Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Нови жаришта на овча сипаница во каменичко, светиниколско, делчевско и кумановско – болеста зема се поголем замав во истокот од државата. Само во претходните два дена, односно на 14 и 15 јули се потврдени пет нови случаи во одгледувалишта на овци и кози – во Сопот, Малино, Саса, Косевица и Цера. Со новите случаи, бројот на жаришта од појавувањето на болеста кон крајот на јануари достигна 17. Заразата зафати повеќе од 2.700 животни, а ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
Јадат ли штипјани лесна храна, која им е омилена и знаат ли понекогаш да се почестат со тешка храна дури во текот на најголемите жештини? Иако лекарите препорачуваат полесна храна и повеќе течности, сепак граѓаните велат дека понекогаш знаат да отстапат од нив. Едни затоа што немаат доволно време, а други поради уживање во лично задоволство. Но и едните и другите се децидни дека треба да се почитуваат мислењата и препораките на стручните ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од активните доброволни противпожарни друштва во државата денеска официјално се приклучија во системот на Дирекцијата за заштита и спасување за справување со пожарите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истакна дека доброволците ќе имаат значајна улога во националниот систем за гаснење пожари и најави подобра организација, опрема и законска поддршка. Според него, во текот на летната сезона секојдневно ќе ...
ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП ПОЦ. Обвинувањата се неосновани и тенденциозни. ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама. Против вкупно 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама. Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат ...
По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, велат од Левица. Очигледно, додаваат од партијата, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија. „Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ...
Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, рече началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Армијата. По приемот со високи воени почести, во Генералштабот тој оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната ...
Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување. „Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и нејзината партнерка Ленче Ристоска кон ВМРО-ДПМНЕ го доби крајниот ...
Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери? Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДС, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221 илјада денари, долгови од физички лица, како и 912 илјади денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани, вели ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество од земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати. Дебатата организирана на највисоки ниво ја отворија претседателот на ЕЕСК ...
Од ВЛЕН прашуваат каде завршиле деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација? „Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку ...
Санацијата на свлечиштето на патот за „Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, изјави вицепреимерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку ...
Кривичниот суд денеска соопшти дека обвинителот се откажал од обвинението против Драган Павловиќ – Латас за случајот „Тотал“, во кој тој беше обвинет за даночно затајување. Од Судот наведуваат дека за Латас настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. „Ја информираме јавноста дека на 27 мај 2026 – та година, е донесена пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот Јавен обвинител се откажа од обвинителниот акт во целост“, ...
Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи, додава тој, овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. „Иако како никогаш досега имаше простор ...
Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и ...
На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, се одржа постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија. Со постројувањето беше утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да учествуваат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пред доброволните ...
Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека оваа сезона Дирекцијата е подготвена како никогаш досега за справување со пожарите. „Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба ...
По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението, реагираат од СДСМ. Ова, како што додаваат од партијата, е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. „Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или ...
Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение информираше дека сите заинтересирани футсал клубови кои ги исполнуваат условите согласно Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ, да поднесат пријава за учество во Втората футсал лига на Македонија за натпреварувачката сезона 2026/2027. Пријавите со комплетната документација потребно е да се достават во архивата на Фудбалската федерација на Македонија, во рокот ...
Второлигашот Осогово ги започна подготовките за новата сезона, откако вчера шефот на стручниот штаб Крсте Крстев ја имаше првата прозивка со што фудбалерите се собраа на првиот состанок, а потоа и го одработија првиот тренинг на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани. Сите фудбалери се појавија на првата прозивка на Крстев, а „жетварите“ имаат и неколку засилувања за новата сезона. Костурот на тимот воглавно е сочуван, а притоа истиот ...
Екипата на Камјани ќе биде дебитант во Втората македонска фудбалска лига, а новајлијата во шампионатот е доста активен на трансфер пазарот. Најново име кое доаѓа во Камјани е Енис Дервиши, искусен фудбалер кој ќе го подигне значително квалитетот во редовите на Камјани, кој минатата сезона беше шампион во Трета лига – Запад, а потоа во баражот во Штип ја совлада Победа Валандово за историски пласман во Втора лига. Дервиши доаѓа од редовите на ...
Вардар со победа се одјави од квалификациите за Лигата на шампионите, откако со 2:3 славеше над КуПС во Финска, но поради пораз во Скопје од 0:2, македонскиот шампион не успеа да обезбеди пласман во следната рунда и се сели во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Штипјанецот Михаил Маневски кој го носи дресот на Вардар вели дека натпреварот во Финска го одиграле добро, успеале да победат, но за жал со недоволна разлика за пласман ...
Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони ...
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет ...
Од почетокот на месец јули 2026 година на територијата на Република Северна Македонија потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, соопшти АХВ. Болеста, според надлежните е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Притоа, ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ „Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад ...