Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Во реакцијата наведува дека „овие обвинувања од СДСМ претставуваат исклучиво политичка злоупотреба на една чувствителна тема за дневно партиски цели и манипулација со јавноста“. „Заради правилно информирање, потенцираме дека Решението за рушење на постојниот соседен објект и изградба на нов објект во сопственост на Зуди Каба од село Велешта, под број 08-738/2022 од 17 јули 2023 година, е издадено во периодот кога институциите беа под раководство ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува наскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за економски договор меѓу двете земји. „Постои датум, а преговарачката агенда е подготвена околу 80 проценти. Кога ќе се согласиме со Американците за преостанатите 20 проценти, заедно ќе одлучиме кога да ја објавиме средбата, а потоа тоа ќе се случи“, рече Орбан во интервју за новинската веб-страница Мандинер. Тој ...
„Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности кои не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување. Ова е строго забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба“, велат од Хелсиншкиот комитет. Комитетот посочува неколку примери од последниот период: ...
„Ова се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат. Комората нагласува дека д-р Кузмановски, како и секој лекар, треба да биде свесен за својата улога и значење во заедницата. Од лекарите се очекува, како во професионалниот, така и во приватниот живот, да ...
Урсула фон дер Лајен, пак, информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова, разговорот го започна со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани. Македонската претседателка ја реафирмираше посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – ...
„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски. Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции. „Ги повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство ...
Во моментов не се враќам во затвор, не се враќам зад решетки туку одам во борба пред судовите за да ја обжалам петгодишната казна затвор што ми беше изречена за случајот Меѓународен сојуз, изјави синоќа Бојан Јовановски – Боки 13 после промоцијата на неговиот документарен филм „Recket“. Во филмот, Јовановски ја документира неговата голгота низ судско-обвинителските лавирнити откако во летото 2019 година беше уапсен, а потоа осуден на девет ...
Во истото тримесечје, 79,1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60,3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци. При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93,2 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации – Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat). Пораки, пак, најмногу се ...
„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова. Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот. „Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата ...
Во текот на оваа недела преку дистрибутивната мрежа на Жито Лукс која ја покрива територијата на целата држава, во 15 регионални центри на Црвениот крст беа доставени по 500 лебови. Со оваа заедничка иницијатива, Црвениот крст и Жито Лукс ја потврдуваат својата посветеност кон хуманоста и поддршката на граѓаните кои се соочуваат со социјални и економски предизвици. „Во Жито Лукс веруваме дека лебот не е само основна животна намирница, туку ...
„До 2030 година на Европа ѝ е потребен доволно силен европски одбранбен систем за сигурно да ги одврати своите противници, како и да одговори на каква било агресија“, се наведува во нацрт-планот. Планот требаше да биде разгледан од министрите за одбрана доцна синоќа пред да биде презентиран пред Колегиумот на комесари денес. Планот ќе биде испратен до лидерите на ЕУ следната недела. Планот за подготвеност за одбрана за 2030 година е знак за ...
Минатата година, експедицијата „Беспрекорни мориња“ го откри најголемиот познат жив организам – џиновска колонија на коралот Павона клавус (Pavona clavus), во близина на Соломоновите Острови. Она што ја прави колонијата спектакуларна не е само импресивната големина (должина 34×32 метри, висина 5,5 метри), туку и фактот дека овој „супер организам“ е стар околу 300 години! Ова значи дека колонијата постоела уште од времето на Наполеон и ја ...
ММФ во својот последен извештај „Светски економски перспективи“ малку ги зголеми очекувањата за глобалниот и американскиот раст за оваа година. Фондот сега очекува глобалната економија да порасне за 3,2 отсто во 2025 година, во однос на јулската прогноза од 3 отсто, но сепак „далеку под просекот пред пандемијата од 3,7 отсто. Во меѓувреме, се очекува американската економија да порасне за 2 отсто оваа година и за 2,1 отсто во 2026 година, што е ...
„Со оваа одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните спорови , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос“, објаснуваат од М-НАВ. Од М-НАВ АД Скопје го поздравуваат решението на Судот и ја нагласуваат својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено ...
Во подготвителен натпревар за новата НБА сезона, Лос Анџелес Клиперс го совлада кинескиот тим Гвангжу со 142-95, а капитенот на српската репрезентација одигра само две минути. Се повреди и со помош на помошниот тренер Лоренс Френк со болна гримаса на лицето замина во соблекувалната. Неофицијално се работи за повреда на долниот дел од грбот. Bogdan Bogdanovic is heading back to the locker room accompanied by a trainer and Lawrence Frank. He was ...
