Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот унгарски колега Виктор Орбан да не го блокира пристапувањето на неговата земја во ЕУ, објавија француските медиуми. „Навистина би сакале унгарскиот премиер да нè поддржи или барем да не нè блокира“, рече Зеленски на форумот на „Еуроњуз“ за проширувањето на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател додаде дека би сакал неговата земја да се приклучи на ЕУ пред 2030 година, но дека неговата ...
Албанскиот премиерот Еди Рама во првата реакција по одлуката на Уставниот суд, со која Ерион Велиај останува на функцијата градоначалник на Тирана, наведува дека „оваа одлука на судот покажува, пред сè, дека не сум ја зграпчил целата власт, како што тврди опозицијата“ и додава дека судот сега, според „истиот принцип ќе го ослободи од затвор“. Во објава на Х тој наведува „некои логички последици од одлуката на Уставниот суд“. „Ако во Тирана ...
Сомнилогија претставува несвесно зборување додека спиеме. Епизодите на сомнилогијата се однесуваат на мрморење, кажување неповрзани зборови и целосни монолози. Некои луѓе во текот на сонот дури и разговараат со луѓето околу нив што се будни. Зборувањето во сон може да се случи во која било фаза од сонот, но најизразено е за време на РЕМ-фазата, кога сонуваме. Сомнилогијата е краткорочна и не е производ на рационалното. Што го предизвикува ...
Бик Бикот не реагира импулсивно, но кога ќе се налути, оваа емоција може да трае со денови, па дури и со недели. Тие не толерираат неправда или предавство, а особено ги боли кога се разочарани од луѓето на кои веруваат. Наместо брзо да го надминат конфликтот, тие се повлекуваат во себе и го анализираат секој збор и гест. Кога одлучуваат да возвратат, тие го прават тоа суптилно, но со јасна порака. Збогувањето со нив не доаѓа лесно – мора да ...
Институтот за јавно здравје во Република Српска потврди случај на тифус во Фоча. Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред еден месец се вратила на настава во Фоча, со веќе присутни симптоми на болеста. Сите контакти, како и самата ученичка, моментално се во добра ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против лице осомничено за разбојничка кражба, казниво по член 238 став 1 од Кривичниот законик. Како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот на 19 октомври со цигла го скршил стаклото од прозорецот на спалната соба во куќа на улицата „Благоја ...
Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино, предизвикала пожар, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Неготино, а повредени лица нема. В.А била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино и по ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд. И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави пред новинарите во авионот „Ер форс уан“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал исклучок од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор, но дека САД го одбиле барањето. – Тој побара исклучок. Ние не му го дадовме, рече Трамп, додавајќи дека Орбан е негов пријател. Интересно е што американскиот претседател во изјавата го нарече Орбан „претседател“, а не премиер. Трамп ...
Кремљ соопшти дека Москва внимателно ги следи настаните во Венецуела, по извештаите дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал радари, авиони и евентуално ракети од неговиот руски колега Владимир Путин. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на внатрешни документи на американската Влада, пред два дена објави дека Мадуро му се обратил на Путин со писмо „во кое бара одбранбени радари, поправки на авиони и евентуално ракети“, а кое наводно ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. -Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е „длабоко загрижен“ од „континуираното кршење“ на прекинот на огнот во Појасот Газа, повикувајќи ги сите страни целосно да ги почитуваат одредбите од првата фаза од мировниот договор. -Овие кршења мора да престанат и сите страни мора да ги почитуваат одлуките од првата фаза од мировниот договор, рече Гутереш на прес-конференција во Доха, одржана на маргините на Светскиот ...
Петтата рунда помош за Украина во вредност од најмалку 1,8 милијарди евра беше одобрена денеска од Советот на Европската Унија. „Украина ќе добие повеќе од 1,8 милијарди евра финансиски средства во рамките на Инструментот за помош на Украина“, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на Советот на ЕУ. Според извештаите, одобрениот износ го одржува успешното спроведување на деветте чекори потребни за одобрување на петтата рунда од ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува ...
До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...
СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со ...
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска оствари средба со новопоставениот командант на НАТО мисијата во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ при што разговараа за придонесот на мисијата КФОР во одржувањето на мирот и стабилноста во целиот регион. -Денеска остварив средба со новопоставениот командант на НАТО мисијата во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, на кого му посакав успех на новата позиција ...
Бик Можни се промени во плановите или распоредите. Дури и ако не ви се допаѓа, брзо ќе се прилагодите и ќе го пронајдете најдобриот начин да ја одржите стабилноста. Колегите ја препознаваат вашата сигурност и ќе се потпрат на вас. Зафатените Бикови ќе уживаат во искрен разговор со својот партнер, додека слободните може да иницираат контакт кој на почетокот изгледа пријателски, но има подлабок потенцијал. Внимавајте на вратот и рамената, ...
Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавит еод ...
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и ...
Американскиот министер за сообраќај Џон Дафи денеска изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе го затвори целиот американски авио-систем ако процени дека тековната блокада на владата претставува премногу голем ризик за безбедноста на патувањата. – Ќе го затвориме целиот воздушен простор ако процениме дека ситуацијата е небезбедна. Нема да им дозволиме на луѓето да патуваат. Сè уште не сме стигнале до таа точка. Засега има ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се чини оти Хамас е решен да го почитува примирјето во Појасот Газа, а Израел продолжува со окупацијата и нападите. – Соочени сме со администрација која масакрира над 200 невини луѓе откако стапи во сила договорот за прекин на огнот, а исто така продолжи со своите напади и окупација во Западниот Брег. Не можеме да дозволиме анексија на Западниот Брег, промена на статусот на ...
Кина денеска изјави дека не спровела никакви нуклеарни тестови, како одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг и Москва спроведуваат такви тестови, но не зборуваат за нив. „Кина отсекогаш се придржувала кон мирен пат на развој, води политика на „без прв удар“, се придржува до нуклеарна стратегија заснована на самоодбрана и се придржува до својата обврска за суспендирање на нуклеарните тестови“, изјави Мао ...
Украинската војска денеска соопшти дека е во тек комплексна операција во која учествуваат специјални сили за протерување на руските војници кои се инфилтрирале во градот Покровск, упориште во источниот регион Донецк, кој е под зголемен притисок. Украинските власти неодамна соопштија дека најмалку 200 руски војници се инфилтрирале во градот, а воените набљудувачи стравуваат дека тој би можел да падне под руска контрола откако со месеци беше во ...
Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и ...
Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата земја и протести што би можеле да доведат на власт проруски политичари, објави денеска Политико, повикувајќи се на два извори. Изворите наведуваат дека бугарската Влада побарала од Вашингтон објаснување како може да ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што се наведува во дневниот билтен на МВР, пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски е во службена посета на Брисел. -Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната ...
Објавена е листата на најбезбедни светски дестинации за 2026 година, па погледнете каде може да патувате без да чувствувате било каков страв. Холандија на врвот на листата Холандија е на врвот на листата за 2026 година, забележувајќи неверојатен скок од 14 место на кое се наоѓала претходната година. Оваа европска земја е високо оценета поради својот мир, а патниците ѝ дале речиси совршена оцена за здравствената безбедност, вклучувајќи ги и ...