Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Граѓанските организации – Белградски центар за човекови права, Граѓански иницијативи, Комитетот на правници за човекови права – JУКОМ (YUCOM), Иницијатива A 11, ФемПлац и ЦРТА до Обвинителството за организиран криминал во Белград поднесоа кривична пријава против непознати лица заради сомнение дека на 15. март 2025 година извршиле кривично дело тероризам кога во текот на одбележувањето на 15-минутна тишина употребиле неидентификувано опасно ...
Хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк, при што загинаа сите шест лица кои биле на борд, вклучително и пилотот и една шпанска туристичка фамилија со три деца, пренесува Гардијан. Туристичкиот хеликоптер добил дефект и почнале да летаат неколку делови додека бил во воздух, и се срушил во реката Хадсон, помеѓу Менхетен и брегот на Њу Џерси, нешто по 15 часот, предизвикувајќи масовна реакција од страна на службите за итни случаи. Видеа ...
Претседателот на Социјалдемократската партија на Романија (ПСД), Марчел Чиолаку, во четвртокот побара од Виктор Понта, поранешен премиер од редовите на партијата да се повлече од претседателската трка, откако Понта откри дека дозволил поплавување на романски села за да го „спаси“ Белград, главниот град на Србија, јавија ромаските медиуми. Понта во средата во поткастот „Хај, лајв! Со Туческу и Андроник“ рече дека во 2014 година, додека беше ...
Колумнистот на „Пешчаник“ Дејан Илиќ, бил повикан на разговор во полициска станица, пренесува „Н1“. Како што објавува медиумот, на Илиќ му било кажано дека мора да се појави во полициската станица во Нов Белград, бидејќи е осомничен за кривично дело „предизвикување паника“. Тој претпоставува дека причината за тоа е неговото гостување во „Н1“, од кое дел е изваден од контекст и објавен во дневниот весник „Политика“ под наслов „Преодна влада или ...
Балерината Ксенија Карелина која беше затворена во Русија откако донирала 50 долари на хуманитарна организација која ја поддржува Украина денес беше ослободена како дел од договор за размена на затвореници помеѓу Русија и САД, пренесуваат Скај Њуз. Триесет и четири годишната државјанка со двојно, американско и руско државјанство, беше обвинета за предавство кога беше уапсена во Екатеринбург, на југозападот од Русија, во февруари минатата година. ...
Европската унија објави дека ги ставува на пауза мерките кои беа предвидени како одговор на САД за 90 дена, откако претседателот Доналд Трамп, во средата најави слична пауза. „Сакаме да им дадеме шанса на преговорите“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X. We took note of the announcement by President Trump. We want to give negotiations a chance. While finalising the adoption of the EU ...
Спасувачките екипи во Доминиканската Република продолжија да ги расчистуваат остатоците од ноќниот клуб чиј покрив се урна, при што загинаа најмалку 184 лица, но надежта за пронаоѓање преживеани целосно се губи, пренесува Асошиејтед Прес. Во меѓувреме, десетици луѓе во главниот град Санто Доминго сè уште ги бараат своите најблиски, растечки фрустрирани поради тоа што не добиваат одговори иако ги посетиле болниците и Институтот за форензика на ...
Комапнијата „OpenAI“ поднесе контратужба против Илон Маск, наведувајќи образец на вознемирување од страна на Маск и побара од федерален судија да го спречи Маск од какви било „понатамошни незаконски и неправедни постапки“ против OpenAI во судскиот спор околу идната структура на компанијата која помогна во започнување на револуцијата во вештачката интелигенција, пренеусва Ројтерс. Маск и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, ја коосноваа ...
Покривот на познат ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго – „Jet Set“ се урна утрово за време на концерт, на кој присуствувале политичари, спортисти и други гости, соопштија властите. Во несреќата загинаа најмалку 98 лица, а 160 се повредени, пренесува Асошиејтед Прес. Екипите за спасување продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините од еднокатниот клуб, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за ...
Израелски воздушен напад врз камп со шатори во рамките на болничкиот комплекс во јужниот дел на градот Кхан Јунис, Газа, усмрти 10 лица, меѓу кои и новинар, а десетици други беа сериозно повредени откако кампот се запали, пренесува Гардијан. Фотографии и видеа од дворот на болницата Насер во Кхан Јунис покажуваат луѓе како очајно се обидуваат да ги изгаснат пожарите што се проширија низ редица шатори. Едно видео прикажува луѓе кои викаат додека ...