Во пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната несреќа во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани, денеска добивме сознание дека главната расправа е закажана за 19 ноември 2025 година (среда), со почеток во 09:30 часот, во судницата при КПУ Идризово, се наведува во соопштението на родителите. „Ние, родителите и семејствата на ...
Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. „Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип ...
„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомневања за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции. Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Продолжуваме да известуваме навремено и објективно, во интерес на ...
Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови, велат од ЈСП Скопје. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени. Благодариме на ...
Тунберг изјави за шведскиот весник „Афтонбладет“ дека израелските војници „ја удирале и клоцале“ и дека го поставиле израелското знаме врз неа за да ја понижат, објавува Политико. „Потоа ми ја симнаа шапката, ја фрлија на земја и бесно ја газеа“, рече таа, тврдејќи дека рацете ѝ биле врзани и дека војниците се наредиле да прават селфи со неа додека ги сечеле нејзините работи со ножеви. Во еден момент, крајно десничарскиот министер Итамар ...
Официјалниот став на македонските надлежни институции е дека ќе се чека на судската разрешница во која ќе се бара објаснување за методологијата според која ЦИОС го пресметал основниот долг од 3,8 милиони на 25 милиони евра. Интересите на државата во овој судски процес ќе ги брани Државното правобранителство. Компанијата ЦИОС (CIOS) Загреб, станала формален доверител на долгот во 2011 година, кога на јавен тендер го откупила побарувањето ...
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во електронска форма. „Намалувањето на бирократските процедури и зголемувањето на ефикасноста на администрацијата преку поедноставување и забрзување на постапките е едно од нашите ветувања пред јавноста. Ова е само еден од чекорите кои ги преземаме во таа насока. ...
„Каталонците“ мака мачат со повредите од стартот на сезоната, а квалификациите за мундијалот овој месец донесоа нови главоболки за Ханси Флик. На настап со репрезентациите се повредија Дани Олмо, Феран Торес и Роберт Левандовски. Најсериозна е повредата на Полјакот, кој ќе паузира помеѓу четири и шест недели, а како што пренесуваат медиумите, токму оваа повреда донела и најмногу тензија. Во Барселона се бесни на Роберт Левандовски и се чудат ...
Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена од стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска сцена. Ова признание претставува значаен успех за македонската анимација и потврда за креативниот потенцијал на домашните автори и студија, стои во соопштението на продуцентите на серијата. „Во образложението на жирито се наведува: Наградата МИА за развој на најдобар анимациски проект ја добива Златната ...
Како што објави денес Би-би-си, Трамп им изјави на новинарите дека добил уверување од Моди дека Индија „за краток временски период“ ќе престане да купува руска нафта, што рече дека е „голем чекор“. „Значи, не бев среќен со тоа што Индија купува нафта, а тој денес ме увери дека нема да купува нафта од Русија“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. „Тоа е голем чекор. Сега ќе ја натераме Кина да го стори истото.“ За време на своите ...
Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице. „На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден инспекциски надзор ...
„Вклучувањето на Народната банка во овој регионален проект е во согласност со акцискиот план на владите на земјите од Западен Балкан за воспоставување Заеднички регионален пазар, којшто меѓу другото вклучува модернизација на платните системи и нивно регионално поврзување и интегрирање со ТИПС на Европската централна банка (ЕЦБ). Преку ТИПС, давателите на платежните услуги им овозможуваат на граѓаните и на компаниите во Европската Унија брз ...
Настанот беше организиран од Регионалниот совет за соработка (RРСС) во соработка со Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), во рамките на Регионалното климатско партнерство, со поддршка на Европската комисија, Владата на Хрватска и под претседателство на Обединетото Кралство во рамките на Берлинскиот процес 2025. Декларацијата ја потврдува посветеноста на регионот да го следи Европскиот зелен договор. Таа ...
Овој натпревар во организација на Културниот центар Интерарт во соработка со Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје, ќе биде отворен за млади балетски уметници помеѓу 16 и 20 години, кои ќе може да депонираат свои кандидатури во текот на оваа есен и ќе бидат селектирани според прецизни уметнички и технички критериуми. Селектираните кандидати ќе треба да подготват специјална и однапред одредена програма што тие ќе ...
„Имаме јасна цел – секој оброк што ќе го добијат децата да биде свеж, квалитетен и приготвен со љубов и внимание. Менито ќе го подготвуваат професионални нутриционисти, кои ќе внимаваат да има баланс меѓу хранливите вредности и вкусот што децата го сакаат,“ изјави Лабудовиќ. Целта на оваа мерка е здравата исхрана да биде темел на растот и развојот на децата. „Здравата храна не е луксуз, туку право на секое дете. Затоа оваа мерка не е само оброк ...