Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Денеска беше одиграно деветото коло од Третата фудбалска лига Исток. Беа одиграни пет натпревари и ова беше навистина ефикасно коло со многу погодоци, а беа постигнати голови на сите натпревари. ФК Тиверија 1:6 ФК Победа Валандово Голема и заслужена победа за валандовчани. Фудбалерите на Победа Валандово одиграа одлично во гости и со шест погодоци во мрежата на Тиверија ја продолжија својата победничка серија. ФК Малеш 0:1 ФК Ударник ФК Ударник ...
Тимот на Вардар повторно е лидер на прволигашката табела. Попладнево на Арената во Скопје, Вардар го совлада Тиквеш 3:1 и се врати на лидерската позиција на табелата. Домаќинот на овој меч имаше повеќе од играта, создаде многу шанси од кои три ги претвори во погодок, а најзаслужен зошто “црвено-црните” не забележаа поубедлива победа беше гостинскиот голман, Стевковски кој и покрај примените голови имаше одличен ден и со извонредни интервенции ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“. Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира. „Досега напишани се десетици казни на неколку правни ...
Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот. „Последното затворање на вратата Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад ...
Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава. „Од понеделник почнуваат да се ...
На 08.11.2025 во 21:00 часот на регионалниот пат Берово-Виница, во атар на с.Будинарци, полициски службеници од ПС Берово го лишија од слобода М.П. (54) од с. Митрашинци, беровско. При вршење на увид на сообраќајна незгода во која М.П. учествувал со патничко возило „пежо“ со беровски регистерски ознаки, утврдено е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,83 промили алкохол во крвта. По целосно ...
ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на состојбата во СДСМ, нагласувајќи дека партијата е на „стаклени нозе“ и дека нема знаци на вистинска реформа. „Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. Од партијата додаваат дека претседателот на СДС, Венко ...
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека реалните економски податоци ги побиваат нивните тврдења за економски бум во земјата. „Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта ...
Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата. -Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на фејсбук. Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната ...
Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат дека од вкупната сума од 10.944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари. Средствата што се распоредени се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство. ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна. Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот му е ...
Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена во Крушево. Следат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид и 11 степени во Гевгелија и во Струмица, соопшти УХМР. Согласно количината на врнежи измерени во изминатите 24 часа заклучно до утрово 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид. ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала дефлација од 0,2% во споредба со септември. Тоа се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3%, како и на образование и култура за 0,1%. Индексот на цените на мало бележи слично благо намалување, на 98,7 поени. Сепак, ова благо месечно намалување не го менува годишниот тренд. Во однос на ...
Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес. „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, ...
Беласица го доби дербито во Штип против Брегалница со минимални 0:1, а тренерот на струмичани Панче Стојанов, вели дека е задоволен од резултатот, но не и од играта, бидејќи како што ни изјави, неговиот тим можел многу повеќе. „Задоволни сме од резултатот сигурно, дојдовме да победиме и во тоа успеавме. Инаку, гледајќи ја играта не сум задоволен, сигурно е дека мојата екипа може многу повеќе. Но, најважно од се е тоа што овие дерби натпревари не ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...
Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од најиновативните техники во совремата кардиохирургија. -Заедно со мојот колега Кујтим Џелили имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот. -Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар. Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот ...
Од ЈП „Улици и патишта”- Скопје информираат дека продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар. -Екипи на ЈП „Улици и патишта”- Скопје и денес се активни со машинско чистење на коритото и рачното чистење на косините на река Вардар. Рачно се отстранува насобраната пластична амбалажа и смет од косините на реката, а со багери и останата механизација машински се чисти кабаст и земјан материјал кој е ...
Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите. -Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — не за нас, туку за нашите деца и за иднината на сите други што утре ке ...
Применаата на вештачка интелигенција има голем потенцијал да ја подобри дијагностиката, персонализираната медицина, откривањето нови лекови и молекули кои ќе овозможат одредени болести многу подобро да се лекуваат со помалку нус појави. Исто така, таа ќе помага во намалувањето на времето коешто лекарите и медицинскиот персонал го трошат на административно работење. Ова се дел од заклучоците од овогодишното издание на „HEALTH INNOVATION EXPO ...
Кошаркарите на Винеам од Виница утре ќе гостуваат кај екипата на Дибра Иглс во Дебар, во рамки на 3. коло од Аматерската кошаркарска лига или поранешна Трета лига. Во досегашниот тек од сезоната екипата на Винеам забележа две победи на стартот од новата сезона, а во Дебар во победничка форма тимот од Виница ќе ја бара третата победа во низа. Претходно, тимот на Винеам во гости ја доби Хераклеа со резултат од 53:70, додкеа пак во рамки на 2. коло ...
Утре ќе биде одиграно големото ракометно дерби меѓу непоразените Вардар и Алкалоид – соочување на два конкуренти за титулата. Вардар е во перфеткна победничка форма со десет од десет, а од друга страна тимот на Алкалоид има осум победи и две ремија и со тоа е на второто место на табелата со 18 бодови, два помалку од Вардар кој е на лидерското место со максимални 20 бодови. Двете екипи максимално подготвени влегуваат на утрешното соочување, дерби ...
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик. Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, ...
Црквата „Свети Димитрија“ во штипското Ново Село денес собра голем број верници, за да го одбележат неговиот празник Митровден. Од раните утрински часови, верниот народ се собра во храмот кај местото викано Јавор, за да присуствува на богослужбата посветена на светецот Димитрија. Молитвите и песнопенијата одекнуваа низ храмот, исполнувајќи го просторот со мир и благодат. Свештениците потсетија дека Свети Димитрија е пример на храброст и вера, ...
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на тврдината Исар, денеска се одбележа 81-година од ослободувањето на Штип. На овој значаен датум, граѓаните, претставниците на локалната власт, политички партии, здруженија им оддадоа почит на хероите кои го ослободија градот. Свечениот говор го одржа претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, потсетувајќи на историското значење на 8 Ноември за ...
До крајот на годината е законски предвиденот рок за исплата на регрес за годишен одмор. Но, не е проблем рокот на исплата туку сумата која ја добиваат работниците на нивните сметки. Претходните години се исплаќаше К-15 и по 100 и 500 денари, бидејќи фирмата работела со загуби. Овде проблемот е во договорот велат од Гласен текстилец, и на таков начин се исплаќаат помали суми на к-15. „Во однос на К-15 мора да повторам, рокот за исплата е до ...
Кашлица од која застанува здив – не е шега. Може да биде знак за нешто посериозно. Се почнува како обична настинка, а завршува со гушење и стегање во градите. Лекарите велат – не ја потценувајте, зад неа може да се крие сериозен проблем со белите дробови или грлото. Како да ја препознаете и кога е време за лекар – објаснува доктор Томица Наков од Итната медицинска во Штип. ,,Има два типа кашлица, едната е сува, другата продуктивна. Кај сувата ...