„Голдман Сакс“ ги зголеми шансите за рецесија во САД на 45 отсто во следните 12 месеци, придружувајќи се на други инвестициони банки во ревидирањето на своите прогнози, откако стравовите од трговска војна го погодија пазарот по широките тарифни мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерес. Голдман ја зголеми веројатноста за рецесија во следните 12 месеци од претходната проценка од 35 отсто поради остро стеснување на ...
Џеј Норт кој беше препознатилв по неговата телевизиска улога како русокосиот пакосник „Денис Напаст“ (Dennis the Menace) во текот на четири сезони почнувајќи од 1959 година, почина на 73-годишна возраст, по тешка борба со рак на дебелото црево, пишува Асошиејтед Прес. „Имаше срце големо како планина, длабоко ги сакаше своите пријатели. Често ни се јавуваше и секој разговор го завршуваше со: ‘Те сакам со целото мое срце’“, напишаа Лори Џејкобсон ...
Главните берзански индекси во Азија доживеаја остар пад утрово, откако американскиот претседател Доналд Трамп не покажа никакви знаци на повлекување од неговите сеопфатни тарифни планови, а инвеститорите предвидуваат дека зголемениот ризик од рецесија би можел да ја натера Федералната резерва да ги намали каматните стапки уште во мај, пренесува Ројтерс. Фјучерсите брзо ја пресметаа можноста за речиси пет намалувања од по четвртина процентен поен ...
Десетици илјади лица излегоа на улиците во Шпанија на последниот протест против ценовните манипулации за домување на кој побараа пристап до домови по пристапни цени, јави Гардијан. Организаторите тврдат дека 150.000 лица се приклучиле на протестот во Мадрид, додека помали демонстрации се одржале во околу 40 градови низ земјата. Демонстрантите извикуваа „крај на станбениот рекет“ и „сопствениците се виновни, владата е одговорна“. Портпаролката на ...
Околу 1.200 демонстрации против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, се планирани денеска ширум САД, што според организаторите ќе биде најмасовниот ден на протести против претседателот и неговиот сојузник Илон Маск. Под мотото „Тргајте ги рацете!“, протестите ќе им дадат можност на противниците на Трамп масовно да го покажат своето незадоволство како одговор на огромното менување на надворешната и внатрешната политика со ...
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јол, беше тргнат од функцијата од страна на Уставниот суд, што отвора пат за нови избори откако судот ја потврди импичментската постапка на парламентот поради воведувањето на воена состојба од страна на Јун – потег што предизвика најголема политичка криза во земјата во последниве децении, пренесува Ројтерс. Пресудниот став ја заокружува неколкумесечната политичка нестабилност, која ги засени обидите за ...
Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за прием на ученици во некој од 17 јавни ученички домови низ државата. Учениците кои ќе ги исполнат условите ќе добијат сместување и исхрана. Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2025/2026 година, кои се државјани на Македонија, кои се запишани на наставен план и програми кои не се застапени ...
Од Сојузот на Средношколци информираат дека Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, како што беше претходно најавено. Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои не ги исполнуваат овие ...
До 31 март од Хрватската Радиотелевизија (ХРТ) си заминале 333 вработени, кои потпишале меѓусебен раскин на договорите за вработување врз основа на Одлуката за условите и висината на отпремнината, која во јануари ја донесе генералниот директор Роберт Швеб, а која важи до последниот ден од март, пренесува Хрватскиот медиум 24 Сата. Од програмската деловна единица (ПЈ) ја напуштиле најголемиот број вработени во ХРТ – 123, потоа технолошкиот ПЈ, ...
По недели на најави од Белата куќа и јавна загриженост, претседателот Доналд Трамп наскоро треба да објави бран од таканаречени „реципрочни“ тарифи, наметнувајќи ги како кон сојузниците, така и кон ривалите, пренесува Асошиејтед Прес. Новите тарифи, воведени на денот што Трамп го нарече „Ден на ослободување“ – се обид да се зајакне американското производство и да се казнат другите земји за, според него, децении на неправедни трговски практики. ...
