Иранската војска изјави дека „ги држи прстите на чкрапалото“ поради повеќекратното „кршење на довербата“ од страна на САД и Израел, соопшти Централната команда на Хатам ал-Анбија, според новинската агенција Тасним. Војската додаде дека Иран нема да се откаже од Ормускиот теснец, врз кој ја презеде контролата. Претседател на иранскиот парламент: Разговорите со САД не можат да започнат без прекин на огнот во Либан Претседателот на иранскиот ...

Лучано Спалети ќе потпише нов двегодишен договор со Јувентус, кој ќе важи до 30 јуни 2028 година. Тренерот доби нов договор без оглед на конечниот резултат што ќе го постигне оваа сезона. Спалети во Јувентус пристигна кон крајот на октомври минатата година, кога клубот му врачи отказ на Игор Тудор. Со новиот договор ќе се зголе,и и неговата плата, од 3 на 5.000.000 евра. Со ова, Спалети ќе се изедначи со Макс Алегри (Милан) и Џан Пјеро ...

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината. „Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив ...

Барселона вложи жалба до УЕФА, по натпреварот со Атлетико Мадрид (0:2) во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Челниците на клубот и цела Каталонија не беа задоволни од судењето на Иштван Ковач. Независно од жалбата, УЕФА реши да го казни романскиот судија. По поразот од Атлетико на „Ноу Камп“, на сите ѕвона од Барселона објавија дека биле ограбени од судијата Ковач. УЕФА независно од поплаките, го казни Ковач, но поради одлука која била ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера имаа „тензичен“ телефонски разговор, по што Израел побара директни разговори за прекин на огнот со Либан. Според израелски извор, Нетанјаху го сторил тоа затоа што сфатил дека Трамп, во спротивно, може сам да прогласи прекин на огнот, пишува Си-ен-ен. Тоа беше барем третиот разговор оваа недела меѓу двајцата лидери во кој Либан беше главна тема. Порано во ...

Времето утре ќе биде претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, потпиша нов договор со клубот. „Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Ник Шлотербек (26) до јуни 2031 година. Германскиот репрезентативец потпиша нов договор овој петок“, се вели во соопштението на клубот. Шлотербек пристигна во Дортмунд од Фрајбург во 2022 година и оттогаш одигра 155 натпревари за „црно-жолтите“. Дефанзивецот постигна 10 гола и имаше 18 асистенции. Шлотербек одигра и 25 ...

Актерката Никол Кидман (58) се појави на премиерата на филмот „Margot’s Got Money Troubles“ во совршена проѕирна креација, па така и таа се придружи на редот на познати убавици кои го прифатија овој тренд. View this post on Instagram A post shared by Laura Dorgan (@laura_dorgan_fitness) „Голите“ фустани станаа речиси заштитен знак на секој црвен тепих, нема настан каде барем една актерка не се појавува во слична креација, а овој пат Никол ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ја исклучил Шпанија од Цивилно-воениот координативен центар основан како дел од прекинот на огнот во Газа. Тој центар е дел од мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше основа за примирјето. Одлуката следеше по острите критики од Шпанија за војната на Израел против Иран, неговата политика во Газа и окупираниот Западен Брег и неговата смртоносна воена ...

Пред скапите серуми и третмани за коса да се појават на пазарот, руските жени ја граделе својата нега на косата околу природни состојки што ги имале дома. Тие експериментирале со мед, квасец, млечни производи и билни масла, создавајќи маски за коса кои го враќале сјајот, густината и отпорноста. Еден од најпознатите рецепти е маска направена од квасец, мед и кефир – три едноставни состојки кои заедно дејствуваат синергиски за да ја зајакнат ...

Вчера во 15:00 часот во СВР Куманово е пријавено на крстосница од улицата „11 Октомври, улицата „Доне Божинов“ и улицата „Гоце Делчев“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, сопственост на МВР, управувано од М.Т.(31), вработен во МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Б.А. од Куманово. Во незгодата, од возилото „пежо“ со телесни повреди се здобил ...

Американскиот претседател Доналд Трамп често ги користи социјалните медиуми за да објавува промени во политиката, да дава широки политички изјави и, повремено, како и претходно оваа недела, да се заканува дека ќе уништи цела цивилизација. Најновото соопштение доаѓа пред мировните разговори меѓу американските и иранските делегации во Пакистан. Што точно мислел американскиот претседател со ова, останува нејасно, но можеби ќе добиеме одговор ...

Често мислиме дека нашиот дом е безбедна оаза, но вистината е дека секој ден доаѓаме во контакт со предмети кои содржат микроорганизми и алергени, подготвени да нè „испратат во кревет“. Дури и ако се обидувате да живеете здрав живот, старите навики за одржување на домот можат да бидат тивки саботери на вашата виталност. Еве седум клучни работи на кои треба да обрнете внимание за да го направите вашиот дом безбедно засолниште, а не микробен ...

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, 78-годишниот Д.А. од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна. Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, 78-годишниот Д.А. од Нов Дојран пријавил дека во нива во ...

Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 22-годишниот А.Г. од Радовиш. Имено, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршија пребарување на простор околу поранешна винарска визба на улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронајде две пакувања со ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека претседателот Доналд Трамп му дал „јасни насоки“ за тоа како да пристапи кон преговорите со Иран и изрази оптимизам пред состанокот. Во разговор со новинарите во Вашингтон, кратко пред да замине за пакистанскиот главен град Исламабад на разговори, Венс рече дека очекува разговорите со Техеран да бидат „позитивни“. #BREAKING : JD Vance Heads to Pakistan for Iran Talks U.S. Vice President ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги изложи своите предвидувања за наредните месеци, истакнувајќи дека клучен состанок би можел да се одржи доколку Русија избере деескалација, но предупреди на тежок период што претстои. „Доколку Русија го избере патот на деескалација, тогаш верувам дека ќе се одржи трилатерален состанок. Ќе се обидат да го одржат во април, мај или јуни. Мислам дека ова се клучни месеци за нив. И верувам дека ќе ни ...

Вчера во 13:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на улицата „Бел камен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(31) од Пехчево и патничко возило „газ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната М.А.Ј. од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Штип. ...

Шефот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека борбата против Хезболах во Либан станала „примарен оперативен фокус“ на војската, нагласувајќи дека тие „не се во прекин на огнот“ со милитантната група. „ИДФ е во воена состојба; ние не сме во прекин на огнот на северниот фронт“, им порача Замир на командантите во јужен Либан. Тој, исто така, се осврна на ситуацијата со Иран, објави Скај њуз. „Ние сме во прекин на огнот со Иран, но ...

Вчера во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Македонско – косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64) од село Средно Коњари, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.З.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги ...

Вчера во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 18-годишната Е.Ј. од Скопје. Според пријавеното, околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала 20-годишната И.И. од Скопје, по што повикала ѝ неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање ...

Ноќеска во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Н.(27), К.К.(19), Г.А.(21), А.Б.(23), В.Т.(35), 40-годишната Б.К. и 18-годишната М.Ј., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Ноќеска во Скопје, на различни локации, ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.Ш. од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. На 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово ...

Вчера во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат 65-годишниот А.С. од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, извести МВР. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп ...

Јаков Јозиновиќ испиша важна страница во својата музичка кариера во Скопје. Својот прв голем соло концерт го одржа пред преполна сала, а емоциите што ја одбележаа вечерта ги допреа и публиката и неговите следбеници на социјалните мрежи. @sdrten3am Jakov peva Tošeta na makedonskom jeziku, emotivno#foryoupage #jakovjozinovic #skopje🇲🇰 #toseproeski #emocije @Jakov Jozinovic @Lidija Jozinović @Anamarija_p @jovana androvic @𝓳𝓪𝓴𝓸𝓿 ...

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска присуствуваше на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан. „На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир. Во исечекување на Христовото Воскресение да го ...

Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има за цел да обезбеди ...

Властите во Германија веруваат дека вандализмот во израелски ресторан во Минхен бил мотивиран од антисемитизам откако прозорците на зградата биле скршени синоќа. Нема повредени. Сопствениците на ресторанот се Евреи, потврди полицијата за германската новинска агенција ДПА. Снимките од местото на настанот покажуваат дека ресторанот е „Еклипс Грилбар“, иако полицијата официјално не го објавила неговото име. Веб-страницата на ресторанот се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
86%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.8
91%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
61%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9988

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Калај

52.70

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40