Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
19-тото коло на Првата македонска фудбалска лига понуди погодоци на сите натпревари, најмногу имаше во Струмица, вкупно седум – Работнички со 3:4 славеше над Брера и на тој начин тимот од Дебар Маало можеби го фаќа и последниот воз во трката за опстанок, бидејќи стигна до второ сезонско славје, а прво славје на гостински терен оваа сезона. Брера останува без бодови во оваа коло во трката за опстанок и со тоа падна две позиции на табелата и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер. На средбите беа презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Беше истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, ...
Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение во однос на информациите кои беа објавени во дел од медиумите, а кои се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови. Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението од Куќата на фудбалот. „Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени ...
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го ...
Воведувањето и зголемувањето на минималната плата е една од клучните економско-социјални политики насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и секоја влада која сака да го заштити стандардот на работниците треба да ја зголеми минималната плата согласно инфлацијата и куповната моќ на граѓаните, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, на која ...
Изминатиот викенд и официјално започна втората сезона од Националната лига во планинско трчање во Македонија, а домаќин беше Блатец, каде се трчаше Чупино вертикал трка од пет километри со искачување од 1.100 метри. Интересот за овој спорт е голем, а настапија вкупно 150 натпреварувачи од земјава и странство. Штипскиот клуб Ултра настапи со повеќе учесници, а веќе почна да конкурира за највисок пласман на крајот од сезоната. Штипјани ...
Мал Ајакс загуби на гостувањето кај Јувентус Серава со резултат од 7:4 и тоа преку пресврт, откако штипјани на полувреме имаа предност од 1:2, во меч од 10. коло на Првата футсал лига, со кое коло се отвори пролетната полусезона. Гостинската екипа од Штип прва го отвори резултатот откако во 5. минута погоди Седат Мамудов, но радоста траеше две минути Бејтула Јакупи погоди за 1:1. До крајот на првиот дел Иса Дурмишов постигна гол за 1:2 на ...
Во Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа утврдени двојките за првото коло во плеј-офот односно плеј-аутот, а со тоа и распоредот до крајот од сезоната. Во плеј-офот ќе се натпреваруваат Вардар, Еурфарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Тиквеш и Бутел, а пак во плеј-аутот ќе бидат екипите на Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Струга и Радовиш. Ждрепката посака уште на самиот старт да има дерби во плеј-офот каде Алкалоид ќе ...
Женската кошарка во Македонска Каменица дефинитивно е спорт број еден, откако Баскет Кам ја освои Куп титулата овој викенд славејќи во финалето од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ против Крива Паланка со 68:74. Ова ќе биде мотив повеќе сега кошаркарките од малото рударско гратче да се насочан кон одбрана на шампионската титула, а како најголем конкурент е токму Крива Паланка. Овие две екипи и овде ќе водат силна борба ...
ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, вели ...
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот. На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите ...
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР. Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение. Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за ...
Политичката партија Левица реагира на одлуката за определување куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека станува збор за „прв конкретен резултат од кадровската политика на ДПМНЕ во обвинителството“. Според партијата, лице кое 14 месеци било недостапно за органите на прогонот, што според нив претставува „најсилен можен доказ за ризик од бегство“, добило поблага мерка наместо засилување на притворот. „Во правна држава, ваква околност води ...
По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце, со реакција во јавноста се огласи и Јане Ченто. „Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор. Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“, објави тој на социјалните мрежи. „Со камери во ...
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на ...
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, при што беше изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со ...
Патот кон Теферич е затворен за сообраќај објави на социјалните мрежи градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и ...
Аеродромот во главниот град на Македонија ја добива наградата ASQ по 11-ти пат. Ова признание се базира целосно на повратните информации од патниците преку анкетата ASQ што ја пополнуваат додека чекаат да се качат во авион. Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП и оваа година ја доби престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за ...
Се празнува македонскиот светител Георгиј Кратовски, кој маченички пострада за Христа. Со потекло од градот Кратово, ова младо момче било мачено со страшни маки од страна на турците, кој најпосле жив го запалиле. Имал само 18 години, кога тие сакале да го потурчат, но тој останат тврд во верата како прекрасен дијамант. Пострадал на 11 февруари 1515 година во Софија, оставајки вечна порака за Македонецот како се брани својата Православна вера, ...
500 вреки ориз остануваат непродадени во домот на Петре Димитров од општината Чешиново Облешево, поради ниската откупна цена од 25 денари за килограм. Тој вели дека оваа цена не ги покрива трошоците, бидејќи кога од нив ќе се одбие за трошоците и давачките, му остануваат само 18 денари за килограм. Тој тврди под оваа цена оризот нема да го продава, па решен дури со оваа гранка да се занимава само уште оваа година. ,,Цената е никаква, 22 до 25 ...
Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, ...
„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено“, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Затоа обвинителството и судството беа ставени ...
Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи, велат од ЈОРМ. „Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на завршната техничка контрола и верификација на мерниот систем на продуктоводот преку кој ќе се транспортира дизел гориво од Рафинеријата во Солун до Рафинеријата ОКТА во Скопје. Со успешно реализираната проверка се потврдени исправноста, прецизноста и целосната функционалност на системот, со што се исполнети сите технички и контролни предуслови за ...
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ. „Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. ...
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе ...
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор“, велат од СДСМ. „Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во ...
По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ. Осомничен е, како што велат, за проневера во службата за случајот со државна лотарија. „Штетата на државата од неговите постапки е над ...