Индија и Пакистан се обвинија меѓусебно за започнување нови воени напади денес, користејќи беспилотни летала и артилерија трет ден во најжестоките борби меѓу нуклеарно вооружените јужноазиски соседи во последните речиси три децении. Ова се случува откако Индија во средата нападна повеќе локации во Пакистан за кои рече дека биле „терористички кампови“ , како одмазда за смртоносниот напад врз туристи во индиски Кашмир минатиот месец, пишува ...

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата со голема воена демонстрација на Црвениот плоштад, додека претседателот Владимир Путин пречека низа светски лидери во знак на воено пркосење и меѓународна поддршка, повеќе од три години од почетокот на целосната инвазија врз Украина, пренесува Москва Тајмс. На прославите во Москва присуствуваа над дваесет светски лидери, вклучително и Си Џинпинг од Кина, Луиз Инасио Лула да ...

И покрај долгогодишното противење на Ватикан на идејата за папа од САД поради статусот на суперсила на земјата и секуларното глобално влијание, умерениот, роден во Чикаго, Превост е сè уште еден од оние што треба да се следат, пренесува Гардијан. Прогласен за кардинал од Франциск во 2023 година, поранешниот водач на августинскиот ред беше назначен и од покојниот папа во моќната Дикастерија за бискупи, која го надгледува изборот на нови бискупи ...

И покрај долгогодишното противење на Ватикан на идејата за папа од САД поради статусот на суперсила на земјата и секуларното глобално влијание, умерениот, роден во Чикаго, Превост е сè уште еден од оние што треба да се следат, пренесува Гардијан. Прогласен за кардинал од Франциск во 2023 година, поранешниот водач на августинскиот ред беше назначен и од покојниот папа во моќната Дикастерија за бискупи, која го надгледува изборот на нови бискупи ...

Густ бел чад се издигаше од оџакот над Систинската капела во четврток, сигнализирајќи му на светот дека Римокатоличката црква има нов папа, пренесува Гардијан. Чадот беше пречекан со силен аплауз од илјадниците присутни и туристи кои чекаа на плоштадот „Свети Петар“. Тоа значи дека еден од 133-те кардинали во капелата го добил потребното двотретинско мнозинство потребно за да победи на конклавата, тајниот вековен ритуал за избор на нов папа. Во ...

Ворен Бафет којшто е шестиот најбогат човек во светот ја брани својата љубов кон најпознатиот пијалок на светот „кока-кола“, секојдневното јадење на брза храна и невежбањето потенцирајќи дека “сè уште е тука” на 94 годишна возраст. Ворен Бафет е роден е на 30 август 1930 година, започнува со компанија за текстил, а моментално е Изрвшен Директор на Бекршир Хатавеј Конгломератот еод Омаха во Небраска, неговото родно место. Бафе има завршено ...

Авионот со кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ, патуваше за Москва за да присуствува на одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, слетал во Баку, Азербејџан, и по добивањето на дозвола за прелет, го продолжи патот кон руската престолнина. Податоците од „Flightradar24“ покажуваат дека авионот од типот „Ембраер“ денеска полетал од аеродромот во Белград и слетал во Баку и по кратка пауза продолжил кон Москва. Embraer sa predsednikom ...

Индија во раните утрински часови соопшти дека започнала воена операција против Пакистан, напаѓајќи „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир. Односите меѓу Индија и Пакистан доживеаја драстично влошување во последниве недели, по смртоносниот напад извршен од вооружени лица кои убија 26 лица, главно индиски туристи, на едно живописно место во Кашмир, пренесува Си-Ен-Ен. Индија соопшти дека биле погодени вкупно ...

Конзервативниот лидер на Германија не успеа да обезбеди доволно гласови за да формира мнозинство во парламентот и да стане канцелар. Фридрих Мерц имаше потреба од 316 гласови во Бундестагот со 630 места, но собра само 310, што претставува значителен удар за лидерот на Христијанско-демократската унија, два и пол месеци по неговата победа на германските федерални избори, пренесува Би-Би-Си. Иако неговата коалиција со централно-левичарската партија ...

Ултранационалистот кој се спротивставуваше на воената помош за Украина, и ги оцрнуваше лидерите на ЕУ, којшто самиот се нарекува „природен сојузник“ на Доналд Трамп, победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, пренесува Гардијан. Со 99% преброени гласови доцна, Џорџе Симион, член на крајнодесничарската Алијанса за обединување на Романците (AUR) започна како антиваксерско движење за време на пандемијата, водеше ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неделата објави 100 отсто царина на филмови произведени надвор од САД, велејќи дека американската филмска индустрија умира „многу брзо“ поради стимулациите што другите држави ги нудат за да привлечат филмски продукции, пренесува Ројтерс. „Ова е координиран обид од други нации и, затоа, претставува закана за националната безбедност. Тоа е, покрај сè друго, и прашање на пораки и пропаганда“, напиша Трамп на ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека досега не се појавила потреба за употреба на нуклеарно оружје во Украина и изрази надеж дека тоа и нема да се случи, јавува Асошиејтед прес. Во најавата за интервју за руската државна телевизија, објавена во неделата на Телеграм, Путин рече дека Русија има доволно сила и средства за да го доведе конфликтот во Украина до „логичен крај“. Одговарајќи на прашање за украинските напади врз руска ...

Граѓаните на Романија денес гласаат на претседателски избори, кои претставуваат повторување на претходниот изборен процес, коге беа поништени резултатите од ноемвриското гласање по наводи за масовно руско влијание. Овие избори би можеле на власт да донесат ултранационалист кој е против помошта за Украина, остро ја критикува Европската Унија и се смета за „природен сојузник“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, пишува британски Гардијан. Џорџе ...

Принцот Хари (Војводата од Сасекс) ја загуби правната битка околу нивото на безбедност финансирано од даночните обврзници на кое има право додека е во Обединетото Кралство, со што владата доби зелено светло да продолжи со „специјализирано“ и поевтино обезбедување за неговото семејство, пренесува Гардијан. Адвокатите на принцот Хари тврдеа дека тој бил „издвоен“ и третиран „на лош начин“ и дека неговата безбедност и живот биле „загрозени“ по ...

Соединетите Американски Држави повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, откако Владимир Путин одби да потпише договор за прекин на огнот, пренесува Телеграф. Стејт департментот соопшти дека ја менува „методологијата за тоа како придонесуваме“ во преговорите и дека повеќе нема да „летаме низ светот на прва повик“ за состаноци. Ова следува откако САД потпишаа договор за минерали со Украина под поволни услови од ...

Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот, домашната разузнавачка агенција на земјата, штотуку издаде ажурирано соопштение за својата истрага против екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“, класифицирајќи ја како „потврдена десничарска екстремистичка организација“. Како што забележаа германските медиуми, претходно само државните здруженија на „Алтернатива за Германија“ во одредени делови од Германија беа ...

Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, и неговиот заменик, Алекс Вонг, ќе ги напуштат своите функции откако ја изгубиле довербата на другите функционери од администрацијата и останале без сојузници во Белата куќа, според два извора запознаени со случајот, пренесува Гардијан. Заминувањето на Волц и Вонг означува крај на едно турбулентно работење. Во март, Волц по грешка го додал Џефри Голдберг, главен уредник на „The ...

Денес во Нови Сад се одбележуваат шест месеци од падот на настрешницата на влезот од Железничката станица, при што загинаа 16 лица, а едно лице со тешки повреди сè уште е хоспитализирано, пренесува Н1. Студентите кои го блокираат Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да се соберат пред станицата за да им оддадат почит на жртвите точно во 11:52 часот. „Не ги забораваме жртвите на падот на настрешницата во Нови Сад. Тој настан, кој е ...

Турскииот суд му изрече условна казна затвор од 11 месеци на шведски новинар за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, но тој останува во затвор додека чека судење за второ, посериозно обвинение, пренесува Гардијан. Јоаким Медин, кој работи за шведскиот весник „Dagens ETC“, беше уапсен на аеродромот во Истанбул на 27 март кога допатувал за да известува за масовните протести што ја зафатија Турција. Тој бил обвинет за две различни дела: ...

