Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Иран е подготвен да ги преземе сите потребни чекори за да постигне договор со САД, изјави денес иранскиот заменик-министер за надворешни работи Маџид Тахт-Раванчи, додека двете земји се подготвуваат за нова рунда преговори. Разговорите треба да се одржат задутре во Женева, изјави денес висок американски функционер, а американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да се сретнат со иранската делегација за преговори. Двете земји ги ...
Европската комисија има намера да предложи закон со кој трајно ќе се забрани увозот на нафта од Русија кон средината на април, веднаш по парламентарните избори во Унгарија, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на документ во кој имал увид. Нацрт-законот треба да биде објавен на 15 април, три дена по унгарските избори. Овој датум, според два извори цитирани од „Ројтерс“, е избран за да се избегне забраната за увоз на руска нафта да стане големо ...
Второлигашите Охрид и Пкендија Арачиново, се пласираа во полуфиналето во Купот на Македонија. Охрид по изведувањето пенали го елиминира лидерот во Првата лига, Вардар, а Шкендија славеше во дуелот со Работнички. Охрид сензационално го елиминира бранителот на трофејот во Купот на Македонија. Охриѓани во 91-та минута се изборија за пенали, а потоа славеа со 4.3. Охрид заслужено го елиминира големиот фаворит откако во текот на натпреварот имаше ...
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ. Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. ...
Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд (75) е примен во болница. Ова го потврди неговиот адвокат Андерс Бросвет, кој тврди дека хоспитализацијата е резултат на стресот на кој бил изложен Јагланд по откритијата за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Бросвет, исто така, ги негираше медиумските извештаи, вклучително и оние објавени од порталите Inyheter и Finansavisen, дека Јагланд се обидел да си го одземе ...
Високи претставници на Европската Унија му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за да одбележат четири години откако Русија ја нападна земјата, потврдувајќи ја поддршката на Европа за земјата разурната од војна. Но, внатрешните поделби во блокот околу санкциите и финансиската помош би можеле да го поткопаат покажувањето единство. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за ...
Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава. Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за обука за напредно производство, а проширувањето, според компанијата, ќе отвори ...
Девојката на коосновачот на „Асос“, Квентин Грифитс, кој почина под необјаснети околности во Тајланд, изјави дека не може да поверува дека би се самоубил. Грифитс, 58, еден од основачите на онлајн модниот гигант, почина на 9 февруари откако падна од 18-ти кат од својот стан во Патаја, одморалиште јужно од Бангкок. Полицијата ја третира неговата смрт како самоубиство, пишува Дејли Меил. Службите за итни случаи го пронајдоа телото на милионерот ...
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната ...
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот. „Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за ...
Иран е блиску до склучување договор со Кина за набавка на противбродски крстосувачки ракети CM-302, во момент кога САД распоредуваат значителни поморски сили во близина на иранскиот брег, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на шест извори запознаени со преговорите. Според извештајот, договорот е речиси финализиран, но датумот на испорака сè уште не е утврден. Станува збор за супeрсонични ракети со дострел од околу 290 километри, дизајнирани да ...
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија е запознаена со плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје. „Американците, секако, ќе бидат информирани за сè, но тие веќе знаат. Во моментов ова се коментира на сите канали. Ние ќе им го кажеме тоа конкретно“, изјави Ушаков за телевизискиот канал „Росија 1“ и додаде дека ...
Француската ракометна федерација свика прес-конференција, а локалните медиуми објавија дека ќе биде објавено дека Гијом Жил, селекторот на машката репрезентација, е сменет. На неодамнешното Европско првенство, Франција не стигна до полуфиналето, и се чини дека тренерот поради тој неуспех ќе добие отказ. Жил ја предводи Франција од 2020 година, а во тој период има олимписко (2021) и европско (2024) злато, како и сребро и бронза од претходните ...
Ракометарите на Охрид, го дознаа името на противникот во Европскиот куп на ЕХФ. Ждрепката во Виена на охриѓани им го додели Олимпијакос. Охрид првиот меч ќе го игра на гостински терен во Пиреја, реваншот е во салата „Билјанини извори“. Доколку Охрид го мине четвртфиналето, за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Целје и Бузау. На другата страна од костурот, кога се во прашање четвртфиналните двојки се: Татабања – Нилуфер и Извиѓач – ...
Фудбалската федерација на Македонија потврди дека од УЕФА добиле дописи за сомнителни натпревари. Станува збор за натпревари од Првата и Втората лига и еден контролен натпревар. „Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна ...
Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, вели дека е подготвен да се појави пред судот по обвинението за силување. Дваесет и четиригодишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал во неговиот дом во Париз во 2023 година. Тој ги негира овие обвинувања. Јавниот обвинител ја започна прелиминарната истрага во март 2023 година. „Денес, обвинението за силување е доволно за да се оправда судењето. Тоа е неправедно кон оние кои се лажно обвинети, но и кон ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма. На отворањето, покрај бројните гости и советниците на ...
На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство, Азир Алииу, најави дека контролата продолжува во останатите комании кои одгледуваат канабис, а кога ќе заврши проверката кај сите 43 фирми, кои имаат лиценци, ќе се изготви нов, посторг закон. „Компаниите на кои им е доземена лиценцата за одгледување канабис за медицински цели се ‘Алфа фарм’, ‘Грин лајф’, ‘ЦБД мед ...
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор за прекин на војната во Украина пред 4 јули, кога ќе биде домаќин на одбележувањето на 250-годишнината од американската независност, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на високи американски функционери. За време на претседателската кампања, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Сепак, околу 400 дена по ...
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти. Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа. Локалните власти наведуваат ...
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот. Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации. Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер. На средбите беа презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Беше истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, ...
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го ...
Воведувањето и зголемувањето на минималната плата е една од клучните економско-социјални политики насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и секоја влада која сака да го заштити стандардот на работниците треба да ја зголеми минималната плата согласно инфлацијата и куповната моќ на граѓаните, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, на која ...
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР. Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе ...
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР. Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него. Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете. Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за ...