Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Првата дама на САД, Меланија Трамп ги осуди лагите што ја поврзуваат со Џефри Епстин и порача дека никогаш не била во никаква врска со него или со Гислејн Максвел, пренесе „Си-ен-ен“. Таа нагласи дека со Епстин и сопругот Доналд Трамп можеби се сретнувале на исти настани, но тоа било поради преклопување на друштвените кругови, а не поради блискост. Меланија изјави дека не знаела за злоупотребите и дека не била ниту жртва ниту учесник. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу оптимистичен“ за можен мировен договор со Иран, додека делегација предводена од Џеј Ди Венс се подготвува за клучни разговори во Пакистан, пренесе NBC News. Трамп рече дека иранските лидери „се многу поразумни зад затворени врати“ и предупреди дека без договор ситуацијата ќе биде „многу болна“. И покрај привременото примирје, израелските сили продолжуваат со напади во јужен Либан. ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот, со фокус на ограничување на влијанието на Русија и Кина на Арктикот. Тој оцени дека Трамп е во право за ризиците во регионот и нагласи дека НАТО треба да има посилна улога, вклучително и преку иницијативата „Арктички стражар“. Во меѓувреме, данскиот министер за надворешни работи порача дека Трамп не се откажува од идејата ...
Некои луѓе живеат со „креативен неред“, но други не можат да поднесат ни најмала нечистотија. Во астрологијата постојат знаци на кои уредноста им е речиси животна филозофија и најдобро се чувствуваат во чист и организиран простор. Девица е позната по перфекционизмот и вниманието на детали. За неа чистиот дом значи и мирни мисли, па често има строги рутини и организација. Јарец сака ред, дисциплина и контрола. Домот му е функционален и ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Заменик-главниот државен ревизор, Орхан Адеми. На состанокот беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на владата да почне директни мировни преговори со Либан, со фокус на разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи. Либанскиот претседател Жозеф Аун претходно повика на примирје и директни преговори, оценувајќи дека дипломатско решение добива позитивни реакции од меѓународните актери. Обновениот конфликт трае од почетокот на март, кога Хезболах започна ракетни напади врз ...
Германија ќе продолжи со директни преговори со Иран со цел да придонесе за успехот на претстојните разговори меѓу САД и Иран, изјави канцеларот Фридрих Мерц. Тој најави дека Берлин ќе ги поддржи дипломатските напори и ќе разговара со пакистанскиот премиер Шебаз Шариф, кој ги организира преговорите. Според Мерц, дипломатско решение е во интерес на Германија и за стабилноста и економијата. Германија е подготвена да помогне во обезбедување на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три камиони за собирање отпад со капацитет од 12 м³, два камиони од ...
Новиот електронски систем за контрола на влез и излез на државјани на трети земји од утре, 10 април, станува целосно оперативен во сите 29 земји членки на шенгенскиот простор. Новиот европски Систем за влез/излез (EES) почна постепено да се применува на 12 октомври минатата година и по шест месеци станува целосно оперативен. „Со системот за влез и излез го градиме најмодерниот ИТ граничен систем во светот“, изјави портпаролката на ...
Европската комисија побара од Унгарија да даде објаснување „во најкус можен рок“ за телефонски разговори со Русија во кои се споделувале интерни информации од ЕУ. Европските медиуми објави дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто преку директна линија, главно со Сергеј Лавров, доставувал „стратешки информации“ од состаноци во Брисел, вклучително и документ за преговорите за пристапување на Украина. Овие извештаи ...
Признат здравствен професионалец, кој со години ги оценува болничките системи, стандардите и квалитетот на пациентската грижа во различни земји низ светот, ја издвои Клиника Жан Митрев како здравствен центар каде врвната експертиза, беспрекорната координација и човечкиот пристап се чувствуваат во секој сегмент од лекувањето. По погрешни дијагнози во Австралија и Германија, Слободанка Здравева својата сигурност, доверба и вистински одговор ги ...
САД го зголемуваат притисокот врз европските сојузници за воено ангажирање во Ормускиот теснец. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги информираше европските влади дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува конкретни ветувања за испраќање воени бродови или други воени капацитети во следните неколку дена. Политичките ветувања, како оние дадени од почетокот на војната, веќе не се доволни, пишува „Шпигел“. Бројни европски ...
Преку порака на радост, простување и пожртвуваност за секој човек, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, заедно со членовите на Светиот архијерејски синод, упати традиционално Пасхално послание по повод најголемиот христијански празник – Велигден. „Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со ...
Иран нема да дозволи повеќе од 15 бродови да поминат низ Ормускиот теснец во еден ден, како дел од договорот за двонеделен прекин на огнот со Соединетите Американски Држави, објави денес агенцијата ТАС, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер. Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, беше практично блокиран по нападите на САД врз Иран, што предизвика ненадеен пораст на цените на енергијата ...
Јавното обвинителство и АНБ потпишаа меморандум за соработка. Целта на Меморандумот, како што е соопштено од обвинитеслтвото, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон. Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена ...
Управата за јавни приходи донесе План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Овој концепт,како што појаснуваат, претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација од превенција, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод Велики Четврток, учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица. Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци. Акцијата имаше за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани. ...
Утре променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Времето во наредните денови Во наредните денови следува ...
Mozzart ја спојува уметноста и хуманоста: со донација од 100 денари за Банка за храна, добивате бесплатен билет за претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“. На 17 април, Театар Комедија ќе биде дом на една вечер полна со емоции и магија. Елена Кузманов, Сергеј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски ќе ве поведат ...
35-годишен штипјанец го претепал својот татко во дворот од семејната куќа. СВР Штип, според соопштеното, поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 04.04.2026 во двор од семејна куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди. 35-годишен штипјанец го претепал својот татко во дворот од семејната куќа. СВР Штип, според ...
Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, соопштија од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно ...
Албанците не се алатки, туку се закон, велат од „Вреди“. Како што велат од таму, 25 години, правичната и соодветната застапеност се користела за политика. „За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста. Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори ...
Вчера во 18:50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. ...
Во ОВР Гевгелија вчера во 09:15 часот било пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница ...
Целта на Западот е да ја запре мултиполарноста и да го спречи остатокот од светот да се развива и да се движи напред, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Целта на Западот е да ја забави мултиполарноста, да го спречи светот да се развива, да го спречи да се развива рамноправно со нив, а сега воопшто да го спречи да напредува, само за да можат тие да доминираат и да владеат“, изјави Захарова ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за ниту една земја „која не планира да стане центар на антируски активности“. Песков на прес-конференцијата изјави дека загриженоста на началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, Фабиен Мандон, дека Русија претставува закана, е „апсолутно неоснована“, пренесува ТАСС. „Русија не претставува закана за земја која не планира да го уништи ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево, изјави: „Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата ...
ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник „Крстов Дол“, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон, велат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. За жал, македонските власти, додаваат ...
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги отфрли критиките за неговите блиски врски со Русија, велејќи на митинг дека никој од Москва не дошол да го поддржи. „Не беа Русите кои ја посетија Унгарија за да ме поддржат оваа недела, туку потпретседателот на САД“, рече Орбан во извадок објавен од неговиот меѓународен портпарол Золтан Ковач. Орбан нагласи дека Унгарија останува дел од Западот, но додаде дека „се грижи за тоа што се случува во Западна ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена ...