Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска приреди Велигденски ручек, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите. „Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон ...
Амбасадата на САД во Ирак ги предупреди своите граѓани да не патуваат во таа земја денес по „бројните напади со беспилотни летала“ наводно извршени од проирански фракции врз дипломатски објекти и Меѓународниот аеродром во Багдад. Овие фракции „може да се обидат да извршат дополнителни терористички напади врз американски граѓани и цели поврзани со САД низ целиот Ирак, вклучувајќи го и автономниот ирачки Курдистан“, соопшти амбасадата на ...
Иранската револуционерна гарда предупреди дека ќе одговори ако агресијата врз Либан не биде веднаш запрена, објави државната телевизија „ИРИБ“. Предупредувањето доаѓа откако Израел изврши серија моќни воздушни напади низ Либан, вклучувајќи го и главниот град Бејрут, во кои загинаа стотици луѓе, пишува CNN. Во изјавата на ИРГЦ го обвинуваат Израел дека започнал брутален масакр во Бејрут само неколку часа по договореното примирје. Гардата ги ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска во одговор на прашање поставено во врска со справувањето со отпадот, одговори дека регионалниот систем за управување за отпад е во фокусот на негово работење, каде се работи за важна стратегија која конечно го гледа светлото на денот, и која повеќе не е само документ на хартија, туку активно се имплементира на терен. Дивите депонии, слабо функционалните или ...
На денешната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на како што беше оценето, партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните. Ацо Ристов, велат од Левица, е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруга Данка ...
Врховниот совет за национална безбедност на Иран денес прогласи „историска победа“ над Соединетите Американски Држави и Израел по 40 дена војна. Тие објавија дека Вашингтон е принуден да го прифати предлогот на Иран од 10 точки, кој вклучува крај на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан. Другите точки, како што е наведено, се однесуваат на отсуство на нова агресија против Иран, продолжување на иранската контрола врз Ормускиот ...
Ормускиот теснец е сè уште затворен за танкери за нафта поради израелските напади врз Либан. Неколку бродови во Заливот добија пораки од иранската морнарица дека Ормускиот теснец е сè уште затворен, според неколку извори од поморскиот сообраќај. Во пораката се наведува дека сопствениците на бродови мора да добијат дозвола од Иран за транзит и се предупредува дека бродовите што не ја почитуваат дозволата ќе бидат „нападнати и уништени“, ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за неодговорна политика и предупредувајќи дека неговите потези би можеле да доведат до воени злосторства и дополнително да ги загрозат американските војници. Во серија објави на социјалната мрежа Threads, Харис рече дека Трамп се заканува дека ќе „уништи цела цивилизација“, нарекувајќи го неговото однесување „гнасно“ и без јасен ...
Утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во наредните ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во интервју за PBS News изјави дека Либан не е дел од двонеделното примирје договорено со Иран. „Тие не беа вклучени во договорот поради Хезболах. И тоа ќе биде решено. Во ред е“, истакна Трамп, додавајќи дека ова е „специјална конфронтација“. Порано денес, иранските медиуми објавија дека Техеран размислува да започне напад врз Израел, како и потенцијално да го прекине договорот ...
Стотици луѓе се убиени и ранети во израелските напади врз Либан, изјави либанскиот министер за здравство, според државната новинска агенција. Министерот за здравство Ракан Насередин изјави дека имало „стотици мртви и ранети“ по нападот во средата, објави ННА. Нападите вклучуваат едни од најобемните израелски напади во центарот на Бејрут во последните децении. Воздушните напади погодија најмалку три области во центарот на Бејрут, вклучувајќи ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 7 април, осомничените во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, а во јавноста предизвикале чувство на страв, несигурност и загрозување. Мотив за настанот била одмазда, при што еден од осомничените и неговите два сина, ги пресретнале двајцата оштетени на нивното ...
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница на која што на дневен ред беше Предлогот за избор на диектор на Регулаторната комисија за енергетика, посочи дека изборот за претседател на Регулаторна комисија за енергетика не смее да помине без ниту една дискусија и не треба апсолутно да не се потсети на тоа што беше претходно кажувано, заради тоа што ова е директна потврда на тоа што и како ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, постави прашање до министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во однос на потфрлувањето на реализацијата на проектите во општините, за што владата најави 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Бочварски посочи дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и а владата со намален интензитет работи на ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, обвини дека изборот на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, кој го предлага власта, претставува уште еден јасен пример на партизација на институциите и воведување на ВМРО-ДПМНЕ кадар во важни државни тела, што го загрозува интересот на граѓаните. „Денеска повторно сме сведоци како една клучна институција во државата, наместо да биде независна и да работи за интересите на ...
