Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба ...

„Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана“, кажа денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа оцени дека наместо напредок кон Европската Унија, земјата, според неа, ќе остане да чека додека другите држави од регионот продолжуваат напред. Обвини дека причината за таквата политика не е недоверба кон европските вредности, туку ...

„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“, кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови и доставувале предлози, но ...

Уставниот суд упати критики кон, како што наведува, обидите за партизација и политизација на неговата работа, оценувајќи дека одредени политички партии ги користат одлуките и меѓународните активности на Судот за дневнополитички цели. Во соопштението од Судот се наведува дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во политички контекст и искористено за партиски пресметки и стекнување политички поени. Од Уставниот суд посочуваат ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, на прес-конференција кажа дека Александар Лазаров, познат како Цуна, кој претходно бил осудуван за трговија со дрога, избегал од полициската станица во Кочани. Таа обвини дека случајот покажува сериозни пропусти во функционирањето на Министерството за внатрешни работи и побара одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Ако наркодилери можат слободно да бегаат од ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Текстот (Фото) Артилериска граната тешка 13,6 кг ...

Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ. „Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп. Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд. ...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека се обединети во блокада на донесувањето на нов Изборен законик и дека, како што наведуваат, однапред создаваат алиби за изборен пораз. Во соопштението од партијата се оценува дека наместо да го поддржат законот со кој би се вградиле препораките за подобрување на изборниот процес, трите партии намерно ја забавуваат постапката и бараат нови изговори. „На јавноста и е јасно дека ова не е борба за ...

Странски државјанин од Романија бил успешно пронајден по координирана акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи, откако се изгубил при самостојно движење во реонот на Матка. Од ЦУК информираат дека повикот за помош бил примен преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 21:55 часот. Лицето се изгубило во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. ЦУК ја утврдил ...

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економските показатели покажуваат стабилизирање на цените и дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои ги објавиле податоците за јуни. Во соопштение од партијата се наведува дека обвинувањата од СДС за економска несигурност се невистинити и дека официјалните податоци на Државниот завод за статистика ги демантираат таквите тврдења. „Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ...

Тројца планинари беа успешно извлечени од планината Бистрица по координирана спасувачка акција во која учествуваа повеќе институции, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава во 18:46 часот од лице кое побарало помош за извлекување од непристапен и тежок терен. Еден од планинарите имал здравствени ...

Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда, оцени СДСМ. Од опозициската партија велат дека додека ЕУ отвора нови кластери и поглавја со други земји кандидати, Македонија повторно останува надвор од европските процеси. „Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на ...

Новиот македонски прволигаш ФК Шкендија Арачиново продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, откако денеска официјално претстави дури пет нови фудбалери кои ќе го носат црвено-црниот дрес. Од клубот со големо задоволство ја објавија промоцијата на Мартин Тодоров, Хадис Велији, Аритон Мехмеди, Есмин Личина и Сумер Хасан, кои од денеска и официјално стануваат дел од новиот прволигаш. Во својата објава, Шкендија Арачиново им ...

Тренерот Александар Таневски преку емотивна објава на социјалните мрежи потврди дека го напушта кормилото на новиот македонски прволигаш ФК Скопје, само кратко по историскиот успех и враќањето на клубот во елитното друштво. Таневски истакна дека одлуката не е донесена поради недостиг на љубов кон клубот, туку токму поради почитта што ја чувствува кон сите со кои ја сподели успешната сезона. „Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам ...

На големиот православен празник Петровден, утре (12 јули), во Кочани ќе биде осветен новопоставениот крст на кружниот тек кај хотел „Национал“, кој ќе претставува нов духовен белег на влезот во градот. Свеченоста ќе започне по завршувањето на Светата архиерејска литургија во храмот „Свети великомаченик Георгиј“, со почеток во 8 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По литургијата, околу 10 часот, ќе се ...

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на ...