Сузан Крафорд ја победи трката за место во Врховниот суд на Висконсин, што претставува голема победа за демократите, кои ја претставија изборната трка како референдум за популарноста на Илон Маск и Доналд Трамп, пренесува Гардијан. Крафорд, либерална судијка од округот Дејн, го порази Бред Шимел, поранешен републикански државен обвинител и конзервативен судија од округот Вокеша, откако Маск и групи поврзани со технолошкиот милијардер потрошија ...
Холивудскиот актер Вал Килмер, познат по улогите во некои од најголемите филмови од 1980-тите и 90-тите, вклучувајќи ги „Top Gun“ и „Batman Forever“, почина на 65-годишна возраст. Тој исто така глумеше во „The Doors“ (1991), каде го играше легендарниот фронтмен на бендот Џим Морисон, како и во вестернот „Tombstone“ и криминалната драма „Heat“. Килмер починал од пневмонија во вторник во Лос Анџелес, изјави неговата ќерка Мерцедес за американските ...
Најмалку 17 автомобили на Тесла се уништени во пожар што избувна во салон на периферијата на Рим во понеделникот наутро, соопштија италијанските противпожарни служби. Во моментот на избувнувањето на пожарот во салонот немало никој и нема пријавени повредени лица. Противпожарната служба на Рим соопшти дека ги истражува „сите можни причини“ за пожарот, но не ја исклучи можноста за подметнување. Локалната полиција изјави дека офицерите ги испрашале ...
Доналд Трамп изјави дека „не се шегува“ кога вели дека сака да служи трет мандат како претседател на САД. Уставот на САД вели дека „никој… не смее да биде избран повеќе од два пати“, но некои поддржувачи на Трамп сугерираат дека постојат начини за тоа да се заобиколи, пишува Би-Би-Си. Запрашан во интервју за Ен-Би-Си за можноста да се кандидира за трет мандат, Трамп изјави: „Постојат методи со кои би можело да се направи тоа.“ „Не се шегувам… ...
Француската ултрадесничарска лидерка Марин Ле Пен доби забрана за кандидирање на политички функции во наредните пет години, откако беше прогласена за виновна за проневера на средства од Европската унија, објави Си-Ен-Ен. Оваа политички експлозивна пресуда ги урна нејзините надежи за победа на претседателските избори во Франција во 2027 година. Претседателката на парискиот суд, Бенедикт де Пертуис, изјави дека постапките на Ле Пен претставуваат ...
Милијардерот Илон Маск им подели чекови од 1 милион долари на двајца гласачи од Висконсин, нарекувајќи ги портпароли на неговата политичка група, во пресрет на изборот на судија за Врховниот суд на оваа држава, објави британски Гардијан. Маск изјави дека овој избор е критичен за агендата на Доналд Трамп и „иднината на цивилизацијата“. „Ова е многу значајно“, изјави Маск пред околу 2.000 луѓе во Грин Беј во неделата навечер, носејќи жолта капа во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу лут“ и „бесен“ поради ставот на претседателот на Руската федерација Владимир Путин кон можниот прекин на огнот во Украина, што претставува значителна промена во неговиот досегашен тон кон рускиот лидер. Во телефонско интервју за NBC News, Трамп истакна дека доколку не успее да постигне договор со Русија за запирање на конфликтот, а ако процени дека вината е кај Москва, ќе воведе ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини Данска дека не ја обезбедува Гренланд доволно добро и сугерираше дека САД би ја заштитиле полуавтономната данска територија подобро, на која претседателот Доналд Трамп сака да добие контрола, пренесува Ројтерс. За време на посетата на американската воена база во Питуфик, на северот од Арктичкиот остров, Венс изјави дека САД во моментов немаат планови да ја прошират својата воена присутност на ...
Бројот на загинати од силниот земјотрес што го погоди Мјанмар достигна повеќе од 1.000 жртви, додека спасувачите копаат низ урнатините на срушените згради во очајничка потрага по преживеани, пренесува Гардијан. Површниот земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди северозападниот дел од градот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар во раните попладневни часови, а неколку минути подоцна следеше последователен потрес со јачина од 6,7 степени. ...
Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен во обезбедувањето на банката како жив штит и побегнал зад ...