Нашата визија е јасна. Ние сакаме држава во која ромското дете ќе има исти шанси како и секое друго дете. Но не само тоа. Сакаме држава во која тоа дете ќе верува дека може. Во која ќе расте со самодоверба, со чувство дека припаѓа, со убедување дека неговиот труд ќе биде препознаен и вреднуван. Сакаме млади луѓе кои нема да се чувствуваат оттурнати, туку прифатени. Кои нема да бараат иднина надвор, туку ќе ја градат тука- во својата држава, ...
Владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави објавија Заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Со Заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, ...
На предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет и ...
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите. „При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, како и ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, и претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, се обратија до јавноста по примирјето со Иран. Хегсет го започна своето обраќање тврдејќи дека Иран бил закана за САД 47 години, но тоа повеќе не е случај. Потоа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој направил историја. „Претседателот Трамп го обликуваше овој момент, Иран молеше за ова примирје и сите го ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави: „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа дека таа е просечна, не минимална.“ Во однос на ...
Во Собранието се одржа настан „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница” по повод Меѓународниот ден на Ромите. На настанот свои обраќања имаа Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Едвард Андерсон, висок претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Јаше Сефер, претставник на Ромската заедница во Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието. ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека конфликтот во Украина е „најтешката војна за решавање“, по постигнатото примирје со Иран, а во исто време ги критикуваше европските лидери дека „не прават доволно“ по ова прашање. „Во некои аспекти верувавме дека ќе биде најлесно, но беше најтешко“, рече тој како дел од предавањето одржано пред студентите во Будимпешта, каде што е во посета од вчера. Украинските лидери ги повикаа ...
Една од најемотивните македонски љубовни песни доби ново звучно руво токму во пресрет на Велигден. Џина Папас Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски создадоа нова современа верзија на „На Велигден сум се заљубил“ – нумера што со години живее во колективната меморија на публиката. Идејата за оваа соработка зреела со години, но овој Велигден за нив ја донесе вистинската емоција и момент за реализација. Во овој проект се спојуваат ...
Во Вашингтон денеска се одржа свеченото потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited. На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот за ...
Полицаец во Прилеп пукал со службен пиштол во својот двор, но куршумите завршиле во соба кај соседите. Тој сакал да го прикрие делото и ги зел проектилите од кај соседите и ги ставил во неговиот двор. Исто така, со негов колега по пораки на мобилен телефон се договориле да го негираат делото. Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на ...
Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат блиска соработка со Иран, за кој оцени дека поминал низ „многу продуктивна режимска промена“. Според неговите наводи, во земјата повеќе нема да има збогатување ураниум. Трамп истакна дека САД, во соработка со иранските власти, ќе го отстранат сиот длабоко закопан нуклеарен „прав“. Тој додаде дека локациите биле под прецизен сателитски ...
Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата. Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на нов ...
Цените на гас во Европа денес нагло паднаа откако Иран и САД објавија двонеделен прекин на огнот, сигнализирајќи целосно отворање на Ормутскиот теснец за транзит на енергетски пратки. Мегават-час гас со рок за испорака во мај, утрово се тргуваше по 45,36 евра на референтната холандска дигитална берза TTF, што е речиси 15 проценти поевтино отколку на вчерашното затворање. По нападот на САД и Израел врз Иран пред повеќе од пет недели, цената ...
Италијанскиот тенисер, Матео Беретини го декласираше светскиот број 10 Данил Медведев во второто коло од Мастерсот во Монте Карло, победувајќи го со 6:0, 6:0 за само 49 минути. Дефинитивно ова е најтешкиот пораз во кариерата на рускиот тенисер, поранешен светски број 1. Медведев одигра катастрофален натпревар, што го потврдува и статистиката: направи пет двојни грешки, имаше само 36% од своите први сервиси и дури 27 неизнудени грешки. За ...