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која се разговараше за состојбата во производството на ориз и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче оцени дека состојбата на терен е тешка и дека оризопроизводителите се оставени без соодветна поддршка, додека големи ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за продолжување на реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека одржал работна средба со тимот на ЕБОР во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која биле разгледани следните чекори за ...

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што ...

Охридскиот композитор и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Гоце Гавриловски, со ново големо меѓународно признание. Неговата композиција „Маестри виртуози“ ја освои главната награда на престижниот International Youth Music Competitions во САД, во конкуренција со учесници од повеќе од 30 земји. Гавриловски, кој е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во отворената категорија над 27 години ги освои максималните 100 поени ...

Летното време продолжува и во наредните денови, со високи температури и претежно сончево време низ целата земја. Од Управата за хидрометеоролошки работи, дежурниот синоптичар Марија Цветковска Атанасова информираше дека денес ќе преовладува сончево време со мала локална облачност, додека утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. „Претпладневи преовладува сончево и тивко време во 11 часот ...

Пушењето цигари во иднина би можело да биде дозволено исклучиво во приватни клубови, доколку биде прифатен амандманот на Предлог-законот за заштита од пушењето, кој се наоѓа во собраниска процедура. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде изгласан во наредните две недели и веднаш потоа да стапи во сила. Според предложеното решение, приватен клуб е правно лице регистрирано согласно закон, кое располага со ...

Сакал да отиде да набере чист чај со својот велосипед, но наместо со чај, 90-годишниот дедо Дане од Штип се вратил со повреди. На само неколклу километри од Штип, движејќи се по стариот пат, на релација Штип-Радовиш, непознато лице управувајќи со својот црвен автомобил со преголема брзина директно удрил во дедо Дане и го исфрлил на земја од својот велосипед, при што ретровизорот му ја повредил раката. ,,Еден шофер ме бутна со се точакот во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево, каде разговараше со оризопроизводители за проблемите со кои се соочуваат. Тој посочи дека земјоделците имаат големи количини неоткупен ориз од минатата година и дека се соочуваат со неизвесност околу откупните цени и субвенциите. Филипче се осврна и на појавата на овчи сипаници во село Соколарци, поврзувајќи ја состојбата со ризиците од несоодветното ...

Денеска во Делчево на средба со сточарите беше државниот секретар за земјоделие и кандидат за нов министер за земјоделие Борче Серафимовски од редовите на движењето ЗНАМ. На средбата се разговараше за проблемите на сточарите од овој регион и беше договорено да продолжи откупот на млеко и да се преговара да се врати старата цена на млекото. Договорена беше идна соработка доколку биде избран за нов министер за земјоделие. „Значи немав можност ...

Претседатело на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Штип, каде оствари средба со граѓани во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Целта на посетата, како што нагласи Димитриевски, е директен разговор со граѓаните за нивните секојдневни проблеми, предизвици и прашања со кои се соочуваат, како и изнаоѓање можности за нивно решавање. „Денеска сме во Штип, во рамки ...

Утре и во понеделник православните верници ќе ги одбележат празниците Петровден и Павловден, посветени на Светите апостоли Петар и Павле – едни од најпочитуваните Христови ученици и проповедници на христијанската вера. Празнувањето започнува со Петровден, кој се одбележува на 12 јули, а продолжува со Павловден на 13 јули. Со овие празници завршува и Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости во годината, посветен токму на ...

Слаб интересот кај граѓаните за турските серии. Некогашните серии повеќе не ги држат повозрасните пред малите екрани. Граѓаните велат дека приказните им се исти, се повторуваат истите заплети, а уште на почетокот можат да претпостават што ќе се случи понатаму. Некои признаваат дека едноставно им здодеале и веќе бараат нешто поинтересно, додека други ги пуштаат само затоа што немаат друга програма за гледање. Од големата популарност што ја ...

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени ...

Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: „Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
72%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.22
77%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
63%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
67%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
52%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.19
65%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Иридиум

252383.36