босна и Херцеговина, ја потврди порталот „Nova.rs“. Вујошевиќ имаше 67 години, а со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес, па во 2025 година му беше ...

Папата Лав XIV денеска го поздрави договорот за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран со големо задоволство, нарекувајќи го „знак на силна надеж“. Првиот поглавар на Католичката црква со потекло од Соединетите Американски Држави се појави во последните недели како истакнат критичар на војната во Иран. Вчера, тој рече дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран се неприфатливи, објави „Ројтерс“. За време на ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој учествуваше во последните часови од преговорите што доведоа до прекин на огнот со Иран, рече дека тоа е „кревко примирје“ кое открило многу за функционирањето на иранскиот систем. Зборувајќи во Будимпешта, Венс рече дека реакциите од Иран биле различни, во зависност од тоа од кој дел од владата доаѓаат. Тој изјави дека министерот за надворешни работи реагирал позитивно на планот, додека други, како што ...

Турските власти уапсија десет лица поради сомнение за поврзаност со вооружениот напад во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, пренесе Ројтерс. Во престрелка со полицијата, еден напаѓач бил убиен, а двајца ранети и приведени, додека уште осум лица биле уапсени во акции во Истанбул и во покраината Коџаели. Мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек. Според турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, ...

Атлетико Мадрид го игра вториот од трите натпревари против Барселона закажани во рок од 10 дена, вечерва на програмата е првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, против Барселона на „Камп Ноу“. Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од играчите кои ги бранеа боите на двата клуба, иако остави подлабок белег носејќи го црвено-белиот дрес. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, а веќе е познато дека ќе се пресели ...

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, првпат зборуваше за договорот за прекин на огнот меѓу Иран и САД. Во објава на социјалната мрежа X рече дека примирјето е постигнато со прифаќање на „општите принципи што ги сакаше Иран“. „Прекинот на огнот, заедно со прифаќањето на принципите што ги бараше Иран, е плод на крвта на нашиот голем маченик Хамнеи и посветеноста на целата нација“, напиша тој. Тој додаде дека иранскиот народ ќе остане ...

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави детали за предложениот план за прекин на огнот од 10 точки на Техеран, кој ќе биде основа за разговори со САД во Исламабад. Претседателот на САД, Доналд Трамп, утрово објави дека САД и Иран постигнале договор за двонеделен прекин на огнот по повеќе од еден месец конфликт. „Добивме предлог од 10 точки од Иран и веруваме дека тоа е функционална основа за преговори. Речиси сите точки од претходните ...

Израелски политичари остро реагираа на двонеделното примирје меѓу САД и Иран. Лидерот на опозицијата Јаир Лапид оцени дека станува збор за политички и стратешки неуспех, додавајќи дека Израел не бил вклучен во одлуките за сопствената безбедност. Пратеникот Звика Фогел упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „слаб“. Критики упати и Авигдор Либерман, кој предупреди дека договорот му дава време на Иран да се ...

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување. Во посета на претпријатието денеска беа министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. „Денес сме овде да соопштиме за корекција на една долгогодишна системска неправда од здравствениот систем – 109 вработени во ЈКП ‘Комуналец’ Гостивар од 2013 година се оставени без здравствено осигурување, не ...

Претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис, денес изјави дека ќе му дозволи на тренерот на тимот, Антонио Конте, да ја преземе италијанската репрезентација. „Доколку Конте ме замоли да му дозволам да се врати во репрезентацијата, мислам дека би се согласил. Но, бидејќи е многу интелигентен и сè додека нема сериозен кандидат, што досега не се случило, не мислам дека би се замислил себеси на чело на целосно неорганизиран ...

Министерството за култура и туризам соопшти дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје. Оттаму информираат дека постапката за избор на изведувач е успешно заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економски оператор и го потврдила изборот на најповолна понуда. Со тоа, како што наведуваат, се отстранува последната правна пречка за почеток на ...

Варењето на јајцата го отстранува природниот заштитен слој што ги штити суровите јајца од бактерии. Кога тој слој ќе исчезне, порите во лушпата стануваат влез за микроорганизми, што ги прави тврдо варените јајца понежна храна. Тврдо варените јајца, без разлика дали се излупени или во лушпа, треба да се изедат во рок од седум дена. Јајцата треба да се изладат што е можно поскоро и да се стават во фрижидер, најдоцна два часа по готвењето. Тие ...

И покрај објавата за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, поморскиот сообраќај низ Ормуски теснец останува минимален. Танкерите сè уште чекаат, бидејќи бродските компании и осигурителите бараат дополнителни гаранции за безбедност пред да го обноват сообраќајот. Експертите велат дека примирјето е само прв чекор и дека нормализацијата нема да биде веднаш. Клучен момент ќе бидат првите бродови што ќе ја тестираат рутата без ...

Премиер лигата ќе има најмалку пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја освои оваа привилегија втора година по ред благодарение на коефициентот. Петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата беше потврдено синоќа вечерта со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. УЕФА им доделува дополнително место на двете лиги кои имаат најдобар годишен ...

Европската Унија го поздрави договорот меѓу САД и Иран за двонеделен прекин на огнот, постигнат по неколкудневни закани од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади и откако Техеран и Израел потврдија дека се согласиле на привремен прекин на огнот. Шефицата за европската дипломатија, Каја Калас, рече дека тоа е „чекор назад од работ по неколку недели ескалација“. The U.S.–Iran agreement on a ceasefire is a step back from the ...

Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека неговата земја излегла како победник од војната откако беше прогласено примирјето меѓу САД и Иран. „Победивме преку епска национална одбрана што го заштити суверенитетот и достоинството и ги зачува нашите достигнувања наспроти подмолната агресија“, рече Анвар Гаргаш. „Денес, продолжуваме напред и се движиме низ сложена регионална средина со поголемо влијание, поостар ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез, еден од најгласните западни критичари на војната против Иран, реагираше на објавата за примирје со остра порака. „Примирјата секогаш се добра вест, особено ако водат кон праведен и траен мир“, напиша тој на социјалната мрежа X, по што додаде: „Но, ова тековно олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, разурнувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да аплаудира на оние што го запалија ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран треба да се прошири и на ситуацијата во Либан. „Состојбата во Либан е критична“, изјави Макрон, оценувајќи дека израелските напади и присуството во јужниот дел на земјата не се вистинско решение. Израел изврши повеќе напади врз Либан по акциите на Хезболах, а според либанските власти, во офанзивата загинале повеќе од 1.500 ...

Министерство за образование и наука направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение, известуваат од МОН. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 ...

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, извести МВР. „При контролата изречени се три ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
87%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1017
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
84%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.17
93%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
59%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0037

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Бакар

12.46