Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. „Иста така се предвидува и подобрување на ...

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми. – Сакам да ја информирам Комисијата дека добив писмено известување од страна на претседателот на Собранието, со кое се укажува дека во согласност со Законот за Судскиот совет на Република ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...

Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари значаен чекор напред во насока на долгорочниот и одржлив развој на главниот град, со официјалното потпишување на Меморандум за соработка со Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан. Потпишувањето на Меморандумот претставува важен момент во продлабочувањето на партнерските односи и ја потврдува заедничката заложба за ...

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница. Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата. Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесувала 45 961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9.4 %, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо ...

Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен ред се 10 точки. Пратениците ќе расправаат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на ...

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни ...

Изминатите два дена (19/20.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под ...

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да ...

На 20.01.2026 во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По ...

Овен Денес може да почувствувате дека нешто што сте го започнале со ентузијазам почнува да покажува резултати, особено преку луѓе, мрежи или групи. Разговор или информација може да ви даде јасна слика каде сте стигнале. Подоцна во денот, чувствувате потреба да се повлечете и да ги средите мислите. Тивката подготовка ќе ви биде поважна од јавното дејствување. Бик Фокусот е на кариерата, јавната улога и насоката што ја градите. Денес може да ...

Утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово, соопшти УХМР. До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија. Висината на снежната покривка до ...

УХМР за денеска најавува пообилни врнежи од снег во западните делови. Се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно време со пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека снегот не е изненадување во зима, а подготвеноста е нивна обврска. – Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две. Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на ...

Будењето во пет часот наутро стана статусен симбол на продуктивност во последниве години. „Клубот во 5 часот наутро“ повеќе не е само наслов на популарната книга на Робин Шарма, туку цело онлајн движење: утринските рутини со медитација, тренинг и планирање на денот редовно се споделуваат на TikTok и Instagram, честопати со пораката дека оној што станува рано – буквално победува во животот. Но, под тој брилијантен филтер лежи едноставно ...

Група од 54 европратеници упатија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во кое го повикуваат извршното тело на ЕУ „под итно“ да создаде европски социјални медиуми. Писмото, потпишано од европратеници од Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), Зелените и од Левицата, е упатено во пресрет на денешната дебата во ...

Иако овој пристап може да изгледа како полесен пат, со тек на време доведува до незадоволство и чувство дека вашиот глас се губи во врската. Наместо блискост, оваа динамика често создава тивка тензија и неразрешени замерки. Значи, жените кои се среќни во своите бракови имаат една заедничка работа. „Станува збор за асертивност, или способност јасно и смирено да го изразите своето мислење“, објаснува психологот Лиза Каплин за YourTango. „Жените ...

Пасошот е еден од најважните документи за секој патник, но дали некогаш сте се запрашале зошто пасошите се во различни бои? Од црвена и сина до зелена и црна, бојата на пасошот не е само естетски избор, туку носи политичка, културна, па дури и религиозна симболика. Историјата на боите на пасошите датира од 20 век, кога земјите почнаа да ги стандардизираат своите документи. Употребата на одредена боја често се поврзува со политички и културни ...

Овен Оваа моќна млада Месечина ви носи нов план за учење и повеќе структура. Ова лунарно влијание фрла светлина врз вашите амбиции и професионални цели за следните шест месеци. Транзитот, исто така, одразува колку добро соработувате со другите и дали барате помош што ви е потребна. Сезоната на Јарец претставува нов почеток за колективот, особено со Марс, исто така, во овој знак. Напорната работа станува многу полесна, затоа одвојте време за ...

Бик Биковите се претпазливи и вредни по природа, а годината 2026 година конечно ја носи заслужената награда за нивната упорност. Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, силно ја поддржува вашата финансиска област, отворајќи ја вратата кон одлични деловни можности што можеби сте ги чекале. Без разлика дали станува збор за унапредување на работа, ненадејно наследство или успешна продажба на недвижен имот, парите ќе ви дојдат од ...

Духот на дијалог како оригинална идеја на првиот состанок на Светскиот економски форум во Давос во 1971 година сега е уште поважен во свет што е поподелен и поразделен од кога било досега, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Светот можеби е многу поразличен денеска, но верувам дека геополитичките шокови можат и мора да послужат како можност за Европа. Според мене, сеизмичката промена низ која ...

Пентагон се подготвува да испрати дополнителни американски сили и воена опрема на Блискиот Исток, вклучувајќи ударна група на носач на авиони, дополнителни авиони и копнени системи за воздушна одбрана, објави Ен-би-си њуз (NBC News), повикувајќи се на неименуван американски извор. – Се очекува дополнителните сили да ги зајакнат американските капацитети, што веќе се распоредени во регионот, во време на зголемени тензии и додека американскиот ...

Во следните 10 години на украинската армија ќе и ќе бидат потребни неколку стотици милијарди долари помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА. Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале „700 милијарди долари“, изјави украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за украинската интеграција во ЕУ и НАТО, на денешната ...

Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа, бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на денешната дебата во Европарламентот посветена на „Територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска“. – Европската Унија без никаков сомнеж стои зад Гренланд и Кралството Данска во одбрана на нивниот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Давос само доколку таму се подготвени за потпишување документите за безбедносните гаранции со Соединетите Американски Држави и планот за просперитет на Украина. Зеленски, кој се очекуваше денеска да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, соопшти дека останал во Киев за да помогне во справувањето со последиците од масивните руски воздушни напади во текот на ...

Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос. Во обраќањето, тој истакнува: „Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за ...

Европската унија нема да попушти пред царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Таа додаде дека Унијата нема интерес да влезе во конфликт со САД, но дека има голем број инструменти за заштита на своите интереси, особено кога станува збор за Гренланд, и нагласи дека „суверенитетот не е на продажба“. „Безбедноста ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
48%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.63
49%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
51%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
49%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
46%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
48%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0157

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Сребро

2583.47

Кобалт

45.39

Бакар

12.64

Калај

54.78

Злато

151875.00

Алуминиум

3.50

Платина

66101.93

Паладиум

48065.37