Во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во градот. Тој рече дека повеќе институции спроведуваат епидемиолошки анкети и лабораториски анализи за да се утврди дали причинителот е поврзан со бактерии, вируси, паразити, тешки метали или друг извор. Од вчера се земаат и ...

Завршена е реконструкцијата на локалниот пат Мешеишта – Волино во Општина Дебрца, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во рамки на програмата за поврзување на локалните патишта. При увидот на завршените работи, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај реконструкцијата на овој пат, Владата работи и на изградба на вкупно 18 километри пристапни патишта долж автопатот Охрид – Кичево, со ...

Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. “ ...

Македонскиот шампион Вардар и вицешампион Шкендија останаа наши претставници во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Вардарци ги очекува предизвици против Рига од Летонија. Првиот меч ќе се игра во Скопје на 23 јули, а пак на 30 јули следува реваншот во Летонија. Вардар претходно беше елиминиран од квалификациите за Лигата на шампиони откако загуби во Скопје од КуПС со 0:2, а во Финска славеше со 2:3, па со победа македонскиот ...

Новата сезона во Втора лига носи опција за полесен пат до пласман во Прва лига во однос на ланската сезона, бидејќи првите две екипи ќе имаат директен влез во елитата, а третиот тим ќе игра бараж за влез во Прва лига против осмопласираниот прволигаш, во однос на ланската сезона кога само шампион имаше директен влез па Брегалница така директно се врати во елитата, а пак вториот тим Скопје односно третопласираната Шкендија Арачиново мораа преку ...

Следниот викенд започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечевите од првото коло. Брегалница и Скопје се вратија во елитата, Шкендија Арачиново ќе биде дебитант, Вардар ќе го брани тронот, Силекс ќе ја брани Куп титулата. Како што информираше и Фудбалската федерација на Македонија одложување на натпревари нема да има, во случајот како што бараше Вардар поради европските настапи, а ниту ќе се одложи почетокот на ...

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и правник по професија. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син преку објава на социјалните мрежи. „Со длабока тага ве известувам дека синоќа, по полноќ, почина мојот татко Нури Бајрами. Го молиме Семоќниот Бог да му се смилува и да го прими меѓу жителите на Џенетот (Рајот)“, напиша тој. ...

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. „Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на ...

Сточар од Радање на штипскиот пазар ја продава урдата што цела недела ја подготвувал од млекото на своите три кози. Вели дека зад секој килограм стојат денови труд, но за 300 денари купувачите сепак велат дека е скапо. „Само ние си ја знаеме маката“, раскажува сточарот, кој сè што ќе измолзи го носи на пазар за да обезбеди егзистенција. „Од козата од млекото правиме, урда правиме. Три овци чуваме, три литри млеко. Продаваме по 300 денари ама ...

Да се оди на плажа рано наутро, се до 10 часот, потоа да се прави пауза во најтоплиот дел од денот и престојот покрај вода да продолжи по 17 часот, а заштитниот фактор да се нанесува на секои два часа, и покрај тоа што на пакувањата е наведено дека обезбедува подолготрајна заштита. Ова се дел од препораките на лекарите до сите што летуваат покрај езера и море. Предупредуваат дека долготрајната изложеност на УВ-зрачење може да предизвика ...

Јунците на сточарите од делчевско речиси два месеца стојат во шталите непродадени, бидејки нема кој да ги купи. Марјан Стојовск, еден од нив, вели дека по проблемите со млекото, сега целосно запрел и откупот на јунци и телиња, па секој нов ден за нив носи нови трошоци и давачки. Додека домашното месо нема кој да го купи, тие тврдат дека пазарот е преплавен со евтино увозно месо. Ако наскоро не се најде решение, Марјан е дециден дека многу ...

Грозјето годинава најверојатно ќе стаса за берба уште од 15 август, тврдат лозарите од штипско, радовишко и неготинско. Велат дека причините се високите температури, но и сушата со која повторно се соочуваат лозјата. Според нив, годината е слична како и минатата , малку дожд и многу топли денови, додавајки дека се ќе зависи од тоа какво ќе биде времето во следниот период. Лозарите велат дека работеле од почетокот на годината, од кроењето во ...

Ќе летуваат ли штипјани на домашните туристички дестинации или одморот ќе го поминат во соседството? Одговорите се различни, за едни пресудни се цените и квалитетот на понудата, додека за други изборот зависи од финансиските можности и личните навики. Дел од граѓаните сметаат дека и домашните туристички места нудат добри услови за одмор, а други велат дека ќе се одлучат за соседните дестинации доколку проценат дека нудат подобра вредност. ...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени. „Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски. Според него, проблемот ...

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето ...

Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине низ соодветен процес на прочистување, ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со нивното доаѓање на власт образованието повторно станало еден од државните приоритети, посочувајќи дека е обезбеден редовен наставен процес, учебници за учениците, повисоки плати за наставниот кадар и инвестиции во образовната инфраструктура. Според партијата, втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на првиот училиштен ден, а за првпат по седум години повторно се обезбедени учебници ...

СДСМ соопшти дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува, како што наведува партијата, нивните предупредувања за системски притисок врз судството и обвинителството од страна на власта. „Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива“, наведуваат од СДСМ. Според партијата, во ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел. На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката ...

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето на населението. Во објава до јавноста, Лимани посочи дека според редовните анализи на ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата ...

ФК Брегалница продолжува со формирањето на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а денес клубот официјално потврди три значајни потписи од домашните фудбалери. Најпрво, нов договор со „сините“ потпиша левиот бек Анџело Николовски, кој и во наредната сезона ќе командува по левата страна. По одличните настапи минатата сезона, кога беше еден од најзаслужните за враќањето на Брегалница во елитното друштво, Николовски ...

Третолигашот БВК Коњаре продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, а најново засилување во нападот е младиот центарфор Амар Мустафа. Од клубот истакнуваат дека станува збор за амбициозен напаѓач кого го красат борбеноста, желбата за постигнување голови и стремежот кон успех. Мустафа во Коњаре пристигнува како слободен играч, а претходно настапуваше за ФК Шкендија Арачиново и ФК Беса Скопје, каде што стекна драгоцено ...

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата ...

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за пиење, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на деградацијата на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство. „Во Југославија, особено во ...

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, истакнуваат од СДСМ. „Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на ...

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова, според нив е и последниот случај од ...

Денеска на Попова Шапка се измерени 22 степени, 26 во Крушево, 28 на Маврови Анови, 30 во Претор, 31 степен се измерени воОхрид, 32 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 35 во Тетово, Виница, 36во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, а 38 степени се измерени во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Попладнево ќе биде сончево со локална појава на облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2“ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка, вели поранешната обвинителка, Ленче Ристоска. Таа појаснува дека како обвинител за врски, согласно член 5 од Правилникот за предлагање и упатување на јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда, по правило можела да постапува по предмети регистрирани и во надлежност на ...

Поилицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес. Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.07
56%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.74
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
82%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.93
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
69%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.84
89%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
50%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
5.36
68%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
75%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.43
98%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Калај

56.77