Со дупчење на ушите на бебињата, првите обетки и мал плач, денеска во Штип се одбележа празникот Благовец. Штипската чаршија уште рано утринава беше раздвижена со родители кои ги носеа своите новороденчиња и дечиња кај златарите. Иако од година вгодина бројот се намалува, сепак златарите велат, традицијата се уште опстојува. Обетките се стерилизирани, заштитени и се ставаат на посебен начин, за да нема инфекции, додаваат тие. ,,Да, се уште ...

Денеска Клиничка болница Штип го одбележа меѓународниот ден на здравјето, 7 април. Денес по тој повод се одржа свечена седница, на која се прочита пораката од СЗО за 2026 година, а свое обраќање имаше и директорот на КБ Штип Владко Захариев „Најнапред да во го честитам денот на здравството, ден кој не посетува на благодарноста, хуманоста и одговорноста на нашата професија. Ова е ден кога со гордост се навраќаме на се што сем постигнале. ...

Од вчера 06.04.2026 офизијално започна мобилната патрола за контрола на паркирањето, со цел подобрување на сообраќајниот ред и зголемување на безбедноста во Штип. Оваа мерка како што истакнуваат од ЈП Стипион е со цел да се воведе поголема дисциплина, ред и ефикасност во користењето на јавниот паркинг простор, Патролата е предвидена да врши редовни контроли со фокус на возила без платено паркирање и неправилно паркирани возила, со што ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво. -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. ...

Се празнува празникот Благовец, ден посветен на Мајката Божја – Богородица. Верниците го одбележуваат споменот на благата вест што архангелот Гавриил ѝ ја донесе дека ќе го роди Спасителот. Празникот симболизира надеж, духовна чистота и почеток на човечкото спасение. Во храмовите се служат литургии, а граѓаните го одбележуваат денот со молитва и традиционални обичаи. Благовец носи порака на радост, благослов и нов почеток за сите. Граѓаните ...

Специјалистичките амбуланти и Центри при Клиничка болница-Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот источниот регион прегледите, кои им се закажани преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутери и од утре стартуваат со работа во овој објект. ...

Левица поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, кој утре е на дневен ред на собраниска седница, информираат од оваа партија. Со предложените измени, појаснуваат, се воведува јасна рамка за учеството на Армијата надвор од територијата на државата да биде дозволено исклучиво во мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации. „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во ...

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...

Американскиот „New York Times“ го потврди она што го говори СДСМ. Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт, кажа на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по ...

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова. „Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за ...

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор, појаснуваат од таму, за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна ...

Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ. „Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници. Поскапени се: лебот, ...

Имаме пораст на извозот во февруари за 12 отприлика проценти во евра, споредено со претходната година, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на бројките кои го покажуваат извозот во државата и каков тренд се очекува во наредниот период. „Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика извади еден податок којшто е, би рекол охрабрувачки, но тој е за првите два месеци, за јануари и февруари, ...

Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниот систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна држава. Соговорниците ја истакнаа важноста од обезбедување максимална независност и самостојност на ...

Започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во Мичурин – „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин во Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој, според Митески, долго време беше неопходен и очекуван. „Оваа интервенција претставува значајна ...

Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат. Со оваа мерка, општината, велат од таму, продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување. Градоначалникот истакна ...

На осум кола до крајот и официјално Шкупи испадна во Втората македонска фудбалска лига, поранешниот шампион на Македонија е најлошиот тим во Европа. Шкупи по 25 одиграни кола во Првата лига има учинок од едно реми и 24 порази, а тимот од Чаир е единствениот од најсилните лиги во Европа кој нема позитивен резултат односно има само еден освоен бод. Шкупи во сезона 2021/2022 ја освои шампионската титула, во сезона кога Академија Пандев Брера ...

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година. „Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул ...

Лидерот на табелата во Првата женска фудбалска лига, Скопје забележа уште една победа откако на домашен терен со 2:0 го доби тимот на Речица и со тоа веќе екипата од Пржино станува нов шампион на Македонија. Љуботен го одигра последниот натпревар со интернационалки откако најави крај на една ера, згаснува брендот во женскиот фудбал, а во рамки на 21. коло славеше со 4:1 над Каменица Саса. Единствениот меч без победник беше тој во Струга меѓу ...

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се повикани за настапат на турнриот од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. Изов ќе може да смена на Ведрана Комненова, Александра Ристевска, Ангела Димчова, Кристина Крстева, Михаела Додевска, Ања Головска, Настасја Накова, Андреа Коловска, Емили Митковска, Канита Емини, Калина Попески, Илина Кировска, Тамара ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, изјави: „Оваа година за нас е навистина тешка, посебно со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите Колективни договори коишто имаат обврска од 1 април, веќе започнаа да се применуваат. ...

Кошаркарките на Патриот од Делчево утре гостуваат во Неготино каде ќе се соочат со екипата на Спорт Тим. Гостинот од Делчево има голема предност во однос на домаќинот од Неготино и во случај на победа, извесно кошаркарките од Делчево ќе го потврдат опстанокот во оваа конкуренција. Овој меч кој се игра во салата „Младост“ во Неготино ќе започне во 19 часот, а еден час подоцна Бадел ќе игра дерби со Вардар за потврда на третото место. Колото се ...

СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека СДС и Филипче молчат, на јавноста се повеќе и станува јасно како Заев менуваше детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака јасно кажува ...

Оваа сезона екипата на Осогово игра допадлив фудбал што го потврдува низ резултатите кои ги има тимот од Кочани. По 23 одиграни кола „жетварите“ го имаат петтото место на табелата со 43 бодови, само два помалку од петтопласираната Беласица, а токму Осогово ќе цели да го напаѓа петтото место и сезоната да се заврши што повисоко на табелата. Ако во изминатите сезони второлигашот од Кочани постојано беше на дното од табелата и водеше жилава ...

Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8% до 5,4%, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3% до 15,5% од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг, покажа најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Кај мамографскиот скрининг резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај значителен број жени и по повеќе од 60 дена, додека кај ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пур“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа. Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските цени на енергијата, инфлацијата бележеше значително намалување и изнесуваше 2,9% во февруари. Се очекува ...

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Кисела Вода во соработка со Институтот за јавно здравје и волонтерите од Црвен крст, денеска организираше акција за бесплатни здравствени прегледи. Настанот се реализираше на две локации, во паркот Македонија и во Паркот на бранители во Драчево, каде во периодот од 10:00 до 12:00 часот присутните граѓани имаа можност да ја проверат својата здравствена состојба. Акцијата опфати мерење на ...

СДСМ јавно бара одговорност за сериозниот скандал во Основно училиште во Куманово со злоупотреба на деца за политички цели од страна на ЗНАМ и Максим Димитриевски, изјави Розалија Ангеловска, членка на Комисија за образование на СДСМ. „Скандалот се случи во основното училиште „Кочо Рацин“, под надлежност на Општината, каде што работи сопругата на Димитриевски, како и претседателката на Советот, Ивана Георгиевска од ЗНАМ. Наместо вистинска ...

Во зоолошката градина во Битола денеска се очекуваат да пристигнат нови жители – мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури и коати од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву, соопштија од Општина Битола. Од таму, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89