Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот. „Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница покрај останатите одлуки, донесе одлука и за инцидентот во Прилеп на натпреварот Победа – ШкендијаАрачиново. ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување ...

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски ...

Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината. „Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра ...

Во изборната кампања за првиот круг од локалните избори што се одржаа во октомври, најмногу време за платена политичка програма на радиодифузерите закупија Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ (189 часа 39 минути и 20 секунди), Коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ предводена од ДУИ (119 часа 5 минути и 50 секунди), потоа Коалицијата за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ (109 часа 25 минути и 5 секунди) ...

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, соопшти МВР. „Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечии деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без ...

Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), денес Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија. Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите на ...

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше ...

Со топол чај, печени колачи и празнични песни што ја будат магијата на зимата – викендов започнува Божикниот маркет во продажниот салон Аџико во Штип И не само во градот под Исарот, оваа магија ќе се пренесе и во салоните во Гевгелија, Куманово и Скопје. Светкави елки, блескави лампиони, шарени украси и безброј детали кои внесуваат топлина, радост и дух на празници во секој дом. Во магијата на празничниот викенд, посетителите ќе можат да уживаат ...

Во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес и утре во Скопје се одржува меѓународен студентски симпозиум посветен на предизвиците во новиот свет на дигиталната ера. Студенти од Македонија и повеќе други земји презентираат свои трудови и дебатираат за најновите трендови во технолошкиот развој, а собирот го отвори министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која посочи дека вакви ...

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита. Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде ...

Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти, реагираат од Алијанса за Албанците. „Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен Балкан ...

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел, затоа што друга алтернатива за нас не постои. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на работилницата што Министерството за образование и наука ја организираше со повеќе други институции и партнерски домашни и меѓународни ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане да раководи со ресорот образование или ќе оди во друг ресор, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски. Јаневска посочи дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. Премиерот, додаде таа, го носи најголемиот товар за промените во ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари работна средба со претставници на Државната изборна комисија: Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија; Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Средбата ја организира претседателот на Собранието во функција на членот 132-а од Изборниот законик, согласно кој треба да се одржат повторени избори за ...

Со едноминутен молк, положување свежо цвеќе, и рецитал денеска се одбележаа 82 години од смртта на Викторија Поп Јорданова Цена. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, институции, здруженија, пријатели оддадоа почит на Цена, пред споемн обележјето во кругот на Основниот Суд. „Денес одбележуваме 82 години од загинувањето на Викторија Поп Јорданова – Цена, го одбележуваме денот кога таа на Карадак на планината Шара падна ...

Во недела на 9 ноември ќе се одржи традиционалната семакедонска средба во Штип. Во организација на Здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ на едно место ќе бидат гости од сите делови на Македонија. Дополнително предвидено е и изнеднадување за присутните гости. „Здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип секоја година традиционално организра семакедонска средба каде ги обединува ...

Во сабота на 8 ноември ќе се одржи 29 „Марш за ангелите во Кочани“. Овојпат родителите на загинатите од пожарот во дискотеката ќе маршираат во пресрет на судскиот процес со цел правично судење. „На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи. Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја ...

Во добра состојба е водостојот на реката Брегалница, според утринските мерења на долгогодишниот набљудувач Киро Маџунаров од Ново Село. Утрово нивото изнесува 68 сантиметри, што е просек за овој период од годината. Октомвриските врнежи од 84 литри на метар квадратен го зголемиле водостојот за цели 24 сантиметри. По сушните летни месеци, овој дожд донесе вистинско освежување за реката. Сепак, Маџунаров вели дека годината генерално се смета за ...

Девојка и момче затекнати како користат дрога во стан во Св. Николе, дополнително пронајдена и прашкаста материја и предмети, лицата приведени во полиција На 05.11.2025 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода Д.Т.(30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско. При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и ...

Страв кај пензионерите уште на стартот од месец ноември, пензијата се стиска во џеб, но големите трошоци не дозволуваат од истата да се штеди. Високите сметки, цени на производи и лекови, создаваат грижа како да се издржи до крајот на месецот. И покрај тоа што пензиите се покачени, сепак и овој месец ќе биде тешко да се тргне нешто на страна, иако следниот месец е нова година. Пензионерите и понатаму се согласни, нема да остане можност за да се ...

Во тек е изградбата на одводниот канал Герен во селото Долни Балван, еден од најголемите инфраструктурни проекти во Општина Карбинци. Со овој зафат се решава долгогодишниот проблем со отпадните води и се уредува централното подрачје на населеното место. Проектот предвидува и изградба на мал плоштад, кој ќе му даде нов, урбан изглед на селото. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека проектот вреден шест милиони денари е целосно финансиран од ...

Тиква за празникот Митровден се продава среде штипска чаршија, на мала тезга на земјоделци од Карбинци. Скромно, без натпис, без врева, само неколку гајби со долги, жолтеникави тикви со форма на банана што веднаш го привлекуваат окото. Велат дека е „бананка тиква“ блага, мека и совршена, само да се ипече во тавка токму за предстојниот Свети Димитрија. Цената е симболична, 30 денари, ама со добар квалитет. Луѓето запираат, прашуваат, се ...

Министерот за правда Игор Филков денес учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј по повод 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во моќта ...

Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти. По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Летонија кој се игра на 13. ноември на домашен терен и за мечот со Велс во Кардиф, кој се игра на 18. ноември. Селекторот Милевски нема да може да смета на повредениот Езѓан Алиоски, а пак во репрезентацијата повратници се Бојан Димоски, Кристијан Трапановски и Лирим Ќамили. Повикани голмани се Столе ...

Иницијативата за Северни шуми го одбележа својот успешен завршеток со регионален настан посветен на обновувањето на шумите во Албанија и Северна Македонија. Овој значаен собир ги прослави постигнувањата на проектот во намалување на деградацијата на шумите и зајакнување на одржливото управување со шумите низ Западен Балкан. Настанот собра над 40 засегнати страни – меѓу кои владини претставници, локални власти, партнери во спроведувањето и ...

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во населбата Радишани. Проектот се реализира поради појавата на одрони и пропаѓање на дел од улицата, што го наметна итниот почеток на санацијата. Новиот потпорен ѕид ќе обезбеди поголема сигурност за домовите на граѓаните и ќе спречи можни лизгања на земјиштето. Од Општина Бутел информираат дека станува збор за едно од најчестите барања на ...

Фудбалерките на Кочани претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Речица, откако загубија со високи 6:1 во дербито од дното на две екипи кои се борат за опстанок, а во рамки на вонредното 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Натпреварот беше од капитална важност и за двете екипи кои се обидуваат да ги избегнат последните две позиции, бидејќи последното место директно води кон испаѓање во Втора лига, а претпоследното место води кон бараж за ...

В сабота се играат натпреварите од 12. коло на Втората лига кое носи два дерби натпревари на екипи од горниот дел на табелата и на екипи кои претендираат за влез во Првата лига. На Градскиот стадион во Штип се игра дербито на Истокот меѓу Брегалница и Беласица. Струмичани ќе бараат триумф во Штип по речиси пет години, бидејќи последно во Штип екипата на Беласица славеше на 21 октомври 2020 година со минимлани 0:1 во меч од Купот на Македонија. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
70%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
79%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.65
79%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
96%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Калај

40.48

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Кобалт

58.42