Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение. „Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, ...
Израелскиот министер за дијаспора Амихај Чикли, член на владејачката партија Ликуд, во интервју за радио „103FM“ изјави дека е „грешка“ да се склучи примирје со Иран. „Мислам дека е грешка да се оди на примирје во овој момент. Мора да ги доведете таквите држави, како Јапонското Царство или Нацистичка Германија, на колена“, рече Чикли. Тој процени дека има „50% шанса“ примирјето да опстане. Во исто време, тој ги пофали резултатите од војната ...
Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи ...
Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Заев освен оние 4 милиони евра кои, Дака во аудио снимки на социјалните мрежи, вели дека му ги дал како поткуп на Заев, требало да добие и процент од продажбата на 2.000 станбени единици во Тетово? Затоа ли СДС и ДУИ, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети сточарот Никола Колев, кој на крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, а беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела ...
Новиот сингл на популарниот пејач носи модерен фанк ритам и енергија која ветува незаборавни забави до раните утрински часови. Скопје конечно добива музичка тема која го отсликува неговиот динамичен ноќен пулс. Со енергија што се чувствува уште од првите тактови, познатиот музичар Jack Daniel ја промовираше својата најнова песна насловена „Во Скопје“. Станува збор за динамична и разиграна композиција, создадена да биде главен двигател на ...
Полицијата уапси турски државјанин во Скопје. Кај него е пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа. На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека враќањето на слободата на пловидба во Ормускиот теснец е од клучен интерес за нејзината земја и Европската Унија и вети дека ќе соработува со партнерите за да ја постигне таа цел. По нападите меѓу САД и Израел, Иран го ограничи сообраќајот низ теснецот за да изврши притисок врз своите противници, што предизвика зголемување на цените на енергијата бидејќи околу една петтина од светската нафта и ...
Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза. Реалноста е јасна – народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард, велат од Левица. Дополнително, додаваат од оваа партија, алармантен е фактот ...
Актуелните шампиони, Оклахома Сити Тандер, со победа од 128:110 над ЛА Клиперс, го обезбеди првото место за плејофот втора година по ред, а трет пат по ред ќе ја завршат регуларната сезона на првото место во Западната конференција. Чет Холмгрен ги предводеше Тандер (64-16) со 30 поени и 14 скока, а Шеј Гилџес-Александер додаде 20 поени и 11 асистенции, во седмата последователна победа во тековната победничка низа. Откако ја освоија првата ...
Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот. Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ ...
Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории. Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа: – Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars) – Лука Димовски & Каја Мирчески – 4 ...
Диего Чоло Симеоне, харизматичниот предводник на Атлетико Мадрид, чекаше 15 години и дочека да ја победи Барселона на „Ноу Камп“. Атлетико, синоќа го доби првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите (2:0). Диего Симеоне е тренер на Атлетико од декември 2011 година, а во кариерата само два пати победил во Барселона. Минатата сезона, во првенството, Атлетико победи 21, со голот на Александер Серлот во 96-та минута, но тој натпревар се ...
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла”, „Трготекстил” и „Палома Бјанка” каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер изјави дека Либан мора да биде вклучен во прекинот на огнот на Блискиот Исток, додавајќи дека продолжувањето на израелските напади врз оваа земја предизвикува масовно раселување и тешки хуманитарни последици, пренесуваат агенциите. Таа за „Скај њуз“ изјави дека е „длабоко вознемирена“ од ескалацијата на израелските напади врз Либан вчера. Таа за Би-Би-Си изјави дека нападите биле ...
Синдикатот на културата (СКМ) реагира на соопштението на Уставниот суд во врска со колективниот договор и платите на културните работници. Од таму велат дека податоците за платите не се точни и дека министерот Зоран Љутков не доставил точни информации. „Кој го лаже Уставниот суд на Република Северна Македонија? Зошто релевантното Министерство за култура, односно министерот Зоран Љутков, не доставил точни информации за основната плата на ...
Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски од СДСМ. Според него, нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција. „Трета година по ред, ...
Главниот инженер на Ред Бул, Џанпјеро Ламбиазе, се согласил на трансфер во Мекларен во 2028 година. Британецот со италијанско потекло, кој со текот на времето се профилираше како „тркачки инженер на Макс Ферстапен“, ќе му биде поддршка на на шефот на Мекларен, Андреа Стела. Точните детали и името на неговата нова функција, засега, се познати само на Мекларен, пишува „Би-Би-Си“. Британскиот јавен сервис продолжува велејќи дека преселбата е ...