САД и Киев потпишаа договор за споделување на профитот и рударските права од идната продажба на украински минерали и ретки земјени елементи, финализирајќи договор за кој Доналд Трамп рече дека ќе претставува економски поттик за САД да продолжат со инвестициите во одбраната и обнова на Украина по постигнување на мировен договор со Русија, пренесува Гардијан. Договорот за минерали, кој со месеци беше предмет на тензични преговори и речиси пропадна ...

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да ги одобри барањата од страна на ЦРТА Србија, на подносителите на барањето за привремена мерка во случајот Ѓоровиќ и други против Србија. Случајот се однесуваше за употреба на звучно оружје од страна на властите за контрола на топла при протести и загриженост дека тие би можеле да бидат употребени на идните собири. Подносителите на барањето побараа ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, за време на посетата на Нови Сад, им оддаде почит на жртвите кои го загубија животот при падот на пнастрешницата на 1 ноември мината година, објави таа на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Дојдов во Нови Сад за да им оддадам почит на 16-те животи кои беа изгубени во трагедија што можеше да се спречи“, напиша Кос. I came to Novi Sad to honour the 16 lives that were lost in a tragedy that could have ...

Само неколку часа откако положи заклетва за својот втор претседателски мандат, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ја изрази својата заложба за Првиот амандман и правото, како што рече, „граѓаните слободно да зборуваат на јавниот простор без мешање од владата“. „Цензурата од страна на власта е неподнослива во слободно општество“, стои во наредбата. Но, во следните 100 дена, администрацијата на Трамп презеде низа мерки против лица и ...

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа го коментираше процесот на зачленување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Коментирајќи ја ситуацијата на Косово, Кос истакна дека е во постојан контакт со косовските политичари, кои, според неа, тврдат дека се ...

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека неговата земја „никогаш“ нема да се покори пред Соединетите Американски Држави, прогласувајќи победа на федералните избори рано во вторникот, по кампања засенета од постојани провокации и високи трговски царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен. Лидерот на Либералната партија упати остар прекор до Трамп, испраќајќи порака на единство до поделената нација, ветувајќи ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе преземе чекори за намалување на влијанието од неговите царини за автомобили и автомобилски делови, олеснувајќи дел од давачките наметнати на странски делови во автомобили произведени во САД и спречувајќи царините на автомобили произведени во странство да се насоберат врз веќе постоечките, пренесува Ројтерс. „Претседателот Трамп гради важно партнерство со домашните производители на автомобили и со ...

Масовен прекин на струја вчера го парализираше поголемиот дел од Шпанија и Португалија, запирајќи ги возовите, оневозможувајќи телефонски услуги и исклучувајќи семафори и банкомати за милиони граѓани на Пиринејскиот Полуостров, јави Асошиејтед прес. Шпанската компанија за дистрибуција на електрична енергија, Ред Електрика, соопшти дека целосното обновување на струјата би можело да трае меѓу шест и десет часа, но одби да шпекулира за причините за ...

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи го деканот Патрик Дрид да влезе во објектот. По неуспешниот обид да влезе во зградата, Дрид повика полиција, по што на терен пристигнаа припадници на интервентната единица и жандармеријата. Според сведочењата на присутните, полицијата ...

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на руските сили „целосно да ја ослободат“ граничната област Курск, според наредба дадена од лидерот Ким Џонг Ун, пренесува Би-Би-Си. Објавата на Пјонгјанг доаѓа само неколку дена откако началникот на Генералштабот на руската армија, ...

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100 дена по враќањето на власт, силно ги наруши основите на светскиот поредок што САД го градеше по Втората светска војна, пишува Ројтерс. „Трамп сега е многу порадикален отколку пред осум години. И јас сум изненаден“, вели Елиот Абрамс, ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.55
83%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1013
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
88%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Никел

471972.96

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Сребро

1837.41

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Калај

40.11

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12