Кошаркарките на штипска Тим Арена имаат одличен старт на новата сезона во Втората лига, откако по две одиграни кола запишаа две победи и практично штипскиот тим е единствениот со две победи од два меча и со четири бодови е на првото место на табелата. Тим Арена се врати во сениорската кошарка по неколку сезони пауза, а во рамки на првото коло славеше кај Риниа Баскет со резултат од 44:65 за висока и убедлива победа на штипскиот тим. Во второто ...

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека откога ќе ја стокми партијата, ќе почне да размислува за одредени партиски поместувања во Владата, а набргу ги очекува и новите имиња за испразнетите места во Владата и во институциите по изборите. „Очекувам за испразнетите места да добијам имиња најбргу што може, да видиме дали ...

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот. „Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела. Благодарен сум за секоја ...

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Карпош. „Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски, додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку „кукавичка“. Според него, изборниот процес бил проследен со купување на гласови, злоупотреби, ...

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар го доби одново Пелистер, дербито во Битола заврши со резултат од 1:2 за „црвено-црните“ кои се вратија на врвот во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот дел мрежите во Битола мируваа, а во вториот дел беа постигнати три погодоци. Мато го отвори резултатот со фантастичен гол во 54. минута, но по шест минути Петковски го израмни резултатот на 1:1. Победникот беше решенен со гол од пенал, Закариќ во 83. ...

Брегалница на мегдан со Беласица – дерби во Штип на две екипи кои претендираат за влез во Првата лига. 12-тото коло го носи соочување на второпласираната штипска екипа и петтопласираната струмичка екипа, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија. Трите бодови се цел и за двете екипи и сигурно е дека само со трите бода ќе се задоволат во битката да стигнат до првата позиција. Брегалница е непоразен тим, а од последните пет средби има ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари. „Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Ретка прилика да ги видиме младите ...

Повеќе од 60 компании од Грција и Северна Македонија се собраа денес во Стопанската комора на Северна Македонија на Бизнис форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, ко-организиран од Грчката амбасада во Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби. Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Софија ...

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на ...

По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДС е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје. Ова не е случаен резултат. Ова е директна последица на раководството на СДС и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, додава таа, наместо да ја реформира СДС, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес учествуваше во акција за пошумување, организирана од Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината. Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка АД ...

Во Ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1200 метри, на надморска височина од 1400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази. Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, овој проект претставува силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, а Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација. Отворањето на новата патека е планирано за 1 јануари 2026 година, со што ...

Во рамки на заложбите за унапредување на учеството на Управата за јавни приходи на меѓународно ниво, директорката на УЈП м-р Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на ЕУ Самитот на даночни администрации ТАДЕУС, организиран од Европската комисија и Данската даночна агенција. На настанот се собраа шефовите на даночните администрации од земјите членки на ЕУ и други земји кандидати за членство во ЕУ. Главна тема на ...

„ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски“, велат од СДСМ. „ЕК дава јасни, детални и објективни оценки во кои е содржана најреалната слика за тоа каде ја доведе Македонија власта на Христијан Мицкоски: во застој, назадување и целосна институционална парализа. Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет ...

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни ...

Високо ниво на напредок во областа Царинска унија со која раководи Царинска управа, е нотирано во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. „Високото ниво на напредок, нотирано од Европската комисија, е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики коишто треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ“, вели директорот на Царинска ...

„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост“, велат од „Влен“. ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата. Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно ниво, а во рамки на градот Скопје – петта. „Овој ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала. „Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е ...

Вечното дерби на македонскиот фудбал меѓу најголемите имиња на зелениот терен, Пелистер и Вардар, донесе офанзивен и интересен натпревар за публиката која го исполни стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а во кој победата ја забележаа скопските „црвено црни“. Вардар влезе како фаворит во овој меч и ја имаше иницијативата создавајќи три изгледни шанси во првиот дел. Првата шанса дојде преку Матиќ веќе во деветтата минута, кога биеше со глава по ...

Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија. Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и ...

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката. На настанот ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“–Битола. Со цел обезбедување квалитетна и достапна здравствена грижа, во болницата се вработени четворица нови специјалисти кои од приватниот сектор преминаа во јавното здравство – интервентен кардиолог, инфектолог, интернист и дерматовенеролог. Со тоа е комплетиран тимот за кардиологија, а во план е развој на клиничка електрофизиологија со ...

„Де бре, Ванчо“ е новата стенд-ап комедија на комичарот Бојан Велевски, која на 20 ноември ќе ја донесе смеата во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Публиката ќе има можност да ужива во препознатливиот хумор на Велевски – духовит, директен и полн со ситуации од секојдневието што сите ги препознаваме. Билетите за оваа вечер исполнета со смеа се продаваат по цена од 400 денари, а организаторите најавуваат вистински стенд-ап спектакл што ќе ја ...

Ученици и наставници од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и „Principessa Maria Pia“ од Таранто, Италија, денеска го посетија Собранието на Република Северна Македонија, каде што остварија средба со пратенички од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Средбата се реализираше во рамките на соработката меѓу двете училишта преку Еразмус+ програмата, како дел од заедничкиот проект „Родовата ...

Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема. Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди. Со најавата на Владата за доделување студентски ваучери во вредност од 15.300 денари, Анхоч, ...

Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Најновиот Квартален извештај во ...

Реми со шест погодоци во Струмица за поделба на бодовите меѓу Брера и Силекс, во рамки на 12. коло на Првата лига. Гостите од Кратово преку Мартин Мирчевски од пенал го отворија резултатот за водство од 0:1 во 19. минута, но во 44. минута Михаилов погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Силекс дојде до два гола предност откако со три брзи гола до 50. минута стигна до 1:3. Потоа домашниот тим во 63. минута намали на 2:3, а пак во 70. минута ...

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која е јасна, а тоа е дека извештајот како ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
69%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.37
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
90%
1002
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
11.83
87%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Никел

473339.37