Рудар е спасен откако поминал 14 дена заробен под земја во поплавен рудник за злато и сребро во Мексико, додека двајца негови колеги починале. Властите соопштија дека работникот бил пронајден од воени нуркачи и служби за итни случаи откако испумпале вода од окното на рудникот Санта Фе, кое се урна на 25 март, објави Euronews. Cerca de las 14:00 hrs, tras 14 días atrapado a 300 metros de profundidad, el 7 de abril fue localizado con vida ...
Русија денес изјави дека тврдењето на украинската разузнавачка служба дека руските и иранските хакери се здружиле е неточно. „Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичките организации во Киев“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Москва, Марија Захарова. Таа ја обвини Украина за масовни сајбер напади врз Русија, објави Ројтерс. ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, се придружи на растечкиот број функционери кои бараат примирјето меѓу САД и Иран да се прошири и на Либан. „Хезболах го вовлече Либан во војна, но правото на Израел на самоодбрана не го оправдува нанесувањето на толку огромна разорна штета. Израелските напади синоќа убија стотици луѓе, поради што е тешко да се тврди дека таквите акции спаѓаат во опсегот на самоодбрана“, вели Калас. Според неа, ...
Тотенхем подготвува сериозна реконструкција на тимот, а една од клучните позиции што сакаат да ја решат ова лето е голманската. Изборот е Џејмс Трафорд. Младиот голман на Манчестер Сити е идентификуван како приоритет, особено како дел од плановите на новиот тренер Роберто Де Зерби да изгради свој тим. Трафорд (23) се смета за еден од најталентираните англиски голмани, а по развојот во системот на Сити и епизодата во Барнли, сега бара клуб ...
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска ја повика Европската унија да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел од 1995 година, договор што ја регулира трговијата и политичката соработка, по новиот бран напади врз Либан. Санчез ги осуди, како што изјави, недозволивите кршења на меѓународното право од страна на Тел Авив. Во објава на социјалната мрежа X, Санчез напиша: „Денес, Нетанјаху го започна својот најжесток напад врз Либан ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, денес изјави дека, по израелските напади во Либан, Иран синоќа испратил порака до Белата куќа дека Соединетите Американски Држави „мора да изберат“ дали сакаат војна или мир. Хатибзаде за Би-Би-Си изјави дека резимето до кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп е – „не можете да ja имате вашaта торта и да ја јадете во исто време“. „Не можете да барате прекин на ...
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на ...
Екипажот на „Артемис II“, враќајќи се дома по историското прелетување покрај Месечината што ги однесе подалеку од Земјата отколку што некогаш бил кој било човек, разговараше со уредничката за наука на Би-би-си, Ребека Морел, пишува Би-би-си. Астронаутите Кристина Кох и Џереми Хансен зборуваа за предизвиците на живеењето во затворени простори, клучните моменти од мисијата и спомените што ќе ги понесат со себе. Порака пред слетувањето Во ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги осуди масовните израелски воздушни напади врз Либан, велејќи дека во нив се убиени и ранети стотици цивили, вклучувајќи деца, и уништена цивилна инфраструктура, објави новинската агенција ДПА. Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во соопштението во среда. „Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и е ...
Цените на нафтата денес повторно надминаа 97 долари за барел, поттикнати од сомнежите на инвеститорите за одржливоста на прекинот на огнот меѓу САД и Иран. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, што ја зголемува неизвесноста на пазарите, објавува Euronews. Цените се опоравија по падот на почетокот на неделата поради објавувањето на двонеделниот прекин на огнот меѓу Вашингтон ...
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите. Според нивното истражување, во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи. „Анализата на жалбите ...
Носејќи транспаренти, демонстрантите маршираа низ Њујорк во знак на протест против израелските воздушни напади врз Либан, откако стотици луѓе беа убиени во жестоки напади. Демонстрантите протестираа и против американско-израелските напади врз Иран. И покрај двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран, Израел продолжува да спроведува воени операции во Либан, вклучувајќи ги и најобемните координирани напади од почетокот на конфликтот. Овие ...